build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Депонии и комунална механизација

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <12345 8>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #41 Posted: 12-Nov-2008 at 23:38

Здравствените установи несоодветно постапуваат со медицинскиот отпад

Речиси половина од регистрираните ординации не ја користат услугата на „Комунална“ за горење на отпадот

Речиси половина од приватните здравствени установи не ја користат услугата на ЈП „Комунална хигиена“ за соодветно третирање на медицинскиот отпад. Според податоците на претпријатието, од 547 ординации дури 260 воопшто не побарале интервенција, што практично значи дека искористениот санитетски материјал го исфрлаат несоодветно, и тоа најчесто во обичните контејнери. Состојбата е речиси алармантна имајќи предвид дека несоодветното постапување со искористениот санитетски материјал може да предизвика разни епидемии, загадувања на животната средина.

Дека медицинскиот отпад не се третира правилно, доказ се и последните испитувања што ги направила „Комунална“ за да го утврди составот на собраниот смет. Притоа, биле регистрирани искористени шприцеви, стари лекови, завои, фластери...

„Од регистрираните приватни здравствени установи, 30 воопшто не постојат. Планираме да извршиме целосна анализа на теренот и за актуелната состојба да им укажеме на државните инспекциски органи како би ги санкционирале несовесните сопственици на ординациите“, велат од комуналното претпријатие.

Постојат ординации кои пред повеќе години имаат склучено договор со „Комунална“, но досега само неколку пати побарале санитетскиот искористен материјал да им биде подигнат и соодветно третиран. „Договорите им служат единствено само за да бидат ’чисти‘ пред инспекторите“, додаваат комуналците.

Инаку, „Комунална“ е единствен субјект кој нуди можност за легално третирање на отпадот. Само за 385 денари претпријатието организирано го собира, а во таа цена е вклучена и безбедносната кутија што им се дава на ординациите во која може да се складира отпад до пет килограми, кој потоа се гори во инсцелераторот на „Дрисла“. (Дс.Т.)



http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=00EC507865851240AADB7C071912044F
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #42 Posted: 12-Nov-2008 at 23:38

Депонијата Дрисла под видеонадзор

Седум покриени камери се поставени во депонијата Дрисла. Со нив се набљудуваат вработените, но и камионите што влегуваат со стока со изминат рок.

- Имало случаи кога камионот влегува полн за да ја поништи стоката што ја носи, но и излегува полн, со цел да препродава, образложи Златко Димовски, директор на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“, во чија надлежност е депонијата.Во Дрисла доаѓаат во просек 83 камиони дневно, од кои 68 се на „Комунална хигиена“, а дневно се носи вкупно 495 тони смет.



http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=8BAC34C9D9E28543B623C84AE49071A8
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #43 Posted: 01-Dec-2008 at 11:50
Извини овој_стариов али ми тргна со Прилеп денес LOL
 
Иначе пред некое време ги зборевме овие контејнери на педаља, еве како изгледаат (колку време само ли ќе траат)
 
 
 

Годинава Локалната самоуправа и ЈКП „Комуналец“ во градов инсталираа 100 нови контејнери од 1 метар кубен за мешан отпад и 18 контејнери од 5 метри кубни, така наречени подигачи. Со проектот Пет инсталирани се 90 контејнери за пет амбалажа или само годинава во градов се поставени над 200 нови контејнери, со што во целост е инсталирана комунална инфраструктура.

 
 
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #44 Posted: 01-Dec-2008 at 15:07
Ромите ќе бидат одушевени ако се наменети само за PET, а како и се друго ќе му најдат крај, прво самите „хигиеничари“ а потоа и рајата.
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #45 Posted: 04-Dec-2008 at 01:17

„Комунална“ напролет ќе се поднови со шест камиони

Напролет возниот парк на „Комунална хигиена“ конечно ќе биде проширен со нови камиони за подигање контејнери. Станува збор за шест возила кои претпријатието ќе ги набави на лизинг. Директорот Златко Димовски најави дека на 15 овој месец ќе се отворат доставените понуди за набавка на возилата.

„Доколку никој не поднесе жалба, според сите утврдените рокови, најдоцна до април новите камиони ќе бидат ставени во функција. Сметаме дека со нивното вклучување во возниот парк значително ќе се зголеми квантитетот и квалитетот на подигање на сметот од контејнерите“, вели директорот на комуналното претпријатие, кој потенцира дека набавката на возилата нема да претставува финансиски товар на претпријатието. Подновата на возниот парк ќе чини околу еден милион евра.

Инаку, ова е втор обид на „Комунална хигиена“ да купи нови возила. Во првиот, на кој биле пријавени пет заинтересирани фирми, тендерот беше поништен откако една од фирмите-учеснички поднесе жалба која беше прифатена од надлежната комисија.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=D23C349B8940694CAD848F9FD6BA8969

Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #46 Posted: 06-Dec-2008 at 23:04

Комунална хигиена нема нафта

Комунална хигиена од утре нема да го собира ѓубрето во Скопје – градското јавно претпријатие не може да набави дизел гориво за возилата. Ќе се интервенира само во болниците, градинките, училиштата.

„Имаме резерви само за денеска од утре недела и понеделник нема да подигаме смет бидејќи немаме нафта за да ја извршуваме оперативната програма. “, рече Златко Димовски, директор на ЈП „Комунална хигиена“ Скопје.

Пред два дена Макпетрол ги известил надлежните од комунална хигиена дека не е во можност да ги снабдува со потребното гориво. Од јавното претпријатие преку градот веќе побарале интервенција од државните стокови резерви.

„Апелираме до Владата, ако трае кризата со нафта да бидеме на листата на приоритети на бирото за стокови резерви за прераспределба на гориво.“

Директорката на бирото за стокови резерви Гордана Ивановиќ ни рече дека е во странство и дека не е запознаена со случајот – ако Владата побарала, тие ќе интервенирале.

Додека не се реши проблемот со снабдување со нафта од комунална хигиена апелираат до граѓаните да се воздржат во одлагањето на сметот и да се придржуваат до комуналниот ред.

Инаку, проблемот со дизел горивото е поширок – веќе неколку дена на најголем дел од пумпите на Макпетрол не се точи дизел – така е и денеска. Поради хаваријата која пред извесно време се случи во ОКТА, рафинеријата ја редуцираше испораката на дизел – нема прецизен рок во кој може да се очекува нормализирање на производството и на испораката. Макпетрол преку увоз на дизел се обидува да го реши проблемот, но поради долгите транспортни процедури, снабдувањето со дизел е нередовно и недоволно да ги задоволи сите потреби.

Автор: Бранка Чочковска http://www.kanal5.com.mk/ShowNews.aspx?ItemID=42283&mid=1500&tabId=1&tabindex=0

И ова го дочекавме


Edited by Vladimir P - 06-Dec-2008 at 23:06
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
Б.Ѓ.Т View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 15-Nov-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 311
  Quote Б.Ѓ.Т Quote  Post ReplyReply #47 Posted: 07-Dec-2008 at 00:34
e uste ova trebaseBig%20smile i onaka ne go sobiraat dzubreto na vreme a sea ima da se udavimeLOL
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #48 Posted: 29-Dec-2008 at 00:20
Англичани ќе инвестираат во регионална депонија

Реализацијата е неизвесна поради страв од загадување на животната средина

ШТИП - Англиската групација „Вирвољ“ е подготвена да инвестира 30 милиони евра во изградба на најсовремена регионална депонија во источниот дел на земјава. Во оваа современа фабрика отпадоците би се претворале во топлинска енергија која може да се користи за греење станови. Сепак, реализацијата е неизвесна поради страв од загадување на животната средина. Ниту една општина од Брегалничкиот регион не сака депонија на свое подрачје, па затоа и не е избрана локација.

Идејата за проектот „Регионална депонија“ кај локалните власти на Штип, пред новогодишните празници ја образложи директорот на англиската групација, Крис Прат. Тој појасни дека ја имале предвид студијата која за регионалната депонија, која своевремено ја подготвиле општините од истокот.

„Ние сме конгломерат од повеќе фирми кои го здружија капиталот и знаењето во рециклажа на отпадот. Слични инвестиции реализиравме во Англија, Франција, Шпанија. Наша цел е да ја елиминираме концентрацијата на секаков вид отпад и, секако, од тоа да правиме профит. Тука го гледаме двостраниот интерес - општините да се ослободат од отпадот, а ние да произведуваме чиста енергија од отпад“, изјави Крис Прат.

Првиот човек на „Вирвољ“ потенцира дека депонијата е, всушност, најсовремена фабрика за трансформација на сите видови отпадоци во топлинска енергија. Услов за да се гради таков капацитет е регионот да има отпадок од 150.000 тони на годишно ниво. Брегалничкиот регион го исполнува тој услов. Прат вели дека топлинската енергија ќе може да се употребува за затоплување станбени и деловни објекти.

„Подготвени сме проектот да го реализираме како јавно-приватно партнерство. Наша обврска ќе биде целосно да го финансираме проектот, а општините да обезбедат услови за собирање и транспортирање на отпадот", потенцира Прат.

Според него, депонијата ништо и никого не загадува, а просторот околу неа ќе личел на цветна градина. "Вирвољ" имала готов проект и во оваа работа сакала да инвестира 30 милиони евра.

„Станува збор за успешно менаџирање со отпадот, нешто што во светот во кој свеста еколошки се' повеќе се развива е од поголемо значење. Во таа смисла ние сме подготвени да работиме со регионот и Општина Штип како негов центар", вели Крис Прат.

Сепак, тука има еден голем проблем. Имено, општините од регионот цели пет години не можат да се договорат каде да биде депонијата. Имаше повеќе локации, последната во Општина Карбинци, но таму се побуни населението. Всушност, регионалната депонија никој не ја сака во својот атар. И тоа се' поради фактот што населението нема информации за каков вид депонија станува збор, а смета дека тоа е извор на големо загадување.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=53E4CFB5E9CB954D883006E7B636CEEA

Уффффффф...................... Ај да ми легне материјалов, па ќе дадам мислење у некој од наредниве денови.....
Back to Top
Б.Ѓ.Т View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 15-Nov-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 311
  Quote Б.Ѓ.Т Quote  Post ReplyReply #49 Posted: 29-Dec-2008 at 10:28
Всушност, регионалната депонија никој не ја сака во својот атар. И тоа се' поради фактот што населението нема информации за каков вид депонија станува збор, а смета дека тоа е извор на големо загадување.


pa neka zemat neka objasnat na naselenieto za sto stanuva zbor,neka se angaziraat malce,neka izvadat nekoe proektce kako bi izgledalo seto toa,vaka samo koga ke se kaze ke se gradi deponija i ja bi bil protiv zasto nie znaeme za nashive deponii kako izgledaat i deka se zagaduva na veliko a da ti bide deponija pod nos i ne e mala rabota.a ako bide cvetna gradina Laugh kako sto pisuva togash vo red e,spored ova sto go pisuva mislam deka e super i ne bi trebalo da se ispusti vakva prilika....Thumbs%20Up
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #50 Posted: 26-Jan-2009 at 01:38
Градот со милион евра ќе ја извлекува „Комунална“ од криза

Советот на Скопје на седница в среда треба да даде зелено светло за субвенцијата

„Комунална хигиена“ ќе добие 1 милион евра субвенции од Градот Скопје. Парите ќе бидат наменети за покривање на дел од долговите на јавното претпријатие, но и за подновување на возниот пар.

Одлуката за субвенционирање на „Комунална хигиена“ ќе се најде на дневен ред на првата седница на Советот на Скопје. Пред два месеца, градските советници не се согласија да ја зголемат цената на ѓубрарината и покрај барањата од комуналците и од градоначалникот Трифун Костовски. Тоа, според одговорните во јавното претпријатие, дополнително ја отежнува и онака лошата состојба во која се наоѓа, особено поради големите долгови по основа на ДДВ.

Доколку ја добие субвенцијата од Градот, „Комунална“ ќе се ослободи од дел од долгот и ќе набави нови возила за собирање смет.

„Во случај одлуката за субвенционирање да помине на седницата на Советот в среда, средствата ќе треба да ги искористиме исклучиво наменски, за набавка на нови возила и отплата на дел од долгот по основа на ДДВ. Засега не можам да кажам за колку и за какви возила и колкав долг би отплатиле, тие калкулации ќе се прават доколку Советот даде зелено светло за предлогот“, вели директорот на „Комунална хигиена“, Златко Димовски, нагласувајќи дека ова ќе биде прв пат Градот да даде субвенции за ова јавно претпријатие.

Димовски се надева дека меѓу советниците има расположение да гласаат за предлогот, бидејќи се свесни за состојбите во кои се наоѓа јавното претпријатие, особено откако не дозволија покачување на цената на ѓубрарината. Субвенционирањето, смета Димовски, сепак, претставува една можност да и' се помогне на „Комунална хигиена“ да се извлече од тешката ситуација.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=0AF3B30DE65F914DB5C0A968524CCE2A
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #51 Posted: 23-Apr-2009 at 08:52

6 нови камиони за собирање на ѓубрето

Деновиве е потпишан договор со фирмата "Ресор Ниш", која најдоцна за два месеца треба да ги испорача возилата на претпријатието

Летово возниот парк на ЈП"Комунална хигиена" ќе се обнови со шест нови камиони за собирање на ѓубрето од контејнерите. Деновиве е потпишан договор со фирмата "Ресор Ниш", која најдоцна за два месеца треба да ги испорача возилата. Станува збор за камиони од марката "ивеко", кои претпријатието ќе ги плаќа на лизинг на пет години.
"Месечната рата е 500 000 денари. Камионите се најнова технологија и во голема мера со нив ќе се подобри собирањето на ѓубрето низ градот. И на овие камиони ќе биде вграден ГПС систем, односно ќе можеме компјутерски да го следиме нивното движење и да имаме преглед во колку часот и на која локација одреден камион го собира ѓубрето", вели Златко Димовски, директор на ЈП"Комунална хигиена".
Последен пат нови возила биле набавени пред седум години. Камионите со кои сега се собира ѓубрето низ улиците се со просечна старост од 25 години. Поради тоа камионите постојано се расипуваат и се случува сред собирање ѓубре да престанат да работат.

http://www.vest.com.mk/?ItemID=7E0B7770CB884641B369B57BDCEB47AD
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #52 Posted: 06-Jul-2009 at 20:20
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ТРАЈАНОВСКИ СО ПРЕДЛОГ ДО СОВЕТОТ НА СКОПЈЕ
„Дрисла“ повторно ќе стане јавно претпријатие

Роза Петкова

Депонијата „Дрисла“ повторно ќе стане посебно јавно претпријатие кое самостојно ќе ја врши дејноста што досега ја спроведуваше како дел од „Комунална хигиена“. Ова се предвидува во предлог-одлуката која до Советот на град Скопје ја достави градоначалникот Коце Трајановски, а трансформацијата на „Дрисла“ во посебен правен субјект е еден од проектите зацртани во неговата програма за работа. Претпријатието ќе се формира со почетен капитал од 2.500 евра, издвоени од градскиот буџет, и во него ќе се префрлат целиот имот и средствата од постојната депонија. ЈП „Дрисла“ ќе биде во сопственост на Градот и во него ќе преминат дел од работниците на „Комунална хигиена“, кои и досега беа ангажирани за работи поврзани со депонирање на отпадот. Ќе се финансира од парите собрани преку цената за извршената услуга, од буџетот на Скопје и од други средства. Според градските власти, претпријатието ќе се основа со цел ѓубрето да се депонира организирано и потоа квалитетно да се обработи, а сето тоа да го прави единствен економски и технолошки систем. - На ваков начин трајно, уредно и квалитетно ќе се задоволат потребите на корисниците на услугите, ќе добиеме поголема организација и ефикасност во работата, поголема искористеност на работната сила, стручниот потенцијал и механизација и повеќе можности за настап на пазарот и за кредити “ се вели во одлуката на градоначалникот. Претпријатието ќе има свој директор, управен одбор и одбор за контрола на материјално-финансиското работење. Додека да се донесе статутот за работа и да се именуваат органите на управување, со него ќе раководи Бранко Николовски, вршител на должноста директор. Депонијата се простира на површина од 76 хектари, од кои на 55 хектари е сместен целиот депониски простор со капацитет од 26 милиони кубни метри. Во рамките на „Дрисла“ се наоѓа и инсенератор, специјалната печка за согорување медицински отпад, во која годишно се согорува речиси 400.000 килограми опасен материјал. На овој простор е предвидена изградба и на таканаречената гробница за животни. Всушност, станува збор за јама во која ќе се фрлаат мршите од еутаназираните или умрени улични кучиња. Депонијата до 2003 година функционираше како посебно претпријатие, а потоа стана дел од „Комунална хигиена“.



http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=1749&ArticleID=117152
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #53 Posted: 06-Jul-2009 at 23:31
Мислам дека стопанисувањето со отпадот е уште една точка од градот каде што градот гледа некаков евентуален профит, а всушност не воочуваат дека не се моќни ништо да направат. Нешто слично како езеро Треска, како Луна Парк и слично, односно очајно барање извори на средства. Сметам дека треба што побрзо да се даде можност на приватни фирми да градат рецилажни комбинати во близина на депонијава, а градот да добива некој процент од произведената суровина, односно некое приватно-јавно партнерство каде што градот ја снабдува сурвината, а приватна фирма произвдува рециклирна суровина што може понатака да се вклучи одново во производство.
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #54 Posted: 06-Jul-2009 at 23:35
Една вест која ми ја повери еден кој се бави многу години со рециклирање на PET амбалажа.

Вели со денешнава цена на нафтата не се исплати да се рециклира пластиката, поефтина е да се увезе !!??

Изгледа затоа се полни нашите контејнери со пластични шишиња


Edited by Vladimir P - 06-Jul-2009 at 23:36
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #55 Posted: 06-Jul-2009 at 23:39
За некоја деценија ќе биде далеку поефтино да се рециклира одколку да се рафинира од нафта, па тогаш и ќе ги откопуваме старите шишиња што сме ги фрлале со децении уназад.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #56 Posted: 09-Jul-2009 at 12:29
 

Нова преса во рециклажниот двор на „Комунална хигиена“

Пресата ќе придонесе за поефикасна и побрза работа на пластичниот отпад, истакна Катерина Лаова, портпаролката на јавното претпријатие „Комунална хигиена“

%20
Новата хидраулична преса, која ја набавија градските власти и јавното претпријатие „Комунална хигиена“, ќе придонесе за подобра ефикасност на селекцијата на отпадот, со која ќе се врши балирање на собраната пластика.

Катерина Лаова, портпаролката на ЈП „Комунална хигиена“, вели дека обуката на вработените завршила и веќе било почнато со работа со машината.

- Со старата преса се правеа бали од 30 килограми. Таа беше од многу постара технологија. Новата е половна, но многу пофункционална. Пластиката побрзо ќе се балира и обработената пластика нема да зафаќа голем простор - истакна Лаова.

Современата преса е набавена од компанијата „Грин тек“ и е со поголем капацитет и пософистицирана технологија од сегашната. Со неа ќе се прават бали од 50 килограми, што ќе придонесе за скратување на времето за изработка на една бала, а ќе се зголеми и количеството на предадената пластика за понатамошна обработка. Со тоа ќе се зголеми и количеството на собраната ПЕТ-амбалажа од жичените контејнери и домаќинствата.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=7991040494&id=14&prilog=0&setIzdanie=21733
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #57 Posted: 09-Jul-2009 at 14:11
Previous  Можеше да биде и оваков наслов

Нови технологии во Македонија


Новата хидраулична преса, која ја набавија градските власти и јавното претпријатие „Комунална хигиена“, ќе придонесе за подобра ефикасност на селекцијата на отпадот, со која ќе се врши балирање на собраната пластика.

Како може преса да ја подобри селекцијата ??
Катерина Лаова, портпаролката на ЈП „Комунална хигиена“, вели дека обуката на вработените завршила и веќе било почнато со работа со машината.

Замислете вест - во МК има обучени оператори на преса за балирање
- Со старата преса се правеа бали од 30 килограми. Таа беше од многу постара технологија. Новата е половна, но многу пофункционална. Пластиката побрзо ќе се балира и обработената пластика нема да зафаќа голем простор - истакна Лаова.

Незнам дека има брза и спора хидраулика, со таква разлика ?
Современата преса е набавена од компанијата „Грин тек“ и е со поголем капацитет и пософистицирана технологија од сегашната. Со неа ќе се прават бали од 50 килограми, што ќе придонесе за скратување на времето за изработка на една бала, а ќе се зголеми и количеството на предадената пластика за понатамошна обработка. Со тоа ќе се зголеми и количеството на собраната ПЕТ-амбалажа од жичените контејнери и домаќинствата.

Софистицирана технологија - Преса ??
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #58 Posted: 16-Jul-2009 at 04:10

Канадски инвеститори го сакаат метанот од Дрисла

Странски инвеститори од Канада и од други земји се заинтересирани за вложување во депонијата Дрисла за искористување на гасот метан, информира градоначалникот Коце Трајановски. Но, претходно, рече тој, „Дрисла“ мора да се оддели од „Комунална хигиена“ и да функционира како самостојно претпријатие, како што беше и до пред шест години.

Точката за осамостојување на депонијата „Дрисла“ на последната седница на Советот беше тргната од дневен ред поради дополнителни анализи. Градоначалникот Трајановски рече дека примарна работа на комуналците е да собираат ѓубре и притоа да не размислуваат за технолошки вложувања во депонијата и во неа не гледаат вносен бизнис.

- Цевките за метан сега во депонијата се затнати, а нема ни селекција на отпадот. Мора да се вложува во депонијата - изјави градоначалникот.

Дрисла е единствената санитарна депонија за комунален отпад во Македонија. Се очекува со осамостојувањето таа да работи поквалитетно, односно подобро да се организираат собирањето, обработката и депонирањето на цврстиот комунален отпад.

Со претпријатието ќе раководи Градот, а за него за почеток од градската каса се одвоени 2.500 евра во денарска противвредност. Директор на Дрисла ќе биде Бранко Николовски.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=1EB6720ECAAD244ABF3027523A49BD7A

Back to Top
Dragan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2009
Location: Tetovo
Online Status: Offline
Posts: 1171
  Quote Dragan Quote  Post ReplyReply #59 Posted: 15-Aug-2009 at 13:10

SRAMOTA ZA OPSTINA TETOVO ODMA NEKA NAPRAVAT Suicide

Во Тетово се виши планина од смет

Министерот Неџати Јакупи вели дека единствен начин да се реши проблемот е да се склучи договор меѓу полошките општини и регионалната депонија да се издаде под концесија, како што направиле повеќе општини од државава

Тетовските комуналци се закануваат дека ќе го блокираат автопатот кон Гостивар или ќе го депонираат собраниот смет покрај наплатните рампи или во реката Вардар ако во најкус можен рок не се реши проблемот со регионалната депонија во Русино. Кризата ескалира по одлуката на гостиварската локална самоуправа да ја затвори регионалната депонија Русино бидејќи, како што тврдат од таму, била нелегална и не ги задоволувала потребните стандарди. Министерството за животна средина и просторно планирање го осуди ваквиот чин и најави казни за ваквата одлука на општина Гостивар.

Од тетовското комунално претпријатие велат дека немаат избор. Секојдневно, веќе неколку месеци, во близина на автобуската и железничката станица во Тетово, депонираат повеќе од 100 тони смет. Планината од отпад, која секој ден расте, му се заканува на градот со 80 илјади жители. Жителите на Месната заедница „Борис Кидрич“, кои живеаат во близина на железничката станица, стравуваат од ширење на заразни болести. Мачки, кучиња, птици и глодачи што секојдневно се хранат во депонијата се можни преносители на заразни болести.Тетовските комуналци велат дека немаат друга алтернативе освен да го фрлаат сметот кај претоварната станица бидејќи немаат пари да го носат сметот во Дрисла во Скопје, која од Тетово е оддалечена 70 километри.

- Ќе треба да ставиме клуч на претпријатието и да ги пратиме работниците дома. Немаме толку пари за да го носиме сметот во Дрисла. Го известивме министерот Неџати Јакупи дека ни е попречено користењето на регионалната привремена депонија во Русино, но се' уште нема реакција од негова страна. Испративме известување до сите релевантни институции, но нема реакција. Депонијата во Русино може да ја затвори само Министерството, а не локалната самоуправа како што направија гостиварци - вели директорот на ЈКП Тетово, Нуредин Фетаи.Министерот за животна средина Јакупи, вели дека единствен начин да се реши проблемот е да се склучи меѓуопштински меморандум и регионалната депонија да се издаде под концесија како што направиле повеќе општини од државава.

- По заклучок на Комитетот за отпад, со кој раководи премиерот Никола Груевски, им предлагаме и им сугерираме на општините регионалните депонии да се издадат под концесии, а општините, односно јавните комунални претпријатија да основаат меѓуопштинско јавно комунално претпријатие, кое во понатамошна постапка со концесионерот ќе склучи јавно приватно партнерство, со кое ќе овозможиме инвестирање во регионалните депонии и трајно решавање на проблемот со собирањето, селектирањето и депонирањето на отпадот - рече Јакупи. Тој овој модел им го сугерира и на општините од Полог. Предлага општините да склучат меморандум по што Министерството и владата би ги почнале активностите за концесионирање.

- Во сите други региони имаме одлична соработка. Имаме склучено неколку меморандуми за концесионирање. Апелирам до општините во Полог да се вклучат во оваа постапка. Ова е единствен начин да се реши проблемот со сметот. Концесионерот што ќе ја земе депонијата ќе има должност да ги расчисти сите диви депонии - рече Јакупи. Додека градоначланиците од Полог да се договорат и да седнат на заедничка маса, Тетово е принудено да го депонира сметот во своето предградие.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=66574BFC554DD149A8DE643107C9913D

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #60 Posted: 19-Aug-2009 at 04:59

На „Комунална“ и' се расипаа камионите

Во неколку скопски населби дури десетина дена контејнерите се преполни со ѓубре, бидејќи ова јавно претпријатие остана само со дваесетина возила за собирање смет

Во неколку скопски населби дури десетина дена контејнерите се преполни со ѓубре бидејќи Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ остана само со дваесетина возила за собирање смет. Некои ѓорчепетровци залудно апелирале до претпријатието да се собере ѓубрето. Во Општината Ѓорче Петров велат дека не им е познато зошто ЈП „Комунална хигиена“, кое е задолжено за подигање на сметот на нивна територија, цела недела воопшто не поминало во населбата Ѓорче 2.

- Поради големата акција на сите наши екипи и служби, кои вообичаено работат на контрола на излетничките места, тие беа ангажирани за чистење смет по населбите. Не знаеме од кои причини претпријатието цела недела воопшто не го чистело ѓубрето. На овие температури, со толку смет лесно може да се рашират зарази. Населбата смрдеше, а ние изнесовме околу седум камиони ѓубре, вели Момо Николовски, портпарол на Општината.

Од „Комунална хигиена“ велат дека имаат сериозен проблем со камионите за собирање ѓубре зашто се стари и по триесетина години.  За дел од камионите, со замена на деловите се' уште има надеж, но тие што се во функција секако дека не се доволни за да ги задоволат потребите на градот. На терен одат вкупно 23 возила, заедно со камионетите наменети за собирање смет од зелените 120-литарски канти, велат од „Комунална хигиена“.

Градот неодамна одобри набавка на шест нови возила кои треба да се купат на лизинг. Тие треба да се набават од фирмата „Ресор“ од Ниш, која треба да ја изврши и надградбата. Зошто е застаната набавката која досега требаше да се случи, не знаеја да објаснат ниту во претпријатието, ниту во Градот.

- Во април заврши тендерот и во рок од два месеца требаше да пристигнат возилата, но не знам од кои причини се' уште не се тука. Сега знам дека се собираат документите што се потребни за возилата да се купат на лизинг, изјави Катерина Лаова, портпаролка во „Комунална хигиена“.

И граѓаните од населбата Ченто негодуваат зашто кантите и контејнерите десетина дена биле преплавени со ѓубре. Тие велат дека ова лето не е првпат „Комунална“ да го остава ѓубрето несобрано и повеќе од десет дена. Тие неколкупати со претставки реагирале до Општината Гази Баба, незадоволни од ненавремената интервенција на „Комунална хигиена“.

- Имаше реакција на жителите од улицата Коце Металец, во населбата Железарница, каде што сметот се собира во канти. Тие се жалеа за тоа дека камионите на „Комунална хигиена“ не поминуваат според утврдениот термин. Ние како општина помагаме во рамките на нашите можности. Ги исчистивме дивите депонии на улицата Јужноморавски бригади во Камник заедно со „Комунална хигиена“ и ќе асфалтираме џебови на неколку локации на оваа улица, каде што ќе бидат поставени контејнери, изјави Тони Трајковски, градоначалник на Општината Гази Баба. Тој објасни дека и нему од „Комунална хигиена“ му рекле дека немаат доволно камиони и дека тие се постојано во дефект.

- Сметам дека претпријатието требало долгорочно да планира обновување на возниот парк, така што набавката на нови возила би одела постепено, секоја година по неколку. Факт е дека ова претпријатие долг период не набавило нови возила, истакна Трајковски. Иста е состојбата и на територијата на општината Кисела Вода. Општинските власти не се задоволни од работата на „Комунална хигиена“ и од начинот на одржување на хигиената.

- Повеќе жители со претставки се обратија до Општината за тоа дека нивните контејнери и канти се преполни и бараа да се преземат мерки, бидејќи тие не се во состојба повеќе да ја трпат смрдеата од натрупаното ѓубре. Токму од тие причини Општината реши да помогне со самостојно собирање, со тоа што на јавен оглас ја избравме фирмата „Камацо“, која се вклучи во расчистување на дивите депонии во општината, изјави Марјан Спасески, портпарол во Општината Кисела Вода.

Портпаролката во „Комунална хигиена“, Лаова, вели дека со камионите што се во исправна состојба, веќе почнале да го собираат сметот по улицата Социјалистичка зора во Ѓорче Петров, а неделава ќе се чисти на улиците Виа Егнација и Црвени брегови.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=F6C3B6A0A921BA428D5E986513342DA5

Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <12345 8>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.109 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.