build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Градска инфраструктура
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Проширување на бул.Никола Карев (Пластичарска)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 7>
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
MKDSTRUGA View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Jun-2018
Online Status: Offline
Posts: 127
  Quote MKDSTRUGA Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Проширување на бул.Никола Карев (Пластичарска)
    Posted: 17-Aug-2020 at 10:41
Nisto nema da cepkaat dur ne napraat vlada. Vaka ima rizik ako gi dadat tenderite na partiski perjanici vo slucaj da ne napraat vlada da bidat otkrieni. Pa si cekaat na steta na gradot mesto da tenderiraat posteno. Bidno e na krajot koa ke se naprai vlada da se slee kesh vo dzebovite na foteljasite.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13148
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 17-Aug-2020 at 08:42
Нема никакви активности најверојатно зашто уште немаме ни официјална влада, иако надлежностите се на градот, ама знаете како функционира тоа кај нас.
За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6940
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 17-Aug-2020 at 07:22
До каде се тука градежните работи се работи ли втората фаза,некако нема инфо последниве неколку месеци...скоро цело лето измина ниту една улица и булевар од најавените за ова лето не ги чепнаа.
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2457
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 30-Jun-2020 at 23:07
Ја извозев пред некој ден првпат вака проширена... и мислам дека сум позитивно изненаден од рамните шахти. Имав заборавено како изгледа таа работа.
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 500
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 05-Jun-2020 at 04:07
Со минимален ефорт можеше да се пробие западната половинка од реконструкцијава, делот од раскрницата со Македонско-Косовска Бригада до Американска амбасада. Имаше простор да се добие барем профил како Партизанска со дополнителна лента кај семафорите, ако веќе сме далеку од решението според ГУПот каде има и колекторски собирни улици.

Еве во прилог нешто што се случувае тука 2017та кога е срушена една дивоградба која лежи на трасата и тотално на узурпирано државно земјиште.

Само два објекта сметаа да се добие поширок профил на овој дел од реконструкцијата. Еден стар магацин и стара стамбена зграда. Секако и дивоградбата која стои така разрушена.



http://ads.zase.mk/articles/342983/video-opshtina-centar-rano-utrinava-ja-urna-divogradbata-na-plasticharska-ulica
https://kajgana.com/opshtina-centar-ja-urna-divogradbata-na-plasticharska-ulica
https://daily.mk/what/6672293/rano-utrovo-urnata-divogradba-na-plasticharska-ulicata
https://daily.mk/what/6671443/nokjeska-so-policija-opshtina-centar-rusheshe-divogradbi-na-plasticharskata









free private image hosting
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6940
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 31-May-2020 at 14:00
ПОСТАВУВАЊЕ НА ПОРТАЛНИ СЕМАФОРСКИ СТОЛБОВИ НА КРСТОСНИЦА БУЛЕВАР НИКОЛА КАРЕВ СО УЛИЦА САМОИЛОВА









https://www.facebook.com/JP-Ulici-i-patista-Skopje
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 1631
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 30-May-2020 at 10:20

мора ниски Тротоари заради Пожарна Амуланта Полиција воопшто потреба и на Народ да застане итно на прва лента и отвори врата ...
чаре секогаш има, Фич вели Паркинг, точно, но како да ги одвратиш каубојци по цело Скопје да паркираат терсене, хм, мислам дрско наметнување огради а без притоа да се има волја од самите Дуќанции за истата е непродуктивно кој урнек потоа ќе стане блупринт за секаде, но склет во однос проодноста на Јавните Служби, едно помалку логично но неиспробано решение ет да се спотераат не каубојците туку Домакините та токму на Дуќанџиите да им се наплаќа екстра комуналии зошто не се грижат за тротоарот предсебе за така со лесно да се ресетира муабето, а така потоа макар општината стаила Столпчиња тие самите да не ги вадат, ќе му дојде нешто налик то зимската регулатива да секој Дуќан е должен да си го исчисти снегот од претпорти, а во случајов логично би требало да спречи некој да се однесува каубојски, та ако нема столпчиња да импровизира (со некој свој тенеќе-знак) како би спречил каубојштина , на што пак ако е приморуван со молби нормално дали и ќе најде време тоа да го спроведува, а веројатно ова со екстра комуналии би го решило брзо моментот при што за Дуќанџиите некој друг екстра би се ангажирал, нормал општината или градот ...
впрочем секој еден Дуќан треба на своите муштерии да им обезбеди безбеден пристап, од аспект на Потрошувач мене вака пр. ми е загрозена безбедноста, при што пр. сред пандемијава треба да се гужваш за да откај Пл.Ул. пропешачиш, којзнае може Ам.Ам. би помогнале ако дозволат кај нив да се крене клучка па така потегов да стане вистински урбан автопат по кој брзо ќе се вози и нема да смее по ниту еден основ каубојски да се паркира ...
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2457
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 30-May-2020 at 09:47
а да направат монтажен паркинг над самата улица? Изводливо ли е? Можеби може и катна во близина на ПС.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7378
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 26-May-2020 at 20:40
Originally posted by FT

Originally posted by zabegan

Зошто во градов не се поставуваат високи тротоари за да се реши овој проблем?

Ете ти ефикасно решение без многу галама, бетонски огради и полиција...
искрено, практично нема решение, на тротоарите се става бетон, а и да не е тоа, возилата ќе продолжат да се паркираат на коловозната лента
не е проблемот во решенијата туку безредието, каде за секое решение се наоѓа проблем
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
FT View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 22-Jun-2010
Location: Kocani
Online Status: Offline
Posts: 376
  Quote FT Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 25-May-2020 at 23:03
Originally posted by zabegan

Зошто во градов не се поставуваат високи тротоари за да се реши овој проблем?

Ете ти ефикасно решение без многу галама, бетонски огради и полиција...
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7378
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 25-May-2020 at 20:57
Зошто во градов не се поставуваат високи тротоари за да се реши овој проблем?
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6940
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 24-May-2020 at 11:59
ГРАД СКОПЈЕ ЈА РЕНОВИРАШЕ ПЛАСТИЧАРСКА УЛИЦА, АМА ОСТАВИ ПЕШАЧКИТЕ ПАТЕКИ ДА БИДАТ ОКУПИРАНИ ОД КОЛИ



Тротоарите долж булеварот Никола Карев или Пластичарска улица не се ослободени за движење на пешаци и велосипеди после реконструкцијата. Од двете страни долж булеварот тротоарите се окупирани со коли, иако градоначалникот Петре Шилегов при стартот на градежните работи најави дека во рамките на реконструкцијата ќе бидат изведени пешачки и велосипедски патеки. Тротоарите се реновирани, поставен е нов слој асфалт, но не се поставени столпчиња за да се спречи паркирањето на возила.

Од Град Скопје велат дека ќе постават столпчиња и ќе го ослободат овој дел за движење на пешаци и велосипеди откако ќе обезбедат место за паркирање за жителите и сопственците на дуќаните. Не прецизираат кога ќе се случи тоа и како и каде ќе обезбедат место за паркирање.

„Градот Скопје деновиве заврши со реконструкцијата на булеварот Никола Карев. Покрај работата на булеварот и сите негови елементи, во моментов се работи и на решавање на проблемот со паркирање во овој дел од Скопје. По неговото решавање и овозможување на простор за паркирање на жителите и објектите на оваа локација, Градот ќе пристапи на поставување на столпчиња“, велат од Град Скопје.

Град Скопје минатата недела заврши со реконструкцијата на првата фаза од улицата Пластичарска од Бит пазар до касарната Илинден. Сега Пластичарска улица има по две сообраќајни ленти во двата правци и средишно зеленило онаму каде што тоа го дозволува просторот. На целиот потег е изведена атмосферска канализација која досега не постоеше. Реконструкцијата чини 2,1 милион евра.

Градоначалникот Петре Шилегов најави дека пролетва Градот ќе почне со градежни работи за проширување и реконструкција на сообраќајницата до крстосницата кај Момин поток.

[https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/grad-skopje-ja-renovirashe-plasticharska-ulitsa-ama-ostavi-peshachkite-pateki-da-bidat-okupirani-od-koli/
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 500
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 23-May-2020 at 01:04
Не ми е јасна општина Чаир како може да има толко поволна политичка позиција и да не успее да ја искористи на креативен начин кога се однесува на прашањето на целата таа сиво зона Пластичарска/БитПазар. Имаат позиција од која можат да спорведат катна гаража во делот меѓу Паластичарска и БитПазар некаде во околина на полициската станица и после тоа сами да воведат ред во паркирањето во цел тој дел ос намера да си направат муштерии за катната гаража. Ова е единствен дел од градот во кој до толку екстермно не е решено паркирањето има огвромен простор за позитивен business-case за такво нешто. Што па да не и возила од околнител екстермно тесни улички со месечни карти. Па тоа е позиција за која сонуваат некои градоначалници, ем сам да забрануваш паркирање било каде, ем да е у твоја сопственост гаражата. Ја имаат позицијата и не ја користат, дозволуваат да им се случува овој хаос и уживаа во него.
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2218
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 19-May-2020 at 11:39
Како би се решило преминувањето на луѓето низ зеленилото? Повеќе и погусти грмушки и повеќе полиција?
По завршувањето на паркинзите ќе мора ѕид на средина и столбчиња на тротоарите, како и 10 резидентни пајака. Ѕид треба и кај зелено пазарче, таму нонстоп има луѓе.
_____________________________________________
Град Скопје завчера кажа дека „Во тек е проектирањето на втората фаза која ќе опфати градежни активности на потегот од влезот во касарната „Илинден“ до спојувањето со булеварот Словенија, како и изградба на голема клучка кај Тетовска трошарина.“ Истото го прочитав и во други соопштенија и вести, постари и понови, а и Шилегов во интервју од декември вика дека март/април ќе биде готова првата фаза до влезот во касарната Илинден, а мај/јуни почнува втората до Словенија. Добро штом е така.

Каде поточно би била клучката? Претходно рече Хубо, а возможно е да биде и под касарната. Горе кај Словенија веќе не е Момин Поток.

Edited by Staro Skopje - 19-May-2020 at 11:42
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
Влатко View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Aug-2016
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 410
  Quote Влатко Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 19-May-2020 at 10:26
https://www.vecer.press/%d0%bf%d0%bb%d0%b0%d1%81%d1%82%d0%b8%d1%87%d0%b0%d1%80%d1%81%d0%ba%d0%b0-%d0%ba%d0%b0%d0%ba%d0%be-%d0%b1%d0%b0%d0%bd%d0%b3%d0%bb%d0%b0%d0%b4%d0%b5%d1%88/
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 500
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 18-May-2020 at 23:35
Ќе оставам сликава подолу нека говори... Како изгледа град во кој градските власти се решени да си ги спроведат градските булевари во полн профил со колекторски улици, со све како што треба, без компромиси со локални мафии, дивоградби, mobilje, auto-larje, население што живее во субстандaрдни услови и се користи како резервоар за гласови, бескрајни експропријации, прва и втора фаза, и слични будалаштини....




Дами и господа Тирана, намерно одбрана поради културна "блискост" со пластичарска....





Edited by user8642 - 18-May-2020 at 23:42
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1937
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 18-May-2020 at 02:35
Леле со ова светилкиве на сред пешачко велосипедска патека навистина не ги можам, кога ќе разберат дека има и друг начин....
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6940
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 17-May-2020 at 18:32












https://www.facebook.com/petreshilegov
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6940
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 17-May-2020 at 11:33
Денес ја завршивме и Пластичарска. До касарна Илинден. Нов булевар во Скопје ...















https://www.facebook.com/petreshilegov
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12129
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 17-May-2020 at 00:12
Originally posted by FT

Не се многу широки лентите? Зарем не можеше да се направат потесни ленти и плус една за паркирање/застанување?
Сум приметил на многу улици/булевари лентите се огромни а тротоар има едвај 1 метар.



Некаде прочитав дека лентите се по 3,5 метри што е сосема адекватно на рангот и транзитната улога на оваа сообраќајница. Дури и да се намалат на 3,25 (под тоа би било лудост за оваа сообраќајница), би се добило по пола метро на двете страни, што е сосема недоволно.

Во секој случај, прво мора да се отстрани робата од тротоарите, за воопшто да размислуваме за лента за паркирање. Не може тротоарите да се изложбени салони, а да стеснуваме ленти за на каубојциве да им овозможиме дополнителни погодности.

Просторот за евентуалната лента за паралелно паркирање треба да се обезбеди со отстранување на производите од тротоарите. Иако на тој начин тротоарите всушност ќе се стеснат, движењето на пешаците всушност ќе се олесни. Местото на производите им е внатре во објектите.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 7>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.125 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.