build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Станбени
  Active Topics Active Topics RSS Feed: ARIA Residence & Spa - Битола
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

ARIA Residence & Spa - Битола

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
JOE View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2010
Location: Bitola
Online Status: Online
Posts: 172
  Quote JOE Quote  Post ReplyReply #1 Topic: ARIA Residence & Spa - Битола
    Posted: 07-Nov-2018 at 13:26

„Ариа“ е новиот резиденцијален комплекс, вашиот нов дом кој воведува револуција во начинот на домување и носи нов сјај во Битола.

Во состав на современата архитектонска композиција се вбројува деловен простор на приземјето, спа центар во подрумот и приближно 180 станови на катовите, со различни типови на станбени единици во зависност од нивната големина и ориентација, а сите во склад со важечките стандарди и нормативи за функционално, современо и квалитетно домување.

Комплексот „АРИА“ е лоциран во јужниот дел од централното градско подрачје на Битола во месноста позната под името “ОБЛАСТА”. На пресечната точка помеѓу улица „Нико Фундали” и улица „Север-Југ”, во непосредна близина на зградата позната под името „СИМПО”. Зградата е оддалечена на помалку од 500м пешачка дистанца од строгиот градски центар и градскиот парк.

Во непосредно опкружување на комплексот се лоцирани висококатници – станбени објекти за колективно домување од кои „СИМПО“, „АУРУМ“, основното училиште „Стив Наумов” и градската болница.




Ова инфо е од нивниот веб сајт
Линк
Back to Top
JOE View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2010
Location: Bitola
Online Status: Online
Posts: 172
  Quote JOE Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 07-Nov-2018 at 13:29
Започна изградбата на комплексот Aria Residence & Spa



Во непосредна близина на центарот на Битола, почнува со изградба новиот станбен комплекс Aria Residence&Spa кој ќе се гради на 25000м2, а во својата структура содржи 180 станови, 3 згради, 5000м2 паркинг, базен и спа центар.Објектот е една сосема нова и поразлична структура која нуди комплетно решение за модерно и квалитетно живеење.


Предвидениот рок за изградба на зградата е 24 месеци.

Колективната станбена зграда „АРИА“ почна да се гради на просторот во јужниот дел од централното градско подрачје на Битола во месноста позната под името “ОБЛАСТА”. „АРИА” се наоѓа на пресечната точка помеѓу улица „Нико Фундали” и улица „Север-Југ”, во непосредна близина на зградата позната под името „СИМПО”. Зградата е оддалечена на помалку од 500м пешачка дистанца од строгиот градски центар и градскиот парк.



о однос на функционалната поставеност и содржините објектот ќе содржи:

Партер – приземна платформа за влез во објектот, хортикултурно обогатена со зелени површини и надземен откриен паркинг простор;
Колективна станбена зграда која во својот состав има три ламели: Ламела „1“ и Ламела „2“ и Ламела „3“. Секоја ламела, во својот вертикален пресек се состои од: подрум ( -2) + приземје (Пр) + 8/9/10 катови + Поткровје (Пк); Во составот се вбројува деловен простор на приземјето, спа центар во подрумот и приближно 180 станови на катовите, со различни типови на станбени единици во зависност од нивната големина и ориентација, а сите во склад со важечките стандарди и нормативи за функционалност.

Инвеститори се БЕКОМ ДОО и ФОРМИ ДООЕЛ, а објектот го проектира ФОРМИ ДООЕЛ
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 535
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 07-Nov-2018 at 19:59
А подземна гаража сама ќе порасне од темелите, а? *@$%та нивна.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1385
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 07-Nov-2018 at 20:58
Neznam kolku Bitola ima potreba od novi stanbeni objekti,koga ja vidov niskava se zacudiv ocekuvav deka e pak negde vo Skopje. Inaku zgradi se pravat i niz Gostivar,Veles,Debar,Kumanovo no neznam kako ke im odi so prodazba pogotovo so delovniot prostor koj zjae prazen vo mnogu novoizgradeni zgradi niz Skopje(primer flatiron kisela voda veke ke pravi edna godina od otvoranjeto a ima samo dva lokali vseleni). I vo Skopje pazarot go prezasitija so stanovi koi dolgi godini ke stojat neprodadeni(mislam deka momentalno poveke od 8000 stanovi stojat neprodadeni a uste ne se izgradeni kompleksite na Limak i Skopje East Gate koi isto taka ke ponudat uste najmalku 3000 stanovi). Patem nekoj ako e vo moznost neka postavi krance na niskava i neka dopise deka proektot e vo Bitola.
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 535
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 07-Nov-2018 at 22:30
Не знаеш уште колку ги има у ствари, само не се постирани по форумов оти се грди реонски-центар тип на зградишта. Тие кулите што ги гледаш околу оваа што се гради, се одамна завршени, а барем пола сигурно не се вселени (што не значи дека не се купени). Овој простор со кулите тука се наоѓа сред стара населба со ниски куќи и тесни улички (освен Партизанска која е во близина но таа е најголемата и најфреквентна градска улица и плус функционира како обиколница). Доколку сите згради што се насликата беа вселени ќе немаше игла кај да се фрли од коли (не дека сега не е презаситен градот, ама уште полошо ќе беше). Фрапантен е бројот на станови и коли во Битола, наспроти луѓето кои ги нема за лек.

Мене ми е многу сомнително цело ова лудило со изградбата на станбени објекти ни државата, а луѓето се убедени дека сето ова е веќе распродадено. Кога ќе прашам кому - нема конкретен одговор освен дека во Македонија сите затворале пари во недвижнини. Држи вода тоа, ама за мене не е доволно за да се објасни лудилото во градежништвото. Од сите луѓе кои ги познавам, знам само 2-ца кои имат купено стан во последно време и тоа во Скопје. Е сега за становите во Битола можат да се кријат иселениците кои од Пелагонија ги има дури и повеќе отколку Тетово-Гостивар.
Back to Top
kiriOK View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Apr-2012
Online Status: Offline
Posts: 391
  Quote kiriOK Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 08-Nov-2018 at 01:59
Еве ја локацијата

Тука можеа парк да им направат,они зграда градат...

https://www.google.co.uk/maps/@41.0238176,21.3290686,3a,60y,342.79h,80.54t/data=!3m6!1e1!3m4!1sfLs8qaGsmsO8To-vormAuQ!2e0!7i13312!8i6656

Edited by kiriOK - 08-Nov-2018 at 01:59
Back to Top
 Post Reply Post Reply

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.109 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.