build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Станбени
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Urban Garden - Аеродром
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Urban Garden - Аеродром

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  12>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2972
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Urban Garden - Аеродром
    Posted: 10-Jul-2019 at 12:53
Станува збор за нов станбено-деловен комплекс кој се гради некаде поред 3-та Македонска Бригада содржи три згради.Изведувач е Голден Арт.

Еве рендер и локација









Edited by stef4o - 10-Jul-2019 at 13:03
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1831
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 10-Jul-2019 at 16:44
Го скршија мразот значи првпат се гради станбена зграда од таа страна на булеварот.
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2972
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 10-Jul-2019 at 16:45

Па веројатно,неможам локациски да утврдам точно која парцела е,ќе поминам деновиве да видам што има.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12375
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 10-Jul-2019 at 16:48
Тука некаде отприлика би било, меѓу приватниот факултет и халите со сребрен покрив, според мапата:

За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2972
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 10-Jul-2019 at 18:40
Еве уште еден рендер,наликува на комплексите Garden Inn Residence и Gradia Home само што има една зграда повеќе од нив.Ќе видиме колку зеленило ќе биде застапено.

Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1831
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 10-Jul-2019 at 20:10
Мислам дека е тоа стар објект на бујото...
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
Théoden View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 31-May-2018
Location: Р. Македонија
Online Status: Offline
Posts: 80
  Quote Théoden Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 10-Jul-2019 at 20:40
Интересно е што нема да излегува директно на булеварот, според ДУП-от треба да има сервисна уличка пред комплексот.

Инаку, најобичен гулабарник. 
Back to Top
Enzo View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 25-Jun-2019
Online Status: Offline
Posts: 57
  Quote Enzo Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 11-Jul-2019 at 06:04
Баш гулабарник. Не знам која е поентата,сите станови на Голден Арт се исто срање,изгради колку да изградиш,тон МЕХ станчиња на куп,подобро изгради неколку
стакло обралкодери и ајт.
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1831
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 11-Jul-2019 at 08:24
Точно, речиси сите од големиве компании така градат.
За тоа треба да имаш малку повисоки цели од материјалните, не е се во сметката, има нешто и во оставање трага.
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2972
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 11-Jul-2019 at 12:20
Денешни од терен,сеуште не се изрушени и демонтирани пералните и сервисите,парцелата е доста голема на еден дел веќе е почнат ископ веројатно за првата зграда.











Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2972
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 12-Jul-2019 at 18:30
Од фб

















Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2972
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 22-Jul-2019 at 16:54
Број на станови и паркинг места(од фб)



Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1831
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 22-Jul-2019 at 17:49
Малку паркинг места
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1914
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 22-Jul-2019 at 22:26
Нели според закон 1.6 паркинг места по стан треба да обезбедат ? Овие оделе на 1.05 отприлика.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2972
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 08-Aug-2019 at 13:19
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2972
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 08-Aug-2019 at 13:25
Еве каков ќе биде пристапот до комплексот



--------------------------------------------------------
Во однос на паркирањето...




Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2972
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 21-Aug-2019 at 16:42
Од Инстаграм,фоткава не доловува баш ама денес се поставувале темелите веројатно на една од трите згради

Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2972
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 23-Aug-2019 at 06:34
Од фб





Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2972
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 22-Sep-2019 at 10:43
Од фб



Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2972
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 14-Oct-2019 at 07:08
Уставен го „бутна“ ДУП-от за нова населба во Аеродром, багерите работат, а Марин молчи



Падна на Уставен суд уште еден ДУП за бетонирање на Аеродром. Пред неколку дена судиите го прогласија за неуставен Деталниот урбанистички план со кој е предвидено буквално да никне нов станбен комплекс на просторот покрај булеварот „Трета Македонска Бригада“, на потегот од „Американ колеџ“ кон Лисиче. ДУП-от го оспориле пред уставните судии опозициските советници во општината, во мај лани, но она што загрижува е што многу е веројатно дека во овој дел нема да може да се спречи никнувањето на нова населба, оти дозволите за градба се издадени – а на места веќе и се работи со полна пареа. Без разлика што Уставен суд пресече. Според спорниот ДУП, на овој потег треба да има 4 нови станбени блокови со површина од над 90.000 м2. Тоа се 4 нови висококатници, од кои 2 нови станбени згради со висина од 8 ката и 40.000 м2 површина и две нови деловни згради со висина од 5 ката и 50.000 м2 површина. Она што загрижува е што тука е предвидено нешто помалку од 2 проценти зеленило.

Што ќе направи градоначалникот Златко Марин? Аеродромци во очај се надеваат дека нешто може да се промени, но опозициските советници се песимисти. Велат дозволите се веќе дадени, а општината нема да има толкава финансиска моќ да ги обештети сите оние што веќе добиле маркици – да престанат да градат. Слично како во случајот со огромната зграда кај „Мајчин дом“. Кога се поставуваа темелите и претходно, жителите се обидуваа преку жив штит да спречат тоа зеленило таму да се претвори во бетон – но безуспешно.

-Градоначалникот прави се само за личен профит, без да слуша мислење од другите, па оди контра и Уставниот суд кој кажа „не“ за градење.Со овој ДУП е предвидено и помалку од 2 проценти зеленило, а ветуваа се и сешто. Нема ниту паркови, ниту зеленило, но затоа има градежни машини кои активно работат на новата станбена населба, вели советникот на ВМРО ДПМНЕ во оваа општина- Пане Антовски.

Ќе најде ли начин Марин да го надомести континуираното уништување на зеленилото и гушењето на населбата – процес кој не е нов, ами почна од претходниот градоначалник Ивица Конески? Аеродромци не се ни надеваат, само стравуваат дека и претстојната зима не ќе има можност за циркуациија на воздухот заради зградите. Дека жителите ќе се гушат, а дека Лисиче пак ќе урива рекорди во загаденост како и минатата зима… Тие се разочарани но свесни дека градските власти прават се, само за да се збогатат, а кога ќе седнат во фотељите забораваат на оние кои им дале можност да се најдат таму.

https://skopskoeho.mk/ustaven-go-butna-dup-ot-za-nova-naselba-vo-aerodrom-bagerite-rabotat-a-marin-molchi/
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  12>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 1.031 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.