build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Фото/Видео > Патеписи
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Букурешт, Романија

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Влатко View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Aug-2016
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 338
  Quote Влатко Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Букурешт, Романија
    Posted: 30-Aug-2019 at 07:55
Летен одмор, во замена за плажи и море, поминат во посета на повеќе места низ Романија (меѓу другото повторно и плажа и море )

Го прегледав целиот подфорум и не најдов нишка за Букурешт па затоа решив да поставам слики од главниот град на Романија. Покрај Букурешт, престојувавме и во Бран каде што беа посетени Рашнов, Брашов и секако самиот Бран. Подоцна се упативме кон Констанца и Мамаја така што одморот беше поделен во 3+1 фази и тоа Букурешт - Бран - Констанца и на враќање уште неколку дена во Пловдив, Бугарија.
Интересна за мене беше споредбата на овие места бидејќи повеќето ги имам посетено во 2004 година и сега после 15 години видно имаат напреднато во однос на туризмот, културата и градбите иако и тогаш ни оддалеку не беа за потценување. Патешествието беше со автомобил, цените супер пристапни, горе долу како кај нас со тоа што престојот организиран преку Аирбнб излезе супер ефтин а искуството од апартамните и повеќе од очекуваното.

Во продолжение следат фотографии.

Edited by Влатко - 30-Aug-2019 at 07:56
Back to Top
Влатко View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Aug-2016
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 338
  Quote Влатко Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 30-Aug-2019 at 10:43
Поглед од станот во кој се сместивме. Строг центар на Букурешт, во позадина добро познатата зграда на парламентот.



Нормално, парламентот



и строгиот центар





Back to Top
Влатко View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Aug-2016
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 338
  Quote Влатко Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 30-Aug-2019 at 10:46
Со метро до парк "Вилиџ парк - Димитрие Гушти"





пред самиот парк



Back to Top
Влатко View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Aug-2016
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 338
  Quote Влатко Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 30-Aug-2019 at 10:49
паркот е составен од автентични куќарки од сите делови на Романија













слободно може да кажам дека има преку стотина куќарки и црквички од дрво, можеби ќе ставам и повеќе фотки

Edited by Влатко - 30-Aug-2019 at 12:01
Back to Top
Влатко View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Aug-2016
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 338
  Quote Влатко Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 30-Aug-2019 at 10:49
Рандом гранапче

Back to Top
Влатко View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Aug-2016
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 338
  Quote Влатко Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 30-Aug-2019 at 10:51
Центар на Букурешт, еврејско маало







Back to Top
Влатко View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Aug-2016
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 338
  Quote Влатко Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 30-Aug-2019 at 10:52








Back to Top
Влатко View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Aug-2016
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 338
  Quote Влатко Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 30-Aug-2019 at 11:05
Зградата на судот и реката Дамбовица навечер. Позади зградава беше нашиот стан









Back to Top
Влатко View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Aug-2016
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 338
  Quote Влатко Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 30-Aug-2019 at 11:16
Накратко тоа би било од Букурешт иако има премногу добри места кои реално немавме време да ги посетиме а и овде ставам само мал дел од сликите. Од Бран, Рашнов, Брашов, Констанца и Мамаја не би ставал слики бидејќи видов дека веќе претходно некој имаше стории.
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 516
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 30-Aug-2019 at 22:09
Браво Влатко, супер изгледаат фотките! Романија дефинитивно го има еден од најголемите, ако не е и најголем парламент во светот (големина на зградата). Ќе го памтат Чаушеску засекогаш хахаха.

Патем, каков впечаток ти остави метрото во Букурешт?
Back to Top
Влатко View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Aug-2016
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 338
  Quote Влатко Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 31-Aug-2019 at 08:30
Види, последен пат возењето во метро ми беше во јануари годинава во Дубаи така што не можам да кажам пофални зборови. Но за разлика од пред 15 години, сега обновени се вагоните со помош на европски пари, супер чисти се и одлично осветлени. Проблемот е во тоа што за толкав град не е доволно раширена мрежата на самото метро. Главната артерија југ-север или обратно е преоптоварена. Генерално тоа е мојот заклучок.

Edited by Влатко - 31-Aug-2019 at 08:31
Back to Top
Kid_A View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 24-Nov-2014
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 434
  Quote Kid_A Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 31-Aug-2019 at 19:39
Како впечаток ти остави Романија генерално кога патуваш споредено со останатите балкански држави? Како им се средени помалите градови и села? Раздвижено ли е? Се чувствува ли некоја економска благосостојба?
Back to Top
Влатко View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Aug-2016
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 338
  Quote Влатко Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 02-Sep-2019 at 07:19
Да, за разлика од пред 15 години, секако е подобро. Се гледаат влијанија од Европа. По, да речеме, возниот парк се далеку пред нас но имаат и домашна авто индустрија. Патиштата генерално се добри и се реконструираат. Хигиената е подигната на доста високо ниво, особено во Трансилванија и Букурешт. Луѓето се онака нормални, не препријателски настроени но не те гледаат ни препреку. Се на се, можам да кажам дека сосема слободно и пријатно се чувствував на патувањето. Дури еден пример каде што во Констанца продавачка не предупреди дека сладоледот е скап (а не беше до толку) ако треба да го споредам со продавничето кај мене у маало шо на секое идење пробува да те украде, слободно ќе кажам дека благосостојбата таму е на многу повисоко ниво.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9035
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 02-Sep-2019 at 10:00
Originally posted by Влатко

Да, за разлика од пред 15 години, секако е подобро. Се гледаат влијанија од Европа. По, да речеме, возниот парк се далеку пред нас но имаат и домашна авто индустрија. Патиштата генерално се добри и се реконструираат. Хигиената е подигната на доста високо ниво, особено во Трансилванија и Букурешт. Луѓето се онака нормални, не препријателски настроени но не те гледаат ни препреку. Се на се, можам да кажам дека сосема слободно и пријатно се чувствував на патувањето. Дури еден пример каде што во Констанца продавачка не предупреди дека сладоледот е скап (а не беше до толку) ако треба да го споредам со продавничето кај мене у маало шо на секое идење пробува да те украде, слободно ќе кажам дека благосостојбата таму е на многу повисоко ниво.


Како е автопатската мрежа? Ми стои едно вакво патување во агенда, ама секогаш ме збунува автопатската мрежа, кои делници функционираат кои се градат....? Дали има полиција со радари или е релаксирано за возење (кај нас тотално забегаа во последно време на пример).

Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9035
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 02-Sep-2019 at 10:01
Originally posted by ironm

Браво Влатко, супер изгледаат фотките! Романија дефинитивно го има еден од најголемите, ако не е и најголем парламент во светот (големина на зградата). Ќе го памтат Чаушеску засекогаш хахаха.

Патем, каков впечаток ти остави метрото во Букурешт?


Не сум сигурен дале е точен овој "fun fact" но мислам дека зградата на парламентот е втора во свет по површина после пентагон.


Back to Top
Влатко View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Aug-2016
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 338
  Quote Влатко Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 02-Sep-2019 at 10:23
Автопатската мрежа е на сосема задоволително ниво. Не е Германија или Италија но за балкански рамки сосем задоволува. Најлоша беше делницата од излез на Букурешт кон Констанца со некои попречни нарушувања во должина од прилика 80км но слободно се вози 100 на час само иритираат тие попречни линии да ги наречам. После нив одличен прав автопат. Другите делници кон Трансилванија и кон Букурешт се сосема солидни.

Инаку да, и јас така знам дека после Пентагон е најголемата градба по површина и навистина е голема.

Edited by Влатко - 02-Sep-2019 at 10:24
Back to Top
Влатко View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Aug-2016
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 338
  Quote Влатко Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 02-Sep-2019 at 10:30
Дополнително, радар или контрола никаде не видов нити па било каква полиција на автопат. Јас и онака не возам преку 110 на час па и не се замарав. А во Букурешт сирени од полиција и брза помош небаре си во Њу Јорк
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9035
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 02-Sep-2019 at 10:38
Originally posted by Влатко

Дополнително, радар или контрола никаде не видов нити па било каква полиција на автопат. Јас и онака не возам преку 110 на час па и не се замарав. А во Букурешт сирени од полиција и брза помош небаре си во Њу Јорк


ни јас не возам брзо, но ме иритира кога постои опасноста. Како на пример на Тетово-Гостивар каде ограничување е 80.

Минатиот викенд на спуштање од Маврово пред мене цело време возеше една мазда, човекот не претица ни еднаш, следеше колона, возеше по прописи. После семафорот кај Гостивар го сопре полиција за некои +5км/ч над дозволеното (ќе ме сопреше и мене да бев јас пред него). Ни крив ни должен веројатно плати казна. Малце офтопик, но нависитна ми идат на нерви сите тие патроли во МКД, особено што се бават со такви +5км/ч прекршоци а не со оние манијаци кои ќе пролетаат со 200км/ч.

Супер штом не е така во Романија. Освен МКД јас и не знам друга земја каде е така.
Back to Top
Влатко View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Aug-2016
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 338
  Quote Влатко Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 02-Sep-2019 at 13:05
Јас колку што знам, можеби грешам но европски прописи се дека не смее полициска патрола на експресни патишта и автопат да има сем во дадени потребни услови. Нели скоро, фатално со смрт заврши и полицаец на скопската обиколница, за жал, па актуеллни беа тие прописи.

Како и да е Романија слободно, Бугарија опрезно затоа што морав да ги подмитувам со 5 евра и 300 денари.
Back to Top
 Post Reply Post Reply

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.094 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.