build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Депонии и комунална механизација

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 23456 8>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #61 Posted: 16-Sep-2009 at 17:47

Нема договор за локација на идната регионална депонија во југо-источниот дел на Македонија

Нема договор за локација на идната регионална депонија која ќе опслужува 11 општини во источниот дел од земјава. Секој со своите аргументи, градоначалниците и директорите на комуналните претпријатија на денешната работна средба во Штип не попуштија во меѓусебните убедувања за местото на депонијата.

За други како на пример општина Пехчево, прашањето е решено. Било каде само не во нивната општина. ќе се нарушел природниот амбиент кок е магнет за оние кои го сакаат селскиот туризам.

Како советодаватели, странците потсетија на строгите европски критериуми за работа на депонија од регионален тип.

Не е важно каде би била депонијата, но многу е важно крајно внимателно да се менаџира со отпадот, за како не би се почувствувале негативните еко-последици во природата истакна Елизабет Понсое од Француска Агенција за енергетика и екологија.

Лани истите општини изнаоѓаа аргументи за неможноста од лоцирање на регионална депонија кај нив, но кога европејците им ги предочија економските придобивки мислењата веднаш се сменија. Профитот од менаџирање со смет проектирано со можни шест нули е повеќе од примамливо за секој градоначалник.
15.09.2009, 18:03


http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&egId=13&eventId=53317
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #62 Posted: 26-Sep-2009 at 15:25

„Комунална“ ќе се поднови со 6 камиони

Градот Скопје и „Комунална хигиена“ ќе набават шест нови возила за собирање смет. За таа намена, Градот веќе има одвоени дваесетина милиони денари, а дел ќе плати и „Комунална хигиена“. Новите камиони би требало да стигнат до крајот на годината и да им се

приклучат на 12-те возила кои веќе ги поседува претпријатието. (С.Н.)


http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=A36E1C9045693943A1C1F86BC7F73BFA
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #63 Posted: 29-Sep-2009 at 20:33

„Дрисла“ ќе биде посебно јавно претпријатие

Депонијата „Дрисла“ ќе се оддели од „Комунална хигиена“ во посебно јавно претпријатие. За идејата на градоначалникот Коце Трајановски, на следната седница на Советот на Скопје, ќе одлучуваат и градските советници. Доколку дадат зелено светло ќе се отвори пат за нови инвестиции во депонијата, сметаат во Градот.

Во „Дрисла“ треба да влезе нова технологија со која по светски стандарди ќе се обработува сметот и ќе се произведуваат енергија и горива. Оваа идеја во Градот Скопје постои одамна, но досега не беше пронајден сериозен партнер. Сепак, со одделувањето од „Комунална“, смета Трајановски, „Дрисла“ ќе стане поатрактивна и привлечна за приватен партнер, чие барање ќе биде приоритет за градоначалникот во наредниот период.

За Градот, јавното-приватно партнерство е единствена можност во депонијата да бидат имплементирани светските технологии. Во меѓувреме, најавуваат градските власти, во „Дрисла“ ќе се реализираат неколку проекти за покривање на целата депонија, како и за одведување на отпадните води.

Истовремено, планирано е и проширување на активностите за примарна и секундарна селекција на отпадот. Моментно само во дел од Скопје се применува примарна селекција на ПЕТ пластика и хартија. Поради продолжување на животниот век на депонијата во иднина ќе се селектираат и лимени предмети, а во „Дрисла“ ќе се одложува само комунален смет. (С.Н.)



http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=F7C1F10BFA6EEB4FBBA34E985FF9C60C
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #64 Posted: 29-Sep-2009 at 23:21

Идејата за депонија ги подели пелагониските општини

Локалните власти на Новаци и на Могила се заинтересирани за депонија на своја територија

БИТОЛА - Може ли плодната пелагониска рамница да биде локацијата каде што ќе се гради регионална депонија за девет општини. Пред ваков предизвик се локалните самоуправи од Битола, Новаци, Могила, Демир Хисар, Прилеп, Долнени, Кривогаштани, Крушево и Ресен. Сите заедно веќе неколку месеци ја разгледуваат можноста за управување на цврстиот отпад во Пелагонискиот плански регион. Студијата за регионална депонија според европски стандарди ја изработуваат странски експерти. Ако се' тече според плановите, депонијата во Пелагонија треба да се изгради за четири-пет години.

Но, идејата за регионална депонија среде Пелагонија отвори повеќе дилеми: колку ќе ја загади почвата, реките, подземните води... Еколошките здруженија со реакција дека јавноста малку е информирана за целиот проект.

Иницијативата за изградба на депонија потекна од Регионалната развојна агенција на Пелагонија „Преда“ и Министерството за животна средина со цел да се искористат парите од ИПА-фондовите за регионален развој.

„Општините ја прифатија иницијативата и потпишаа меморандум за соработка за управување со цврстиот отпад. Затоа што сите имаат проблем што сакаат да го решат во иднина“, изјави Марјана Милевска, извршна директорка на „Преда“.

Сепак, идејата за изградба на регионална депонија ги подели

пелагониските општини. Додека едни ја прифаќаат, други не го сакаат ѓубриштето од соседите во сопствениот двор.

„На дел од општините во интерес им е депонијата да се гради на нивна територија, а некои не го сакаат тоа. На следниот состанок треба да доставиме предлози. Тоа е долга процедура. Не може за кусо време да се реши, бидејќи е потребна согласност на општинските совети“, изјави битолскиот градоначалник Владимир Талески.

Локалните власти на Новаци и Могила не кријат дека се заинтересирани за депонија на своја територија. Токму во управувањето со таков објект гледаат напредок за своите општини. Од можност за отворање нови работни места, преку подобрување на инфраструктурата и можеби социјални погодности за локалното население со средства од другите општини. Згора на се', овие две општини имаат најпогодна местоположба. Тоа го исполнува критериумот за економската исплатливост во транспорт на сметот.

„Можеби е храбар потег што се залагам за депонија на наша територија, но тука гледам други предности“, вели градоначалникот на Новаци, Лазар Котевски. Тој објаснува дека се работи за депонија според европски стандарди.

За првиот човек на Општина Могила бенефициите од лоцирањето на депонијата на нивно подрачје е исто како изградба на фабрика.

„Во таа фабрика ќе се преработува цврст отпад. Ова го кажувам за да се намали отпорот кај локалното население. Могила пред неколку години беше предложена како погодно место за депонија. Во прашање е просторот меѓу селата Вашарејца и Ивањевци. Ако ги исполниме критериумите, заинтересирани сме за депонија“, нагласува Славко Велевски, градоначалник на Могила.

Еколошките здруженија од Битола го следат секој чекор од плановите за изградба регионална депонија во Пелагонија. Ако изградбата се придржува до европските стандарди, нема да претставува проблем за животната средина, ниту, пак, за луѓето, сметаат екологистите. Сепак, го потенцираат проблемот околу дистанцирањето на јавноста од плановите за депонија.

„Одлуките се носат во одредени министерства, а не се прашуваат обичните граѓани кои ќе бидат засегнати од изградба на депонијата. Пристапот треба да биде поинаков. Тоа значи да се објаснат ефектите, придобивките или животот во близина на депонијата, се' она што ќе донесе изградбата на депонијата“, дециден е Нешат Аземовски од „Биосфера“. (А.Б.)

http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=70F6F010FD6FA04DB0B1FD6BC4AE90FD



Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #65 Posted: 29-Sep-2009 at 23:32
Ај што депонииве се така сатанизирани па уште државата на централно ниво не одередува локации за таква намена. Сметам дека најдобар начин за вакво нешто е доколку по закон губрето што ќе се складира во една депонија да биде сопственост на општината во која се наоќа депонијата, па така општините да можат да нудат и локации за рецилажни фабрики и концесионери за метан па на тоа да остваруваат профити, пошто вака нема ни една депонија да видиме и ќе се удавиме во ѓубре.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #66 Posted: 01-Oct-2009 at 15:54

Депонијата „Дрисла“ се одвои од „Комунална хигиена“

Целта е да се привлече инвеститор кој ќе воведе нова технологија

„Дрисла“ се одвојува од „Комунална хигиена“ како ново јавно претпријатие, одлучи вчера Советот на Скопје. Во следните два месеца новото градско претпријатие треба да добие статут и систематизација. Целта на одвојувањето, според образложението на градоначалникот Коце Трајановски е привлекување инвеститор кој ќе воведе нова технологија и начини на третман и депонирање на отпадот.

На одвојувањето на „Комунална хигиена“ и „Дрисла“ се спротивставија опозициските партии во Советот, кои особено забележаа на штурото образложение за потребата од создавање ново јавно претпријатие. Меѓу другото, се поставија прашања за распределбата на долгот од околу 240 милиони денари за ДДВ, што моментно го должи „Комунална“, за новите вработувања кои ќе следуваат во новото јавно претпријатие, како и за висината на надоместокот кој ќе треба „Комунална“ во иднина да го плаќа за да го депонира отпадот во „Дрисла“.

„Нема сеопфатна анализа за оправданоста на одвојувањето, кое се предлага да се направи само неколку години откако се споија двете претпријатија за да се спаси ’Комунална хигиена‘“, истакна советникот Никола Велковски од СДСМ.

Неговата колешка Софија Куновска истакна дека од Советот се бара да одлучи за важно прашање врз основа на впечатоци, а Александар Наумовски спореше околу можноста новото јавно претпријатие да депонира опасен отпад за што ќе мора да има дозвола од централната власт.

„На ’Комунална хигиена‘ приоритет секогаш и' е собирањето на сметот, додека во последните години депонирањето и вистинскиот третман беа во подредена состојба. Постојат заинтересирани партнери кои сакаат да инвестираат во овој сегмент, со што депонијата ќе работи по европски и еколошки стандарди“, се бранеше градоначалникот Трајановски.

Според локалните власти „Дрисла“ постои дваесетина години и полна е две третини. Со соодветен третман на отпадот во иднина, кој ќе вклучи селекција и рециклирање, векот на депонијата ќе биде продолжен. (С.Н.)



http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=F29F0D90024EA042987D1234195BA951

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #67 Posted: 14-Oct-2009 at 20:02

200 илјади евра за повторно отворање на депонијата „Русино“

Зоран Јованоски Коментари (0)   
14.10.2009 17:05
 

 

Инвестиција од 200 илјади евра го дели Полог од еколошката катастрофа што ми се заканува. Според претставници од општина Гостивар толку средства се потребни за да се направат неопходните минимални зафати, за регионалната депонија „Русино“ повторно да се отвори.

„Ќе треба се ископаат две јами каде што треба да се депонира сметот. Тие би биле со димензии од пет илјади квадрати. Тие две јами ќе треба се поврзат со канал за отпадната вода и активирање на бетонската јама за отпадни води, да се активираат атмосферските канали за атмосферската вода, да се направи водовод со вода за пиење и техничка вода за гасење на пожар и да се направи еден резервоар за дезинфекција на возилата“, изјави Рустем Иљази - ЈКП „Комуналец“ - Гостивар.

Во депонијата се создало езеро од отпадни води. Тоа е директна опасност поради можноста од загадување на водата за пиење, а со тоа и опасност по здравјето на граѓаните, велат од општината.

„Градоначалникот на Гостивар д-р Руфи Османи има обврска кон сите граѓани кои го гласале него да се грижи за нивното здравје“, вели Шпент Капроли - Општина Гостивар.

Половина година „Русино“ е затворена. Толку време во Полог се собира отпад, а никаде не се изнесува. Најзагрозени досега се граѓаните на Тетово.

Дива депонија со над 13 илјади тони отпад е само на неколку минути од нивните домови.



http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=114968
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #68 Posted: 29-Oct-2009 at 15:57
Четири нови камиони за собирање ѓубре

Скопска “Комунална хигиена“ доби четири нови специјализирани возила за собирање смет.

Возилата имаат зафатнина од 16 кубни метри, со вграден механизам за подигање и празнење на стандардни контејнери со зафатнина од 1,1 кубик и типски канти од 120 и 240 литри.

“Новите возила значително ќе ја подобрат работата на ЈП „Комунална хигиена“. Подготвуваме и тендер за набавка на уште 12 камиони со кои се надеваме дека ова јавно претпријатие целосно ќе биде опремено. Со новите камиони ќе се намалат сегашните трошоци на јавното претпријатие кои се вложуваат во постојани поправки на возилата.  Со ова праќаме јасна порака дека наша намера е ЈП „Комунална хигиена“ успешно да функционира и оти хигиената во градот е наш приорите“, рекол  скопскиот градоначалник Коце Трајановски на промоцијата на новите камиони.

Цената на едно комунално возило без ДДВ е околу пет милиони денари, а цената на сите шест возила без ДДВ е околу 32 милиони денари. До крајот на година треба да бидат набавени  уште две возила кои се дел од истата нарачка.

http://netpress.com.mk/vest.asp?id=63525&kategorija=1
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #69 Posted: 30-Oct-2009 at 15:36

Поопширно

Купени четири камиони за празнење на контејнерите

Идниот месец ќе пристигнат уште две возила, а Градот в година ќе купи уште 12 камиони

Контејнерите за ѓубре од денеска ќе се празнат со четири нови возила, кои ќе се користат и за подигнување на сметот од кантите од домаќинствата со зафатнина од 120 и 240 литри. Подновувањето на возниот парк на ЈП „Комунална хигиена“ вчера го промовираа директорот Златко Димовски и градоначалникот Коце Трајановски. И двајцата не го криеја задоволството од набавката на новите возила, бидејќи со нив, претпријатието автоматски го зајакнува својот капацитет за работа. Камионите се од марката „ивеко“ со мотор еуро 4 дизел, поседуваат ГПС-систем, а имаат и помошен систем преку кој исцедокот од сметот ќе се излева директно преку вентил, што не е случај со старите возила. Освен пуштените во употреба четири возила, до крајот на ноември се очекува по улиците да почнат да возат уште два идентични камиона.

Оваа набавка чини околу 520.000 евра, од кои помалку од половина ги обезбеди Градот Скопје, а остатокот ќе го отплатува претпријатието на лизинг.

„Со камионите не само што ќе се зајакне капацитетот на претпријатието, туку набавката за нас има и економична страна, бидејќи за досега користените возила имавме големи трошоци за одржување и поправка, со оглед на тоа дека нивната старост во просек е околу 20 години“, истакна градоначалникот Трајановски, кој најави дека во текот на идната година Градот планира да распише тендер за набавка на уште 12 камиони за смет за „Комунална“ конечно да има соодветен возен парк за извршување на активностите.

Последен пат возила за потребите на претпријатието се набавени во 2002 година, кога беа купени пет камиони. (Дс.Т.)



http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=E6A97F0CA04BC44DA8DE7FF26A3EFE98
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #70 Posted: 05-Nov-2009 at 07:20

Почна производството на компост

Почна компостирањето на сувите лисја од зелените површини во градот.

Град Скопје и Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ вчера го промовираа пилот-проектот за компостирање на лисјата од кои ќе се произведува ѓубриво.

Во дворот на „Паркови и зеленило“ е ископана дупка со димензии 30 на 30 метри и длабочина од 1,5 метар, во која ќе се истураат лисја кои ќе бидат исчистени од другото ѓубре што се собира од зеленилото, како гранки, хартија и пластика. Собраните лисја по природен пат ќе скапуваат и ќе се претвораат во квалитетен компост кој ќе се користи за потребите на претпријатието. Се очекува првите количини на органското ѓубриво да се добијат за една година.

- Собраните лисја од зелените површини во градот јавното претпријатие досега ги депонираше на депонијата Дрисла. Од зелените површини годишно се собираат по околу 150 тони лисна маса - рече градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.

Тој додаде дека со транспортот на лисјата на Дрисла претходно се создавале големи трошоци, а со пилот-проектот за компостирање ќе се произведува квалитетно природно ѓубриво кое ќе се користи за садниците, цвеќињата, дрворедите...

- Со тоа, годишно, „Паркови и зеленило“ ќе заштеди околу два милиона денари - рече Трајановски.

Тој најави дека проектот за компостирање понатаму ќе се надградува, а ќе се покрене и иницијатива за поттикнување на граѓаните што живеат во куќи да го компостираат зелениот отпад од нивните дворови.

Компостирањето претставува контролирано биолошко разградување на органските материи во присуство на кислород и под дејство на микроорганизми, при што се добива компост - висококвалитетно органско ѓубриво.

Досега проекти за компостирање во домаќинствата спроведоа општините Илинден, Гази Баба и Ѓорче Петров. Компостирањето е значаен вид преработка на отпад, со кој се избегнува мешање на органскиот и на неорганскиот отпад на депониите. Според „Комунална хигиена“, дури 60 отсто од отпадот на Дрисла е од органско потекло, што значи дека може да се преработи во ѓубриво, а остатокот е комунален смет.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=EC4ED4908FFB644FB2A9A663FA30E55E

Back to Top
Supervisor View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Jan-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 1220
  Quote Supervisor Quote  Post ReplyReply #71 Posted: 05-Nov-2009 at 16:27
Браво потребни се вакви проекти во делот на екологијата и рационално распределување и реобнова на ѓубрето.
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #72 Posted: 25-Nov-2009 at 01:23

Нови 12 камиони за собирање смет

Градот Скопје ќе купи нови 12 специјални возила за собирање комунален отпад. Одлуката ја донесе Советот на вчерашната седница.

Шест возила ќе бидат со зафатнина од 20 кубни метри, а шест со зафатнина од 8 кубици. Тие ќе му бидат доделени на јавното претпријатие „Комунална хигиена“.

Потребата од нови специјални камиони Градот ја објаснува со тоа што на претпријатието му недостигаат возила, машини и опрема, со што се доведува во прашање неговото функционирање.

- Со набавката на 12 специјални комунални возила ќе се придонесе за подобрување на условите за работа на „Комунална хигиена“ и за значително подобрување на хигиената во главниот град - сметаат градските власти.

Дванаесетте камиони ќе чинат вкупно 70 милиони денари, (околу 1,14 милион евра), за што се обезбедени пари од градскиот буџет за 2009 и за 2010 година.

За набавка на возилата ќе биде распишан јавен повик во согласност со Законот за јавните набавки.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=E27AAEC32563F84C9AD913D424CAA23C
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #73 Posted: 02-Dec-2009 at 21:57

Депонијата Русино се дотерува за отпадот од Тетово





 

Градежните работи околу уредување на депонијата Русино се интензивираа, меѓутоа отпадот од Тетово складиран кај железничката станица ќе може да се премести таму дури за еден месец

 
 
%20  
Работниците на тетовското комунално претпријатие почнаа да копаат јами и канали за да се овозможи одвод на насобрана вода во депонијата, по што ќе може да се складира отпадот.

- Ископан е одводен канал од една јама, а се работи на изградба на уште една. Отпадот од дивата депонија во Тетово би можел да се транспортира за 20-30 дена, во зависност и од временските услови - вели директорот на ЈКП-Тетово, Асан Љума.

Тој најави дека е можно отпадот да почне да се преместува и додека трае уредувањето на депонијата, ако тоа го дозволат Министерството и општина Гостивар. Директорот апелира до граѓаните на Тетово да се стрпат уште малку.

- Граѓаните да сфатат дека дивата депонија кај железничката станица во Тетово е резултат и на политички случувања, но таа ќе биде отстранета - вели Љума.

Освен за функционалноста на Русино, треба да се работи и на пристапниот пат. За инвестирање во оваа депонија, советот на општината Тетово одвои речиси 5 милиони денари од општинскиот буџет.
 
   
Автор: А.С.
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=12291028226&id=10&prilog=0&setIzdanie=21852
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #74 Posted: 03-Dec-2009 at 01:26
Ете уште еднаш се потврдува дека на Македонија и фали средната алка во организација на децентрализацијата, односно регионите (како што во Грција се оние префектурите Νομαρχειο). Кај нас онаа инфраструктура што би требало да биде менаџирана од регионални институции сега е пола-пола , нешто е под општини, нешто под држава. На пример депонијава е на Гостивар, а региналните патишта ги менаџира државата. Некогаш тука постоеле такви типови децентрализација со окрузи. Сепак у Македонија вакво прашање во ова време е будење стари сенила и отварање пандорина кутија, па и да постоеа такви региони повеќе ќе беа злоупотребени политички одколку што ќе ни завршеа работа. Но во секој случај кога еќе ги немаме регионите би трело и оваа инфраструктура што е по општини да стане државна како не би имало идни ситуации да еден град плаќа на друг за складирање отпад и слично.
Back to Top
Dragan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2009
Location: Tetovo
Online Status: Offline
Posts: 1172
  Quote Dragan Quote  Post ReplyReply #75 Posted: 03-Dec-2009 at 02:03
Isl.и тоа е  више државна инсфракструктура, општините кај нас се уште се во симбиоза со владата тоа значи дека сметките им се блокирани немаат буџет тогаш со кој пари тие ќе градат депонии ако министерството за животна средина заедно со министерството за транспорт и врски не им изграда депонии тогаш нормално е да очекуваме граѓаните да прават дивии депонии, ова што се случува во Тетово е стварно безобразно од општината,Тетово со број на жители речиси 70.000 или цела околина околку 110.000 жители да нема споствена депониа,ако ги земеме и бројот на жители во Гостивар заедно со околината околу 80.000 тоа се вкупно 190.000 жители да се служат со една депониа, тука мене ми мириса на некој криминал сакаат да привлечат пари од владата а притоа дел од тие пари околку (40%) да направат некоја импровизирана депонија што ќе нема да постои,а дел од парите да ги земат за себе, зашто во моментов Тетово нема ни скршен денар.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #76 Posted: 25-Dec-2009 at 00:03

„Паркови“ доби возило за сечење високи гранки

Високите гранки на дрворедите отсега ќе им бидат подостапни за сечење и кроење на екипите на „Паркови и зеленило“. Градот Скопје на претпријатието му додели ново возило со платформа, која може да се подигне на височина од 16 метри.

За возилото од марката „нисан“ Градот потроши 3,7 милиони денари, односно околу 120.000 евра.

- Досега екипите од групата за дрвореди во „Паркови и зеленило“ работеа со само едно возило за поткастрување високи гранки, старо повеќе од 25 години. Тие не успеваа навреме да ги извршат сите решенија за сечење и кастрење на дрвјата. Со оваа донација значително ќе се скрати времето за кастрење на дрвјата - велат во Градот.

Оттаму додаваат дека наредниов период ќе набават уште три камиони за потребите на „Паркови и зеленило“, за што во буџетот за следната година се одвоени 15 милиони денари.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=607647F60995114EA457A3119A3B5A18
НОВА ПЛАТФОРМА ЗА ПОТКАСТРУВАЊЕ ВИСОКИ ГРАНКИ
Градот Скопје на ЈП „Паркови и зеленило“ му додели ново возило – платформа за сечење и поткастрување високи гранки, која значително ќе ја олесни работата на јавното претпријатие.
 
Платформата е од марката Nisan Cup Star и може да се поткрева до 16 метри. За набавка на новото возило Градот Скопје потроши 3,7 милиони денари.
 
Досега, екипите од групата за дрвореди во ЈП „Паркови и зеленило“ работеа со само едно возило за поткастрување високи гранки, старо повеќе од 25 години, и не успеваа навреме да ги извршат сите решенија за сечење и кастрење дрвја издадени од Секторот за комунални работи на Град Скопје. Со оваа донација значително ќе се скрати времето на чекање за сечење на старите, суви, искривени и заболени дрвја во градот, како и за ослободување на семафорите и сообраќајните знаци од гранките во функција на зголемување на безбедноста во сообраќајот.
 
Градот Скопје во наредниов период ќе набави уште три камиони за потребите на ЈП „Паркови и зеленило“. Во Буџетот на Град Скопје за 2010 година за набавка на нови машини за ЈП „Паркови и зеленило“ се одвоени 15 милиони денари.







www.skopje.gov.mk



Edited by lslcrew - 25-Dec-2009 at 00:19
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #77 Posted: 25-Dec-2009 at 20:56
Еве бидна и ова, сега останува да видиме дали ќе вроди со плод преку приватни инвестиции за третирење на отпадот.

„Дрисла“ се одвои од „Комунална“

За депонирање на ѓубрето во депонијата „Комунална“ ќе плаќа по 680 денари за тон

Сања Наумовска


„Комунална хигиена“ во иднина ќе плаќа за депонирање на ѓубрето во „Дрисла“. Јавното претпријатие и депонијата дефинитивно се одвоија на последната седница на градскиот Совет. Сега, претстојат формирањето на раководни тела на новото јавно претпријатие и систематизацијата од која ќе зависи колку вработени ќе има и дали ќе има нови вработувања.

Двете претпријатија и претходно функционираа одвоено, но се споија во 2003 година токму поради причината „Комунална хигиена“ да ја избегне обврската да плаќа за депонирање на сметот. Сега „Комунална хигиена“ ќе се занимава исклучително со собирање и со транспорт на комунален смет, како и со примарно селектираниот отпад. За депонирање на еден тон ѓубре, од просечно дневно подигнати од 400 до 500 тони, ќе се плаќа по 680 денари.

„Дрисла“, пак, како самостојно јавно претпријатие ќе се обиде да привлече инвестиции заради модернизирање на технолошкиот процес, како и за воведување новини како што е производството на енергија од отпадот, секундарна селекција и друго. Ќе се бараат приватни фирми што ќе бидат заинтересирани да се формира приватно јавно партнерство.

Засега „Дрисла“ ќе функционира со 116 работници и со 19 возила што ќе се преземат од „Комунална хигиена“. Депонијата ќе ја добие и земјата на која се одложува отпадот, како и поголемиот дел од подвижни и од неподвижни работи што се наоѓаат таму.

„Вработените што ќе продолжат со работа во ’Дрисла’ веќе се ангажирани на депонијата, иако еден дел од нив ќе замине и од ’Комунална хигиена’. Ќе им отстапиме и 19 возила, меѓу нив камиони, автобуси, комбиња, патнички автомобили, но и градежни машини и цистерни. Сметаме дека ’Комунална’ ќе продолжи нормално да функционира и понатаму“, вели директорот на „Комунална хигиена“, Ракип Дочи.

Тој објаснува дека претпријатието во иднина ќе има зголемени давачки заради надоместокот за депониран смет, но дел од нив ќе се компензираат со тоа што „Комунална хигиена“ ќе биде ослободена од обврската да се грижи за одржувањето на депонијата, на возилата, како и за платите на работниците што ќе преминат во новото јавно претпријатие.

Иако трошоците ќе се зголемат, сепак, нема да се зголемува таксата за ѓубрарина што ја плаќаат граѓаните, вели Дочи. Но, од „Комунална“ најавуваат дека се подготвува нова методологија за пресметка, со која ќе се напушти моделот за наплатување по квадратен метар. Ќе се разгледаат странски искуства, веројатно од Виена и од други австриски градови. За раководството на „Комунална хигиена“ една од најприфатливите методологии е наплатата по волумен на исфрлен смет.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=5158048003558743A9AAFC4F9FEC3112
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #78 Posted: 29-Dec-2009 at 17:55

Дивите депонии ќе исчезнат по две години

Проблемот со комуналниот отпад во Македонија ќе се решава преку изградба на пет регионални депонии според европски стандарди. Општините од југоисточниот плански регион шансата за регионална депонија ја гледаат во моделот на јавно и приватно партнерство.

- Нашиот регион е во најнапредна фаза во споредба со другите. Сета потребна документација е подготвена и преку моделот на јавно и приватно партнерство сметам дека наскоро ќе почнеме со нејзината изградба - изјави Николчо Чурлинов, градоначалник на Валандово и претседател на координативното тело за Југоисточниот регион.

Од министерството за животна средина најавуваат дека за две години ќе исчезнат дивите депонии.

- По две години нема да имаме неорганизирано собирање на комуналниот отпад и нема да има диви депонии низ целата држава. Со инвестирањето во изградбата на новите пет депонии ќе се решат проблемите со собирањето и складирањето на комуналниот отпад - рече министерот за животна средина, Неџати Јакупи.

Регионалната депонија за десет општини од југоисточна Македонија е во најнапредна фаза. Треба да биде лоцирана на местото на сегашната, кај село Добрашиници, во близина на Струмица. Нејзината изградба ќе чини околу 20 милиони евра. (Р.Т.)
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=039FFF0A4EBF72469F9CD45088C43A00
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #79 Posted: 05-Jan-2010 at 17:46

Вардарскиот регион бара место за депонија

Ќе се бара локација каде да се смести регионалната депонија, која ќе го прибира отпадот од осум општини од Вардарскиот регион. За оваа цел ќе се подготвува физибилити-студија, која е финансирана од австриска ОЕК банка. Таа за оваа цел обезбеди 125.000 евра, откако претходно позитивно одговориле на апликацијата со овој проект.

- Оваа студија, која е регионална, ќе треба да ги посочи можните локации за регионална депонија, како и моделот на управување со неа и со отпадот. Проектот ќе се реализира во првата половина од годинава, во соработка со АСА, реномирана австриска компанија, која работи со управување отпад и со големо искуство во оваа област - изјави Александар Бузалков, директор на Центарот за развој на Вардарскиот плански регион, кој со општина Велес конкурира за овој проект и е прифатен од ОЕК банка.

На овој начин треба да се најде локација каде да се смести отпадот од осум општини и 120.000 жители, кои ги опфаќа овој регион.

- Бидејќи во државата се' уште нема интегрална студија, која би ги одредила потенцијалните локации во Македонија, потребно е ние како локална власт да го решиме овој проблем. Затоа е неопходно стручно мислење, кое ние го обезбедивме преку странска донација за да ја дознаеме можната оптимална локација на оваа регионална депонија за отпад - вели Горан Петров, градоначалник на Велес. (П.П.)

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=EF19D417D7227F43B31411B4BB101FAB
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #80 Posted: 12-Jan-2010 at 21:42

Арбиново против изградба на депонија

ОХРИД - Населението на селото Арбиново категорично се противи на плановите на градоначалниците од Југозападниот плански регион за изградба на регионална депонија во атарот на тоа село што се наоѓа во рамки на општината Дебарца. Жителите на Арбиново поведоа петиција преку Интернет против депонија, бидејќи сметаат дека ќе ја загрози животната средина и негативно ќе влијае врз тој еколошко чист регион.

Истовремено, жителите апелираа до градоначалниците на Дебарца и на Охрид да ги поддржат и да застанат против изградбата на регионалната депонија на таа локација.

Според најавите од Министерството за животна средина и просторно планирање, предвидено е во текот на овој месец или наредниот да биде распишан меѓународен тендер за изградба на депонија за Југозападниот плански регион, со што би се решил проблемот со сметот за 13 општини. Изградбата на депонијата, што ќе функционира по принцип на јавно приватно партнерство, ќе чини околу 30 милиони евра. На состанокот на градоначалниците на општините од Југозападниот плански регион одржан на крајот на минатиот месец во Струга, покрај Арбиново, како други можни локации за депонијата беа посочени уште атарите на селата Мали Влај, Малесија, Делогожда и Мешеишта. (МИА)

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=32589BBFD2BED641AEE6425FFA198646
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 23456 8>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.203 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.