build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Станбени
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Residence 106 - Карпош
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Residence 106 - Карпош

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  12>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2972
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Residence 106 - Карпош
    Posted: 19-Feb-2019 at 08:36
Станува збор за нов станбено-деловен објект кој треба да се издигне поред бул.Митрополит Теодосиј Гологанов во Карпош близу Веро маркетот.

Еве во продолжение рендер и неколку слики(од фб)







Ова е ситуација од терен декември 2018





Ова е ситуација од пред десетина дена,од бетонирањето на темелната плоча



Back to Top
JovanOdGjorche View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Oct-2012
Location: Rouen,Normandie
Online Status: Offline
Posts: 159
  Quote JovanOdGjorche Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 19-Feb-2019 at 10:45
Добар проект ама многу е блиску до булеварот. Не знам како луѓево можат да купуваат вакви станови, отвараш прозор и на веднаш на улица си. А и од задниот дел иста работа, нека врзат едно јаже од зграда до зграда па можат и алишта да сушат во лето.
And something, somewhere was lost in 1938...
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 9046
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 19-Feb-2019 at 11:11
Фин објект, силувана локација. 
Back to Top
Théoden View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 31-May-2018
Location: Р. Македонија
Online Status: Offline
Posts: 80
  Quote Théoden Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 19-Feb-2019 at 14:27
Уште една нарушена линија. Thumbs%20Up



Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1829
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 19-Feb-2019 at 17:23



Ете убаво може да се види ситуацијаа која ќе се потрудам да ја упростам за секој да може да разбере, примеров копи паст за преку стотина згради во Скопје важи:

Белата зграда е како се градело пред 20 години
Парцелата на која сега се гради е тоа што требало да биде нормален зелен појас, мини парк меѓу зградата и булеварот, било вцртано како такво И НИШТО ПОВЕЌЕ.

АМА
.
...
......

Некој на диво се населил таму, како и на уште 100 места низ Скопје и си рекол "Ова е мое, ќе го заградам и никој да не влегол!"
Општината мрдала со раменици како и сите други не рушела од жал и после години поминати во сива зона бившата власт решава да ги легализира и сега сите тие си имаат имотни листови кои вредат станови...

Инвеститорот е најмалку крив, капитализам е и прават пари. Но некој кога веќе им ги легализира требал и да ги ограничил на ништо повеќе од П+2+П. Им легализираш за да имаат за живот, а не да прават пари на грб на тие кои во страт граделе легално. А не вака да профитираат сите на штета на 500.000 жители.

Помножи го тоа со 1000 и ќе го добиеш хаосот во Скопје.




Инаку да, објектот е убав

Edited by alexsend - 19-Feb-2019 at 17:24
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2425
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 20-Feb-2019 at 23:00

Тие куќарки чинам се заобиколени од урбанизацијата од време СФРЈ (од тогаш е и зградата позади). Денес, со корумпираниве градоначалници (јачи од судбине) и дупоносци, ни се удира од глава.
Back to Top
xnx View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 1904
  Quote xnx Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 21-Feb-2019 at 07:26
Све си кажа точно.

Originally posted by alexsend



Ете убаво може да се види ситуацијаа која ќе се потрудам да ја упростам за секој да може да разбере, примеров копи паст за преку стотина згради во Скопје важи:

Белата зграда е како се градело пред 20 години
Парцелата на која сега се гради е тоа што требало да биде нормален зелен појас, мини парк меѓу зградата и булеварот, било вцртано како такво И НИШТО ПОВЕЌЕ.

АМА
.
...
......

Некој на диво се населил таму, како и на уште 100 места низ Скопје и си рекол "Ова е мое, ќе го заградам и никој да не влегол!"
Општината мрдала со раменици како и сите други не рушела од жал и после години поминати во сива зона бившата власт решава да ги легализира и сега сите тие си имаат имотни листови кои вредат станови...

Инвеститорот е најмалку крив, капитализам е и прават пари. Но некој кога веќе им ги легализира требал и да ги ограничил на ништо повеќе од П+2+П. Им легализираш за да имаат за живот, а не да прават пари на грб на тие кои во страт граделе легално. А не вака да профитираат сите на штета на 500.000 жители.

Помножи го тоа со 1000 и ќе го добиеш хаосот во Скопје.




Инаку да, објектот е убав
Back to Top
kiriOK View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Apr-2012
Location: Tamworth,UK
Online Status: Offline
Posts: 541
  Quote kiriOK Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 21-Feb-2019 at 12:01
Кога ќе прочитам ''објектот е убав'' ми се сере.
Исто како коа ќе прочитам Струмица е убав град,Пловдив е убав град,...незнам какви ви се на вас вкусовите но за мене убав град е Грац...ова другово може да се каже исто,убава е зградата споредена со тоа што се гради во Стар Аероро на пример...и тоа единсвтена разлика е тоа што има стаклени и поголеми балкони,ама ајде ипак нека иде,дај шта даш.

А тоа што се гради вакво нешто на парцела која природно требала да остане зелен појас и што е на главен булевар во центар нарад е уште една трагедија,но веќе после толку трагедии и катастрофи,отрпевме,не не ни удара веќе.

Edited by kiriOK - 21-Feb-2019 at 12:01
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 210
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 21-Feb-2019 at 12:32
А уште поинтересно е што до зградата има и автобуска постојка, па уште повеќе го намалува растојанието меѓу зградата и булеварот.
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1829
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 21-Feb-2019 at 16:19
Originally posted by kiriOK

Кога ќе прочитам ''објектот е убав'' ми се сере.
Исто како коа ќе прочитам Струмица е убав град,Пловдив е убав град,...незнам какви ви се на вас вкусовите но за мене убав град е Грац...ова другово може да се каже исто,убава е зградата споредена со тоа што се гради во Стар Аероро на пример...и тоа единсвтена разлика е тоа што има стаклени и поголеми балкони,ама ајде ипак нека иде,дај шта даш.

А тоа што се гради вакво нешто на парцела која природно требала да остане зелен појас и што е на главен булевар во центар нарад е уште една трагедија,но веќе после толку трагедии и катастрофи,отрпевме,не не ни удара веќе.



Пред да почнеш да збориш за вкусови треба да знаеш дека не е вкусно да напишеш "ми се се**" и се што ќе кажеш после тоа за вкусови некако нема тежина. Задржи ниво, немој и ти да тонеш како што кажа дека потонала и архитектурата кај нас.

За тебе убав град е Грац, за мене е Ротердам. Но ова не е ни Австрија ни Холандија. Збориме за Скопје.

А доколку следиш што се гради во градов и колку е ниско и очајно нивото на градба би бил свесен дека ова е и повеќе од убаво од оние очајни воени касарски згради на Настел и Адора. Треба да дојде некој од Тетово и Гостивар за да разбие монотонија и да крене ниво. Тоа е нашето ниво. И е трагично.

А за урабан криминал кажав што имам во последниот пост.
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
xnx View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 1904
  Quote xnx Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 23-Feb-2019 at 09:34
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2972
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 14-Mar-2019 at 20:07
Од фб



Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2972
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 07-Apr-2019 at 14:57
Од Instagram



Back to Top
kiriOK View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Apr-2012
Location: Tamworth,UK
Online Status: Offline
Posts: 541
  Quote kiriOK Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 08-Apr-2019 at 08:05
Тие од другата зграда ќе знаат колку зрна грашок имаш у тањир.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2972
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 08-Apr-2019 at 09:04
Вечно ќе ги остават во мрак,слично како што беше и во Тафталиџе со зградата на Адора кај студентскиот дом Гоце Делчев.
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 210
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 08-Apr-2019 at 10:54
Е ова е класично узурпирање на простор на кој воопшто не треба да има зграда.
Додека во Скопје има стотици разни места кадешто може да се градат станбени згради еве што се случува... Ама важно цел мост искривија за една куќа.
Страшно. Не е ова држава.
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1519
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 08-Apr-2019 at 13:01
Се надевам дека нема подземен паркинг и дека лево и десно од зградава ќе насадат голубарници. Во 3/4 од зградата да биде вечен мрак, а во приземјето од страната на улицата да се отворат курс за тапани и клуб на моторџии. Колите на улица, во становите темница, во ушите бука. Може и ќе им текне дека соработниците на окупаторот не завршуваат славно.

Среќа па градењето не е иреверзибилна работа, а Скопје секогаш успевало да се ослободи од непријателот. Тука повторно ќе има дрвја. А до тогаш, пожелни би биле бучни протести секоја недела и среда од 23:00 до 01:00, бојкот на дуќаните и луѓето кои живеат тука и масовна кампања против оваа зграда.

И трагедијата наречена транзиција ќе заврши, а со тоа и нејзините производи. Скопје повторно ќе биде слободен град на луѓето, а не роб на мафијата.

Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
mirakuliks View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 06-Feb-2010
Location: Brisbane
Online Status: Offline
Posts: 816
  Quote mirakuliks Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 09-Apr-2019 at 01:39
Се прашувам колку сопствениците на тие станови на јужната страна на постоечката зграда, кои дефакто нема никогаш и да добијат директна сончева светлина од новата зграда, можат да ја тужат општината за непроценливо девалвирање на вредноста на нивниот имот и за зголемените трошоци за греење на нивните станови во зима поради ложо урбанистичко планирање.
Back to Top
kiriOK View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Apr-2012
Location: Tamworth,UK
Online Status: Offline
Posts: 541
  Quote kiriOK Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 09-Apr-2019 at 05:44
Се надевам во Скопје ќе дојде период кога пазарот за станови ќе функционира на принципот каде ќе се гледа дали има сончева енергија,дали е лепенка,дали има тротоар,дали има паркинг во близина,дали има зеленило,дали се употребувани квалитетни материјали,дали булевар поминува пред влез...

Ова сега функционира по принципот важно во Центар,Карпош и Аеродром да живеам.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2972
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 13-Apr-2019 at 14:26




https://www.mkd.mk/makedonija/skopje/poslednive-shest-godini-vo-karposh-sekoj-tret-den-se-izdavala-po-edna-dozvola-za
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  12>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.281 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.