build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Урбанистички целини
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Голем Ринг

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 9>
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Baze View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 409
  Quote Baze Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Голем Ринг
    Posted: 28-Aug-2015 at 11:23
27.08.2015, 15:47
ТУРСКА ФИРМА СО ПРОЕКТ ЗА ИЗГРАДБА НА ВИСОКОКАТНИЦИ ВО ЦЕНТАРОТ НА ГРАДОТ

СЕДУМ 40-КАТНИЦИ СПРОТИ „ХОЛИДЕЈ ИН"

Седум 40-катници сака да гради турската фирма „Окан" на просторот кај паркингот спроти хотелот „Холидеј ин". Завчера во хотелот „Холидеј ин", турскиот инвеститор, заедно со адвокатскиот тим од земјава го презентирале проектот пред граѓаните што имаат куќи, парцели и деловни објекти на просторот уреден со деталниот урбанистички план Голем ринг исток.



Според проектот кој се презентираше, целиот простор предвидено е да се уреди во јајцевидна форма. Седумте 40-катници се предвидува да бидат во средина, а околу да се градат пониски згради - станбени објекти, трговски центри, деловни центри и хотел. Просторот околу објектите би се уредил со зеленило.
Претставниците на турската фирма ги известија граѓаните дека за да се реализира проектот, потребна е согласност од сите сопствениците на објектите, кои ќе бидат обесштетени, и дека тие во натамошната постапка ќе бараат измена на деталниот урбанистички план, со цел да се предвидат новите содржини.
„Сите сме зачудени од овој проект. Во центарот на градот да никнат 40-катници, и тоа седум, е премногу. Не знаме како е можно тоа да се случи. Бараме градоначалникот Андреј Жерновски веднаш да го испита овој случај и да не дозволи реализација на проектот. Никој од нас не слушнал за инвеститорот. Ни беше речено дека фирмата била најдена на роуд шоуто кое го имале претставници на нашата влада во Турција. Стравуваме да не биде ова уште еден Субрата Рој", велат сопствениците на објектите во делот опфатен со планот Голем ринг исток.
Од Општина Центар велат дека максималната дозволена висина на објектите со планот Голем ринг исток е 12 ката.
„Досега во Општината не е стигната никаква иницијатива за измена на деталниот план. Не сме запознати со идејата за изградба на 40-катници на овој потег. Градоначалникот Жерновски нема да дозволи каква било измена на планот, без да биде тоа во интерес на граѓаните", велат од кабинетот на градоначалникот Андреј Жерновски. (А.А.)

Адвокатот на фирмата советник на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Центар

Адвокатот на фирмата „Окан" во земјава Илија Илијовски од адвокатската канцеларија „Чичевалиев и Илијовски" е советник на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Центар. Од Антикорупциската комисија не добивме одговор дали има конфликт на интереси зашто Илијовски е правен застапник на фирмата која бара промена на деталниот план и, истовремено, советник во Општина Центар.
Илијовски вчера не сакаше да прецизира детали околу проектот, бидејќи немал дозвола од сопственикот на фирмата за комуникација со медиуми.
„Сега засега, бидејќи проектот е на почетокот и се работи на средување на урбанистичката документација, немам дозвола за комуникација со медиуми", ни рече Илијовски.

http://www.vest.mk/?ItemID=7012285BD5C67C439BBBB84B18CAF20D
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 23-May-2012 at 13:57

Еве слика и линк за што се работи....

Сликата:

Линкот:

Голем Ринг - Запад

Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 23-May-2012 at 13:46
Да... сега ја видов... незнам што да кажам... немам коментар... само уште една нова глупост.... 
Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
mladen_s View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-May-2010
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 407
  Quote mladen_s Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 23-May-2012 at 12:49


И тоа што беше неизбежно.. Погледнете ја парцелата 8.29.
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3438
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 23-May-2012 at 10:05
Врз основа на член 24 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Службен весник на РМ бр.51/05, 137/2007, 91/2009, 124/2010, 18/2011 и 53/11), Градоначалникот на Општина Центар-Скопје го издава следното

С О О П Ш Т Е Н И Е

Се известуваат граѓаните и правните лица од oпфатот на Детален урбанистички план Голем Ринг - Запад, Општина Центар – Скопје, дека Градоначалникот на Општина Центар-Скопје донесе Решение за организирање на

ПОВТОРНА ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА ПО
НАЦРТ ДЕТАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ГОЛЕМ РИНГ - ЗАПАД,
ОПШТИНА ЦЕНТАР – СКОПЈЕ

Границата на зафатот е дефинирана :
- На север се движи по коритото на реката Вардар;
- На северо – исток се движи по осовината на бул.„ВМРО" и бул.„Даме Груев";
- На исток се движи по осовината на ул.„Македонија";
- На југ се движи по осовината на бул.„Мито Хаџивасилев Јасмин";
- На запад се движи по осовината на бул.„Св. Климент Охридски".
Вкупната површина опфатена во рамките на опишаните граници изнесува 29,0 ха.

Повторна Јавна презентација по Нацрт-Детален урбанистички план Голем Ринг - Запад, Општина Центар – Скопје, ќе се одржи во просториите на
ОУ„Гоце Делчев",ул.„Мито Хаџивасилев Јасмин" бб, на ден 23.05.2012 година (среда) во 14,00 часот.

Нацрт-Детален урбанистички план Голем Ринг - Запад, Општина Центар-Скопје, ќе биде изложен во просториите на УЗ„ Мирче Ацев",ул.„Орце Николов" 29,секој работен ден од 10 -17 часот, односно од 16.05.2012 година до 31.05.2012 година.

Сите информациите што се однесуваат за јавните анкета и презентација можат да се добијат во Одделението за урбанизам и просторно планирање,Сектор за урбанизам,Општина Центар-Скопје,на контакт телефоните : 3203 605 и 3203 660.

Во определениот рок заинтерисираните правни и физички лица од конкретното подрачје опфатено со планот можат да доставуваат забелешки, предлози и мислења на анкетни листови,што ќе ги подигнат од У.З.„Мирче Ацев и пополнети,ќе ги достават во У.З.„Мирче Ацев",ул.„Орце Николов" 29 .


http://www.opstinacentar.gov.mk/jaDUPGolemRing.aspx
Back to Top
Baze View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 409
  Quote Baze Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 18-Nov-2011 at 14:43
Полека се крчка зградата кај „Бристол“



Додека граѓаните негодуваат и најавија обжалување на планот „Голем ринг“ на Уставен суд, Службата за општи и заеднички работи при Владата распиша конкурс за идејно решение за изградба на една од двете десеткатници во зелената површина спроти хотелот „Бристол“. Зградата од 29 метри ќе биде наменета за јавна администрација, а во неа ќе бидат сместени Централниот регистар на Македонија, Kомисијата за хартии од вредност, Агенција за супервизија, Регулаторна комисија за енергетика, Акционерското друштво во државна сопственост за воздухопловната навигација, Друштвото за изградба и стопанисување со станбен и со деловен простор и Фондот за осигурување на депозити.

Измените на планот од Општината Центар беа направени пред два месеца со жестоки противења од граѓани и стручни лица, кои на крај не влијаеја врз конечната одлука на општинарите.

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=88636CFC2CD5EC4EB956A43D330D7184

Караванот врви, кучињата си лаат
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 12-Oct-2011 at 01:13
Originally posted by fichot

Originally posted by zabegan


Originally posted by lupo

jas vikam site pazari da se butnat i na nivno mesto da se napravat novi od zatvoren prostor, od vidot na golemi hali a vrz niv da se  iskoristi prostorot za deloven prostor ili domuvanje
на таков принцип функционираше Скопјанка, па пропадна


Како тоа пропадна? Си работи тој пазар мислам, а и трговско-деловниот центар грото од дуќаните се фатени, мада немам скоро поминато.


Работи на работ на егзистенција, одвај десетина тезги има. Таму функционисаат само месарите, пекара и Тедико.
А горе најголем дел од деловниот простор на приземје е изнајмен, но горниот спрат е тотално запуштен, одвај неколку канцеларии се зафатени, другиот простор навечер се користи за пијанки.
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2493
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 12-Oct-2011 at 01:08
Originally posted by zabegan


Originally posted by lupo

jas vikam site pazari da se butnat i na nivno mesto da se napravat novi od zatvoren prostor, od vidot na golemi hali a vrz niv da se  iskoristi prostorot za deloven prostor ili domuvanje
на таков принцип функционираше Скопјанка, па пропадна


Како тоа пропадна? Си работи тој пазар мислам, а и трговско-деловниот центар грото од дуќаните се фатени, мада немам скоро поминато.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7475
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 12-Oct-2011 at 00:25
Originally posted by lupo

jas vikam site pazari da se butnat i na nivno mesto da se napravat novi od zatvoren prostor, od vidot na golemi hali a vrz niv da se  iskoristi prostorot za deloven prostor ili domuvanje
на таков принцип функционираше Скопјанка, па пропадна
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7475
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 12-Oct-2011 at 00:24
мене воопшто не ми е битен изгледот на пазарот и тоа дали е отворен или затворен... малку и ме иритира сета таа трговија во тотална стерилност, ко да се работи за нешто радиоактивно
важно е само да се исконтролира начинот на кој се транспортира, складира и продава тоа што го има на тезга, како и се разбира, да се фискализира продажбата, се друго е споредно...
а тоа дека зелено пазарче мора да се дислоцира е неоспорно

Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
lupo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Nov-2009
Online Status: Offline
Posts: 434
  Quote lupo Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 11-Oct-2011 at 23:02
jas vikam site pazari da se butnat i na nivno mesto da se napravat novi od zatvoren prostor, od vidot na golemi hali a vrz niv da se  iskoristi prostorot za deloven prostor ili domuvanje
...kaj si kapelo pak ke si kape...
Back to Top
vlatko.mk View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 17-Sep-2010
Online Status: Offline
Posts: 255
  Quote vlatko.mk Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 11-Oct-2011 at 00:02
А за Зелено Пазарче, колку побрзо го снема, толку подобро за сите. [ОДЛИЧНО КАЖАНО]

Така е нека се стави крај на ужасниот и под сите стандарди пазар.
Само за потсетување: за пазарот не важи ни законот за кеси, ни хасап, ниту пак пазаџиите поседуваат фискални. Ова дувло на сивата економија мора да се уништи.

Истотака нема потреба да се коментира изгледот на пазарот - картони - плехови, черги, пластика .... со еден збор ужас среде Скопје!

Затоа што побрзо да се изгради нов современ објект кој ќе ги задоволува основните стандарди!

Еве како би изгледал еден убав пазар ...


наместо ова:
a

Edited by vlatko.mk - 11-Oct-2011 at 00:03
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7475
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 09-Oct-2011 at 23:01
тука сум на иста линија со N23, малку подобро го склопил ставот од мене
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 09-Oct-2011 at 02:40
Originally posted by Cloverstack





[QUOTE=N23]Во конкретниов случај (карши Брисотл) имам поделени ставови дали е подобро да се избришат или да се реализираат двете маркички во паркот. Факт е дека со нив може добро дооформи улица Македонија, но дали тоа е доволно за да оправда уништување на 3.000 m2 парковско зеленило во дел од градот каде што зеленилото со вртоглаво темпо станува многу дефицитарно, тоа е друго прашање. Исто така друго прашање е дали навистина добро ќе се оформи улица Македонија, или можеби напротив, ќе се упропасти со некоја бурлескна архитектура ала Ск2014 или како доградбата на Југобанка на пример.Јас никогаш не сум имал разбирање за граѓани кои автоматски хистеришат при секаква најава за градба на некоја локација во
нивни комшилук и за луѓе кои си утупеле у глава дека градот треба да се
обликува единствено според нивните безвезни себични замисли, баш напротив, преку глава од такви. Но во случајов апсолутно има легитимни причини за револт и отпор кон зацртаното во ДУП-от.Како што кажав, за конкретниов случај не сум баш сосема определен, но генерално гледано, дефинитивно треба веќе да притискаме на кочница во контекст на „згустнувањето“, затоа што со ова темпо многу скоро ќе исчезнат сите преостанати вакви пријатни катчиња. Неповратно ќе исчезнат. Да се изгради зграда на место на парк, тоа може секогаш. Но за обратно, тешко богами.


За делот со паркчето кај Коктел Бар, лично не се согласувам дека треба таму да никне објект. Особено што веднаш позади него се наоѓа станбена зграда. Какво решение и да донесат нема воопшто да изгледа складно (а со оглед на историската поврзаност со улица Македонија ќе биде ала Скопје 2014).
На иста линија сме кога станува збор за граѓаните. Имаат легитимно и легално право да се бунат заради објективе, но лошо ги аргументираат. Еве нека дадат предлог тие објкети да се дислоцираат во неурбаните маала во Центар, да дадат предлог ако веќе мора згради, за возврат да им ја средат околината кај тамошните згради или сл, но никако не да искочат дека ќе го задушат Скопје.
Никад нема да ги сфатам Центарците кои критикуваат дека живеат во најзагадената и најзгуснатата општина во Скопје. Едноставно центарот на еден главен град токму служи и за тоа најголем дел од службите да се таму за да можат полесно да се вршат одредени работи.
Но проблемот со тоа е настанат уште во минатиот политички систем кога Општина Центар добила станбен лик.
А и не знам па што власта го намерачила тој дел, кога на територија на Центар има толку многу слободни пространства.
А за Зелено Пазарче, колку побрзо го снема, толку подобро за сите. Нормално, доколку го дислоцираат, веднаш властите да изградат ново на посоодветна локација.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12249
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 09-Oct-2011 at 02:08
Се плашам тоа со пазарчето да не е фрлање прашина во очи. Пред се не знаеме дали навистина постои решеност да се изврши експропријација ради правење нов парк, или се работи за сказна која единствено треба да го амортизира револтот за другото изгубено зеленило. Не знаеме ни дали и какви игри се играат во позадина на релација Власт - Скопски пазар и дали можеби заканата за експропријација не е алатка за притисок за постигнување на некакви други цели. Не знаеме дали доколку евентуално се изврши експропријација, целиот тој простор навистина ќе стане парк или со некој нареден ДУП ќе се измисли нешто друго. Не знаеме еден куп други работи... којзнае што све може да е во игра.

Дај боже моиве сомнежи да се неосновани и кај пазарчето во брза иднина навистина да се направи еден убав парк, особено што зелен пазар на таа локација навистина нема што да бара. Но не би се кладел на таа опција (дури и да не бев толку сомничав по природа). Ајде нека се обврзат властите дека нема да ги градат двата нови административни објекти, се додека не го направат паркот на местото на зелено пазарче  Big%20smile


Edited by Cloverstack - 09-Oct-2011 at 02:14
Back to Top
OCB View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: 54
Online Status: Offline
Posts: 921
  Quote OCB Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 09-Oct-2011 at 01:24
Originally posted by Cloverstack


Originally posted by antiuser

така да и да се изгради тука не би било некоја
штета,можеби да за зеленилото,но да се надокнади неге на друго место

На пример каде да се надокнади? Во Инџиково?

Како што е познато, според ДУП-от ќе се надокнадува со зеленило на местото на Зелен пазар кој според ова интервју се простира на 3.300 метри квадратни. Според истото интервју, пазарчето било продадено за 33.000 евра или 10 евра по метар квадратен!? Ужаснува мешањето на политиката во носењето на ДУП-ови и продажбата на државно/општинско земјиште. Претходната гарнитура го подарила зеленото пазарче на блиска на неа фирма, а сега оваа гарнитура ќе го експроприира и бизнисот ќе го префрли кај фирма од нејзиниот табор (Камфуд).
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12249
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 08-Oct-2011 at 23:04
Originally posted by N23

Но не можам да се согласам со фактот дека изградба на нови објекти ќе го загуши Центар, затоа што јасно е дека Центар не може да биде во најголем дел станбена населба.
Не бива ако не ни се допаѓа соодносот на деловен и станбен простор во центарот, тоа да го менуваме на сметка на зеленилото и по секоја цена. Исто така, без разлика дали се работи за станбени или деловни квартови, секогаш е добро да има јавни простори и зеленило. Лошо е да се споредуваме со некои збиени градови (колку и да се тие прекрасни и фасцинантни) кои најчесто тоа градско јадро го имаат наследено и згустнувано од пред многу векови. Напротив, просторот е капитал, кој не треба целиот да се прокоцка на згради. Неизградените простори (во случајов во Скопје) треба многу внимателно да се менаџираат и во тој случај ќе бидат наша предност.

Јасно е дека во центарот на градов имаше големи неанимирани површини кои просто плачеа за на нив да се гради. Така и беше предвидено со урбанистичките планови. На пример ДУП-от Мал Ринг од 1997 предвидуваше сите логични простори да се пополнат и центарот разумно да се згустне. Понатака, со Скопје 2014 веќе се отиде и многу подалеку со згустнувањето, а со неколку малоумни маркички тоа стигна и до граница на бизарност.

Во конкретниов случај (карши Брисотл) имам поделени ставови дали е подобро да се избришат или да се реализираат двете маркички во паркот. Факт е дека со нив може добро дооформи улица Македонија, но дали тоа е доволно за да оправда уништување на 3.000 m2 парковско зеленило во дел од градот каде што зеленилото со вртоглаво темпо станува многу дефицитарно, тоа е друго прашање. Исто така друго прашање е дали навистина добро ќе се оформи улица Македонија, или можеби напротив, ќе се упропасти со некоја бурлескна архитектура ала Ск2014 или како доградбата на Југобанка на пример.

Јас никогаш не сум имал разбирање за граѓани кои автоматски хистеришат при секаква најава за градба на некоја локација во нивни комшилук и за луѓе кои си утупеле у глава дека градот треба да се обликува единствено според нивните безвезни себични замисли, баш напротив, преку глава од такви. Но во случајов апсолутно има легитимни причини за револт и отпор кон зацртаното во ДУП-от.

Како што кажав, за конкретниов случај не сум баш сосема определен, но генерално гледано, дефинитивно треба веќе да притискаме на кочница во контекст на „згустнувањето“, затоа што со ова темпо многу скоро ќе исчезнат сите преостанати вакви пријатни катчиња. Неповратно ќе исчезнат. Да се изгради зграда на место на парк, тоа може секогаш. Но за обратно, тешко богами.


Originally posted by ebivetre

I plus dunsterive ne mislat da pravat admin/biznis centar, tuku novi stanbeni blokovi!!!!!
Во ДУП-от се зацртани како административни објекти.


Originally posted by antiuser

така да и да се изгради тука не би било некоја штета,можеби да за зеленилото,но да се надокнади неге на друго место
На пример каде да се надокнади? Во Инџиково?





Edited by Cloverstack - 08-Oct-2011 at 23:07
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 08-Oct-2011 at 18:15
Originally posted by Cloverstack


Originally posted by N23

Плус зеленилото во таа околина е растур направено од тие совесни граѓани кои сега се бунат.
На претходната страница од нишкава имам постирано слики конкретно од паркот околу кој се врти дискусијава. На сликите не гледам никаков растур, туку гледам фино паркче  Dunno


Го видов паркчето и конкретно не мислам на него. Ова паркче е фино средено, освен делот кај Коктел Бар каде пешачката патека е разронета.
Конкретно мислам за паркот од спротива, одма до Хотел Бристол, кој е доказ дека не може во Скопје да се нарави Парк на било која површина, токму поради несовесноста на луѓето. Вчера поминав и целата трева што ја засадија одново е изгазена, дали метар квадрат има трева.

Да не ме разберете погрешно, не навивам јас да се градат станбени згради или било какви други објекти на секоја зелена површина во Центар. Но не можам да се согласам со фактот дека изградба на нови објекти ќе го загуши Центар, затоа што јасно е дека Центар не може да биде во најголем дел станбена населба.
Но тоа е коа приоритетите на градски власти и на граѓаните се судруваат, за на крај градот пак да биде жртва.
Back to Top
antiuser View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2011
Online Status: Offline
Posts: 204
  Quote antiuser Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 08-Oct-2011 at 18:06
Поентата дека Скопје е густ град т.е збиен не држи..има  многу празни места помеѓу згради.. така да и да се изгради тука не би било некоја штета,можеби да за зеленилото,но да се надокнади неге на друго место
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7475
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 08-Oct-2011 at 18:04
Originally posted by ebivetre



Fala.

Toa parkce, zaedno so ona do Vlada (Kaj Zabarot) e verojatno edno od poubavite urbani zeleni katcinja vo Centar. Za zal i dvete vo skoro vreme kje gi snema. Toa kaj Vardar opravdano, no za ova mi e navistina zal.
ако збориме за регионот кој би го опфатил и „жабарот“ радијално, во тој регион и тоа како имаш зеленило, од кое половина е пристојно уредено и се одржува
јас мислев дека тука збориме само за јужниот предел на мал ринг... всушност паркчето кое го спомнуваш не спаѓа ниту во Голем ринг
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 9>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.141 seconds.

Copyright ©2007 - 2021  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.