build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Градска инфраструктура
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Булевар Словенија

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9072
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Булевар Словенија
    Posted: 21-Sep-2007 at 04:29

Булеварот „Словенија“ сообраќајно ќе го растовари Скопје за 40 отсто


Новиот булевар ќе овозможи големо сообраќајно растоварување за околу 150 илјади жители од општините Бутел, Чаир и Шуто Оризари, но ќе биде и пократка врска со Карпош и Гази Баба

Изградбата на новата сообраќајница чини 190 милиони денари

СНЕЖАНА КАЛАБАКОВА

Со поставување на последниот слој асфалт деновиве привршуваат градежните зафати на булеварот „Словенија“. Во тек се подготовките за светлечката сигнализација, мостот и повеќе од половината од средишното булеварско зеленило се завршени. Според сообраќајните експерти, во последниве пет години оваа сообраќајница е една од најважните што биле изградени во главниот град, бидејќи се прогнозира дека ќе овозможи 30 до 40-процентно сообраќајно растоварување. За Скопје таа ќе претставува уште една обиколница и мал прстен заедно со булеварите „Босна и Херцеговина“, „Хрватска“, „Војводина“ и „Србија“. Булеварот „Словенија“ ќе овозможи сообраќајно растоварување и на таканаречената Јадранска магистрала на патот кон Косово. Булеварот ќе претставува излез и влез и за потешките товарни возила, кои нема да влегуваат преку централното градско подрачје. Ќе овозможи големо сообраќајно растоварување за околу 150 илјади жители од општините Бутел, Чаир и Шуто Оризари, но ќе биде и пократка врска со Карпош и Гази Баба. Ќе ја растовари од возила и улицата „Цветан Димов“ во Чаир, која се' уште претставува единствениот вентил и тесно грло за излез и влез на трите општини кон и од Бит-пазар и централното градско подрачје, поради што се користи обиколниот пат преку Топаана, а се очекува да биде „олеснета“ и најфреквентната крстосница кај Судската палата. Изградбата на булеварот „Словенија“ чини 190 милиони денари.

„Идејата е во догледно време булеварот ’Словенија‘ да продолжи до спојот со ’Илинденска‘, но за тоа треба да се доизградат уште две третини. Во првата фаза, откако ќе профункционира сообраќајот на овој булевар проценивме дека ќе имаме проблеми кај семафорите на спојот на оваа сообраќајница со т.н. Јадранска магистрала. Ќе биде доста оптоварен овој регионален пат, па затоа сметавме дека ќе биде потребно да се изгради надвозник на две нивоа. За тоа веќе се работи на идејното решение. Ќе обезбедиме средства од буџетот за 2008 година, а очекуваме и финансиска помош од централната власт“, вели Јован Христовски, раководител на Секторот за сообраќај во Градот.

Надлежните од општината Чаир и Бутел велат дека булеварот „Словенија“ ќе претставува големо сообраќајно растоварување од тешките товарни возила кои поминуваат по улиците „Втора македонска бригада“, „Македонско-косовска бригада“ и по булеварот „Босна и Херцеговина“. За Општина Бутел оваа сообраќајница ќе значи и подобра комуникација со Визбегово, каде што се развива индустриската зона. Сообраќајницата е од големо економско, но и културно значење, бидејќи со дозиградба на еден крак ќе се овозможи и сообраќајна врска со Римскиот аквадукт, голем споменик на културата.

Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9072
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 21-Sep-2007 at 04:30
zapazete go boldiraniot del. Ova e dobra vest iako realno trebase toa da se napravi uste vo ovaa faza. No ako bide i do godina kje bide dobro. Bidejki e predizborna godina, mozno e da se desi vakov proekt pobrzo nego obicno.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12051
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 21-Sep-2007 at 13:42
^^

Ееееее ова е одлична вест што преовладал разумот и сепак планираат да правак клучка таму... Знаете дека јас многу се нервирав и многу пишував на SSC токму за ова.

Ама не можам а да не ги спомнам глупостите што така лесно ги напишала новинарката. Најголемите:

- 40% отсто растоварување на сообраќајот во Скопје?!? Ма дај...
- Мал прстен??? Малиот прстен е во центар... Овој и официјално се вика голем прстен.
- Зборува како да со Словенечка целиот прстен ќе почне да функционира, а нас уште не фалат најголемите делови од прстенот.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9072
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 21-Sep-2007 at 13:45
hehe znam deka za toa zborevme na SSC, i mene me izraduva informacijava. A glupostite novinarski za srekja se ovoj pat banalni, t.e. ne pravat steta.
 
Denes ja nosev na servis kolata u butel i kompletno bese zatvorena raskrsnicata kaj sto vkrstuvaat Slovenecka, ulicana sto ide od pravec na Cair i sto ide od Topaana nakaj Sutka (ne gi znam iminjata :(). Mi izgledase deka se pri kraj so spojuvanjeto.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12051
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 21-Sep-2007 at 13:54
Уште да додадам и околу:  Идејата е во догледно време булеварот ’Словенија‘ да продолжи до спојот со ’Илинденска`

Овој спој треба да биде во близина на железничката станица Ѓорче петров. Мислам дека ова е сосема непотребно во блиска иднина. Со изградбата на скопската обиколница и со планираното продолжување на бул. Илинден до тој дел од градот, проблемите се решени за подолг временски период.

Сепак би се сложил дека треба да се продолжи да се работи на големиот ринг, но приоритети би требале да бидат изградба на бул. Хрватска (поврзување на Војводина со Босна и Херцеговина) и веќе долго најавуваното проширување и продолжување на булевар Србија кон Водно.


Edited by Cloverstack - 21-Sep-2007 at 13:55
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9072
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 29-Sep-2007 at 10:24
go sredija M3... valjda kje pobrzaat so taa klucka... btw go probija rokot povtorno, otvaranjeto trebase da bide vo Septemvri.
 
ЗАВРШИ СЕМАФОРИЗАЦИЈАТА НА КРСТОСНИЦАТА МЕЃУ БУЛЕВАР СЛОВЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИОТ ПАТ М3
Јавното претпријатие “Улици и патишта“ заврши со градежните работи за семафоризација на крстосницата меѓу булеварот Словенија и регионалниот пат M3 (Скопје – Приштина).
 
Поставени се семафорските столбови со лантерни (возачки и пешачки) и каунтери кои се изработени во лабораторијата на ЈП “Улици и патишта“, а се донација од претпријатието за Градот.
 
Воедно, извршено е и бележење на хоризонталната сигнализација на булеварот, а се планира, во текот на утрешниот ден (28.09.2007 год.), да се постави и вертикалната сигнализација.

 



Edited by pbanks - 29-Sep-2007 at 10:25
Back to Top
dejan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Australia
Online Status: Offline
Posts: 673
  Quote dejan Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 29-Sep-2007 at 10:42
Super! Mnogu ubavo zalikuva:)
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12051
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 09-Oct-2007 at 14:28
http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=1370&mid=24&tabId=1&tabindex=0


ОТВОРАЊЕ НА БУЛЕВАР СЛОВЕНИЈА СО СКОПСКА РОЛЕРИЈАДА

Град Скопје на 11 Октомври 2007, во 11 часот, со традиционалната Скопска ролеријада ќе го пушти во употреба новоизградениот булевар Словенија.
 
В четврток, сите заинтересирани граѓани можат да се пријават за учество во ролеријадата, еден час пред започнување на трката, при што ќе добијат маичка за учество со знакот на ролеријадата.
 
Во детската трка, право на учество имаат деца од 7 до 14 години, стартот на трката е во 11 часот, а трасата е долга 700 метри.
 
Градската трка, пак, во која право на учество имаат сите граѓани на возраст од 14 до 77 години, започнува во 11,30 часот, а ќе се вози по кружна траса со должина од 3 километри.

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12051
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 09-Oct-2007 at 19:17
Еве мало фото потсетување од текот на изградбата:

17.12.2006 - Топаанско Поле, блиску до крстосницата со БиХ и Македонско-Косовска Бригада.





04.09.2007 - Во близина на Визбегово




Edited by Cloverstack - 09-Oct-2007 at 19:19
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12051
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 10-Oct-2007 at 00:04
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=D9C63BECE2517C499927A9FDFFF45A52


Новиот булевар „Словенија“ подготвен за сообраќај

Сообраќајницата свечено ќе биде пуштена на 11 Октомври


Новата сообраќајница има средишно зеленило со егзотични садници и модерно улично осветление

СНЕЖАНА КАЛАБАКОВА

„Изградбата на булеварот „Словенија“ заврши и утре, на Денот на македонското востание – 11 Октомври, со голема забава, ролеријада и дефиле на мотоцикли и авиони ќе биде означено свеченото предавање во употреба на новата сообраќајница. По две траси од новоизградената улица први ќе возат скопските ролерџии од најмали до најголеми. Стрмнините на новата улица ќе бидат голем предизвик за оние кои го сакаат ролањето“, рече Мичо Поповски, заменик-раководител на Секторот за урбанизам во Градот на вчерашната прес-конференција.

Градските власти информираа дека при изведбата на овој нов и современо изграден булевар наишле на многубројни технички пречки, особено на проблеми со подземни инсталации: електрична мрежа, телекомуникациски инсталации и цевки од гасоводот на „Гама“. Најмногу време и пари Градот потрошил на решавање на имотноправните односи. За експропријација на земјиштето се издвоени еден милион евра, а вкупната инвестиција за комплетното реализирање на булеварот „Словенија“ изнесува четири милиони евра. Должината на сообраќајницата од нејзиниот пресек со „Босна и Херџеговина“ до магистралата кон Косово изнесува 1.800 метри, а со двата крака вкупно 2.400 метри. Булеварот има четири ленти, по две во секој правец со широчина од по 3,5 метри и средишно зеленило со егзотични садници и модерно улично осветление.

„Изградбата на булевар ’Словенија‘ ќе значи многу за Општина Бутел, но и за Чаир, Шуто Оризари, Чучер- Сандево и новата индустриска зона што ја развиваме во Визбегово. Тамошните жители веќе се заинтересирани за автобуска линија која ќе поминува по новиот булевар. Освен што сообраќајно ќе се растоварат улиците ’Цветан Димов‘, ’Македонско-косовска бригада‘ и уличките во Топаана, за многу кусо време ќе се стигнува и до Општина Карпош и централното градско подрачје. Булеварот е особено значаен и за Римскиот аквадукт кој многу брзо ќе биде предмет на конзервација и реставрација“, рече Снежана Клинчарова, советник за информирање во Општина Бутел.

Сашо Христовски, одговорен во Секторот за спорт и рекреација во Градот, посочи дека во рамките на свеченото отворање е планирана третата градска ролеријада, овој пат подалеку од Градскиот плоштад. „Сите учесници ќе треба да дојдат пред 10 часот и услов за учество е да носат ролери. Детската трка е на траса долга 700 метри, додека возрасните ќе возат кружно по новоотворениот булевар ’Словенија‘“, објасни Христовски.

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12051
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 10-Oct-2007 at 00:26
Новата сообраќајница има средишно зеленило со егзотични садници и модерно улично осветление


Да, навистина одлично изгледа зеленилото, барем на онаа мала слика. Ама ај да видиме до кога ќе преживее.

Имаме големи проблеми со такви работи во многу покултурни делови од градот, па мислам дека не требало до толку да ја шминкаат словенечка. Ионака не поминува низ некој убав предел... Ова пак ми изгледа како тотално немање осет за приоритетите и за тоа во каква реалност живееме.

Од сликата изгледа дека нема ни било каква ограда, што ме потсети дека ќе има и тотална анархија со преминувањето на пешаци. Не дека ограда ќе помогнеше многу... Плус тоа ионака веројатно брзо ќе беше украдена и продадена како старо железо. Веројатно треба да почнеме да испробуваме нови методи. На пример бодликава жица и снајперски кули секои 500м

LOL

Што се однесува до тоа дека имало „модерно“ осветление, мене ми изгледа како најобична фалба без никаква основа. Што има толку модерно во осветлението???


Градските власти информираа дека при изведбата на овој нов и современо изграден булевар наишле на многубројни технички пречки, особено на проблеми со подземни инсталации


Еве уште една фалба без врска. Стварно претеруваат... Чудо невидено било тоа како се справиле со „тешките“ проблеми... Мислат дека ние нафта пиеме? Па ако таму низ нивите имале толку тешки проблеми, како ли би се справиле со проблеми во густо населени области? Самите се фалат колку се неспособни...



Булеварот е особено значаен и за Римскиот аквадукт кој многу брзо ќе биде предмет на конзервација и реставрација“, рече Снежана Клинчарова, советник за информирање во Општина Бутел.


Аха да и тоа... Знаеме колку сте брзи... Dead Dead Dead
Back to Top
dejan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Australia
Online Status: Offline
Posts: 673
  Quote dejan Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 10-Oct-2007 at 08:43
Super sliki:)
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9072
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 10-Oct-2007 at 09:32
gleam si bil raspolozen za disekcija....
 
- zeleniloto kje mora da slikame dodeka e novo, cisto radi promotivni pricini. JA mu davam mesec dena dodeka ne se izmasakrira. Ne e samo lokacijata na bulevarot i divite pesaci nego i sposobnosta na gradsko zelenilo da go odrzuva. Osven trevnicite na Kale jas neznam edna zelena povrsina vo Skopje sto imala podolg rok na traenje. A i taa ne e kako sto bi mozela i bi trebala da bide.
 
za drugie stvari, no comment Angry
Back to Top
dejan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Australia
Online Status: Offline
Posts: 673
  Quote dejan Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 10-Oct-2007 at 12:02
Toa zeleniloto mnogu ubavo izgleda samo kako sto rekovte, ke bide pak kako zemja...mozebi ograda ke go zastiti.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12051
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 11-Oct-2007 at 15:43
Еве штотуку на А1 гледав уште едно грандиозно отварање како за бензинските. Груевски му беше гостин на Костовски.


Костовски се пофали каква супер работа завршиле, а не пропушти да ја спомне ни клучката континентал која според него е „прво такво сообраќајно решение во Република Македонија“. Не објасни што е тоа толку авангардно во врска со нејзе.

Груевски пак рече дака кога дошле на власт не нашле никакви проекти. Ама сега интензивно правеле проекти,  па после тоа ќе почнле да градат и растур ќе напраеле...

А новинарката на А1 кажа дека булеварот Словенија го поврзувал северниот дел од градот со центарот



Се на се, се изведува заклучок дека таму групно дувнале нешто како дел од прославата. Уствари се надевам дека дувнале, зашто ако немаат ништо попаметно да кажат при бистар ум, тогаш стварно тешко нас.
Back to Top
gotsomekicks View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 305
  Quote gotsomekicks Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 11-Oct-2007 at 18:08
^^ Ali nishto od rolerijadata a? Isturashe cel den! 
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9072
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 14-Oct-2007 at 13:54

1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20



Edited by pbanks - 14-Oct-2007 at 13:55
Back to Top
dejan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Australia
Online Status: Offline
Posts: 673
  Quote dejan Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 15-Oct-2007 at 09:24
Woooow epten e dobro! stavi gi ovie sliki na ssc...
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12051
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 02-Nov-2007 at 23:57
Вечерва прв пат да поминав по Бул. Словенија и...   катастрофа!!! Нерамнини од сите видови Mad

Нема ни месец дена како го пуштија, така да очигледно или така бил направен или многу брзо се упропастил. Ова е навистина неприфатливо... Мислам дека работите ги изведе „Пелагонија“. Баш добра реклама за нив! Roll%20eyes

Bash
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12051
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 10-Nov-2007 at 02:01
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=C5C03A75632DE64D942753C8C8B4B067


Булеварот „Словенија“ не го растовари сообраќајот по „Цветан Димов“


Булеварот „Словенија“

И по еден месец од предавањето во употреба на булеварот „Словенија“ не се чувствува растоварување на сообраќајот по улицата „Цветан Димов“, туку секојдневно во утринските и попладневните часови сообраќајниот метеж остана непроменет. Од семафорите на почетокот на оваа сообраќајница се' до семафорот на крстосницата со „Џон Кенеди“ се создаваат редици од возила. Граѓаните кои секојдневно поминуваат по оваа улица сметаат дека булеварот „Словенија“ не го донесе очекуваното сообраќајно растоварување на „Цветан Димов“. Од Секторот на сообраќај во Градот тврдат дека не е така, бидејќи секаде во светот во утринските и попладневните шпицеви е метеж. Ниедна патна мрежа во тие интервали на денот не може да ги задоволи сообраќајните потреби. Напротив, велат од Градот, по булеварот „Словенија“ сега има поголем обем на сообраќај. Иако не е направено конкретно снимање, тоа јасно го покажува фреквенцијата на возила на крстосницата кај Момин Поток, помеѓу улиците „Скупи“ и „8 Септември“. Таму има огромен обем на сообраќај, што го навлече токму булеварот „Словенија“. Само автоматски бројачи на возила можат точно да покажат колкав проток на возила има по новиот булевар, објаснуваат од Градот.

„Бидејќи има потреба, во фаза сме на распишување тендер за набавка на еден автоматски бројач на возила. Истовремено, тој е и радар, а ја регистрира и категоријата на возила. Но, на ’Цветан Димов‘ се случува нешто друго. Минатата недела имавме поплаки од граѓани токму за оваа улица. Проблем е односот на возачите, кои непрописно се паркираат и излегуваат со голема брзина од споредните улички, иако сообраќајницата има по две ленти во двете насоки“, објасни Јован Христовски, раководител на Секторот за сообраќај во Градот. (Сн.К.)

Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.156 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.