build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Депонии и комунална механизација

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 8>
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2019
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Депонии и комунална механизација
    Posted: 26-May-2020 at 04:01
Имало и бетер...

Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 07-Mar-2016 at 08:26
06.03.2016, 17:27

Почнува модернизацијата на „Дрисла“

Деспина Трајковска-Димова

По неколкумесечни најави и очекувања, конечно ќе почне теренското осовременување на депонијата „Дрисла“. Иако веќе требаше да привршува изградбата на првите постројки, дури за десетина дена се очекува да почне нивната изведба. Први за градење се постројките за уништување медицински и за индустриски отпад. И двете се, всушност, дел од планираните седум со кои скопската депонија треба да се изгради и да функционира по европски стандарди.

Од „Дрисла“ објаснуваат дека изградбата се одолжила од оправдани причини. Постоеле нерасчистени имотноправни односи.

„Четири ниви, всушност, ја кочеа цела процедура за обезбедување на потребните документи за изградба. Но, тој проблем веќе е надминат и очекуваме за десетина дена да ги комплетираме сите одобренија и да стартуваме со изградба“, вели Горан Ангелов, директорот на „Дрисла“.

Тој појаснува дека со двете планирани печки ќе започне процесот на модернизација и трансформација на депонијата според европски стандарди. „Дрисла“ ќе стане прва депонија во регионов која ќе добие печка за согорување на медицинскиот и технолошкиот отпад со сите нишани.

„Очекуваме изградбата на двете постројки да заврши за кусо време. Поточно, некаде до крајот на летото и двете да бидат ставени во функција“, додава Ангелов.

Во изминатиов период биле завршени подготвителните работи за изведба на инфраструктурата за фабриката за третман на индустрискиот отпад. Се работело на платформата и на пристапните патеки, се изведувале одводните канали за прием на атмосферската вода, канализацискиот систем за отпадните води, а истовремено е работено и на целокупната потребна водоводна и електрична мрежа.

Инаку, постројката за индустриски отпад ќе има две машини, едната за неопасен, а другата за опасен отпад. Онаа, пак, за медицински отпад ќе биде од најсовремен тип. Постојната е стара и не ги задоволува стандардите.

„Очекуваме дека резултатите ќе бидат видливи кусо време по изградбата на првите постројки. Од депонијата нема да се шири мирис, целосно ќе биде отстранета можноста за загадување на животната средина и ќе се зголеми корисната површина на депонијата“, вели Ангелов.

Според договорот, на концесионерот „ФЦЛ амбиенте“ од лани му тече рокот од пет години да ги изгради седумте постројки на „Дрисла“. Италијанците ќе стопанисуваат со депонијата 35 години. За тоа време имаат обврска на сметката на градските власти да префрлаат 20 отсто од профитот што ќе го прават на годишно ниво. Проценето е дека тоа ќе бидат околу еден милион евра годишно за Град Скопје.

При промоцијата на партнерството беше најавено дека Италијанците во „Дрисла“ ќе вложат околу 73 милиони евра и притоа ќе овозможат рециклирање на 70 отсто од вкупното ѓубре што се носи на депонијата.

http://www.utrinski.mk/?ItemID=B2727F47D6489F478268682D9247FD98
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 18-Feb-2013 at 19:42
ФOTO: Новите возила за подобрување на јавната хигиена
Понеделник, 18 Февруари 2013 12:22

Јавното претпријатие се поднови со 10 нови специјализирани возила за собирање смет и 5 мотокултиватори, кои се наменети за подобрување на хигиената, пред се во делот на јавната хигиена, односно за пристап до помали и тесни улички и пратеки.


На промоцијата на новите возила ќе присуствуваат градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и директорот на ЈП „Комунална хигиена“, Ракип Дочи.



-Денеска имаме промоција на новите 10 камиони за собирање смет, наменети за подобрување на хигиената, пред се во делот на јавната чистота, односно за пристап до помалите и тесни улички и патеки. Исто така, набавени се 5 нови мотокултиватори со комплетна приклучна опрема, односно со приклучок за собирање снег во зима, четки за метење тротоари и патеки, како и фреза и друга опрема. Со набавката на оваа нова опрема може да кажеме дека го исполнивме ветувањето коешто го дадовме во 2009 година и го опремивме јавното претпријатие „Комунална хигиена“ со комплетно нова опрема и возила за собирање отпад, како и дека ја подобривме хигиената во градот, истакна градоначалникот Трајановски.

Директорот на ЈП „Комунална хигиена“, Ракип Дочи, се заблагодари за финансиската поддршка којашто во текот на изминатите години ја добиваше од Градот и истакна дека таа поддршка придонесе тие да прераснат во успешно претпријатие кое денеска промовираа oпрема набавена од сопствени средства.



Исто така, набавени се 5 нови мотокултиватори од познатата марка Голдони со комплетна приклучна опрема.

За набавка на 10 камиони се издвоени околу 9 милиони денари, а за мотокултиватори околу 2 милиона денари, средства кои се целосно обезбедени од ЈП „Комунална хигиена“.

http://kurir.mk/republika/skopje/104131-FOTO-Novite-vozila-za-podobruvanje-na-javnata-higiena
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 28-Sep-2012 at 08:02
Убава информација... Но... Зарем не е Дрисла санитарна депонија? Зарем тоа самото по себе не подразбира дека целиот отпад (вклучувајќи ги и отпадните води) не влијаат врз околната животна средина?

„Дрисла“ повеќе нема да ја загадува Маркова река

  • Објавено: пред 17 часа
  • Прочитано: 391
  • Печати

Долгогодишниот проблем со излевање од отпадниот исцедок од депонијата „Дрисла“ во водите на Маркова река конечно е решен. Денеска, официјално се пушти во употреба систем за пречистување на исцедокот од депонијата, кој наместо во реката повтроно ќе се враќа назат. Станицата за рецирклација на отпадните води, дневно прочистува околу 20 кубици вода. Филтратот се собира во базени и исчистен се враќа на депонијата. Со тоа се спречува задагувањето на површинските води кои влегуваат во Маркова река. Проектот, кој е финансиран од буџетот на градската власт чини околу 7 милиони денари.

Во следните две години, во план е и изградба на прочистителна станица, со што ќе се овозможи истата вода, која исфилтрирана ќе се враќа во депонијата, да се користи како техничка вода.
Депонијата доби и нова електронска колска вага за мерење на отпадот, проект, што исто така промотивно се пушти во употреба денеска, а во првото премерување учествуваше и градоначалникот Коце Трајановски.  
На почетокот на следната година, би требало да почне да функционира јавно- приватното партнерство со италијанскиот концесионер, кој ќе стопанисува со депонијата во следните 35 години, а за возврат ќе вложи 73 милиони евра во осовременување на „Дрисла“,.
 За четири години „Дрисла“  треба да се реконструира според европски стандарди и треба да понуда поквалитени услуги за депонирање на отпадот.



http://www.plusinfo.mk/vest/58844/Drisla-povekje-nema-da-ja-zagaduva-Markova-reka
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 13-Sep-2012 at 16:02
Ме интересира, дури и да дојде до зголемување на цената на комуналните услуги, дали истата ќе биде оправдана со почисти улици, булевари, мостови и патеки ?
 
http://www.sitel.com.mk/dnevnik/biznis/drisla-ke-odi-pod-koncesija
 

Дрисла ќе оди под концесија

 
13.09.2012 - 15:46
 
Се усвои одлуката за избор на приватен партнер, концесионер во Јавното претпријатие за депонирање на комунален отпад Дрисла од Скопје на денешната седница на Советот на град Скопје.
 

 
Советниците од опозицијата бараа да се одложи точката која беше ставена на дневен ред, барање кое не беше прифатено од мнозинството.
 
Одлуката предвидува концесионерот да инвестира во осовременување на депонијата, а за возврат да управува со отпадот во времетраење од најмногу 35 години. Советниците од опозицијата обвинуваат дека целата постапка за концесионерство на Дрисла, всушност, е „од готово правење вересија“, дека Дрисла се продава многу евтино и дека новиот концесионер со сигурност ќе ја зголеми цената за ѓубрарина.
 
Директорот на Дрисла пак, Горан Ангелов, објасува дека цените за отпад се гласаат на Советот на градот Скопје и дека концесионерот нема самостојно да ја зголемува цената.
 
Според одлуката за концесија, идниот концесионер ќе треба да прави 6 милиони евра годишно профит и да инвестира 80 милиони евра во депонијата, бидејќи Дрисла е основана со капитал од 154 илјади денари и нормално е за да се дојде до 100%, инвеститорот треба да вложи дополнителни 80% за да биде целосно трансформирано претпријатието“, вели Ангелов.
 
Идниот концесионер треба да ги задоволи европските директиви на депонијата, која нема да влијае негативно врз животната средина. Концесионерот понуди цена за оперирање иста како сегашната актуелна цена, која изнесува 680 денари за комуналниот отпад.

Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4077
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 21-May-2012 at 20:35
Леле семафорот -.- Идиоти!
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 21-May-2012 at 20:09
ова е еден од двата `Мерцедес` камиони купени од ЈП Комуналец Кичево.камионите се Мерцедес само во основата,делот наменет за собирање на смет е изработен од друга фирма.но без оглед на тоа со купувањето на овие камиони значајно се осети на јавната чистота во градот,барем на делот каде се поставени контењерите

Back to Top
ovaj_stariov View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1315
  Quote ovaj_stariov Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 03-May-2012 at 14:28
Еко-фабрика за селекција на отпад

Селекција на секундарен отпад ќе се врши на прилепската депонија

Депонијата во Прилеп ќе добие еко фабрика
Првпат во Македонија на прилепската депонија
Првпат во Македонија се преземаат вакви активности за селекција на отпадот, особено на пластика и на стакло. Јавното комунално претпријатие „Комуналец“ од Прилеп го избра изведувачот што ќе ја врши селекцијата. Станува збор за хрватската фирма „Техникс“, која ќе ги изведува работите за 14 милиони и 695 илјади денари.

- Фирмата „Техникс“ понуди најдобри услови и ќе ги изведува работите околу поставувањето на опремата за првиот погон за секундарна селекција на отпадот. Салата со линијата за селекција ќе биде поставена кај градската депонија во близина на селото Алинци, на парцела од шест илјади квадратни метри. Најпрво треба да ја завршиме постапката за пренамена на земјиштето од земјоделско во градежно и да почнеме - вели Златко Ристески, директор на прилепското јавно претпријатие.

Менаџерскиот тим на фирмата планира напоредно со селекцијата да се врши и компостирање.

- Сметаме дека овој модел ќе биде рентабилен. Пазар за продажба на селектираниот отпад или компостираниот има, само треба да се работи на негово освојување - додава Ристески.

Првично првата прилепска еко-фабрика за одвојување на корисните материјали од отпадот ќе пласира пластика, хартија, старо железо, суровини што се барани на пазарот од производителите.

Се очекува со поставувањето на првата линија за селекција на отпад фирмата да добие нов прилив на финансиски средства, но и да се вработат нови 40-50 лица.

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=531284848&id=9&prilog=0&setIzdanie=22570
build.mk, гради форумска историја
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 27-Feb-2012 at 10:00

Шест странски компании сакаат да ја осовременат депонијата „Дрисла“

Со инвестиција до 82 милиона евра, на депонијата ќе може да се врши селекција на отпадот, добиениот гас да се користи за производство на струја...

Деспина Трајковска

Шест фирми се подготвени да станат партнери на Јавното претпријатие „Дрисла“ и да инвестираат околу 80 милиони евра за осовременување на депонијата во согласност со стандардите на ЕУ. Потенцијали партнери се фирми со долгогодишно искуство од Германија, Израел, Австрија, Италија, Грција и од Швајцарија. Сите тие, како што објаснуваат од ЈП „Дрисла“, учествувале во првата фаза на тендерот за јавно приватно партнерство, а три од нив сигурно идат во втората фаза, односно ги исполнуваат бараните услови за јавно приватно партнерство. Во тек е, велат од „Дрисла“, евалуација на останатите три понуди. Проценето е дека целата постапка ќе заврши до лето и веќе наесен би започнала теренската реализација на проектот.

Тоа ќе значи дека партнерот на ЈП ќе почне со изградба на инсталацијата за селектирање на отпадот, изведување зафати на депонијата за исполнување на ЕУ-стандардите. Освен рехабилитација на депонијата и процесирање на отпадот што подразбира инсталирање систем за селектирање на отпадот, инвеститорот ќе треба да вложи и во создавање услови за депонирање неопасен и инертен отпад, за механички и биолошки третман на отпадот, како и да инсталира станица за пречистување на отпадните води.

„Придобивките од јавното приватно партнерство ќе бидат повеќекратни, и за граѓаните и за нас како претпријатие. Отпадот ќе се селектира, а од него ќе може да се црпи депонискиот гас (метан) за производство на електрична и топлинска енергија. Со оглед на квалитетот на заинтересираните фирми, очекуваме осовременета депонија да стане една од најдобрите депонии во регионов“, проценува Горан Ангелов, директор на ЈП „Дрисла“. Тој вели дека вредноста на јавното приватно партнерство е проектирана на 82 милиона евра. Колкави понуди ќе понудат заинтересираните ќе се знае најдоцна летово, до кога истекуваат законските рокови на постапката за избор на партнер. Депонијата се очекува да биде осовремена до крајот на 2015 година, а партнерот ќе добие можност за концесија на 35 години. Според Ангелов, современата депонија и големата инвестиција за нејзино создавање нема да значи дека ќе се покачат и цените на услугите што ги дава „Дрисла“ за депонирање отпад на ЈП „Комунална хигиена“ и останатите субјекти. Се очекува тие да останат во слични рамки како и сегашните, но, сепак, последен збор во формирањето на цената ќе го има Советот на Град Скопје.

Инаку, депонијата „Дрисла“ е изградена пред дваесетина година, годишно акумулира околу 150 илјади тони отпад и досега е исполнета една третина од нејзиниот капацитет.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=6B0CB0C47F188048A81313CA29031E83
Back to Top
OCB View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: 54
Online Status: Offline
Posts: 921
  Quote OCB Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 03-Feb-2012 at 15:03


Заложбите за почист град од страна на градоначалникот Трајановски се за пофалба! Пред почетокот на неговиот мандат кон крајот на 2009, во Скопје имало само 9 возила за собирање на смет. Со најновата набавка на почетокот во 2012 има 49. 40 нови возила за нешто повеќе од 2 години. Секоја чест.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 03-Feb-2012 at 14:38
НОВИ МЕТЛАРКИ ЗА ЧИСТЕЊЕ НА КОЛОВОЗИТЕ И КАМИОНИ ЗА СОБИРАЊЕ СМЕТ


Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, претседателот на Советот на Град Скопје, Ирена Мишева, и директорот на ЈП „Комунална хигиена“, Ракип Дочи “, денеска /03.02.2012 година/ ги промовираа новите две специјализирани возила за чистење на коловозите- метларки и 5 мали камиони за собирање смет за ЈП „Комунална хигиена“.


- Градот Скопје за потребите на ЈП„Комунална хигиена“ набави две нови возила – метларки коишто ќе се користат за чистење на коловозите на улиците низ градот. За набавка на овие возила од Буџетот на Градот се издвоени околу 18 милиони денари. Од 2009 година до сега за потребите на ова јавно претпријатие Градот има набавено 40 нови возила, со што значително е подновен возниот парк на претпријатието и е подобрена општата хигиена во градот - изјави Градоначалникот Трајановски.

Новите возила, метларки се од марката DUREVO, тип 5011 SWEEPER, со работна зафатнина од 4,485 кубни метри, а се произведени 2011 година. Шасијата на возилата е произведена во Италија, а надградбата е на Атриц –Словенија.

Малите  камиони за собирање смет од тесните улички, односно во делови од населбите каде што големите камиони имаат отежнат или воопшто немаат пристап поради конфигурацијата на теренот,  се од категоријата N2 – товарно возило, со капацитет од 5 кубни метри, со вграден систем од задната страна за подигнување и празнење на садови за отпад со капацитет од 1, 1 кубни метри (контејнери) или истовремено подигање и празнење 2 типски канти од 120 литри.

Петте мали камиони за собирање смет јавното претпријатие  „Комунална хигиена“ ги набави од сопствени средства.











http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=4803&mid=482&tabId=&tabindex=0

Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 28-Nov-2011 at 01:47

„Дрисла“ избира меѓу две понуди за нова печка

Постојниот инцинератор, кој е донација од Велика Британија и е стар повеќе од 30 години, ќе се исфрли целосно од употреба

ЈП „Дрисла“ идната недела ќе одлучи дали и која понуда ќе ја одбере од двете доставени за купување нова печка за уништување медицински отпад. Тогаш ќе се знае колку претпријатието ќе треба да плати за нова печка, колкав капацитет на согорување ќе има, како и други технички карактеристики.

„Имаме две понуди за печката за согорување медицински отпад. Конечна одлука од понудите што се отворија минатата недела се' уште нема, се прави нивна евалуација. Најверојатно, во текот на идната недела ќе донесеме решение за избор на најповолен понудувач“, информираат од „Дрисла“.

Новата печка ќе ги задоволува строгите еколошки параметри за емисија на гасови, со што ќе бидат исполнети барањата утврдени во Европската директива за согорување отпад. Согласно со критериумите во тендерот, новата печка ќе има капацитет три пати поголем од сегашната, или околу 1.600 тони на годишно ниво.

Постојната, пак, целосно ќе се исфрли од употреба, оти е стара повеќе од 30 години и едвај е функционална. ЈП „Дрисла“ ќе го купи новиот инцинератор на кредит, одлука за која неодамна доби согласност и од Советот на Скопје. Надлежните очекуваат дека за неа ќе треба да платат околу три милиони евра. Инаку, нов инцинератор на „Дрисла“ и' е потребен уште од поодамна. Печката, која се користи од 2000 година и е добиена како донација од Велика Британија, едвај ги задоволува потребите на депонијата. Таа освен што е веќе 11 години кај нас, претходно 20 години се користела и во Англија. (Дс.Т.)

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=D6E14FA448492842BBC86186ADEB8D61
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 08-Nov-2011 at 15:16

Првата регионална депонија во завршна фаза

Проектот за изградба на првата регионална депонија во државата влегува во третата завршна фаза.

Трите австриски и една италијанска компанија кои останаа во трката за концесионер на депонијата во ова фаза треба да го добијат модел договорот за концесијата во кој ќе бидат специфицирани сите барања на десетте општини од југоисточниот плански регион.

- Ние како министерство односно како Влада на Република Македонија сме многу заинтересирани овој проект да биде успешен бидејки е прв во Македонија и другите региони после можат да го следат примерот на Југоисточниот плански регион - рече министерот за животна средина и просторно планирање Абдулаким Адеми.

Врз основа на сето тоа што ке биде утврдено во тендерската документација потенцијалните концесионери ќе ги дадат своите финални понуди кои ке бидат и одлучувачки за изборот на концесионерот кој треба да се случи најдоцна до 1 март идната година.

- Се правиме да се плати помала цена а да добиеме квалитет. Тоа ни е основата и сите треба да се водиме од ова,посебно бидејќи сме први, пилот што значи во нашата држава нема такви искуства досега - рече Стојан Лазарев, претседател на совет на градоначалници на ЈИ плански регион.

Регионалната депонија во струмичко ке биде изградена на површина од 12 хектари и ке чини над 20 милиони евра.

Во периодот на експлоатација кој ќе трае 25 години треба да се депонира околу 1.200.000 метри кубни цврст отпад од вкупно десет општини од југоисточниот плански регион.

http://www.sitel.com.mk/dnevnik/biznis/prvata-regionalna-deponija-vo-zavrshna-faza
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4077
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 02-Nov-2011 at 15:01
ЈП “Комуналец” набавува камиони за собирање на отпадоци
komunalec_truck_t.jpg01.11.2011
Камионот за собирање на отпадоци кој пристигна деновие од Германија, со вредност од 15 илјади евра, е првиот од 3 или 4 камиони со кои ќе се снабди ЈП “Комуналец“.

 “Деновиве пристигна првиот камион за собирање на отпадоци, а наскоро ќе набавиме уште 2 или 3 други, односно за обновување на возниот парк на претпријатието ќе потрошиме до 2,5 милиони денари, средства од буџетот на Општина Гостивар“, информира Куртиш Салија, директор на претпријатието.

ЈП “Комуналец“ деновиве започна со акцијата за собирање на листовите и со сечење на сувите гранки во разни делови од градот. “Во моментов повеѓе сме концентрирани во населба Малеарди, каде што ги чистиме листовите и ги сечеме гранките од дрвјата на кои им заминал периодот на вегетација“, истакнува Салија.

Од ова претпријатие, исто така информираат дека со средства обезбедени од општинскиот буџет, при крај е изградбата на колекторот за отпадни води во село Форино, изградбата на канализација во село Равен и еден крак од улица во населба Питарница. Изградбата на канализација деновиве заврши во една улица во населба Питарница, а започната е и изградбата на канализација во Горна Бањица.

komunalec_truck_1.jpg
komunalec_truck_2.jpg
http://www.gostivari.gov.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=1077&Itemid=1
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 26-Sep-2011 at 10:55

Североисточниот регион од ѓубре ќе прави струја

 Општините Куманово, Крива Паланка, Кратово, Старо Нагоричане, Ранковце и Липково, проблемот со цврстио отпад ќе го решаваат со палење. Во една од општините ќе се изгради специјален објект со печки за палење на сметот, а од негово согорување ќе се добива електрична енергија.

Североисточниот%20регион%20од%20ѓубре%20ќе%20прави%20струја

Проектот ќе биде реализиран по чешко искуство, од каде се заинтересирани да инвестираат 150 милиони евра во три региони во државата.

Овој начин на справување со цврс отпад е по ефикасен,а има и доходовна страна. На годишно ниво ќе се уништува 80 илјади тони смет, од што ќе добиваме околу 10 мегават часови електрична енергија. Така ќе ја збогатиме енергетската моќ на овој регион.  Уште не сме ја дефинирале локацијата каде ќе се гради објектот, но најверојтно тоа ќе биде во Куманово, затоа што имаме најмногу смет во однос на другите општини, а ќе може печката да се приклучи на гас- вели градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски.

Сметот пред преработката нема да се селектира, туку директно оди во бункерите и се пали, а потоа од него со магнети се вади металот како суровина.Немало еколошки импликации, бидејќи во Прага се наоѓала во центарот на градот.

До крајот на октомври треба да пристигне делегација од Чешка, која ќе потпише договорот за изработка на студијата, која чини околу 250 илјади евра. Половина од сретствата ќе го обезбедат општините од Североисточниот регион, а останате чешкиот партнер.

Новото решение за справување на цврстиот отпад во Свероисточниот регион уследи откако општините со години наназад не можат да се договорат на чија територија да се гради санитарна депонија.

http://www.kumanovonews.com/vesti/vesti/severoistocniot-region-od-djubre-ce-pravi-struja.html
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 19-Sep-2011 at 11:19

17 компании сакаат да инвестираат во Дрисла

Ивана Колева
17%20компании%20сакаат%20да%20инвестираат%20во%20Дрисла%20

Поради лошата инфраструктура и недостигот од пари, ќе се бара приватен содружник во Дрисла на период до 35 години. Се очекува тој партнер да инвестира 82 милиони евра и да ја направи депонијата европска


Седумнаесет компании од Австрија, Германија, Кина, САД, Канада, Италија и Шведска досега официјално ја посетиле скопската депонија Дрисла. Причина за тоа е што градот Скопје бара нов приватен содружник, со кој ќе се основа друштво за ограничена одговорност, кое ќе добие концесија за управување со отпадот во депонијата во рок до 35 години. Градот Скопје ќе бара од приватниот содружник да инвестира со цел Дрисла да работи во согласност со европските стандарди и регулативи.

Поради лошата инфраструктура на депонијата, која се наоѓа на 14 километри од центарот на главниот град, се бара приватен инвеститор кој ќе го подобри работењето на депонијата, за што се проценува дека се потребни 82 милиони евра.

“Досега во Дрисла се инвестирани околу 10 милиони евра. Но, за исполнување на новите проекти се потребни уште 82 милиони, кои треба да ги обезбеди приватниот содружник. Најважно е новиот партнер, барем на почетокот, да понуди исти цени за услугите, иако не е исклучена можноста во иднина тие да растат поради инвестициите и движењето на цените на енергенсите на светските берзи“, вели Горан Ангелов, генерален директор на ЈП Депонија Дрисла.

За него е значајно и колкав процент од ДОО ќе поседува градот Скопје.

“Интересот за наоѓање приватен содружник со кој ќе се постигне договор за концесија е голем, а очекуваме во иднина да продолжи да расте. Досега 17 компании од Австрија, Германија, Кина, САД, Канада, Италија и Шведска дојдоа во официјална посета на Дрисла и се надеваме дека ќе избереме партнер кој на граѓаните ќе им ги понуди условите кои најмногу им одговараат“, вели Ангелов.

Во моментов на депонијата нема доволно инфраструктура, нема постројка за селекција на отпад, не постои систем за прибирање на исцедокот и гасот, а голем дел од отпадот останува непокриен. Санитарната депонија Дрисла е во функција 24 часа дневно, 365 дена во годината. ЈП Депонија Дрисла се класифицира како мало или микропретпријатие, а лани имало 125 вработени. Добивката на Дрисла за 2010 година изнесува 665.485 евра, а 17% од приходите се донација или субвенција од градот Скопје.

Ангелов вели дека главно ќе се фокусираат на запечатување на старата депонија и изградба на нова и пософистицирана. Во моментов од најголем интерес е да се изгради станица за прочистување на отпадните води кои се слеваат во депонијата. Англиска фирма специјализирана за изработка на студии за управување со отпад изработила таква студија - за најоптималната технологија која треба да се примени. Треба да се набават повеќе нови постројки - за селекција на отпад, за третман на отпад и на градежниот шут. ЈП Депонија Дрисла е единственото претпријатие во земјата кое врши собирање, транспорт и согорување на медицински отпад.

ШТО ЗНАЧИ РАБОТА ПОД КОНЦЕСИЈА?

Моделот на концесија е еден од најпознатите модели на јавно-приватно партнерство (ЈПП), кој директно ги поврзува приватниот партнер (концесионер) со крајните корисници на услугите. Приватниот партнер, иако е под контрола на јавниот, ги дава јавните услуги и ги наплаќа од крајните корисници. Во одредени случаи можно е концесионерот да му плаќа на јавниот партнер концесиски надомест. Во други случаи пак, јавниот партнер му плаќа на концесионерот одреден надомест како дополнување за ненаплатениот надомест кој го наплаќа концесионерот од крајните корисници.

Ризикот од вршење на дејноста, по правило, го презема концесионерот, а инфраструктурата изградена од приватниот партнер по истекувањето на договорот се пренесува или останува во сопственост на јавниот партнер. Доделувањето концесија е можно само во случај ако тоа го дозволуваат материјалните закони.

http://www.kapital.com.mk/mk/dneven_vesnik.aspx/73671/17_kompanii_sakaat_da_investiraat_vo_drisla.aspx?iId=2356
Back to Top
theMac3donian View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 30-Mar-2010
Online Status: Offline
Posts: 306
  Quote theMac3donian Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 30-Aug-2011 at 16:52
Општина Гевгелија


ЈПКД Комуналец денеска својот возен парк го збогати со две нови возила за подигање на сметот.



Според зборовите на директорот на ЈПКД Комуналец, Горан Гавриловски, се работи за половни возила марка Мерцедес, вредни 3.600.000 денари, кои претпријатието ги набави со сопствени средства. Градоначалникот Иван Франгов истакна дека, средствата со кои се набавени овие возила за смет, се реинвестирани средства од остварената добивка на

ЈПКД Комуналец, средства од граѓаните, кои им се враќаат на граѓаните и со кои се подобруваат условите за работа на претпријатието, а воедно и квалитетот на извршените услуги во сите населени места во општина Гевгелија.


ИЗВОР (Интернет страница на Општина Гевгелија)

Edited by theMac3donian - 30-Aug-2011 at 16:56
(НУ)МНМБЗДИСМНВИМНЖНКР
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 23-Aug-2011 at 21:59

ОД 2012 ГОДИНА ОД ОТПАДОТ ЌЕ СЕ ДОБИВА СТРУЈА

Дрисла“ од ѓубрето ќе прави пари



По два пропаднати обида на претходните раководства за производство на струја од депонираниот отпад, сегашниот директор Горан Ангелов најавува трет обид и уверува дека ќе биде успешен

За наредната година од јавното претпријатие „Дрисла“ најавуваат “трета среќа“ за воведување на проектот за искористување на ѓубрето за производство на електрична енергија. Во изминативе пет години двајца директори потрошија драгоцено време и пари за овој проект, без работите воопшто да ги помрднат од место. Беа изработени две студии, но тие пропаднаа поради недоволен ангажман на раководствата. 
Сега повторно се актуализира можноста од отпадот во депонијата „Дрисла“ да се произведува електрична енергија. Директорот на депонијата „Дрисла“, Горан Ангелов, вели дека е оптимист дека овој обид ќе биде успешен. Според него, депонискиот гас би почнал да се искористува веќе од наредната година.
- Направена е нова физибилити-студија која предвидува дупчње на 70 бунари во телото на депонијата. Од нив ќе се вади гасот кој потоа ќе се носи во резервоари, а на крај ќе согоруваат во турбини - објасни Ангелов.
Електричната енергија што би се добивала со искористување на метанот од депонијата „Дрисла“, според директорот, би носела приходи од 500.000 евра годишно. Тие средства потоа би се користеле за разни интерни инвестиции. 
Самиот проект, пак, за копање на бунарите и искористување на гасот од распаѓањето на ѓубрето ќе чини меѓу 1,5 и 2 милиона евра. 
Во четврток англиската фирма „Мот Мекдоналд“ треба да им го предаде финалниот проект на Градот и на „Дрисла“, кој е финансиран од ИФЦ - групација која е дел од Светската банка.
- Оваа фирма на Градот му предложи најоптимална технологија која ги задоволува европските директиви, земајќи ја предвид економската моќ на граѓаните од скопскиот регион - нагласи Ангелов. 
Тој потсети дека во време кога била отворена депонијата, за оваа цел имало ископано 40 бунари. Но за време на Косовската криза во 1999 година тие во голема мера биле уништени, објаснува директорот. Од бегалските кампови, во депонијата дополнително се носеле од 600 до 700 тони смет, па поради несоодветната механизација и ракувањето со неа, бунарите биле значително оштетени. 
Произведената електрична енергија, рече тој, потоа ќе се продава на ЕВН, а дел ќе се користи за затоплување на работните простории.
За потсетување, досега имаше два обида за искористување на метанот за производство на струја. Првиот пат беше пред пет години кога јапонската фирма „Шимицу“ беше ангажирана да посочи каква технологија е потребна за да се произведува струја, како и колкаво количество би се добивало од гасот. Во проектот беше вклучена заедно со јапонската влада, но до реализација не дојде. Според директорот, јапонската фирма не ја предала финалната верзија, а една од причините за неуспех е и недоволната заинтересираност на тогашното раководство на јавното претпријатие „Комунална хигиена“. Вториот пат беше за време на директорувањето на Златко Димовски, кога тој најавуваше соработка со италијанска фирма, но и тој обид пропадна. Директорот Ангелов и во овој случај нагласи дека никогаш не дошло до финален проект, само до прелиминарна фаза.

Анела Петрова

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=5435403E8B05C14F8665477B5933F8A9
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4077
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 27-Jul-2011 at 12:02
CheersOdlicno!

Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 27-Jul-2011 at 11:33
ПРОМОВИРАНИ 15 НОВИ КАМИОНИ ЗА ПОДИГАЊЕ КОМУНАЛЕН ОТПАД

Градот Скопје и ЈП „Комунална хигиена“ денеска /27.07.2011 година/ промовираа 15 нови возила за собирање и транспортирање на комуналниот отпад. Новите возила, според резултатите од спроведениот меѓународен јавен повик, се набавени од компанијата “ATRIC D.O.O.” со седиште во Љубљана, Словенија. Средствата за набавка на новите специјални комунални возила во вредност од околу 109.861.000 денари без ДДВ се обезбедени со кредит од Светската банка кон Република Македонија во рамките на „Проектот за подобрување на општинските услуги“, а како подзаем преку Владата на Република Македонија.

На промоцијата на новите камиони за ЈП „Комунална хигиена“ присуствуваа градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и претседателот на Советот на Град Скопје, Ирена Мишева.

Градот Скопје успешно го завршува проектот за доопремување на ЈП „Комунална хигиена“ со нова механизација. Набавивме 35 нови специјални возила за подигање и транспортирање на комуналниот отпад од контејнерите и од пластичните канти, а до крајот на неделава треба да пристигнат уште две метларки. За набавка на нова механизација за „Комунална хигиена“ од 2009 година до денес Градот Скопје инвестираше четири милиони евра. Со ова го остваруваме ветувањето дадено пред граѓаните дека интензивно ќе работиме на подигнување на јавната хигиена во градот и дека граѓаните навистина ќе ја почувствуваат разликата – рече денеска градоначалникот Трајановски.

Спецификацијата на новите возила за ЈП „Комунална хигиена“ е:

Побарано

Понудено

Кол.

Возило за собирање на отпад со капацитет на надградба од 20 м3 за собирање и транспортирање на отпад од садови за отпад со зафатнина од 1,1 м3, 120 l, 5 и 7 м3

ATRIK R2P 20m3 AU AV on chassis Iveco Stralis AD 260S31P

2

Возило за собирање на отпад со надградба со капацитет од 20 м3 за собирање и транспортирање на отпад од садови за отпад со зафатнина од 1,1 м3 и 120 l

ATRIK R2P 20m3 AU on chassis Iveco Stralis AD 260S31P

3

Возило за собирање на отпад со капацитет на надградба од 16 м3 за собирање и транспортирање на отпад од садови за отпад со зафатнина од 1,1 м3 и 120 l

ATRIK R2P 16 m3 AU on chaqssis Iveco Eurocargo ML190EL25

3

Возило за собирање на отпад со капацитет на надградба од 8 м3 за собирање и транспортирање на отпад од садови за отпад со зафатнина од 1,1 м3 и 120 l

ATRIK MS2 8m3 AU on chassis Iveco Eurocargo ML100E10

5

Специјално комунално возило – Самоподигнувач за подигнување и транспортирање на садови за отпад со зафатнина од 5 и 7 m3 

ATRIK SN 83 T on chassis Iveco Eurocargo ML150E18

2

Специјално комунално возило – Метлачка за метење на јавни сообраќајни површини со капацитет на собирниот сандак од 5 m3

DULEVO 5000 Evolution

2

Со набавката на новите специјални комунални возила значително ќе се подобри јавната хигиена во градот, ќе се зголемат капацитетите за собирање и транспортирање на отпадот во Скопје, ќе се овозможи проширување на услугата на јавното претпријатие во руралните делови на општините и ќе се исполнат еколошките стандарди - намалување на емисијата на штетни гасови и заштита на животната средина.

 


http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=4396&mid=482&tabId=&tabindex=0
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 8>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.156 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.