build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Фото/Видео
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Мијачија

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Online
Posts: 960
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Мијачија
    Posted: 23-Nov-2018 at 03:50

Студија за Село Јанче
чист воздух планински низ Водопад порека до градот стигнует





Според него за тоа сведочи фактот дека „блиското село до манастирот, по левиот брег на реката Радика, го носи името на Јован. Тоа се вели Јанче, сега со 30 куќи Помаци. Овие историски документи (пергаменти и др.) биле назначени во манастирската кондика и складирани во самиот манастир“
...
http://www.mn.mk/aktuelno/9609-Istoriski-beleski-za-Mijacite-%E2%80%93-Sv-Jovan-Preteca---Bigorski-2




И вистина зар Бистра некаков поет не би могол да ја успоредит со некаква голема бисерна школка? Од Галичник који је највисок, слези за еден саат пашечки до Јанче и во коложег (јануарија) и сечко (февруарија) бери кукурек, качунка и подлеска; во јулија и август качи се горе кон Требишка Рупа и Бери снег.
...
http://www.mn.mk/index.php/feljton/docs/istorija/kultura/5576-Mijacka-krajina-Postojbina



Originally posted by beTon


Дуфските водопади, заедно со целата територија на Реканскиот
регион (Горна Река, Долна Река, Голема Река, Мијачија и Малорекански
крај) припаѓаат на Националниот парк Маврово [1]







Edited by Zelenikovo - 23-Nov-2018 at 04:40
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Online
Posts: 960
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 23-Nov-2018 at 18:38

кога тоа розевата фасада би имала поегзотична боја, налик отсјајон на бакарнто чинивче на чардакот кај Туто [1][2] кога веќе се импровизира, а би требало под итно да интервенира Министерство за Култура, да секоја нова Куќа да мора фасадно да не штрчи во однос околината а не пак како карабина да дреме со години, Национален Парк нели е во прашање!? се испостави низ годиниве дека Општините ниту наметнуваат норма за зачувување на автохтоната традиционална архитектура, а не пак новата да е стандардизирана т.е. условена за легална само ако е бар имитација во однос еркерите ...

веројатно треба усул и за тоа како да се мотивираат млади да се враќаат на дедовина, а за што субвенции многу многу не помагаат онакви дури и дпмн какви ги ветуваше 200 евра за рурални реемигранти во рок од 2 години кои бибиле од помош само ако станува збор за пакет поволности, пр. и тоа ем да ослободи Народ од данок но и царина доколку се враќа во рурални области, а капак да му се доделува по семејство социјално бар по 3 хектари обработлива земја колку да има за мала фарма услови, во спртивно и Мијачијата кои другде тивко ќе изумира [1] патем зошто и Реканци ги вбројувам во Мијаци па тоа тие и се! иако же и регионално да се етикетираат, но тоа е само етикета, Помаци Торбеши или Македонци Муслимани е терминологија која дури и имала некаков континуитет делува сегрегациски, додека како Мијаци се племенска спона помеѓу Православни и Муслимани биле тие денес Македонци или Албанци, за кои има многу што заедничко а така да се бараат бар од спунт сличности, по кој аршин ќе рече некој Ѓорѓија Кастриот е Македонец, просто тој е Мијак од Македонија т.е. Матија кој денес кому како му треба си го спинува историско маркетиншки, што е во ред, но дефакто е само тоа спин, кој таков треба да и може да се отспинуе само доколк се бара нзс меѓу Македонците и Албанците по Мијачка Линијакоја толку е истисната и тука а не па отаде границата, да просто прашање е дали и ќе успееме волку закаснети да ги испегламе склучивоста и себичлукт како ариевска фатамиргана која е нус ефект на романтизмот кога модерниот концепт нација настанал, од тој аспект што сакаат sds на Алексо да стават грчки натпис по таа логика ние ребаме да ставиме на Скендербег македонски, а што доколку е насила јасно е дека ќе продуцира дополнителни поделби наместо сплотеност а што нема како поинаку да се заобиколи освен ако не седнат на заедничка маса Историчарите и арбитражно сред европа да вкрстат тези теории и факти во спротивно шансата за Соживот ќе биде флоскула за терминот толеранција, а се знае кој се толерира нели оној кој не го поднесуваш, што ако продолжи уште малку по тој аршин посекако ако не физички тогај ментално ќе не враќа се повеќе во среден век, шанса која можеби сега е на шгрги но малку добра волја сестрано и воможно е со лесно да расплива бар разбирањето дека ите вака или онака тука на балкан сме сродни а единствено што не држи гетоизирани се ариевските ехоа на големите сили од минатиот век, просто додека е блиску едновековниот јубилеј од првата светска војна треба токму тука главниот акцент да ет на демонтирање на од големите истурената ксенофобија во крај кој е толку Питом Исконски Рајски Ендемски Јуначки, да е греота да се сведе на омраза и себечлук та зошто каниме туристи тогаш, дајте да стаиме бодликава жица и никој да не стапне, зар не е небулозно да не сакаш да споделиш од онаа убаина која на сите тука родени заеднички им припаѓа како Културно Ехо како Традиција!?



Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Online
Posts: 960
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 24-Nov-2018 at 04:04

дали Мијаците на пат кон Венеција во одреден број не се населиле и во Словенија и го формирале тамошно Јанче [1] не трвдам дека е така но колку какви биле хардкор и таму не е далеку од памет, сепак за иницијален сомнеж ја земам годината на настанување на словенско Јанче т.е. се поклопува со Мијачкиот Прогон односно Збег по падот но и понатака по смртта на Ѓорѓија кој врвел во три правци и неколку наврати, едниот правец спрема Сицилија [2] вториот Црна Гора па Далмација а третиот према Венеција [3] сепак во недостаток од антрополошки истражувања не ни може да се спореџат обичаите научно туку преку претпоставки ко оние за далматинските срби кои во еден бран се тие црногорски мијаци всушност кои предходно пребегувале од матија во Црна Гора а потем како ускоци им дозволила Марија терезија да се населат на границите на Австроунгарија како бедем против османлиите, што може да се спореди во однос носијата, фолклорен мотив како Соколот кој е типичен строго за мијаците или пак појавата на овча гајда и слично, нејсе вака нафрлено без збилна студија ќе биде токму само тоа теза иако заради далматинските мијаци кои губејќи ја руадикцијата на Охрид а потпаѓајќи по печ пополека стануваат срби но што доколку вака се оспори во една од српските миграции кон Далмација дефакто ќе бидне теорија бар во однос една од тие ускочки миграции ... нејсе, кога ги прашував словенците при мојот престој таму дали и каква етимологија ет Јанче не знаеја да ми кажат, само рекоа не е типично име за Словенија ...

туку да се вратам на нашево Јанче, хм, еве не дека сите мијаци се хардкор пр. араторот на следниов видеоабер за изворната неимарска волја на Туто кому единствено му недостасува можеби секојдневни работилници за гости кои би се запознале од прва за традиционалните градежни техники од Мијачијата, впрочем најбарани мајстори биле мијачките и костурските кои речиси од Стамбол до венеција та и потака кренале се' што е монументално в среден век, на не претерувам но најбарани ѕидарски тајфи биле ако не друго, глас кој се надополнувал со мијачките и костурските Зографи кои впрочем се предвесник земено уметнички на европската ренесанса т.е. Македонска Ренесанса која во својата чустота иземена од хедонистичка профаност а само со надополнување на дводимензионално живописаниот есхатон како движење и емоција ги надминува и најсензуалните европски уметнички екскурзии кои во својот занеа допираат во најдобар случај само до плафонот од ова Небо ... како вели поговорката ако се чаламиме бар тоа е од и заради сакрална природа бидејќи останато е распадливо!



бреј од толку локални езгија во фон лепнале еуроџез, з'ш!?


Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Online
Posts: 960
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 25-Nov-2018 at 07:00

камо да имаше толку локални сместувачки капацитети колку локални музички езгии, сигурно ресторани и повеќе него набројаниве ако се знае дека во секоја една Куќа на староседелец може да се нарача Домаша Трпеза бар Зелник ако не друго ... единствен гајрет според мене е кревањето ресторан во близина на Бигорски Манастир со што дрско се комерцијализира манастирската околија како атар на Мијачкиот Духоносен Светилник, за што во првиов случај треба озбилна грижа за местото за починка не прејде во место за хедонизам, иако намената во злучајов претпоставувам е да се дефокусира Народ во Манастирот да тера денгубатуку да се симне за такво нњшто тро подоле попат ...

http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=3367

https://rural.mk/полошки/

http://hotelneda.com.mk/

http://www.galichnik.mk/GalichnikJ/index.php?option=com_content&view=article&id=69

http://korabtrnica.mk/complex-trnica/

она што фали се мапи од Планинарски и Вело Стази ко на Баба Планина [1][2]

https://macedonism.org/Македонска-Енциклопедија/мијачија/





Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Online
Posts: 960
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 26-Nov-2018 at 20:44


дел от Мијачија почеток на минатиот век


Братот на Димитрија Чуповски, Никола Д. Чупаров, непосредно пред својата смрт во 1924 година, пишувајќи за македонските пле­ми­ња Мијаци и Брсјаци (Брзаци), запишал:

“Според книгата на Ѓорѓи Пулевски (родум од Галичник) Мија­ците биле гвардејците на Александар Македонски... Брзаците (Брс­ја­ците, з. м.), пак, биле брзата армија на Александар Маке­донски...” (цит. според Бл. Ристовски) ... [1]


Edited by Zelenikovo - 26-Nov-2018 at 20:44
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Online
Posts: 960
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 28-Nov-2018 at 05:31

Рускиот конзул во Призрен, Јастребов: Мијаците и Брсјаците не се ни Срби ни Бугари, тие се Македонци, род од посебно племе кое живее во Македонија од древноста


чудно од толку споменична наднационалност не најдоа за атер на ниту една Војвотка да и кренат паметник, а патинираната епопеја Ск'14 како и на крај да заврши во некој граѓански наместо елитистички излив, кога тогаш ќе мора да биде дотерана бар со некој рељеф при МСУ ако не другде, иако убо би било да врзат еден Плоштад на Македонските Војвотки можеби кај МАНУ некаде токму симболично да без Невести нема кој да подгреет Ново Сонце на Слободата ...

Мијаците пак треба посебна почест да и одадат ако не друго тогај како Везен ако не Ткаен Принт на Селска Торбичка на Славната Сирма Војвода [1][2]



https://issuu.com/imacedonian/docs/sirma_vojvoda




Edited by Zelenikovo - 28-Nov-2018 at 05:51
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Online
Posts: 960
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 29-Nov-2018 at 00:00
од таков маштаб машки пандан ем врсник на Сирма ет Лазоровецот Ѓурчин Кокале а единствено недостасува стратешки абери за сите нивни подвизи како Ајдути кои им земале мерка на арабашите башибозукот и кодошите, тук таму сигурно имет но дека тоа онака современо да станале истите подобни за да се рециклираат ко горепредочениот стрип на популарно културен начин тоа тнко, дури од етно аспект само Ја Излези Ѓурѓо за Брсјакот Јордан Пиперката што ет преработка фина за увце на млад чоек или пак гостин и толку, може ќе почнат и за Ченто некогаш етно песни да пејат којзнае, само се плашам дека ќе тераат народно новокомпонирано, наместо Изворно или во најдобар случај Етно колку да може да прават и по свет тиражи оние кои си загинале времето бркајќимда изрециклираат некој 'традиционален" хит ... ајт Филателија ни ет утеха [1] само да лепнуеја бар по Меани големи репринтови ...



болдираното е абер од наш азалски натуршец кој рла убав абер како не доживувале свои и србите освен бугарите во минатото, што би требало да ни ласка, ноо што ќе беше случај ако тоа не е посесивно гледиште ко своина наместо сродност, дефакто ние сме им Амортизер на србите и бугарите земено од словенски ракурс, а од антички комотно може да се рече Кладенец доколку и самите ја прифатат таа наспроти словенската теорија како доминантна во блиска иднина ...
Римската забрана за склучување на бракови меѓу Македонците од различните мериди, како долго време да важеа за Мијаците. Како што пишува Трајчев „Мијаците и Брсјаците, иако и во блиско соседство (кичевски на пример), немаа абсолутно никаков контакт меѓу себе. Ниту се женееа, ниту се мажеа едни со други… “ Оттука, тој причината за оваа појава ја бара во психата на Мијаците, за што вели: „Галичаните се чуствуваат себеси како роднини на некогашните благородници, во кои тече аристократска крв; па следователно на тоа имаат аристократски дух, т.е. се современи патриции, а сите други (брсјаци и др.) се плебејци, подолна раса на луѓе, со кои е навредливо да се ородите.“

На крај, тој во својата книга се осврнува и на пишувањето на српската пропаганда, односно за тоа што говорат српските научници за Мијаците. Во тој контекс го цитира Светозар Томич (посрбен галичанец) кој во своите патни белешки за Мијаците вели: „Српското племе Мијаци се спомнува од најстарите времиња. Сите кои пишуваа за Македонија или за српското племе, ги спомнуваат и Мијаците. Брсјаците и Мијаците се највидни српски племиња во Јужна Србија. Уште во првите денови на историскиот живот на нашите народи, тие се први спомнати. Додека сите други останати племиња на нашиот народ во Македонија го изгубиле својот етнографски лик, само Брсјаците и Мијаците го запазиле, а најмногу Мијаците. Денес може да се каже дека тие две племиња живеаат како компактна племенска маса и т.н.

Според Трајчев, тврдењата на Томич се во полна противречност со историската вистина. Како што вели авторот на крајот: „српското племе се јави во историскиот живот на Македонија едвај во XIII век, а Мијаците и Берзитите (Брсјаците) се најстарите славјански племиња (Струмци, Загорци и др.) го населувале Балканскиот Полуостров. Нив тука ги затекнуваат Бугарите уште при нивната појава и по претопувањето и асимилирањето, во смисла на Мијаците и Брсјаците, се јавуваат денешните Бугари, кои за време на цар Самоил му беа најхрабра армија која цели 20 години ја застрашуваше Византиската империја. Исто така мислат Томо Смиљник – Брадина (Библ. Македония № I, 1924 г.), Р. Огњановиќ (Јужна Србиа, 1922 г. кн. II, бр. 17), без да си дадат сметка за историската вистина.“
Всушност, Георги Трајчев во својата „Книга за Мијаците“ ги негира тврдењата не само на српската туку бугарската пропаганда, посочувајќи притоа дека за разлика од Мијаците, Србите и Бугарите се дојденци и многу подоцна се појавуваат на историската сцена.

http://www.mn.mk/aktuelno/9450

го двојам засебно цитираниов дел од фељтонот за да посочам на една интересна појава во титоизмот, каконвелат круша лкд круша си паѓа, точно од цела Мијачија галичаните беа системски подобни за раководители интелектуала систематизација, ко рис'ои во НРМ шала на страна, но тоа се должи веројатно на патријархалниот табиет да како кланои и соселани здраво се држат, иако факт е дека биле пргави и упорни, некој таква етикета ќе им закачи и на Власите освен Мијаците, но истото може да важи и за Брсјаците и за Шоповите кој кога каде како се учипил во систем па логично по таа линија и непотистички си згрижуел фамилија, ако заради СтрахилГигов мнозина ќе речат мијачки ет партизирано Собрание на СРМ, но и да е тоа точно далеку од памет дека тоа не било случај и со Егејците и со Ориѓани Ресенчани Битолчани итн. ко што реков кога кој каде заседнал, дефакто роднинско-професионална мана која се рефлектира и во Независна Македонија која изнедрува резигнираност ако не клановство, дури и во научната фела, скоро какомда сме станале заложници на својата недоверба кон системот бидејќи континуирано некој наоѓа дупка истиот да го непотизира партизира па и идеологизира беспоговорно, токму општествен недостакот ако не инвалидитет да мора да си му некому бар фамилијарен пријател за да те пушти пример и на јавен форум да пишуваш, Среќа бар тука тоа не е случај!



Edited by Zelenikovo - 29-Nov-2018 at 00:00
Back to Top
 Post Reply Post Reply

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.203 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.