build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Културни
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Универзална сала

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 56789 16>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
pavche View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 17-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 433
  Quote pavche Quote  Post ReplyReply #121 Posted: 17-Jan-2013 at 09:44
Originally posted by гитардемон

Бугарија ја нема, ама затоа ја има Бразилија!


Се е исто ...
'Nas i Brazilca dvesta miliona'

Edited by pavche - 17-Jan-2013 at 09:46
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3639
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #122 Posted: 14-Feb-2013 at 16:42
Универзална сала ќе се урне до темел и одново ќе се гради



Поради неминовноста од реконструкција одлучено е од објектот да останат само темелите и бетонот

Универзална сала ќе биде урната до темел, за потоа да се изгради нов објект. Нејзината реконструкција е неминовна по 47 години функционирање. Ова беше констатирано на денешната трибина „Стратегија за развој на Универзална сала за периодот 2013-2016 година“, на која говореа претставници од Универзална сала и од Секторот за јавни дејности на Град Скопје.

Како што рече директората на Универзална сала, Вера Бошковска, обврската за реконструкција на салата ја превзема Владата. Од моментот кога ќе бидат одобрени средствата додека почне изградбата ќе поминат 6 месеци, бидејќи е потребно време за подготовки и за адаптација.

„Универзална сала наскоро треба да се реконструира, за што е потребно да се урне 70-80 отсто од објектот и да останат само темелите и бетонот. Средствата што Универзална сала ги обезбедува од самофинасирање, од издавањето на салата и од своите активности не се доволни за одржување и функционирање на салата. Цените на услугите за користење на Универзална сала се високи, па затоа е потребна поголема соработка со волонтери“, беше речено меѓу другото на трибината (Б.Ш.)


http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=A87D3125EBD8ED4199C08A05991F2691
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #123 Posted: 14-Feb-2013 at 17:55
Previous
 
" Претставници од Универзална сала и од Секторот за јавни дејности на Град Скопје " констатирале дека е потребно 70% до 80% од веќе постоечката конструкција на Универзална сала да бидат урнати.
 
Каде се тука жителите на општина Центар, како за почеток ?
 
Понатаму, каде се тука жителите на град Скопје ?
 
И за крај, каде се архитектите и градежните инженери за да си го кажат своето ?
 
Свесно уништување на над 2/3-ни од еден од симболите на Скопје, со цел реконструкција на веќе постоечкиот објект, а јавноста си молчи.
 
Со кои аргументи дошле до заклучок дека 70% до 80% од веќе постоечката конструкција на Универзална сала треба да се урнат ?
 
Бољшој театарот во Москва помина низ секакви патешествија во текот на 20-от век за да во 2005 година се констатира дека градбата е 75% нестабилна, па сепак истата не беше урната, туку помина низ скапа обнова, која наводно изнесува над 1 милијарда и 100 милиони американски долари. Руските архитекти и градежни инженери и тоа како имаа оправдание за да бараат рушење на веќе постоечката конструкција на Бољшој театарот во Москва, но сепак се одлучија на обнова, која беше скапа, но сепак не опфаќаше уривање на веќе постоечката конструкција.
 
Кои се аргументите на тие таканаречени " претставници од Универзална сала и од Секторот за јавни дејности на Град Скопје ", за да бараат рушење на 70% до 80% од веќе постоечката конструкција на Универзална сала ?
Back to Top
stratus View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Aug-2010
Location: Bitola/Skopje
Online Status: Offline
Posts: 719
  Quote stratus Quote  Post ReplyReply #124 Posted: 14-Feb-2013 at 18:33
Бољшој театарот е стар 200 години а универзална едвај 50. Но не е битна староста, универзална во принцип е монтажен времен објект кај не е спорно дека треба да се урне. Е сега во случајот кои се целите за рушење не знаеме (можеби да се вклопи со ск2014). Јас би понудил две решенија:
1. турнување до темел на универзална и нејзина реизградба со модерни матерјали и подземна гаража задржувајќи го денешниот изглед.
2. (за кое сум јас)турнување до темел на универзалана, изградба на мини плоштад со подземна гаража на просторот сепак се работи за мошне прометна локација и изградба на нова концертна сала на друга поширока парцела со поубав помодерен изглед и поголем капацитет. Земете ја пример новата концертна сала во Баку.

Edited by stratus - 14-Feb-2013 at 18:34
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1854
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #125 Posted: 14-Feb-2013 at 19:34
Ова пред секои избори се најавува...
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7072
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #126 Posted: 15-Feb-2013 at 15:15
универзална сала е далеку од тоа да биде било каков симбол на градот, а да не збориме па што воопшто нема никаква архитектонска вредност
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
alexgizh View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1967
  Quote alexgizh Quote  Post ReplyReply #127 Posted: 15-Feb-2013 at 15:22
Кога веќе се руши, и се прави подземен паркинг, јас би ја поместил салата малку поцентрално, вака е преблиску до западните згради. Еве на што мислам...



Исто, потполно би поддржал комплетно нова градба, под услов да не е "согласна на принципите на СК2014", но свесен сум дека тоа веќе навлага во категорија на утопија.
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7072
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #128 Posted: 15-Feb-2013 at 15:30
јас би се согласил и да се промени локацијата некаде поцентрално, или барем на некој чист простор, како спортските сали, кога веќе решиле да прават комплетно нов објект
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2426
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #129 Posted: 16-Feb-2013 at 05:08
Originally posted by stratus

турнување до темел на универзалана, изградба на мини плоштад со подземна гаража на просторот сепак се работи за мошне прометна локација и изградба на нова концертна сала на друга поширока парцела со поубав помодерен изглед и поголем капацитет. Земете ја пример новата концертна сала во Баку.


Ова би бил и мојот избор. Само место плоштад може да биде парк. Премногу се изгради (и допрва ќе се гради) тоа маало и се угуши во бетон. Малку зеленило и простор за рекреација и релаксација би бил прав потег овде.
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #130 Posted: 16-Feb-2013 at 11:09
Ама сега ова ли е приоритетот во Скопје и државава? Да се сруши она што се има и да се изгради нова концертна сала? Зошто кога и така никој жив не доаѓа во Скопје, а потребите може да ги задоволи и Борис Трајковски!
Ова многу ми личи на дајте им на луѓето игри и леб и да си молчат! Цело време ни е преокупација како да се забављаме, само водени поаркови, концертни сали и бродови во вардар ни фалат, како нешто паметно за промена не изградиме?! Па никој од сите градуретини во регионов нема концертна сала (голема и специјална за концерти), та ние сега мора да имаме што никој нема стапнато.
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #131 Posted: 16-Feb-2013 at 13:05
Originally posted by zabegan

универзална сала е далеку од тоа да биде било каков симбол на градот, а да не збориме па што воопшто нема никаква архитектонска вредност

 
Точно, но пред изградбата на СРЦ Борис Трајковски и на Метрополис Арена, најголемиот дел од концертите, посебните претстави и изведби, како и светските премиери на некои филмови, како што беше Војна на световите, беа изведени/прикажани во Универзалната сала, што не ја прави историски симбол, но ја прави објект со посебно значење за Скопје.
 
Тоа што мене конкретно ме интересира, е оправданието за одлуката на таканаречените "Претставници од Универзална сала и од Секторот за јавни дејности на Град Скопје", со која се планира 70% до 80% од веќе постоечкиот објект да бидат урнати.
 
Не станува збор за цела флота на авиони од еден ист модел која е приземјена поради дефект или техничка маана кој/а допрва треба да се открие и да се санира, но сепак станува збор за објект кој им припаѓа на жителите на град Скопје и е финансиран со народни пари, па од тука верувам дека не само скопјани, туку и сите останати граѓани на Република Македонија, бидејќи ова планирано рушење и оваа планирана реконструкција ќе бидат финансирани од страна на Владата на Република Македонија, која сноси одговорност не само пред скопјани, туку и пред сите граѓани на Република Македонија, заслужуваат да знаат зошто со нивни пари ќе се финансира уривање на 70% до 80% од веќе постоечки објект со цел негова реконструкција.
 
Донесување на било каква одлука без изјаснување на конкретна причина зошто истата е донесена, е неприфатливо како за приватните инвеститори во некоја приватна фирма и корпорација, така и за граѓаните на една држава.
 
Барем нека кажат дека прозорците или седиштата не дихтуваат, колку да кажат дека имаат некакво оправдание. Bash


Edited by Dexter26 - 16-Feb-2013 at 13:08
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7072
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #132 Posted: 16-Feb-2013 at 14:58
Originally posted by Dexter26

Originally posted by zabegan

универзална сала е далеку од тоа да биде било каков симбол на градот, а да не збориме па што воопшто нема никаква архитектонска вредност

 
Точно, но пред изградбата на СРЦ Борис Трајковски и на Метрополис Арена, најголемиот дел од концертите, посебните претстави и изведби, како и светските премиери на некои филмови, како што беше Војна на световите, беа изведени/прикажани во Универзалната сала, што не ја прави историски симбол, но ја прави објект со посебно значење за Скопје.
 

тоа што за жал долго време била единственото место каде што може да се одржуваат такви настани, не и додава голема вредност, а историјата што ја има позади себе, е чисто наметната поради тоа што никој не ја пипнал со години, иако требало да биде нешто најпривремено во градов
и меѓудругото, не знам зошто толку си загрижен што монтажен објект ќе биде размонтиран до темелите и ќе се замени со нови материјали, тука ни начинот на изградба, ни материјалите, немаат некоја посебна вредност, за толку да им ја мислиме
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #133 Posted: 16-Feb-2013 at 15:36
Previous
 
Не сум загрижен, напротив, токму бидејќи станува збор за монтажен објект, го охрабрувам размонтирањето до темелите.
 
На крајот на краиштата, лондонскиот Вембли стадион изграден во 1923 година, бил урнат до темел во 2003 година, додека истовремено се правеле подготовки за изградба на новиот Вембли стадион кој бил пуштен во употреба во 2007 година, а зборуваме за траен објект кој постоел 80 години, а не за монтажен објект како Универзална сала, која е пуштена во употреба во 1966 година, односно постои веќе 47 години.
 
Тоа што мене ме интересира е причината зошто овие таканаречени "Претставници од Универзална сала и од Секторот за јавни дејности на Град Скопје" донеле ваква одлука, причина која сеуште јавно не ја изнеле.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7072
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #134 Posted: 16-Feb-2013 at 15:57
Originally posted by Andrej_LJ

Ама сега ова ли е приоритетот во Скопје и државава? Да се сруши она што се има и да се изгради нова концертна сала? Зошто кога и така никој жив не доаѓа во Скопје, а потребите може да ги задоволи и Борис Трајковски!
Ова многу ми личи на дајте им на луѓето игри и леб и да си молчат! Цело време ни е преокупација како да се забављаме, само водени поаркови, концертни сали и бродови во вардар ни фалат, како нешто паметно за промена не изградиме?! Па никој од сите градуретини во регионов нема концертна сала (голема и специјална за концерти), та ние сега мора да имаме што никој нема стапнато.
не се согласувам со ова... на Скопје му е потребна таква сала... со години немаме капацитети, акустика и флексибилен простор за одржување на концерти и фестивали
а кај спортските објекти воопшто не се ни помислува за таква опција да бидат универзални, и тоа се гледа со ужасната акустика на Борис Трајковски

е сега тоа што Скопје има милион други приоритети, е веќе друг проблем, но не може поради нив да кажеме дека не е потребна ваква сала и нема потреба да ја рамниме со глупостите како бродови во Вардар...
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1919
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #135 Posted: 16-Feb-2013 at 18:10
Dexter26 па друже мислам дека сам си го одговори прашањето што го имаш.

Се работи за времен објект кој одамна требало да биде срушен до темел и изграден со нови материјали ,мислам дека поголема причина нема потреба да се бара, а од друга страна верувам дека поголемиот дел од народот го знае ова и нема потреба од оправдување. Од трета страна гледаме како се прават огромни глупости низ градов без никакво објаснување па ти сега за ова се фати објаснување да даделе. Ќе треба со клешта да им го влечеме јазикот за да кажат јавно што е поентата.
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #136 Posted: 16-Feb-2013 at 19:28
Previous
 
Воопшто не се сомневам дека редно време е да се премине кон реконструкција на Универзална сала, па ако е потребно не само 70% до 80%, туку и 100% нека ја срушат и нека градат одново од темел.
 
Но како скопјанец и како граѓанин на Република Македонија, сакам да знам кое е официјалното оправдание на таканаречените "Претставници од Универзална сала и од Секторот за јавни дејности на Град Скопје" за нивната донесена одлука за рушење на 70% до 80% од веќе постоечкиот објект на Универзална сала со цел негова реконструкција.
 
Се фатив да барам објаснување бидејќи ваквата одлука доаѓа неочекувано како гром од ведро небо, за било каква обнова или реконструкција на Универзална сала се говори 2 до 3 пати годишно, а во меѓувреме ништо не се случува на терен, тешко ми е да ги сфатам сериозно властите, особено кога донесуваат одлуки без конкретни основи, односно без конкретни оправданија зошто ги донесуваат истите тие одлуки.
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1919
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #137 Posted: 16-Feb-2013 at 21:29
Декстер а не ти текнува дека се ближат избори ?
Јас лично овој проект го забележав дека се спомнува на сите избори ,на ништо друго. 2011 на парламентарните избори овој проект го имаше во планот на ВМРО за 2012-2013 година, а јас негледам дека ни едно каменче извадиле или ставиле досега.
Еј пази истото се случува и со реновирањето на Железничката станица така да мислам дека знаеме за што се работи и од каде таа одлука.

Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #138 Posted: 16-Feb-2013 at 21:43
Previous
 
Не ме интересираат изборите, ниту изборната програма, туку основата, односно оправданието за одлуката која ја донеле таканаречените "Претставници од Универзална сала и од Секторот за јавни дејности на Град Скопје".
 
Иако да, морам да признаам дека судејќи според тоа што го велиш, делува како да станува збор за предизборен маркетинг.


Edited by Dexter26 - 16-Feb-2013 at 21:43
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1919
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #139 Posted: 16-Feb-2013 at 22:29
Тоа сакам и да го посочам дека џабе ние како јавност да се обидуваме да го најдеме оправданието за одлуката која ја донеле ,дури и да го добиеме оправданието сепак тоа ќе биде истиот аргумент кој ние го кажуваме погоре ,а зашто 70-80% наместо 100% одговорот би бил затоа што нема доволно пари или премногу би чинело сето тоа.

Сето ова ми делува како предизборен маркетинг затоа и погоре така се изразив.
Back to Top
vlatko.mk View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 17-Sep-2010
Online Status: Offline
Posts: 255
  Quote vlatko.mk Quote  Post ReplyReply #140 Posted: 24-Feb-2013 at 03:24
Мислам дека на Бубамара се спомна нешто како “од следната година во поголема сала ...“или така нешто ...

Во секој случај дали има некаква информација за зголемување на капацитетот на салата со реконструкцијата и некакво евентуално решавање на паркинг проблемот околу објектот ...
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 56789 16>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.109 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.