build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Административни
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Општинска зграда Гази Баба

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15007
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Општинска зграда Гази Баба
    Posted: 30-Dec-2019 at 18:51
Во новата година почнува изградбата на општинската зграда


Инвеститорот од Косово „УТП Дино ДООЕЛ“ го купил земјиштето кое има две парцели, а за сметка на тоа ќе ја изгради општинската зграда до клуч на рака, која ќе биде со приземје и шест ката, а се очекува од средината на јануари кога ќе се најде соодветно место за сместување на администрацијата и кога ќе се издаде градежната дозвола да започнат и подготвителните работи

Општина Гази Баба деновиве го потпиша договорот со инвеститорот „УТП Дино ДООЕЛ“, компанија од Косово за изградба на општинската зграда, која ќе биде на местото на старите бараки, спроти хотелот „Континентал“. Во оваа зграда ќе биде сместена општинската администрација и вработените од подрачните единици на министерствата кои се во рамките на Општината.

Како што објасни градоначалникот Борис Георгиевски, инвеститорот од Косово „УТП Дино ДООЕЛ“ го купил земјиштето, кое опфаќа две парцели, а за сметка на тоа е должен да ја изгради општинската зграда на едната парцела и тоа до клуч на рака, а на другата добива можност да гради станбено-деловен објект.

Парцелата каде што ќе биде општинската зграда е со површина од 5.000 квадратни метри.

– Општинската зграда ќе биде со приземје и шест ката, додека другата парцела е со површина од 42.000 квадратни метри. Под општинската зградата ќе има подземен паркинг на две нивоа – објасни Георгиевски.

Тој додаде дека општинската зграда ќе чини 2,5 милиони евра.

– Во моментов бараме соодветно место каде што би можело да се пресели општинската администрација. Се надевам дека до средина на јануари ќе ја издадеме градежната дозвола и ќе најдеме соодветно место да се преселиме и да се започнат подготвителните работи – изјави Георгиевски.

Рокот за изградба на општинската зграда е од 18 до 24 месеци, но Георгиевски се надева дека општинската зграда ќе биде изградена порано.

Инаку, земјиштето беше продадено на лицитација по цена од 1.400 денари за квадратен метар.

(А.П.)

https://www.vecer.press/во-новата-година-почнува-изградбата-н/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15007
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 30-Dec-2019 at 18:51
Рендери





https://www.facebook.com/opstinagazibaba/
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 14155
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 30-Dec-2019 at 22:10
Хахаха, кога ја видов вторава слика од рендерот веднаш ми текна на ова:

За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15007
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 03-Jan-2020 at 16:41
Според најавите едната парцела е за општинска зграда а другата за станбена зграда(кај нас неможе ниту еден проект да помине без притоа во него да биде вклучена изградба на еден или повеќе станбени објекти )

Еве еден извадок од Google Maps,незнам како ќе ги распределат парцелите



Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15007
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 03-Nov-2020 at 11:19
вест од 23.02.2018

БАРОКНИОТ АРХИТЕКТ ЧАУШЕВСКИ ГРАТИС НАЦРТА МОДЕРНА ФАСАДА ЗА ОПШТИНСКАТА ЗГРАДА НА ГАЗИ БАБА


Новата зграда на скопската општина Гази Баба нема да биде барокна туку со модерна енергетско ефикасна фасада. Авторот на проектот за барок изглед на фасадата на општинската зграда Жарко Чаушевски, по налог на градоначалникот Борис Георгиевски направил нов проект без притоа да добие дополнителни пари.

Првичното решение на Чаушевски како што се бараше во огласот распишан од ексградоначалникот Тони Трајковски предвидуваше зградата да биде во барок стил, со куполи и статуи, налик на објектите во центарот на градот од проектот „Скопје 2014“. Чаушевски е автор на идејните решенија на барокните фасади на дел од објектите од проектот „Скопје 2014“. Тој го направи идејното решение за зградата на Владата, ЈП „Водовод и канализација“ како и дел од фасадите на зградите во центарот на градот.

Општинската зграда нема да има барокна фасада туку модерен изглед. Веднаш штом стапив на функцијата побарав од авторот Жарко Чаушевски да направи ново решение. Без проблем прифати а притоа не му беа исплатени дополнителни средства“, вели градоначалникот Георгиевски.

Општинската зграда ќе се наоѓа на местото на ресторанот „Галеб“. Ќе биде на шеста ката со две нивоа подземен паркинг. Ќе се гради со јавно-приватно партнерство, односно фирмата која ќе биде избрана на јавен повик без надоместок ќе ја гради зградата а притоа ќе го добие земјиштето каде сега се наоѓаат општинските бараки и каде според Деталниот урбанистички план има маркичка за деловен објект на 15 ката.

„До крајот на мојот мандат очекувам да имаме нова општинска зграда. Има голем број заинтересирани инвеститори. Овој дел станува атрактивен особено по најавите за изградба на трговски центар на местото на саемот“, додава Георгиевски.

Општина Гази Баба во декември 2016 година склучи договорот со фирмата на Чаушевски „Архитектоника“ за изработка на основен проект за општинската зграда. Чаушевски за изработка на проектот доби од општината 2.193.915 денари.

А. АНТЕВСКА

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/barokniot-arhitekt-chaushevski-gratis-natsrta-moderna-fasada-za-opshtinskata-zgrada-na-gazi-baba/

Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15007
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 03-Nov-2020 at 11:32
Малку ми се чудни ситуациите со општинскиве згради конкретно за скопскиве општини.Центар,Аеродром,Кисела Вода на толку издадени одобренија за градба и инкасирани пари од комуналии не сакаат да одвојат средства за општинска зграда.
Аеродром на местото на општинската куќа дозволија изградба на Gradia Home
Центар и Кисела Вода немаат никаква иницијатива за нова зграда
Карпош веќе 4-5 години не мрднаа со зградата која однадвор веќе е завршена и незнам што толку ги закочи,исто и во Ѓорче со молот заглавија ама барем општинскиот дел можеше некако да се доврши.
Гази Баба најавија и пуштија рендери но еве скоро цела 2020-та ќе измине ништо немаат почнато и најверојатно нема ни да почнат.
Back to Top
David View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Feb-2020
Online Status: Offline
Posts: 211
  Quote David Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 03-Nov-2020 at 13:12
Подобро стаклената отколку пластика барок....не дека и оваа ќе испадне нешто посебно или ќе се изгради ама ај,да си попрајме бајрам на умот.


Инаку и мене ме интересира зошто Аеродром и Кисела Вода не градат нови општински згради,може чекаат нов дуп,гуп...
Карши општината во Кисела Вода мислам има "висока" зграда,еве таа да речеме да ја модернизираат од општината,и самата општина после да биде сместена во некоја повисока зграда на местото од сегашните бараки,карши карши да бидат.

Или пак да се преместат во висока зграда до Флатирон,таму има место колку сакаш.
Back to Top
JovanOdGjorche View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Oct-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 462
  Quote JovanOdGjorche Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 03-Nov-2020 at 16:37
Општинската зграда на Гази Баба останува на исто место -карши Континентал? Местото мислам дека е навистина добро, а доколку се изгради и таа 15-катница во некој модерен стил, може да се вклопи со Ист Гејт и целиот тој нов комплекс на згради, т.е. ако навистина излезе според рендерите.
And something, somewhere was lost in 1938...
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15007
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 03-Nov-2020 at 16:53
Многу тешко да се каже како ќе ја изведат,рендерите многу често се само фикција што никогаш не се остварува,одат на варијанта да поминат поевтино и со тоа често забегуваат во фушерации и импровизации.Можно е да испадне како онаа недовршената во Ѓорче која иако е во стакло не ми е нешто посебно убава.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7765
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 03-Nov-2020 at 21:43
Леле Чаушевски заборавил дека не се неговите омилени на власт и решил повторно да најде фасада на гугл и да ја залепи на некој волумен
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15007
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 25-Nov-2020 at 14:15
Студио ЛЕЛЕЛЕЛЕ добитник на ВТОРА НАГРАДА за конкурс за ОПШТИНСКА Зграда -ГАЗИБАБА, Скопје, 2014г.









https://www.facebook.com/Studio-lelelele
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15007
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 16-Aug-2021 at 14:45
После повеќе од 40 години, Општина Гази Баба добива нов модерен административен објект, на местото од старите бараки. Новиот проект предвидува модерен, енергетски ефикасен и еко објект, наместо барокното решение што претходното беше одбрано.
Она што е најважно, е што, општина Гази Баба нема никакви финансиски трошоци при изградбата на новиот административен објект, а проектот целосно треба да биде завршен за две години.
Во рамки на новиот административен објект предвидени се простории за постојните подрачни единици на министерствата. Граѓаните ќе можат на едно место да ги завршат сите потребни услуги од општината и подрачните одделенија. #ГазиБаба останува отворена општина во служба на граѓаните.







https://www.facebook.com/GeorgievskiBoris
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 14155
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 16-Aug-2021 at 15:22


Ако испадне како на рендерот, ќе биде баш фино
За сè има вторпат
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Online
Posts: 912
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 16-Aug-2021 at 23:09
Одвратно изгледа. Како стаклена верзија од некое дело на Вангел Божиновски. Втората награда е каде каде пооригинална и пософистицирана.
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 1765
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 16-Aug-2021 at 23:39
Ќе се изнагледаме овакви слики до избори. После пак ќе биде се по старо, односно нема да има ни абер од било каква нова зграда.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Online
Posts: 5360
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 17-Aug-2021 at 08:19
Originally posted by <Fresno>

Одвратно изгледа. Како стаклена верзија од некое дело на Вангел Божиновски. Втората награда е каде каде пооригинална и пософистицирана.


Знам дека вкусовите се субјективна работа, ама не зафркавај. Инаку точно како што вика user8642, ништо од ова никогаш нема да се реализира. Впрочем, може да се изгради некаква зградурина на таа парцела и општината да добие 1-2 спрата, ама тешко дека цела зграда ќе биде нивна.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15007
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 02-Sep-2021 at 10:54


И градоначалникот на Општина Гази Баба, Борис Георгиевски неодамна на фејсбук се пофали дека после повеќе од 40 години, локалната власт ќе добие нов модерен административен објект на местото на старите бараки.

-Новиот проект предвидува модерен, енергетски ефикасен и еко објект, наместо барокното решение што претходното беше одбрано. Она што е најважно, е што, Општина Гази Баба нема никакви финансиски трошоци при изградбата на новиот административен објект, а проектот целосно треба да биде завршен за две години – информира Георгиевски.

Според неговата објава, во рамки на новиот административен објект предвидени се простории за постојните подрачни единици на министерствата, па граѓаните ќе можат на едно место да ги завршат сите потребни услуги од општината и подрачните одделенија.

Сепак и покрај нашите обиди од Општина Гази Баба не одговорија ништо попрецизно, ниту дали веќе е изготвен основниот проект, ниту кога ќе започне изградбата, кој е изведувач и дали целиот објект ќе биде наменет за потребите на општинската администрација и на подрачните одделенија или ќе има и деловен дел.

https://www.slobodenpecat.mk/povtorno-najavi-za-izvedba-na-administrativni-objekti-na-opshtinite/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15007
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 05-Mar-2022 at 16:19
Некое од идејните решенија од пред 10 години на оваа тема,било предвидена комбинација со трговски центар и општинска зграда











http://www.ivanoveng.com.mk

Проектантскиве студија имаат еден куп вакви проекти и решенија но најголем дел од општините се во бараки од 60-тите
Carpe diem
Back to Top
 Post Reply Post Reply

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.105 seconds.

Copyright ©2007 - 2022  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.