build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Рекреативен комплекс Втора Младост-Адора Илинден

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2466
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Рекреативен комплекс Втора Младост-Адора Илинден
    Posted: 06-Mar-2019 at 08:26
Станува збор за дом за стари лица чија градба е започната уште пред неколку години во Општина Илинден но сеуште не е завршен.

Еве рендери и фотографии во продолжение од веб страната на изведувачот(www.adora.mk)

Рекреативниот комплекс Адора Илинден-Скопје – Дом за живеење „Втора младост“, се гради на атрактивна локација во срцето на општина Илинден-веднаш до главната сообраќајница, во непосредба близина на Град Скопје, со пристап до развиена инфраструктура. Комплексот проектиран на приземје и пет ката, со дел за домување, заеднички простории и простории за лекување и нега, ресторан, кујна, тераси и придружни содржини, е наменет за комфорно сместување и соответна грижа за 150 лица од возрасната популација, со најсовремени услови за удобно живеење, медицински услуги и здравствена заштита, исхрана, рекреација, спорт, забава и релаксација. Комплексот „Втора младост“, осмислен според најсовремените европски стандарди, со ангажман на стручен персонал од 30-тина врвни професионалци, лекари, медицински сестри, негователки, физиотерапевти, социјални работници, психолози, домаќинки, готвачи, угостителски и спортски работници, на највозрасните граѓани ќе им понуди одлични услови за сместување, нега, релаксација, хумано живеење и достоинствено стареење. Лоциран во еколошки чист простор, надвор од стресната урбана средина, на дофат на македонската метропола, комплексот со околината, нуди одлични услови за рекреативни објекти, спортски терени и за развивање на различни бизниси и услужни дејности.














Се очекува да биде готов 2020 или 2021,еве зошто...

Чифлиганец: Не знам дали ќе имам добивка од она што го градам во Илинден, но ќе биде најдобро на Балканот

Ванчо Чифлиганец, генералниот директор на Адора инженеринг, вели дека не е сигурен дали ќе извлече добивка од домот за стари лица „Втора младост“ во општина Илинден, но тврди дека ќе биде најмодерниот и најпрочуениот во регионот кога неговата планирана изградба која е во тек ќе заврши во 2020.

Изградбата започна пред три години, по што се јавија гласини дека еден од најистакнатите градежници во Македонија има проблеми со неговото комплетирање, но тој за „Фактор“ ги демантира овие шпекулации.

- Определбата за негова изградба беше од хумани побуди, да се направи еден европски, светски дом, да се пофали Македонија пред другите а средствата дали некогаш ќе се вратат е знак прашање, Единствен мотив на Адора инженеринг е да направиме нешто хумано за возрасни стари лица да живеат таму, а нивниот број ќе биде 200-тини и повеќе. Се работи за нов проект, не на адаптирање на стари згради. Нова концепција што е присутна во Европа, ние тоа го видовме во Австрија, Словенија и Швајцарија. Со богата забава и осмислен парк и зеленило кое ни го дозволува парцелата од 30 илјади метри квадратни. Тоа што го видовме во Европа, ние ќе го донесеме во Македонија. Карабината е завршена, ни преостануваат фините работи внатре и придружните објекти во кои забава ќе може да најдат и посетителите на старците од нивните пријатели па до внуци - изјави Чифлиганец.

Вели дека проектот „Втора младост“ е чист економски потфат без никакви привилегии од државата. Додава дека не брза со изградбата поради тоа што се чека општина Илинден да го заврши својот дел од обврската.

- За ова ниту сме примиле субвенции, ниту ќе примаме, а и тоа што може да се добие како субвенција е доста скромно и немаме таков интерес. Единствена помош од државата е тоа што ни е дозволено да го откупиме земјиштето за поповолна цена и тоа може да се признае дека е државна помош. За една до две години проектот ќе биде завршен, но не брзаме, ќе градиме паралелно со општината, затоа што нема таму уште канализација а секој ден ќе има повеќе од 300 луѓе станари, вработени, посетители. Но, информирани сме дека во текот на оваа година или евентуално другата тоа ќе биде пуштено во употреба. Не сакам да ги фалам, но таму се многу кооперативни и сакаат да помогнат, соработката е на високо ниво. - објаснува Чифлиганец.

Вели дека не го прави тоа за да извлече добивка, затоа што математиката уште сега му кажува дека тоа ќе биде тешко. Основната фаза на изградба ќе чини 5 милиони евра, а тој вели дека до сега се платени 2 милиони евра. Според инвеститорот, тоа ќе биде најскапоплатениот и најдобриот дом за стари лица на Балканот.

- Јас сум во доцнежни години и со тоа сакам да ми заврши работниот опус, а не да профитирам малку или многу. Кога ли ќе ги извадам тие пари ако еден пензионер плаќа 500-600 евра месечно, што е навистина тешко и да се најдат такви, а бруто-лтата на вработените ќе биде многу повисока од тоа. Тука е и амортизацијата и намирниците за пензионерите и многу други трошоци - смета Чифлиганец.

Во Домот за стари лица „Втора младост“ ќе бидат вработени над 50 , околу 60 лица – персонал од различни професии и стручни профили, потребни за една ваква установа. Меѓу нив ќе има и социјални работници, психолози, доктори по медицина, медицински сестри, физиотерапевти и работни терапеври, геренто домаќинки, готвачи, фризери-бербери, градинари и друг помошен персонал..

Тие ќе се грижат за сместување, пријатен престој, нега, рекреација и забава на лицата од третото животно доба, кои ќе престојуваат во домот, како и за нивните посетители...

Во рамките на комплексот, освен капацитетот за сместување и нега, изграден, опремен, уреден и осмислен по современите европски и светски стандарди и трендови, комплексот ќе има уредена околина, осмислена со разновидни содржини, различни помошни дејности, хортикултурно оплеменет простор за одмор, рекреација, за меѓугенерациско другарување и градење односи на взаемно почитување..

Чифлиганец со својата компанија досега има изградено околу 40 репрезентативни станбено-деловни објекти во Скопје, Струмица и Охрид.

https://faktor.mk/chifliganec-ne-znam-dali-kje-imam-dobivka-od-ona-shto-go-gradam-vo-ilinden-no-kje-bide-najdobro-na-balkanot?fbclid=IwAR2BqS7pMzdfHrGPT6-oI5aXR_-t19rMyYZPObd1pIk8lMCvF6Zs-gk8HlA

И уште две фотки од горниот линк за моменталната состојба




Back to Top
 Post Reply Post Reply

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.063 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.