build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Живописниот релјеф на нашите улици и патишта

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 456
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
gorco View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Google Maps: Regional Expert

Joined: 22-Oct-2009
Online Status: Offline
Posts: 642
  Quote gorco Quote  Post ReplyReply #101 Posted: 01-Jul-2011 at 11:34
А шо мислите ќарот од каде
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11998
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #102 Posted: 23-Aug-2011 at 21:58

Се „запали“ телефонот за пријавување дупки

За три дена, пријавени се 120 дупки, а 20-ина граѓани барале веднаш да се закрпи оштетувањето кај пругата во Усје

Деспина Трајковска



Улиците во градов се како швајцарско сирење. Така барем може да се суди од досегашната акција на ЈП „Улици и патишта“- „пријави дупка“. За само три дена откако е дадена можност граѓаните телефонски да алармираат за уништен коловоз, на дежурниот телефон 15300 имало 200 јавувања. Голем дел од нив се однесувале за иста дупка, а граѓаните барале интервенција и за градски и за општински улици, иако од „Улици и патишта“, кои го реализираат проектот најавија крпење само на градските улици.

На стартот од акцијата дежурниот телефон го „запалила“ дупката кај пругата во Усје, чие крпење побарале дваесетина граѓани. Од тие причини од претпријатието направиле сефте токму со таа дупка.

„За таа дупка имаше околу 20 повици, исто како и за уште неколку дупки, како една на улицата ‘Самуилова‘. Од тие причини таа се најде прва на листата за санација, па така уште веднаш во саботата се зафативме со теренска работа. Засега на списокот имаме околу 50 дупки за санација, иако досега има околу 200 пријави. Дел од нив се повторуваат за иста дупка, околу 50 се однесуваат за дупки на градски улици, а речиси 70 за дупки што се на улици под надлежност на општините, па од тие причини не ги планираме за санација оти јасно напоменавме дека во акцијава се вклучени само градски улици. Единствено што можеме е да го испратиме списокот со детектираните дупки кај општинарите“, вели Синиша Ивановски, директор во „Улици и патишта“.

Тој не сака да коментира дали големата бројка пријавени дупки значи дека градските и општинските служби не водат постојана грижа за состојбата на улиците. Единствено, вели дека е сигурен оти во случајов екипите на „Улици и патишта“ навремено и професионално ќе си ја завршуваат работата.

Освен дупката во Усје, викендов по списокот на пријавени дупки теренците од „Улици“ крпеле и на улицата „Лазар Личеновски“, на булеварот „ВМРО“, а асфалтирале дупки и кај клучката „Континентал“. За вчера беше планирано да се санираат коловозите на улиците „Перо Наков“, „Загрепска“, на „Благоја Стефковски“ и други.

Се крпат само улиците по кои вози автобус

ЈП „Улици и патишта“ е надлежно за одржување на сите сообраќајници по кои минува градски автобус. Тоа значи за сите булевари и за над 80 улици, кои можат да се вклучат во акцијата „Пријави дупка“. За граѓаните да не се доведат во ситуација да бараат интервенција за коловоз за кој не се надлежни од „Улици“, надлежните апелираат граѓаните подетално да се информираат на веб-страницата www.uip.gov.mk. Бидејќи е очигледно дека се' уште не се знае кој за што е надлежен, па на бројот 15300 се бараат интервенции и за општински улици, кои дури се помногубројни од оние што ќе ги земат предвид надлежните од ЈП.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=4BB1D5338008BA4FBBF8A7B6BB7F2328
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 738
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #103 Posted: 09-Nov-2017 at 03:30

браво, оштроумна сеир страна, а и супер апдејт за нишкава, таман да се потсети чоек како беше до пред некое време и в сред Скопје ...

https://mojpat.mk/web/map/ViewProblems

за фајндов е крива една битолска дрндупка која беше малџиски решена со камена коцка како исполна, веројатно собрана од стариот пат Битола-Ресен ... ха, дури и брат ми предложи да сме си зеле и ние ко сувенир една стаза, оти и така пато бил раскопан, ем ко таков аманет од робијашите во југа, дури таа голгота била повод да откако Моша Пијаде ги видел како ги мачат тие луѓе нешто да се смени околу ангаријата за општо добро ... ако е за утеха во бугарско било и бетер, кога теснолинејката кај Стрежево ја трасирале воени заробеници дневно на корка леб и една сува слива ...
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 456

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.094 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.