build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Кеј Македонија Охрид

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 200
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Кеј Македонија Охрид
    Posted: 01-Nov-2018 at 10:54
Кејот во Охрид е еден од најрепрезентативните предели во градот, а дел од него е и заштитен како културно наследство. Истовремено е најатрактивниот дел од целиот брег на Охридското Езеро. Со самото тоа мислам дека најавената реконструкција заслужува своја нишка.

Општина Охрид го објави деталниот проект за реконструкција на кеј „Македонија“. Средствата во висина од 1,2 милиони евра ќе бидат обезбедени преку Светска банка и од буџетот на Општина Охрид.

Во Општина Охрид неодамна се одржа јавна расправа за проектот за реконструкција на кејот. Основниот проект е изработен од страна на фирмата „Астрекс“ од Скопје. Проектот предвидува реконструкција на кејот во должина од илјада метри, а треба да заврши до јуни следната година. На расправата учествуваа граѓани на Охрид и претставници на Министерство за животна средина и просторно планирање, Хидробиолошки институт, Заводот за здравствена заштита, Капетанијата на пристаништа, јавните комунални претпријатија од Охрид и претставници на повеќе невладини организации.

Во продолжение и документите од основниот проект
http://www.ohrid.gov.mk/pdf/URBANIZAM%20Rekonstrukcija%20na%20Kej/457_Kej%20Makedonija_ARHITEKTURA.pdf
Back to Top
nenad View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 598
  Quote nenad Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 02-Nov-2018 at 13:32
podobro da go ostavat kako što e, se plašam deka samo ke bide ušte pogrd a parite potrošeni
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 200
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 02-Nov-2018 at 14:53
Така некако... мене не ми делува дека ќе се разубави нешто многу кејот, а можеа голема атракција да направат од него. Толку е и капацитетот на некои проектанти, а и на општината. Ако ништо друго како придобивка го гледам тоа што ќе ги тргнат бекатон плочките и ќе постават гранит, а ќе ги променат и сите клупи и корпи за отпадоци. Е сега дали тоа вреди 1.2 милиони евра е друг муабет...
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8968
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 02-Nov-2018 at 16:19
Не успевам да ги отворам фајловите, нешто ми е спор интернет. Но можам да претпоставам што има во нив. Стандардниот сет на поплочување, клупи и сл што ко прави секоја нова локална власт. 

Она што јас неможам да го преболам во врска со кејот, се подпросечните објекти кои се таму изградени, а зборуваме за можеби најатрактивните неколку километри во цела држава.
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 200
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 02-Nov-2018 at 17:02
Мислам дека тоа ниеден Охриѓанец не може да го преболи, освен оние што профитираат од тоа. Интересно е колку лесно ги узурпираат тротоарот и улицата угостителските објекти, со отворањето на Су Хотел почнаа да ја узурпираат и тревата на кејот, а да не зборуваме за сите оние панаѓури, лесковачки скари и други глупости секое лето на кејот. Како што кажа, најатрактивни неколку километри, ама инстант добивката е побитна од долгорочна визија... како и во останатиот дел од мк.

Инаку проектот воопшто не е од новата власт туку од претходната, но новата претпоставувам во недостиг на проекти влегоа во негова реализација иако до вчера го критикуваа и го нарекуваа непотребно трошење пари. Мнозинството улици и тротоари во Охрид се распаѓаат, ама ќе има кеј од 1.5 милиони евра...
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 482
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 02-Nov-2018 at 17:56
Цената не е лоша за 1км. Ќе ставаат и некакви цилиндри како бариера со езерото. Но од тоа што се гледа на катастрофалните рендери, поплочувањето и урбаната опрема изгледа неинвентивно и застарено. Ќе беше добро и да се предвидеа дополнителни докови за мали пловни објекти и постојки за такси кајчиња.
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1655
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 03-Nov-2018 at 07:46
Сега уште марина и катна гаража и ќе заличи на туристички град.
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1452
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 03-Nov-2018 at 09:47
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 200
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 03-Nov-2018 at 10:55
Рендерите ги има во архитектонскиот основен проект, ама не ги постирав бидејќи се мизерни. Мислам дека ќе испадне нешто сосема поразлично на крај.

Инаку за коментарот погоре од axelsend за марина и катна гаража, не знам дали е само тоа доволно за Охрид да премине на друго ниво. Услугите за локалните жители сеуште се на многу ниско ниво...

Да бев јас во позиција да одлучував, паркингот позади киното што го планираа за катна гаража ќе го направев голем парк, гаражи не се градат на 20 метри од езеро. Булевар Македонски Просветители (улицата што е паралелна со чаршијата) ќе ја затворев за сообраќај и ќе ја направев микс на парк, пешачка и велосипедска зона. Не знам дали е спомнато досега, во новиот пазар што се гради (постирав вчера слики до каде е) ќе има подземен паркинг од 200-250 места што е одлично за таа локација. Тоа ќе е прв јавен организиран паркинг во Охрид.
А марина... за мене е најбитно да престанат да го полнат со нафта каналот од мостот до Билјанини Извори. А потоа кајчињата и глисерите нека ги носат каде сакаат
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 200
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 13-Nov-2018 at 22:56
Проектот за реконструкција на градскиот кеј нема да го финансира Светска банка?


Реконструкцијата на градскиот кеј во Охрид нема да биде финансирана со средства од Светска банка, неофицијално дознава OhridNews. Банката имаше распишано повик за доделување грантови од областа на туризмот, на кој општината конкурираше со проектот за реконструкција на кејот, но тој не се најде во потесниот избор. Покрај средства од Светска банка за реализација на проектот беше предвидена и контрибуција од општината.

За проектот општината изработи комплетна планска документација, која сега останува да се реализира од други извори.

Проектот предвидува да се опфати должина од еден километар, поточно од градското пристаниште до пред хотел Милениум. Како што информираше неодамна локалната самоуправа на одржаната јавна презентација, истиот предвидува и дополнително навлегување во езерските води од 96 сантиметри. Вкупната вредност на проектот беше проценета на 1,2 милиони евра.

Инаку обиди и ветувања за реконструкција на кејот имаше и од претходната локална самоуправа. Во 2014 година Општина Охрид објави конкурс за избор на идејно архитектонско решение за партерно и хортикултурно уредување на кејот „Македонија“, од градското пристаниште до каналот Студенчишта. Како што беше потенцирано од тогашната градска власт, со новиот изглед на овој дел од градот ќе се придонесе за подобра туристичка промоција на градот. Подоцна беше најавено дека реконструкцијата на кејот ќе започне во септември 2016 година, како дел од еден поширок проект за модерно уредување на потегот од каналот Студенчишта до Горица и кејот од едната страна на каналот до Билјанини извори.

https://www.ohridnews.com/proektot-za-rekonstrukci-a-na-gradskiot-ke-nema-da-go-finansira-svetska-banka/

Back to Top
 Post Reply Post Reply

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.094 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.