build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Пешачки зони и паркови
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Пешачка улица Тоше Проески

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1234 5>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
blejdsk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Feb-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 319
  Quote blejdsk Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 18-Feb-2009 at 16:49
Јас живеам во Ново лисиче, и не дека сум пристрасен ама дефинитивно е најурбаната и плански градена населба.

БЈАНКА незнам за тебе ама јас по никоја цена не би го продал станот во Ново лисиче.

Тек почнува развивањето на овој дел на градот , кој за 5-10 години и ке претставува суб-центар на Скопје кој и те како ке бидат високи цените на становите.

Освен ако недај боже не снајде тоа што се случува низ центар и пишување на маркици преку нок и градење на транзициски градби кој ке ја нарушат целата хармонија на овој дел од градот.



Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9046
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 18-Feb-2009 at 16:51
Originally posted by blejdsk

Јас живеам во Ново лисиче, и не дека сум пристрасен ама дефинитивно е најурбаната и плански градена населба.

БЈАНКА незнам за тебе ама јас по никоја цена не би го продал станот во Ново лисиче.

Тек почнува развивањето на овој дел на градот , кој за 5-10 години и ке претставува суб-центар на Скопје кој и те како ке бидат високи цените на становите.

Освен ако недај боже не снајде тоа што се случува низ центар и пишување на маркици преку нок и градење на транзициски градби кој ке ја нарушат целата хармонија на овој дел од градот.


Се сложувам со тебе воопшто од Три Бисери до Ново Лисиче е најпланскиот дел од Скопје по сите параметри. Центар станува прилично незгоден за живеење, да не зборам за Дебар Маало или Кисела Вода.


Back to Top
ArchiTechTone View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2009
Online Status: Offline
Posts: 280
  Quote ArchiTechTone Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 18-Feb-2009 at 19:03
Originally posted by beTon

значи населбава инфраструктурно, културно, спортски и пред се еколошки е навистина исклучок во градов



Тука не би се сложил сосема бидејки Ново Лисиче се наоѓа помеѓу две индустриски зони, кои прават проблем за целиот град, а особено за Ново лисиче.
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #24 Posted: 18-Feb-2009 at 22:12

гледано така загадувањето секаде е присутно, но јасно од она бар што го знам за населбата е дека никаква реја или загаденост да се почуствувала до сега од ваков тип, порано евентуално главен проблем може да бил кожара но истиот не постои од 1995 откако годел отиде во стечај, усје е далеку,  можно е порано да имало реја од депонијата вардариште која беше затворена само што ја почнаа изградбата на новолисиче во 1978, но веќе тоа е минато.

инаку зеленилото е веќе потпораснато па и парковите се попријатни претпоставувам, што порано не беше случај, веќе радиоактивен отпад на последна петка нема, а и она гето озборувањата мислам дека пополека стануваат минато...  



Edited by beTon - 18-Feb-2009 at 23:35
Back to Top
Bjanka View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 13-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Bjanka Quote  Post ReplyReply #25 Posted: 19-Feb-2009 at 06:48
Bow za razmisluvanjata na site!  ne znam sto da pravam seuste, pa sega za sega ostanuvame na status kvo.  zdravje na prolet ke vidime pozdrav
Back to Top
kire85 View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 27-Nov-2007
Location: Düsseldorf
Online Status: Offline
Posts: 400
  Quote kire85 Quote  Post ReplyReply #26 Posted: 21-Feb-2009 at 03:46
Originally posted by blejdsk

Јас живеам во Ново лисиче, и не дека сум пристрасен ама дефинитивно е најурбаната и плански градена населба.

БЈАНКА незнам за тебе ама јас по никоја цена не би го продал станот во Ново лисиче.

Тек почнува развивањето на овој дел на градот , кој за 5-10 години и ке претставува суб-центар на Скопје кој и те како ке бидат високи цените на становите.

Освен ако недај боже не снајде тоа што се случува низ центар и пишување на маркици преку нок и градење на транзициски градби кој ке ја нарушат целата хармонија на овој дел од градот.


100% se slozuvam so tebe deka N.L. e primer vo skopje za planska izgradba, posle nego bi rekol aerodrom kade sto i jas ziveev 8 godini. Ednostavno se mnogu poprijatni za ziveenje, a posebno za mladi bracni parovi so mali deca....vo centar da pustis 5 godisno dete nadvor da si igra ke go mislis kako da si go pustil vo avganistan.Crazy

No sepak moram da napomenam deka N.L. i Centar ne moze da gi sporeduvame taka lesno....sepak centarot e edinstvenata naselba sto go povrzuva celo skopje, vo koja ziveat nad 80.000 ziteli i vo koja e smestena ogromen del od glavnata administracija ne samo na skopje tuku i na makedonija. Toa sekako ne e opravduvanje deka vo naselbata ima haos, no sepak toj haos se dolzi i na nezavrseni proekti koj nemaat vrska so samata naselba centar, kako sto e obikolnicata na primer....za da sakas sega ti od novo lisice do gjorce da odis treba da pomines niz centar i toa dopolnitelno go optovaruva soobrakjajot tamo i pokraj toa sto nikakva rabota nemas da zavrsis vo centarot. Druga rabota e sto najgolemite i najskapite proekti se odnesuvaat na infrastukturata vo centarot (juzen bulevar, ilindenska, bul. krusevska i.t.n), pa normalno e vakvi proekti potesko da se realiziraat, posebno so dolarova na funkcija. Crazy

P.S. Za vozrasti od 20-30 godini sepak e centar najdobrata naselba, spored moe mislenje.


Edited by kire85 - 21-Feb-2009 at 03:51
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3638
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #27 Posted: 16-Jan-2010 at 14:31

ОПШТИНА АЕРОДРОМ ОБЈАВИ ТЕНДЕР ЗА ИЗГРАДБА НА ФОНТАНА СО ЛИКОТ НА ТОШЕ ПРОЕСКИ

Општина Аеродром објави отворен повик за избор на фирма што ќе изгради фонтана посветена на македонската музичка легенда Тоше Проески.

Станува збор за нова фонтана во централниот дел на детската улица „Тоше Проески“, која ќе биде изградена на три нивоа со внатрешен застаклен постамент со ликот на Тоше.

Според проектот, фонтаната ќе биде кружна со дијаметар од 7 метри и со височина на базенот од 1,2 метри, додека централниот дел ќе има квадратен облик со височина од 1,45 метри.

Фонтаната и околниот дел, кој ќе биде хортикултурно уреден со клупи, канти за отпадоци и зеленило, ќе бидат осветлени со канделабри и неонски светилки.

Според условите во тендерот, постапката ќе трае до 10-ти февруари, по што ќе биде потпишан договор со фирмата што ќе биде избрана како најдобар понудувач за изградба на фонтаната во чест на Тоше.

Средствата се обезбедени од Буџетот на Општина Аеродром за 2010 година.


Back to Top
Baze View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 409
  Quote Baze Quote  Post ReplyReply #28 Posted: 20-Mar-2010 at 15:58

СВЕЧЕН ПОЧЕТОК НА ИЗГРАДБА НА МЕМОРИЈАЛНА ФОНТАНА СО ЛИКОТ НА ТОШЕ ПРОЕСКИ

В недела, 21.3.2010 година, на детската улица во Ново Лисиче со почеток во 10:00 часот на свечен начин ќе почне изградбата на модерна меморијална фонтана со ликот на Тоше Проески.

На свечениот почеток на изградбата ќе присуствуваат градоначалникот на Општина Аеродром, Ивица Коневски, министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска, како и претставник на семејството на Тоше, Славен Ристески, по што ќе следува изјава за медиумите.

http://www.aerodrom.gov.mk/index.aspx?item=1655
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #29 Posted: 21-Mar-2010 at 15:19

Почна изградбата на меморијална фонтана со ликот на Тоше Проески во општина Аеродром

недела, 21 март 2010, 13:13

На детската улица во Ново Лисиче, општина Аеродром денеска почна изградбата на модерна меморијална фонтана со ликот на Тоше Проески.

На почетокот на изградбата присуствуваа градоначалникот на општина Аеродром Ивица Коневски, министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, делегација од семејството на Тоше предводена од Славен Ристески, голем број пратеници, советници и голем број граѓани.

Проектот за модерна меморијална фонтана со ликот на Тоше Проески во централниот дел на истоимената детска улица предвидува три нивоа со внатрешен застаклен постамент со ликот на Тоше.

- Очекувам ова да стане култно место на кое ќе се собираат и ќе другаруваат младите од целата општина, како и фановите на Тоше од целиот град, изјави градоначалникот Коневски.

Според проектот, фонтаната ќе биде кружна со дијаметар од 7 метри и со височина на базенот од 1,2 метри, додека централниот дел ќе има квадратен облик со височина од 1,45 метри.

Фонтаната и околниот дел, кој ќе биде уреден со клупи, канти за отпадоци и зеленило, ќе бидат осветлени со канделабри и неонски светилки.

- Многу ми е драго што општина Аеродром се зафати со овој прекрасен проект, зашто така ќе се зачува споменот на нашиот Тоше, изјави Славен Ристески.

Изградбата на фонтаната посветена на македонската музичка легенда Тоше Проески ќе ја врши фирмата „Промонтинг“, а средствата за изградбата се обезбедени од буџетот на општина Аеродром за 2010 година.

http://vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=36&eventId=19883
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #30 Posted: 21-Mar-2010 at 17:10

ПОЧНА ИЗГРАДБА НА МЕМОРИЈАЛНА ФОНТАНА СО ЛИКОТ НА ТОШЕ ПРОЕСКИ

Денеска, 21.3.2010 година, на детската улица во Ново Лисиче на свечен начин почна изградбата на модерна меморијална фонтана со ликот на Тоше Проески.

На свечениот почеток на изградбата присуствуваа градоначалникот на Општина Аеродром, Ивица Коневски, министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска, делегација од семејството на Тоше предводена од Славен Ристески, голем број патеници и советници, претседателот на Советот на Општина Аеродром, Виктор Камиловски, како и голем број граѓани.

Проектот за модерна меморијална фонтана со ликот на Тоше Проески во централниот дел на истоимената детска улица предвидува три нивоа со внатрешен застаклен постамент со ликот на Тоше.

„Очекувам ова да стане култно место на кое ќе се собираат и ќе другаруваат младите од целата општина, како и фановите на Тоше од целиот град“, изјави градоначалникот Коневски.

Според проектот, фонтаната ќе биде кружна со дијаметар од 7 метри и со височина на базенот од 1,2 метри, додека централниот дел ќе има квадратен облик со височина од 1,45 метри.

Фонтаната и околниот дел, кој ќе биде хортикултурно уреден со клупи, канти за отпадоци и зеленило, ќе бидат осветлени со канделабри и неонски светилки.

„Многу му е драго што Општина Аеродром се зафати со овој прекрасен проект, зашто така ќе се зачува споменот на нашиот Тоше“, изјави Славен Ристески.

Изградбата на фонтаната посветена на македонската музичка легенда Тоше Проески ќе ја врши фирмата „Промонтинг“, додека средствата се обезбедени од Буџетот на Општина Аеродром за 2010 година.




1.


2.


3.


4.


http://www.aerodrom.gov.mk/index.aspx?item=1656
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12037
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #31 Posted: 22-Mar-2010 at 00:58
Еве како ќе изгледа фонтаната. Ниту нејзе ниту локацијата можам да ја идентификувам во победничкиот труд за уредување на пешачката улица „Тоше Проески“ на Филип Богатинов (го има на претходната страна). Исто така, иако беше најавено дека проектот ќе започне токму со изградба на фонтана, нема ниту збор за тоа што би следело... всушност целокупниот проект воопшто не се спомна, туку баш се збори само за фонтанава и клупи и зеленило околу нејзе. А од политичари би очекувал да се испуваат максимално, па малку ми е чудно. Дали можеби проектот е напуштен и оваа фонтана е „утешна“ субституција?  Dunno



Edited by Cloverstack - 22-Mar-2010 at 00:59
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #32 Posted: 22-Mar-2010 at 12:57
Фонтаната за Тоше на три нивоа
Фонтаната, е првиот објект што ќе се гради во тематскиот парк посветен на оваа прерано почината музичка ѕвезда
%20
Фонтаната, посветена на македонската легенда Тоше Проески, почна да се гради на Детската улица во населбата Ново Лисиче. Фонтаната е само дел од паркот, кој општината Аеродром планира да го уреди на оваа локација во чест на Проески.

Меморијалната фонтана во централниот дел на истоимената улица ќе се гради на три нивоа со внатрешен застаклен постамент во кој ќе стои ликот на Тоше.

- Очекувам овој парк, посветен на Тоше, да стане култно место на кое ќе се собираат и ќе другаруваат младите од целата општина, но и обожавателите на нашата ѕвезда од целиот град - рече Ивица Коневски, градоначалник на Аеродром.

На вчерашната пригодна свеченост во општината Аеродром присуствуваа и членови на семејството Проески. Зетот на Тоше, Славен Ристески, пак, смета дека со оваа фонтана, а подоцна и со целиот парк на вистински начин ќе се сеќаваме на Тоше.

- Драго ми е што општината Аеродром се зафати со овој прекрасен проект, бидејќи тоа е само еден начин на кој ќе се зачува споменот на нашиот Тоше - изјави Ристески.

Според проектот, кружната фонтана ќе има дијаметар од седум метри, базенот ќе биде длабок 1,2 метри, додека централниот дел ќе има квадратен облик со висина од 1,45 метри. Фонтаната и околниот дел, кој ќе биде хортикултурно уреден, ќе биде осветлен со канделабри и неонски светилки. Парите за изградба на фонтаната се издвоени од буџетот на општината Аеродром за 2010 година, а за градежните работи е задолжена фирмата „Промонтинг“.

Тематскиот парк се гради според проектот на архитектот Филип Богатинов и со неговото целосно завршување тој треба да наликува на њујоршкиот Централ парк. Во него ќе доминираат четири столба, кои треба да го симболизираат прерано згаснатиот живот на Тоше. На централниот плоштад ќе има 26 столба, а пред нив ѕид од кој ќе тече вода и каде што ќе бидат испишани стихови од неговите песни. Во централниот дел на плоштадот се планира и скулптура на Тоше. Проектот на архитект Богатинов пред една и пол година победи на конкурсот за тематски парк посветен на Проески.

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=322101033532&id=14&prilog=0&setIzdanie=21940
Back to Top
SkyBoy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
  Quote SkyBoy Quote  Post ReplyReply #33 Posted: 22-Mar-2010 at 13:35
Супер но, ако нешто многу ме иритира, тоа е кога во парк, мини парк, шеталиште, или било каква зона за одмор, релаксација, главно окужено со зеленило, нема корпи за отпадоци. На сликава погоре кај фонтаната не ги видов, иако фино се си нацртале. Не значи дека ќе ги нема откако ќе се изгради, ама со самото тоа што веројатно местово ќе џврка од народ, посебно млади (деца), а и со новокомпонираниве закони, мислам дека треба барем на 2 клупи по една корпа.

Edited by SkyBoy - 22-Mar-2010 at 13:45
Back to Top
sportsfan View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 22-Mar-2010
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote sportsfan Quote  Post ReplyReply #34 Posted: 22-Mar-2010 at 16:07
Фонтава на скицата горе ,ако гледам добро е поставена најлево(ако е тоа фонтана!?!) т.е близу до крајот на улицата ..ама тоа е према планот .
Фонтата која почна да се гради на детската улица е некаде на средината така да не ми е јасно дали ова значи проектот е изменет или воошто не се иде према проектот??
Back to Top
S.P.Q.R. View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Jan-2010
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 211
  Quote S.P.Q.R. Quote  Post ReplyReply #35 Posted: 23-Mar-2010 at 01:03
Кај се наоѓа оваа Детска улица???
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12037
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #36 Posted: 23-Mar-2010 at 22:49


41°59'4.88"N  21°28'35.43"E
Back to Top
S.P.Q.R. View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Jan-2010
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 211
  Quote S.P.Q.R. Quote  Post ReplyReply #37 Posted: 24-Mar-2010 at 00:45
Previous
фала CloverstackSmile
Back to Top
Baze View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 409
  Quote Baze Quote  Post ReplyReply #38 Posted: 15-Jul-2010 at 22:39
Фон­та­на­та на То­ше ќе по­те­че ле­то­во.
Фон­та­на­та е на три ни­воа, со внат­ре­шен зас­так­ле­ни пос­та­мент кој ќе би­де со ли­кот на Про­е­ски

Фон­та­на­та во чест на То­ше Про­е­ски во на­сел­ба­та Но­во Ли­си­че е ско­ро го­то­ва. Лу­ѓе­то ан­га­жи­ра­ни на овој про­ект, де­но­ви­ве ин­тен­зив­но ра­бо­тат на крај­ни­от из­глед на фон­та­на­та.
Спо­ред нив­на про­це­на, за по­ло­ви­на ме­сец ќе за­вр­шат со гра­де­ње, и оче­ку­ва­ат во те­кот на ле­то­во од неа да по­те­че во­да.
Од до­се­га сра­бо­те­но­то се гле­да де­ка фон­та­на­та е на три ни­воа, со внат­ре­шен зас­так­ле­ни пос­та­мент кој ќе би­де со ли­кот на То­ше. Таа е круж­на, со ди­ја­ме­тар од 7 мет­ри, ба­зе­нот е ви­сок 1,2 мет­ри, до­де­ка цен­трал­ни­от дел, кој е во об­лик на квад­рат, ќе би­де ви­сок 1,5 мет­ри.
На крај, око­ли­на­та на фон­та­на­та хор­ти­кул­тур­но ќе да се уре­ди со клу­пи, кан­ти за от­па­до­ци и со кан­де­лаб­ри.
"Штом ќе се из­гра­ди фон­та­на­та, вед­наш ќе прик­лу­чи­ме во­да и стру­ја, па нај­доц­на до сеп­тем­ври ќе ја пуш­ти­ме во упот­ре­ба", ве­лат од Оп­шти­на Ае­род­ром.
 


Edited by Baze - 15-Jul-2010 at 22:40
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2114
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #39 Posted: 23-Aug-2010 at 08:27
За ова имаше нишка нели но неможам да ја најдам?

Фонтаната на Тоше веќе го разубавува Ново Лисиче

Фановите на Тоше Проески на ЈуТјуб поставија видео-снимка од (најверојатно) пробното пуштање на Фонтаната на Тоше, во скопската населба Ново Лисиче, на Детската улица. Снимката е реализирана во петокот навечер (20-ти август).

Неодамна јавивме дека Фонтаната на Тоше ќе биде готова до есен, а кога ќе започне да го живее својот живот, дефинитивно ќе стане култно место, не само за македонските фанови, туку и за обожавателите од регионот.

Тркалезната фонтана на Тоше има пречник од 7 метри, а базенот во неа е длабок 1,2 метра. Централниот, квадратен дел е висок 1,45 метри.

Детската улица во Скопје се наоѓа во населбата Ново Лисиче, а целиот проект го финансира општината Аеродром.

Доколку некој има повеќе информации околу овој настан, би го замолиле да не извести.





http://www.mmm.com.mk


Edited by Makedonij - 23-Aug-2010 at 08:27
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
Swimmer View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 09-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 294
  Quote Swimmer Quote  Post ReplyReply #40 Posted: 24-Aug-2010 at 12:45

Белград ја опремува фонтаната посветена на Тоше Проески во Скопје

24 август 2010, 13:13
Извор: Пресс

Градот Белград и јавното комунално претпријатие „Зеленило Белград“ ќе го финансираат уредувањето на меморијалната фонтана во Скопје, посветена на трагично загинатиот пејач Тоше Проески.

Како што пишува српски Прес, местото ќе го красат 26 садници од белградскиот расадник на ЈКП „Зеленило Белград“, а ќе бидат поставени и неколку клупи на кои фановите на Тоше ќе се потсетуваат на неговите песни.

„Група млади од белградскиот фан-клуб на Тоше ме замоли и Белград да учествува во уредувањето на меморијалната фонтана во Скопје. Нивниот предлог му го претставив на градоначалникот Драган Ѓилас, кој веднаш се сложи главниот град на Србија да даде свој придонес. Бидејќи градежните работи на фонтаната се речиси завршени, се договоривме градот да придонесе околу уредувањето на нејзината околина“, изјавил за Прес Мирослав Чучковиќ, член на градскиот совет.

Кружната фонтана со ликот на Тоше на Детската улица во скопската населба Ново Лисиче ќе биде со дијаметар од седум метри, длабочината на базенот ќе биде околу 1,2 метри, додека централниот квадратен дел ќе има височина од околу 1,45 метри. Околината ќе биде украсена со цветни жардињери, клупи и неонски светилки што ќе ја осветлуваат фонтаната со неговиот лик.

 
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1234 5>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.313 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.