build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Урбанистички целини
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Голем Ринг

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 789
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
vlatko.mk View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 17-Sep-2010
Online Status: Offline
Posts: 255
  Quote vlatko.mk Quote  Post ReplyReply #161 Posted: 11-Oct-2011 at 00:02
А за Зелено Пазарче, колку побрзо го снема, толку подобро за сите. [ОДЛИЧНО КАЖАНО]

Така е нека се стави крај на ужасниот и под сите стандарди пазар.
Само за потсетување: за пазарот не важи ни законот за кеси, ни хасап, ниту пак пазаџиите поседуваат фискални. Ова дувло на сивата економија мора да се уништи.

Истотака нема потреба да се коментира изгледот на пазарот - картони - плехови, черги, пластика .... со еден збор ужас среде Скопје!

Затоа што побрзо да се изгради нов современ објект кој ќе ги задоволува основните стандарди!

Еве како би изгледал еден убав пазар ...


наместо ова:
a

Edited by vlatko.mk - 11-Oct-2011 at 00:03
Back to Top
lupo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Nov-2009
Online Status: Offline
Posts: 434
  Quote lupo Quote  Post ReplyReply #162 Posted: 11-Oct-2011 at 23:02
jas vikam site pazari da se butnat i na nivno mesto da se napravat novi od zatvoren prostor, od vidot na golemi hali a vrz niv da se  iskoristi prostorot za deloven prostor ili domuvanje
...kaj si kapelo pak ke si kape...
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7070
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #163 Posted: 12-Oct-2011 at 00:24
мене воопшто не ми е битен изгледот на пазарот и тоа дали е отворен или затворен... малку и ме иритира сета таа трговија во тотална стерилност, ко да се работи за нешто радиоактивно
важно е само да се исконтролира начинот на кој се транспортира, складира и продава тоа што го има на тезга, како и се разбира, да се фискализира продажбата, се друго е споредно...
а тоа дека зелено пазарче мора да се дислоцира е неоспорно

Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7070
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #164 Posted: 12-Oct-2011 at 00:25
Originally posted by lupo

jas vikam site pazari da se butnat i na nivno mesto da se napravat novi od zatvoren prostor, od vidot na golemi hali a vrz niv da se  iskoristi prostorot za deloven prostor ili domuvanje
на таков принцип функционираше Скопјанка, па пропадна
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2401
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #165 Posted: 12-Oct-2011 at 01:08
Originally posted by zabegan


Originally posted by lupo

jas vikam site pazari da se butnat i na nivno mesto da se napravat novi od zatvoren prostor, od vidot na golemi hali a vrz niv da se  iskoristi prostorot za deloven prostor ili domuvanje
на таков принцип функционираше Скопјанка, па пропадна


Како тоа пропадна? Си работи тој пазар мислам, а и трговско-деловниот центар грото од дуќаните се фатени, мада немам скоро поминато.
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #166 Posted: 12-Oct-2011 at 01:13
Originally posted by fichot

Originally posted by zabegan


Originally posted by lupo

jas vikam site pazari da se butnat i na nivno mesto da se napravat novi od zatvoren prostor, od vidot na golemi hali a vrz niv da se  iskoristi prostorot za deloven prostor ili domuvanje
на таков принцип функционираше Скопјанка, па пропадна


Како тоа пропадна? Си работи тој пазар мислам, а и трговско-деловниот центар грото од дуќаните се фатени, мада немам скоро поминато.


Работи на работ на егзистенција, одвај десетина тезги има. Таму функционисаат само месарите, пекара и Тедико.
А горе најголем дел од деловниот простор на приземје е изнајмен, но горниот спрат е тотално запуштен, одвај неколку канцеларии се зафатени, другиот простор навечер се користи за пијанки.
Back to Top
Baze View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 409
  Quote Baze Quote  Post ReplyReply #167 Posted: 18-Nov-2011 at 14:43
Полека се крчка зградата кај „Бристол“



Додека граѓаните негодуваат и најавија обжалување на планот „Голем ринг“ на Уставен суд, Службата за општи и заеднички работи при Владата распиша конкурс за идејно решение за изградба на една од двете десеткатници во зелената површина спроти хотелот „Бристол“. Зградата од 29 метри ќе биде наменета за јавна администрација, а во неа ќе бидат сместени Централниот регистар на Македонија, Kомисијата за хартии од вредност, Агенција за супервизија, Регулаторна комисија за енергетика, Акционерското друштво во државна сопственост за воздухопловната навигација, Друштвото за изградба и стопанисување со станбен и со деловен простор и Фондот за осигурување на депозити.

Измените на планот од Општината Центар беа направени пред два месеца со жестоки противења од граѓани и стручни лица, кои на крај не влијаеја врз конечната одлука на општинарите.

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=88636CFC2CD5EC4EB956A43D330D7184

Караванот врви, кучињата си лаат
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3403
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #168 Posted: 23-May-2012 at 10:05
Врз основа на член 24 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Службен весник на РМ бр.51/05, 137/2007, 91/2009, 124/2010, 18/2011 и 53/11), Градоначалникот на Општина Центар-Скопје го издава следното

С О О П Ш Т Е Н И Е

Се известуваат граѓаните и правните лица од oпфатот на Детален урбанистички план Голем Ринг - Запад, Општина Центар – Скопје, дека Градоначалникот на Општина Центар-Скопје донесе Решение за организирање на

ПОВТОРНА ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА ПО
НАЦРТ ДЕТАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ГОЛЕМ РИНГ - ЗАПАД,
ОПШТИНА ЦЕНТАР – СКОПЈЕ

Границата на зафатот е дефинирана :
- На север се движи по коритото на реката Вардар;
- На северо – исток се движи по осовината на бул.„ВМРО" и бул.„Даме Груев";
- На исток се движи по осовината на ул.„Македонија";
- На југ се движи по осовината на бул.„Мито Хаџивасилев Јасмин";
- На запад се движи по осовината на бул.„Св. Климент Охридски".
Вкупната површина опфатена во рамките на опишаните граници изнесува 29,0 ха.

Повторна Јавна презентација по Нацрт-Детален урбанистички план Голем Ринг - Запад, Општина Центар – Скопје, ќе се одржи во просториите на
ОУ„Гоце Делчев",ул.„Мито Хаџивасилев Јасмин" бб, на ден 23.05.2012 година (среда) во 14,00 часот.

Нацрт-Детален урбанистички план Голем Ринг - Запад, Општина Центар-Скопје, ќе биде изложен во просториите на УЗ„ Мирче Ацев",ул.„Орце Николов" 29,секој работен ден од 10 -17 часот, односно од 16.05.2012 година до 31.05.2012 година.

Сите информациите што се однесуваат за јавните анкета и презентација можат да се добијат во Одделението за урбанизам и просторно планирање,Сектор за урбанизам,Општина Центар-Скопје,на контакт телефоните : 3203 605 и 3203 660.

Во определениот рок заинтерисираните правни и физички лица од конкретното подрачје опфатено со планот можат да доставуваат забелешки, предлози и мислења на анкетни листови,што ќе ги подигнат од У.З.„Мирче Ацев и пополнети,ќе ги достават во У.З.„Мирче Ацев",ул.„Орце Николов" 29 .


http://www.opstinacentar.gov.mk/jaDUPGolemRing.aspx
Back to Top
mladen_s View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-May-2010
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 407
  Quote mladen_s Quote  Post ReplyReply #169 Posted: 23-May-2012 at 12:49


И тоа што беше неизбежно.. Погледнете ја парцелата 8.29.
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4687
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #170 Posted: 23-May-2012 at 13:46
Да... сега ја видов... незнам што да кажам... немам коментар... само уште една нова глупост.... 
Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4687
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #171 Posted: 23-May-2012 at 13:57

Еве слика и линк за што се работи....

Сликата:

Линкот:

Голем Ринг - Запад

Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
Baze View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 409
  Quote Baze Quote  Post ReplyReply #172 Posted: 28-Aug-2015 at 11:23
27.08.2015, 15:47
ТУРСКА ФИРМА СО ПРОЕКТ ЗА ИЗГРАДБА НА ВИСОКОКАТНИЦИ ВО ЦЕНТАРОТ НА ГРАДОТ

СЕДУМ 40-КАТНИЦИ СПРОТИ „ХОЛИДЕЈ ИН"

Седум 40-катници сака да гради турската фирма „Окан" на просторот кај паркингот спроти хотелот „Холидеј ин". Завчера во хотелот „Холидеј ин", турскиот инвеститор, заедно со адвокатскиот тим од земјава го презентирале проектот пред граѓаните што имаат куќи, парцели и деловни објекти на просторот уреден со деталниот урбанистички план Голем ринг исток.



Според проектот кој се презентираше, целиот простор предвидено е да се уреди во јајцевидна форма. Седумте 40-катници се предвидува да бидат во средина, а околу да се градат пониски згради - станбени објекти, трговски центри, деловни центри и хотел. Просторот околу објектите би се уредил со зеленило.
Претставниците на турската фирма ги известија граѓаните дека за да се реализира проектот, потребна е согласност од сите сопствениците на објектите, кои ќе бидат обесштетени, и дека тие во натамошната постапка ќе бараат измена на деталниот урбанистички план, со цел да се предвидат новите содржини.
„Сите сме зачудени од овој проект. Во центарот на градот да никнат 40-катници, и тоа седум, е премногу. Не знаме како е можно тоа да се случи. Бараме градоначалникот Андреј Жерновски веднаш да го испита овој случај и да не дозволи реализација на проектот. Никој од нас не слушнал за инвеститорот. Ни беше речено дека фирмата била најдена на роуд шоуто кое го имале претставници на нашата влада во Турција. Стравуваме да не биде ова уште еден Субрата Рој", велат сопствениците на објектите во делот опфатен со планот Голем ринг исток.
Од Општина Центар велат дека максималната дозволена висина на објектите со планот Голем ринг исток е 12 ката.
„Досега во Општината не е стигната никаква иницијатива за измена на деталниот план. Не сме запознати со идејата за изградба на 40-катници на овој потег. Градоначалникот Жерновски нема да дозволи каква било измена на планот, без да биде тоа во интерес на граѓаните", велат од кабинетот на градоначалникот Андреј Жерновски. (А.А.)

Адвокатот на фирмата советник на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Центар

Адвокатот на фирмата „Окан" во земјава Илија Илијовски од адвокатската канцеларија „Чичевалиев и Илијовски" е советник на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Центар. Од Антикорупциската комисија не добивме одговор дали има конфликт на интереси зашто Илијовски е правен застапник на фирмата која бара промена на деталниот план и, истовремено, советник во Општина Центар.
Илијовски вчера не сакаше да прецизира детали околу проектот, бидејќи немал дозвола од сопственикот на фирмата за комуникација со медиуми.
„Сега засега, бидејќи проектот е на почетокот и се работи на средување на урбанистичката документација, немам дозвола за комуникација со медиуми", ни рече Илијовски.

http://www.vest.mk/?ItemID=7012285BD5C67C439BBBB84B18CAF20D
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 789

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.109 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.