build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Културни
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Универзална сала
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Универзална сала

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1718192021 22>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 500
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #361 Posted: 29-Jul-2020 at 20:48
Уште еден детаљ. Универзална кога е градена во 1966 година во Скопје имало отприлика 250.000 жители и е направена сала со 1568 седишта, и тоа во потешки услови после земјотрес кога рачунаме дека неможело да си дозволат многу. Денес ако се скалира таа бројка на 900.000 жители излага дека треба да има 5700 седишта и ако се земе дека има жители во Скопје кои не се тука евидентирани, би требало сала од 6000 седишта.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13149
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #362 Posted: 29-Jul-2020 at 21:33
Кои 900.000 жители, бе другар, Скопје моментално нема повеќе од 550.000, ама ајде, тоа е друга приказна. Баталете ги тие интернет митови за „милионското Скопје“, кога едноставно ако градов би имал толку жители тоа би било видливо. На пример, Загреб има околу 800-900.000 илјади, а е очигледно поголем град од Скопјево.

_________________

Да не биде само мрчење: да, на градов му треба поголема, посовремена сала за музички и други настани. Во некоја од претходните објави прочитав дека се планира да ги спојат Театарот за деца и младинци и Универзална сала, што мислам дека е добра идеја, на тој начин новата (или старава) зграда ќе бидат постојано активни.

Но пустата сентименталност ќе заебе работа и овој пат, гледам по фејсбук веќе се шири хистерија за зачувување на објектов со времено траење (чие време е истечено), се споделуваат објави со списоци на музичари што настапиле итн. Се плашам дека поради популизам (и потенцијално изгубени гласови на наредните локални избори), политичарите. т.е. градските власти ќе потклекнат на овој притисок и ќе добиеме уште една импровизација. Дај боже да грешам.

Edited by Џоле - 29-Jul-2020 at 21:40
За сè има вторпат
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 1780
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #363 Posted: 29-Jul-2020 at 23:45
Spored ovaa logika Tokio treba da ima sala so 100.000 sedista. Ova e mesanje babi i zabi. Kapacitetot na salata ne se odreduva na toj nacin. Ako se zadrzi namenata na isti i slicni manifestacii, kapacitetot od 1600 (maksimum do 1800) sedista e Ok.
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2218
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #364 Posted: 29-Jul-2020 at 23:49
Огромен дел од ФБ хистеријата вика дека воопшто немало да има сала. Лош ПР + функционална неписменост + мрза + оправдана недоверба во политиката = хаос.

Колку би коштал референдум во Скопје, милион и пол евра? 20 милиони за реконструкција И нова сала ми личат малку. Подобрите дела од светот имаат трицифрена милионска сума.

Концертна сала со 6,000 седишта скоро и да нема, поголемите имаат околу 2,500. Евентуално арена ако се гради, ама веќе ги имаме Борис и Јане, а концертна сала немаме. Harbin Concert Hall (1,538 седишта; цената не е откриена) личи супер:

извор

Исто и Heydar Aliev Center во Баку (1,000 седишта; US$250m):

извор

Edited by Staro Skopje - 29-Jul-2020 at 23:52
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 500
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #365 Posted: 30-Jul-2020 at 00:04
Филхармонија
Дом на АРМ
МНТ
МОБ
Борис Трајковски
Јане Сандански

Ако СК14 беше луксуз додека народот немал пари, градење универзална, особено па уште со кризава, исто така е луксуз. Само што архитектонскиот стил би и бил друг, според актуелните политички прилики! Ако претходната власт играше на емоциите на граѓаните копајќи им по раните од историјата и неправдите врз Македонскиот Народ, оваа власт пак им копа по емоциите злоупотребувајќи сентименталност кон поновата историја со правење списоци кои све музичари настапувале, само сега не е Македонија фокусот пошто тоа е забранет демоде идентитет, сега се копа по СтароСкопските емоции. Суштински се нема ништо променето!

Баталете Универзална!

Edited by user8642 - 30-Jul-2020 at 00:05
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 1631
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #366 Posted: 30-Jul-2020 at 00:51
реално местото на Универзална Сала требаше да си остане истото, дефакто можеа старата да ја вратат во игра, иако и оној конкурснио предлог на дпмн то Јајцето беше токму од аспект на завршен конкурс завршена финансиска конструкција, а фалеше само инвестиција, но нело да му пцојса козата на комшијата, бидејќи кога би оделе на истата локација со нов конкурс тоа би било екстра зијан, па може вака полесно би поминале за нов а никој да не замери зошто веќе избраниот не се искористи ...

но да не биде паушално нагаѓањево, дефакто старата локација е тесна за што било, па и за старата Универзална Сала само и од аспект на Паркинг, а каде е сега одоколу затнатиот со Згради простор порано Куќи, кусур се тоа испопаркираните коли во споредните улички па нема приод ни за Амбулантно Возило а не пак за Пожарникарски ...

доколку веќе ја селат, и бараат простор комотно тоа нека го сторат на некое од Скопските Брда, дали Гази Баба, дали Кале, дали Зајчев Рид, а зошто да не и на Средно Водно што би била фина локација не само за Комерцијална Универзална Сала туку повеќе Градски Џубокс за секојдневни можеби Аматерски Театарски Трупи или Музички Бнедои кои бесплатно би анимирале Народ што почесто да го посетува Водно ...
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 500
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #367 Posted: 30-Jul-2020 at 02:02
Ај малку да ги кренам критериумите, гледам многу ни се спуштени кроз годиниве, страшно, правиме све за инат на претходните. Алоо бре, дискутираме да се зачувалo ѓубре, шут, барака, привремен објект што заради немарност 60 години станал траен.

Еве еден пример од Исланд, држава со 300.000 население, прогласена за наjдобра концертна сала по многу критериуми и од многу релевантни фактори.
https://en.wikipedia.org/wiki/Harpa_(concert_hall)





















Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 500
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #368 Posted: 30-Jul-2020 at 16:37
ОДЛИЧНО доловена поента од некој на твитер!   


https://twitter.com/Sulimanovic/status/1288854379311902721
Back to Top
David View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Feb-2020
Online Status: Offline
Posts: 144
  Quote David Quote  Post ReplyReply #369 Posted: 30-Jul-2020 at 16:52
Ќе држи вода вакво перцепирање ако баш партиски лебарки како овој,не релативизираа за едни а паѓаа во несвест за други.

Не може гтц да го гушкаш а универзална да ја пушташ низ вода.
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 1780
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #370 Posted: 30-Jul-2020 at 18:16
Originally posted by user8642

ОДЛИЧНО доловена поента од некој на твитер!   


https://twitter.com/Sulimanovic/status/1288854379311902721
Vakvi zameni na tezi se pocesto srekavam kaj makedonskata mladina. Sto li se sluci po poslednite 15 godini ta mesanjeto babi i zabi da se protvori so sport broj 1.   
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 985
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #371 Posted: 30-Jul-2020 at 21:18
Знаеш како, тезава има е обратна страна, односно може да се користи за се, поради што нема никаква логика.

По Втора светска војна, многу германски градови биле во руини и не рекле ајде сега ќе срушиме и ќе правиме современи градови, туку ги извадиле старите средновековни планови и ги обновиле градовите.

За Универзална сала има логика Градот да рече дека нема пари да ја прави (што верувам дека е така), но нервира политиката претходно што ја водеа, бидејќи ова им е трета година на власт на локално ниво и досега освен преименувањето на салата во Тоше Проески (бидејќи салава функционира како посебна установа), друго ништо не се случи, а сега ќе ја уривале, ама нова не знаеле каде ќе правеле. Тоа нервира и токму затоа сум против нивното намислено уривање, бидејќи ќе излезе се, само парк не.

Со овие половични решенија кои ни ги пуштаат за да развиваме дебати само, аман веќе.
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 502
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #372 Posted: 30-Jul-2020 at 23:13
А што е со опцијата: прво да се изгради новата или скоро да е изградена, па тек потоа да се сруши старата? Нели е вака пологично? Зошто, одма, прво рушењето?
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 1631
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #373 Posted: 30-Jul-2020 at 23:13

ова е позитивно Ехрич, извини за Л-то немоам да кршам јазик, но Убо е да се скрши по некоја клечка предвреме за УнСа та може тоа ќе допре до Градо, синкир на поарно ет што Некој ето Шилегов има волја да се отвори јавна дебата, иако за сега телевизиско смешна илити фејкбуковски патетична, но бар ние истата тука да не ја тераме исклучиво, Ех како за Ск’14 да имаше ваков фор, иако тука е почиста позиција во однос дилемата возобнова или нов објект во костец локација, на страна финансии, кои и во случајот на Коце повторно централната власт сакаше да притекне, додека Шилегов е остаен сам на себе, евентуално ДУИ да му помогне ако ја крева некаде поблиску до Чаир за да имаат од неа сите аир, та да му спискаат на Заев некако и Зеќири и Ахмети ...
каква и' да е формата, логично и возобнова да ет, па пак ќе биде ко ново Убо ем сигурно и Акустично, а посекако и фасадата ќе ја спружат шарено мондријановски, уште да е кинетичка истата та ротирајќи во три бои секое стакло, тријаголни плексиглас кутии макар и рачно вртени, и ето Вуги Буги Уникат, за кој БојкоБ (ако не Бугарија) може да донира Златен Песок за темелите, бреј ако не го смиксаат со цемент туку го посипат поднив вистина Салата ќе Шизи ко Шопска да е!
мајтапо на страна, но мислам дека локацијата е позбилен фактор за Салава него формата, еден безбедносен аргумент нафрлив горе забораив да додам дека при последнио пожар тикму за тоа Пожарна даде голема забелешка, ќе речам втор би бил метежот кој непотребно се правеше таму при големи настани та трпеше Партизанска вака или онака, а трет и круцијален би бил фактот дека денес како Градо е распослан една ваква Концертна Сала ем во недостаток на Сајмиште треба да е некаде поблизу сите а сепак да се размислува и за Сообраќајот бидејќи нужно нова локација воедно и го зголемува потенцијалот за Седишта но не секоја има простор за голем Паркинг евентуално подземен или Катна Гаража в близина, но и под Кале кај Лизгалиште да ет не е можно со лесно ем ефтино да се реши ова, кусур е што како Појава Универзалнава Купола треба да е Скопски Бисер за кој лично чинам дека веќе место спроти Апче ни заради носталгија, туку во некоја идеална форма тоа треба да е исто во Карпош можеби кај Расадник во Парк, прашање е само како тоа ќе се одрази на Зоолошка во однос децибелите и мирот на Заробените Животни, но и збиеноста во однос СРЦБорисТ, заради што поуба алтернатива е некое од Скопските Брда, иако исто близу Зајчев Рид пример вака би го анимирал конечно и тој дел на градот, само треба да свртат одтаму угоре 15-ка 22-јка или 7-ца на ЈСП за да има на претек автобуси ...

морам да кажам дека погорната од ракав истресена Идеја за Средно Водно како отсечена градска локација (патнички достапна само автобуски) ветува пак оригинални Вечерни Панорами, но и целодневна активност во Убиверзална, но за која така би требало и отпојќе осветлени приоди за пентарење угоре Пешки, и по можност Модерни Тушеви на Средно Водно (кои и без ова треба да ги има) за брзо Чоек да сврти од Велосипедист или Планинар во Концертна Публика, а капак кога и вторио дел од Жичара би се намерачиле властите да го завршат и дополнително на Скопјани ќе им дојде како Атракција ваквата локација, иако проблем би било обезбедувањето на еден таков објект таму, но доколку се сака а посекако заради сегашните пладневни навали на Жичара Водно мора и треба таму надзорот да е поозбилен за да случајно не се му се откачи некому сајла во глава та да стркала удоле некој столб и ни руши сегашната половична вожњата по Скопскио Еверест ...

но да речеме локации многу па и онаа до МРТВ, прашање е од каде средства особено ако здрма рецесија, потоа прашање е колку би бил рентабилен објектот за поефтино рентање бар за Младински и Пензионерски Фестивали, дали би имал можност и за полуотворена Летна Сцена, и конечно дали таквиот објект брзо ќе се изведи! кога сето ова ќе се стави на кантар, најубо е да се дума за и околу старата локација, а евентуално некој филантроп ко Трифун приватно да инвестира во друга на посоодветна локација, сега како што ни недостасува Скопски Саем ако за вакво нешто приватно на поклон се даде локацијата кај Зајчев Рид веднаш над Скупи чинам би се поалчиле мнозина понеа, особено ако во склоп неа дозволат и некој поситен Културен Мол, само да не заглават во брдото археолошки па да треба и пенали да плаќа државата, заради што прво таму треба да се искенираат стратумите одкрај докрај со GPR Радар а дури потоа да се затера ваква проватна саемска екскурзија ...

http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=481&PID=155690#155690

http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=747&PID=229367#229367

https://www.slobodnaevropa.mk/a/1770773.html


Edited by Zelenikovo - 30-Jul-2020 at 23:19
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 1631
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #374 Posted: 31-Jul-2020 at 00:00

еден пост и за возобновата, хм, последнио линк горе чисто нафрлен како абер какви Ликои доаѓале, бреј кој се’ не, ЏезФест и ОфФест да не ги редам, поентата е дека во една ваква Концертна Сала треба да се фрлат отпојќе пари во однос Акустика, но семтам и Озвучување, од кој аспект во костец возобнова е мишн импасибл бидејќи да репариш дотраен објект е поскапо него исцело нов да креваш, особено доколку во однос формата на нов објект се оди со Лес-Ис-Мор пристап, битно вака ќе добијат Скопјани но и сите Македонци можност за поетина карта да дотрчаат на концерт, наместо заради скапото рентање на маерки да се удираат во плафон цени, а така впрочем и ќе им се спушти чаламо на постојните озвучувачи ...

вака видено, дефакто може да се дума и за Нова Сала која дури била и од ламарина ако е добро акустично осигурана ќе стане некаква подобна замена за Саем, додека воедно може да се задржи старата градба на изворната лкација онака скулптурарлно попрво со можност за Опен Сорс пристап во однос Аматерски Театарски Трупи или Акустични Концерти можеби Изложби и Проекции за кои и баш нема да треба скап ентериер а уште помалку некаков нов екстериер освен оштроумно крпење на старите, комотно и без прозори да е така само асеизмички осигурана старата сала па ќе биде не само спомен туку активен курлтурен но повеќе урбан момент него елитен ...

сепак носталгија рулз кај нас по Старо Скопје, па и ги разбирам мнозина, особено после рушењето на Саем за кое ниту гукнаа а не па да прискокаат млади, та ајт вака помпезно да си исперат сега мнозина совест за зајковиот испад виа шилеговата волја околу УнСа и нејзината иднина, и ок, нека е старата, само се прашувам дали сте свесни дека истата е дотраена, зар се абдали и груевци и шилеговци кога верглаат за нова!? а може и се!? незнам зошто не ги извадат сите анализи мерења проектни ревизии итн. документи на Ачик, па нека се премерува за која цена и за колку време старата ќе се возобнови!? а додека сите кршат клечки што сонеа, веќе уште наесен може ќе ве израдуваат дека нема средства во догледно време занеа, евентуално да се дозаборџуе Град а така и да рискира сред евентуална рецесија утре и поскапо да го чини сервисирањето на долгот! можеби ако е Нова Мултинаменска Сала можеби така побрзо би се отплаќала, но каде е одржување, каде е конкуренција, каде ред други позиции како Јавен Објект, кој дури и како Јавно-Приватно Партнерство да го тераат прашање е дали пак и ко нов нема да заглаи онака кредитно! веројатно фер би било градот на Биометриски еРеферендуми да ги извади сите проекти и Народ да определи приоритети, во тој случај сигурен сум ќе ја забораите Универзална а ќе се фокусирате на посуштни работи, но нели Кусур е сега таа, точно може во џепот на удбалитичарите утре кои ништо чудно и од ова да сторат лакрдија од изведба макар проект бил топтапан оригинал ко возобнова или уникат ко нова ерекција, битно некој ќе биде пак Утре крив, заради што конечно мора при Град Скопје да се формира можеби Совет од ГИМ и ААМ а зошто да не и ДЛУМ без чија согласност Градоначалниците воопшто нема да може ни со прст да мрднат во однос која и да е Урбана Позиција па и Етика и Естетика ...
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 1631
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #375 Posted: 31-Jul-2020 at 00:28

на трета ќе речам може навистина и нова и стара да имаме доколку се најде некој од Збратимените Градои по Европа да ургира само и за Донација За Стакло, а за да му се возврати со реклама и на Градо и на Донаторо добро е во името да се додаде освен Тоше и тој/тие некако оригинално онака на крај во заград мислам приморани сме да размислуваме аут-оф-д---бокс во однос сите позиции, најнапред ко што реков Паркирање Собраќаен Метеж и непречен пристап за Пожарна Полиција и останатите Јавни Служби , а за такво нешто нема друго него Нова Сала на Нова Локација доколку не сакаме тоа да биде импровизација од решение заглаено во минатио век апропо оригиналната локација!
исто би го покудил думањето на Градоначалнико во однос Инстант Референдум бидејќи заради Носталгија мнозина онака од Инает ќе гласаат за старата локација, заради што прво мора едно пола година Широка Јавна Дебата, нешто што го ветуваа како промена но на ниту едно ниво не се случува освен онака телевизиско-агитпроповски за сега, и евентуално експертски пред свршен чин ко во случајот со Устав, но ќе да некому се брза бидејќи избори се ближат!?
ако некогаш Скопје добие пак функционална Универзална Сала, а не пак две Градски, треба да се мисли повторно како истата/те бидна мултинаменски можеби со подвижен бочен ѕид за да Стејџот биде под покрив а публика Надвор, можеби и внатре и надвор одеднаш, бреј идеално за партиски фешти, пардон за Перформанси од различен тип, а воедно мора да се мисли како да се извади максимум и од брзо ентериерно преадаптирање од топтан Сала за Седење во топтан Сала за Стоење што повторно и да е домашно-ноу-хау истото ќе чини доколку сакаме да е квалитетно!

Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6951
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #376 Posted: 31-Jul-2020 at 10:30
од фб,деталниот е под мораториум ќе видиме што ќе вцртаат
ова е стариот веројатно



Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2218
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #377 Posted: 31-Jul-2020 at 11:47
Јајцето требало да има 2,500-3,000 седишта и цена од 65 милиони евра: Конгресен центар – Универзална сала / Stone Design + Arhi Group Plan A

Колку би чинела добра реконструкција на Универзална ваква каква што е? Ако за нова и подобра сала на ново место се дадат и 70-80+ милиони, има шанси сѐ да биде под 100?

Edited by Staro Skopje - 31-Jul-2020 at 12:14
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6951
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #378 Posted: 31-Jul-2020 at 11:58
Засега се зборува за цифри од околу 20 до 24 милиони евра за нова а за реконструкција ко негде да спомнаа околу 17 милиони ама не сум сигурен.
Според мене универзална треба да се обнови тука каде што е и нека биде со капацитет од околу 1000 гледачи а на некоја друга локација нека се изгради некое помодерно здание со поголем капацитет...само да не испадне на крај да добиеме 2 подпросечни објекти.Во секој случај градот ги нема тие пари така да треба владата да го финансира проектот.Сепак ќе се развлече работата бидејќи ќе се прави сега прво конкурсот за парк и летна сцена па потоа за изгледот доколку би се реновирала(по реновирање мислат да се урне стариов објект и да се гради нов со ист габарит).
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6951
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #379 Posted: 31-Jul-2020 at 12:05
ИНТЕРВЈУ ПЕТРЕ ШИЛЕГОВ: Универзална сала нема да се руши!

Очигледно е дека јавноста сака постојниот објект да се реставрира. Затоа велам дека решението ќе излезе само по себе. Моето лично мислење е да имаме квалитетен мултифункционален објект на друга локација и да ја реставрираме Универзална сала која својата основна намена како концертна сала ќе си ја задржи.

Универзалната сала како културно обележје на главниот град и како објект на современата македонска култура со кое јавноста има длабока емотивна конекција, деновиве е во центарот на вниманието откако беше објавен оглас за уредување на просторот околу неа. Токму ова беше поводот да поразговараме со првиот човек на градот, градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов за иднината на ова здание, за понудените опции и за ,,судбината” на Универзална сала.

Господине Шилегов, која е за вас најдобрата солуција за Универзална сала и како го гледате овој објект за пет години од денеска?

Универзална е габарит кој што ги надминува правата на еден човек да одлучи за нејзината судбина, па макар тој човек да е градоначалникот на Скопје. Токму заради тоа, иднината на Универзална е работа во која треба да се вклучи целокупната политичка и стручна јавност како и обичните граѓани. Универзална, освен што е концертна сала, има свое наследство кое според мене е наследство на формирањето на современата македонска култура. Таму се одржуваше Скопски фестивал, Џез фестивал, Златно славејче и безброј концертни настани и затоа мислам дека таа не е само симбол на градот Скопје туку и многу повеќе од тоа. Затоа и ги отвораме дебатите во јавноста. Во не така дамнешното минато, нас ни ги соопштуваа решенијата, а јас сакам да дојдеме до решение со општ консензус. А ако не постигнеме консензус, спремен сум дури и да ги поставиме можностите на референдумско прашање пред граѓаните. Но, прво мораме да ги разработиме можностите што се нудат. И тоа е дебатата која се одвива поинтензивно последната недела. Успеавме да ја вратиме Универзална во фокусот на вниманието што мислам дека е добра појдовна основа за да добиеме квалитетно решение на крај.

Зошто воопшто постои конкурсот кој бара уредување на просторот околу Универзална сала?

Некаде на крајот на минатата година јас на работен состанок со дел од управниот одбор на Асоцијација на архитекти на Македонија, побарав од нивна гледна точка да ми презентираат кои се можностите на локацијата на Универзална сала. Оттаму добивме одговор дека постоечката локација не може да понуди ништо освен постоење на сегашниот објект и дека решението за нова концертна сала градот ќе треба да го побара на други места во градот. Посочени како можни локации за новата концертна сала, е локацијата околу спортската сала ,,Борис Трајковски” и локацијата кај што се оранжериите на ,,Паркови и зеленило” некаде на влезот во Градскиот парк. Според ова, се нудат три можности. Првата можност е реконструкција на Универзална сала за која што градот има определено наследство во проекти. Еден проект изработен 2007 година, проектот Јајце и проектот што беше изработен во 2017 година. Карактеристично е што ако влезете во имплементација на било кој од тие три проекти, ја губите Универзална таква каква што ја знаеме. Во било која ситуација овој објект што го имаме денеска ќе биде променет, но би добиле објект што потсетува на овој што во моментот го имаме. Има обид градбата на новиот објект да биде ставена под името ,,реконструкција”. Законот е прецизен за колкав број на посетители колкав број на паркинг места следуваат. Ако правите нов објект тоа мора да го задоволите. Но, ако правите ,,реконструкција” тогаш тоа можете да го избегнете. И сега, дилемата што ја имам од позиција на градоначалник е дали треба да потрошиме како држава 18 до 20 милиони евра за да прикрпиме нешто свесни во старт дека таквото прикрпување или проширување ќе направи проблем на и онака тесното грло на градот а тоа е во делот од Рузвелтова до Буњаковец. Што значи дека сериозно неодговорно од моја страна би било да се согласам градот да потроши 20 милиони евра и да направиме проблем. За 1500 посетители колку што се предвидени во проектот за реконструкција се предвидени 94 подземни и 6 надземни паркинг места. Остатокот би се решавал во катната гаража. Значи, ако веќе како држава одлучиме да потрошиме 20 милиони евра тогаш е попаметно да се направи нова концертна сала на сосема нова локација на која што без проблем би можело да се задоволат сите стандарди. И токму тоа се постапките кои градот мора да ги иницира со цел да дојдеме до најсоодветно решение. Очигледно е дека нема можност на постојната локација да изведеме квалитет повеќе, а притоа да ги запазиме сите стандарди.

Да, но прашањето е што ќе се случува со просторот каде што сега постои објектот Универзална сала?

Тој простор во секоја варијанта мора да остане јавен простор и ние како град сме должни да го заштитиме од понатамошна девастација. Дури и да имало порано можност на постојната локација да има зголемување на Универзална сала, таа е убиена некаде на крајот на минатата декада кога всушност е донесен ДУП за Буњаковец и во градежната парцела на салата се додадени хотели, катни гаражи згради и де факто просторот е задушен целосно. Tретата опција што ја имаме е изградба на нова концертна сала, а истовремено да го реставрираме постојниот објект. Тоа е мојата фаворитска опција.

Што е тоа реставрација на постојниот објект?

Тоа би значело целосно обноввување но во форма, квантитет и квалитет како што е постојниот.

Што ве спречува оваа трета, фаворитска можност веднаш да ја имплементирате?

Носењето на конечна одлука не спречува. Не мислам дека самостојно треба да одлучам што ќе се случува. Немам право на тоа. Сега ќе имаме конкурс за реставрација а потоа и конкурс за изглед на новата концертна сала. И тоа е редоследот на нештата и таков тип постапки кои се проследени со дискусии како и оваа сега, е тоа што е потребно за да се донесе оптимално конечно решение. Свесен сум дека тоа што ќе го одлучиме ќе се однесува на иднината на овој град во наредните 50 години и не смееме да импровизираме со лични одлуки. За мене е примарна стручната јавност и во соработка со неа треба да биде конечното и оптималното решение. Ако имаме сериозен конфликт во стручната јавност околу тоа што е најсоодветното решение, реков дека ќе одиме и на референдум. Лично не мислам дека ќе дојде до тоа, зашто низ дебатата што ја отвораме ќе дојдеме до конечното решение.

Со кого разговарате?

Јавно е отворена дебатата. Свесно сум одел на сопствена штета со отворањето на конкурсната постапка но навистина сум човек што длабоко верува во разговорите за да се најде решение. Некој има потреба веројатно од политички причини тоа да го злоупотреби и да декларира дека Шилегов ќе ја руши Универзална сала. Но, јас нема да дозволам тоа да се случи, во смисла на рушење. Кој е Петре Шилегов да одлучи да ја сруши Универзална сала? Tие времиња се позади нас. Во некои други времиња во 2 часот навечер ќе дојдеа, ќе го заградеа просторот и ќе ги пуштеа багерите. Сите зрееме во демократизацијата на општеството и дебатата што следува е одраз на демократските начини. Некои велат зошто прво сум го пуштил конкурсот, па да ја отвориме дебатата. Па на што да дискутираме ако нема конкурси? Особено што знаеме дека се три можности. Или овде ќе треба да ја срушиме и да направиме нов објект, што сите велат дека е лудост на таа локација да се направи проект од поголем габарит. Или ќе градиме на друга локација нов објект а притоа дали ќе ја реставрираме или тој простор да остане јавен. Очигледно е дека јавноста сака постојниот објект да се реставрира. Затоа велам дека решението ќе излезе само по себе. Моето лично мислење е да имаме квалитетен мултифункционален објект на друга локација и да ја реставрираме Универзална сала која својата основна намена како концертна сала ќе си ја задржи.

Дали за овој конкурс за уредување на просторот во форма на парк на постојната Универзална сала, се има јавено некој со проект?

Тој е активен конкурс и завршува на 28 август кога ќе видиме дали ќе пристигнат трудови. Во меѓувреме по завршувањето на тој конкурс, ќе се пушти нов конкурс за реставрација. И на крајот на годината ќе пуштиме конкурс за изградба на нов објект на нова локација. Тоа се процесите низ кои според моето сфаќање должни сме да поминеме. Тогаш на маса ќе ги имаме сите солуции. Самото објавување на конкурсот за уредување на просторот околу Универзална, не е рушење не е ни одлука. Постоењето на конкурс не прејудицира решение. Мислам дека поради емотивноста што ја буди Универзална сала погрешно некои луѓе свесно ја насочија јавноста да донесе погрешен заклучок дека некој сака да го урне објектот.

https://www.slobodenpecat.mk/intervju-so-gradonachalnikot-na-skopje-petre-shilegov-univerzalna-sala-nema-da-se-rushi
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2218
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #380 Posted: 31-Jul-2020 at 12:16
17 милиони евра е планот за доградба (или рушење и изградба на слична сала) од 2008.

Оптимално сценарио би било:

Автентична реконструкција на Универзална сала | 2020/21-2022/23 | 5 милиони евра
Опис: Реконструкција на постоечката Универзална сала, со употреба на современи материјали и сценска техника, но запазувајќи го сегашниот ѝ изглед;
Содржина: 1 голема сала со 1,568 или помалку седишта за поголема комоција и намален сообраќаен притисок; мала сцена со 300 седишта;
Употреба: Одржување на традиционални настани (Златно Славејче, Златна Бубамара, полуфинални вечери на Скопје фест, дел од Скопје Џез фестивал) доколку капацитетот тоа го дозволува, помали концерти, училишни и аматерски проекти, годишна церемонија по повод земјотресот од 1963, средби на градските и општинските власти со граѓаните. Забрана за политички митинзи и турбо фолк;
Финансирање: 5 евра самопридонес од сите 630,000 жители на Скопскиот регион (3.15м€) + 0.5м€ трансфер од Владата + 1.35м€ средства на Град Скопје, со трансфери од 10-те градски општини и 7-те општини од Скопскиот регион;

Нов Концертен центар Скопје | 2021/22-2025/26 | 70 милиони евра
Локација: Во кругот на А1 Арена (СЦБТ), оранжериите од спротива, или на друг широк простор со лесен сообраќаен пристап;
Опис: Изградба на нов, современ и репрезентативен културен центар на Скопје и Македонија на локација соодветна за тоа; дел од конкурсот би било и идејно решение за хотел и трговско-угостителски објекти во кругот на салата кои би биле изградени од приватни ентитети;
Содржина: 1 голема концертна сала со 2,500 до 3,000 седишта; средна сала со 500 седишта; мала сала со 300 седишта; сала на Театарот за деца и младинци со 250-300 седишта; простории за Танец; конгресни сали; библиотека и музичка продавница;
Употреба: Главен концертен центар на државата - одржување културни манифестации од среден и голем ранг; средни концерти; меѓународни настани; конференции и билатерални средби; театар за деца и младинци; фолклор на Танец;
Финансирање: 50м€ трансфер од Владата + 10м€ задолжување на Град Скопје + 10м€ заем од Владата кој би бил враќан во рок од 10 години (со учество на градските општини). Разгледување можност за искористување европски фондови, доколку тоа е можно.

И Авалон со нешто слично:
Универзална сала треба да остане на исто место, реставрирана, со намален капацитет на 1000 места (од постоечките 1572), зошто внатрешно модернизирана може да биде само со смален капацитет!

И, околината не може да прими и испрати сала со поголем капацитет на тоа место.

Ова го кажува професионалец кој ги работел од Словенија до Софија сите сали од тој тип: Сава Центар, Цанкарјев дом, Лисински, НДК- Софија.

И како таква ем ќе врши работа, ем ќе може во ходниците да биде музеј!

Не треба многу големи пари да се дадат за неа, реално.
Големите пари треба да се дадат за нова сала, 3000 капацитет, седење, со нова локација.

Вин Вин ситуација.

Универзална е културното срце на Македонија и нејзин нестанок е креативно злосторство.

Бобан Милошески

facebook.com

Edited by Staro Skopje - 31-Jul-2020 at 12:20
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1718192021 22>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.219 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.