build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Останати теми
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Превоз на стока и патници

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 1631
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Превоз на стока и патници
    Posted: 10-Aug-2019 at 06:26
празнично да пуштам срце со нова тема после подолга апстиненција од форумов , та еве конечно простор за Профи Шофери т.е. кај да ги чешламе нив и нивните компании, до сега имавме генерално тема за Такси-сти но и за Камионџии и Автобусџии, за вториве за жал (индиректно) само терсене инфо имаше лани [1] а за претходно наведената категорија карго превозници единствено има општ сроден абер како Патен Карго Транспорт , ако ништо друго темава е тамам како потенцијал-плус за Транспортен Подфорум на кој едно време се надевав дека ќе никне во Останати Теми [1] речиси и неопходна и битна потреба не само за Билд како еФорум туку за самата фела (разговорно ќе речам Профи Шофери), неопходна бидејќи се помалку интерес има од младите за оваа дејност та пожелно е секаква стимулација па и е-мотивација, а битна бидејќи економијата есенцијално е потпрена на Патниот Карго Транспорт, но за да не звучам непоткрепено во последно изнесеново еве одма комшиски абер дека и по цел балкан не стојат работите сјајно ...

https://rs.sputniknews.com/analize/201908091120588983-niko-nece-u-sofere--region-spasavaju-penzioneri/

иако цел текст е информативен, како поучна би ја издвоил поентата колку навистина ЈНА порано била расадник за Камионџии бар Ц-тајп, логично ако таа алка сега е секната заради професионализација на Армиите во екс-ју требало и треба да се најде друг соодветен начин за да се мотивираат младите се повеќе да бркаат Карго диверзификација на лично портфолио, ете ако не друго ќе им се најде за печалба, за жал таа е попримамлива токму за Профи Шофери отколку за Доктори, просто може истата да е и од привремен тип а и враќањето дома е загарнтирано порано или подоцна, додека медицинските-печалбари стрикли биваат експати, но ако како резултат на тоа ии ние увеземе мед.персонал од другде цените би можеле да пораснат или услугата потфрли но не и да запре здравјето на Граѓаните, бар ќе се аклиматизираат на поквалитетн лајфстаил па и нема да имаат толку потреба од Лекар, но ако потфрли Карго Транспортот заради недостиг на квалификувана работна сила тоа чинам може да има озбилни последици дури и тоа потфрлање да надоаѓа натенане ако во предвид се земат долгорочно растот на економијата и потребата така од се поголем раст на Карго Превозот, чинам во нишката Транспортни Модови споредбата помеѓу постојните не ветува револуционерни промени па мора и да се размислува апропо друмскиот превоз на стоки како алармантно хроничен и сега а не пак во иднина, но којзнае можеби натака азиски и афрички мигрантски-еу-сираци ќе ангажираме да пополнуваат квота, може ова ви звучи смешно или трагично (зависно каква перцепција и инфо имате за фелата) но тоа и не е ни битно ако бидете соочени со фактот дека само во еу растот на овој сектор на годишно ниво е 5% што значи се повеќе и повеќе ќе се намалува Профи Шоферлук кај нас заради попримамливие европски плати, туку остај друго што ако почнат да потфрлаат и Карго Компаниите со своите возни паркови во најлош случај, во најдобар хм, веројатно развојно ќе имаат само макети од футуристички карго кутии по канцеларии, та ете ако не даваат убаи плати на своите Шофери бар да им влејат надеж дека еден ден и тие ќе се дофатат до спејшатл на тркала - ако не друго бар на некој саем, ех камо ваквата дигресија да ја сконтаат културно и бар тоа како некаква утешна награда за верност во службата да им го приуштуваат на своите вработени бар јубилејно, е ова е веќе кома ако се има превид дека до вчера пред појавата на дигитални тахографи немаше Камионџија кој работи под 12 саати дневно па и повеќе само за да се скрца некој денар повеќе в џеб ... туку процентите за расто ...

https://ec.europa.eu/eurostat/statistics-explained/index.php/Road_freight_transport_statistics

во овој пост мислам доволно инспирација се овие линкови, а би било убаво натака да се расприкаже за стандардизацијата на Шоферлукот кај нас, воопшто и за Шоферлукот како дејност која кај нас нема сеуште озбилен субкултурен тренд, оној светски извиканиот за моторџиско-камионџиски етнос кој милует пиво и рок свирки, мислам кај и да го има во некаква фоема дефинитивно фали некој да поткрене атмосфера бар со едедн Каминџиски Фестивал во земјава, та бил тоа и едукативно-саемски како промоција на Патниот Карго Кластер, може и прозивки би помогнале, но поумно е да се брка инвентивност низ постови него строго да се тера сеир ако не душегрижништво, но ајт да пуштам од ракав една етикета ПроШофери се Ало Адреналински Џанаци, нека не ми замерат но голем дел од оние кои ги познавам без проблем си дремат со слушалка зад волан наместо блутут или интерфон а неретко истовремено и со цигар во рака ем додај на тоа склет ситна плата и оп локално тие (таквите егземплари за кои шпекулирам) стануваат супер екстра ризик за општа безбедност во сообраќајот, да не излезе дека ова само тука кај нас има вакви Профа-Волан-Чефои та ќе спомнам како еден сличен ајдук не ме стаи под тркала сред германски автопат онака додека си ужива у спејс кабина инстант си дава жмигавец и влегуе ут втора лента, среќа празна трета ем рефлекс здрма инаку ојдов ќе си речеш во ненамерна под-камион-сачекуша, бреј си помислив ова мора да е некој источноевропеец, ах да имав дашкам во ауто ќе го одерев за претрпен стрес ем ќе го вратеа назад онаму кај сум го пријавил на давање изјава, та би рекол уба работа се дигитални тахографи но ќе бидат и поубава и дашкамои па потенцијално и брза џпс проверка по пријава ако тоа е така законски уредено колку да се прескокне папирологија а само во сандуче да фрчат казни нели колку сообраќајната култура на Професионалните Шофери да се одржува сама во форма, ех Турција како си возат педатно тоа е чудо нормал секој си имет сатар до плинска боца па проблем нема на видику, да скратам Шофер со Е и Д категорија е за Почит институција но се помалку Народ ги почитуе па и тие многу многу веќе не му се замараат, може кусур е што има малку попатни Паркиралишта каде и локалците и транзитерите би пуштиле на рајат тро мозок на пасење бидејќи сега како стојат работите нема ниту еден P+R паркинг каде пример локален камионџија кој иако каргото не му е за Скопје адресирано а ете му се пријало Скопски Бурек нема да се парикара околу обиколница и со бус одтаму или такси да се освеќи туку ќе си врви низ град праејќи екстра гужви бидејќи во основа тоа не е забрането, а и кога би било треба логично прво да има P+R локации влез излез па и в сред покрај Обиколница а дури потоа Сообраќајци нека ги растовараат од примарна скопска сообраќајна мрежа, АЛО Градоначалниче уште малку и шлепери во Центар што не почнале да тркалаат ако репер се Кипери и Бетоњерки по секоја втора скопска сервисна улица заради екстра стан-маниа, мислам нека врват ако веќе мораат строго навечер на такви места, еве во нас Мичурин мислам уште што не врват приколки со дрва, откорнаа не само со запушување сообраќај туку и прашини и бучава, бар нека лазат по тие улици а не таму да возат ко да се каубојци Градеќни Шофери нели онака потпаркирувајќи си на тротоар или пак разминувајќи се колегијално со Дизалици Пумпи и Булдужери, ех развој е битен, а каде е Квалитет на Живеење, но за ова не се криви Шофери ним секоја Чест како успеваат сред таквиот хаос некако да запазат бар пешачка безбедност нели претрчуваат и Луѓе и Миленици по такви сокаци --- а тоа е Проблем, за кој итно е неопходна и одредена Добра Пракса како Правилник за Градежен Сообраќај во Густо Населено Место што бар би влеало некаква екстра сигурност кај мештаните дека некој ете мислел и на тоа а не само на профит од станои по Урбани "Ламела" Печурки, бреј на ул. Симеон Кавракиров кранот недела дена на сред улица, капак со флуо ауто лак пешачки цртаа околу него, а всушност можеа да тераат преку паркинг од позади, но некој требало од општината да срипа и да потегне да им се обезбеди на станарите привремено во непосредна близина заменски паркинг додека да финишира објект, пример инвеститорот да крене во ваков случај привремен монтажен на соседниот паркинг, имајте предвид и брзо да тера изведбата кај се натака сите товарни возила додека ја кренат зграда, ах дигресии ~ но вредеше, нека се запрашаат сите каде возиме со ваков памет институционално и по сите нивоа а не само Професионалните Возачи на Товарни Возила!?
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 1631
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 14-Aug-2019 at 18:19

веројатно секој Камионџиија учи додека е Жив, различна машина различни марифети во најмала рака, а новајлии сигурно треба и отповеќе, сигурно од помош би им биле тјуб-абери од постари колеги, ако не локални тогај меѓународни, ведр чејнџес ол д тајм со тејк ен изи ...

првата опомена е супер токму - некој турист застанал да слика овци, та и на памет да ја знаете делница бадијала!



Back to Top
 Post Reply Post Reply

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.047 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.