build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Јавен превоз
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Метробус Скопје (Bus rapid transit / BRT)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Метробус Скопје (Bus rapid transit / BRT)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1234>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 1631
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 05-Mar-2020 at 12:18

ни ПетреШ не е на чисто за што и на што е, иако помалку или повеќе мора да размислува јавно бидејќи се фатил на оро да биде Градски Татко, ксмет имало и други преднего па може да се вади на очувите дека тие му остаиле гордиев јазол, а всушност како е затворен систем (и само двајца без тројца експертски думаат дали во градот министерството партијата на оваа тема) па дури имало неколку татковци одеднаш детето нема да порасне во Домакин од Маж, а домакинлукот логично би бил најтокму ако на сите правилно им е распределено потоа, ете мое мислење неретко е дека и во форма на Бесплатен Јавен Превоз би имало супер подобен ефект, но за што како поскап LRT не би помогнал но BRT систем многу веројатно на сите би им бил од помош, налик надземниот автобуски јавен превоз да се наплаќа, подземниот БРТ да е бесплатен, ем капак одозгора голем простор за вело-култура на ниво на активен и функционален индивидуален градски превоз ...

но за каква и комбинација да се одлучат властите, во демократска земја за крушни промени треба и Народ да се праша, но за да таквата консултација има ефект јасно и Народ треба да е вклучен во разработкатата на идејата, во спротивно консултацијата ќе се сведе на легитимитет лишен од креативност поголема од кревање рака, а еве цел Народ гледа има и ентузијасти на еФорум како Билд думаат и покреативно а посекако доколку има простор и млади стручни лица би се фатиле на оро бидејќи ова е народен а не експертски форум, конечно кога такви два форума би здужиле сили на крај нормално би извадиле решенија за кои експертите во Сектор Урбанизам би избрале решение кое би го донаштимале со авторитет за Градскио Татко да го извади повторно на референдумско гласање како едно од неколкуте предложени веројатно Три најубо за да нема премногу неодлучност за тимарење по вијуги ... за жал ова е случај денес со еден Чоек кој капак ко правник треба да пресече подобно за сите, а ако е по правда и сам треба да знае дека на многумина не само што нема да им е по мерак туку бидејќи со децении се влече ваква идеја на крај може да потфрли озбилно бидејќи Народ во меѓувреме избилдал големи очекувања ... слично ко и со челнството во еу, навистина Парадокс ...


Back to Top
David View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Feb-2020
Online Status: Offline
Posts: 140
  Quote David Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 05-Mar-2020 at 12:42
Петре за жал е на чисто само во која кафана ќе иде денес.
Трамвај не очекувам,ни пак верувам во такво нешто дури и утре да земат да копкаат и да прават дупи по градов,едно метро со оглед дека Скопје е две педи,би било одлична идеја меѓутоа како што гледаме кај нас една подземна улица што требаше да ја градат ја заташкаа,не пак нешто посериозно.

Смешно ми падна во интервјуво на крај кога почна да се заканува Петре дека ќе земел ќе го рушел СК2014 ама не му дале хехехехе немој бе Петре,демек проблемот е во 5 згради покрај кеј а не во 105 бруталистички низ цело Скопје. Траги-комично.



Edited by David - 05-Mar-2020 at 12:43
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 1631
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 05-Mar-2020 at 13:55

ех што ќе беше добро да останеа блогоите на Билд та да земев на долго и широко да се раздумам зошто е неопходна тематска дебата дури и кога Градскио Татко дава изјави, па тоа тука да го фуснотирам, а како би задржале фокус на даденава тема, но ај тој неможел па каша попара било се’ медиумски, но бар ние тука можеме да држиме Давиде онтопик ритам, дали!?
нејсе, ме подзамисли зошто и како Луѓе немаат абер колку скапа инвестиција е Метро, читни имаш во издвоениот линк од споредбата за lrt vs brt во нишката за Трам дека метрото е скапа работа, пр. 1км Трам е 15 до 20 мил евра [1] некој вели за метро тоа би чинело 25м.е. 1км [2] а реалноста е дека цената по километар за метро тера од 50 мил. евра минимум па се до 200 мил. евра [3] на страна што Скопје има алувијално тло па логично мора да се оди со поздрава подземна градба [4] а конечно смешно би било да се расфрламе камен знаејќи дека Метро би било неопходно само ако тука имаме мас мигранска криза па градов доживее експлозивна густина на население [5] но повторно во кој случај оската би била од ТИРЗ кон Тетово а логично тогај повторно поефтино и за градба и за одржување би било LRT ...
туку во однос мојана досетка за површински тунели, ајде канали за BRT кои евентуално подцна би се пренамениле за LRT, чинам интерсна идеја за думање би било истите бидејќи сме трусно подрачје да се па и странично иако незнам колку тоа е паметно Но бар одозгора можат да бидат покривани со Бетонски Блокови онака модуларно во фабриката Карпош по потреба да се лејат нови, а кои со некакви дампери асеизмички би се ределе одозгора при евентуални подигрувања на тлото, конечно одозгора ако врват само точаци ова нема да биде никаква фрка, хм, слична дума ко што едно време верглав за плоштад кај НУБ [1]
Back to Top
David View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Feb-2020
Online Status: Offline
Posts: 140
  Quote David Quote  Post ReplyReply #24 Posted: 05-Mar-2020 at 14:19
Се согласувам
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 1631
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #25 Posted: 07-Mar-2020 at 23:43

според она искуство што го имаме со Трам-от изгледа и овој BRT концепт е осуден на заборав, доколку знаеме дека постојната власт следниот месец може да биде сменетa, а и да не биде тоа случај концептов сеуште е само Идеја полнадобри намери кои зависат и дали ќе има светска рецесија годинава [1] сепак идејава ја прифаќаат и до-европеи [1] та да речеме BRT е предизборно ветување кое може и ќе види бел ден доколку постојната власт задржи уште една ротација, а ко што можам да го разберам Премиеро во прашање е може и Тролеибус но не класичен туку веројатно на батерии кој само ќе се полни преку Пантограф [2]

ним, на властите, им се брза да извадат поатрактивна ЈП опција, но забораваат дека истата без широка јавна дебата нема да ги закачи сите аспекти покрај транспортот, не мислам туку сигурен сум дека не думале поозбилно за авто-демотивација [3] за или за маркетингот и како истиот може да се искористи подобно за Бесплатен Јавен Превоз [4][4] веројатно не им е јасно дека Народ кај нас сред сиромаштијава дури и ако е гага само ако мора ќе остави кола дома, логично денес треба да се пушти до сто места за да претури од празно во шупливо и си живее нормално, осбено ако е во приватниот сектор, па не само што БРТ ќе му е малку > туку треба и Поздрава Вело Инфраструктура [5] а на сето ова мора да се најде и други алтернативи како би му се олеснил Живот доколку поскапе регистрација или пак нема како куфер да однесе до ТЦ, та приколки на автобусите БРТ или Двоспратните би требало не само за Точаци туку и за Куфери, можеби посебно општинско ЈП комбе кое оние кои одат на Меѓуградска или ќе им ги пренесува куферите или топтан со нив ќе ги однесе до Перон, просто апансанз промени не се возможни а да имаат целисходен ефект доколку властите немаат аоут-оф-д-бокс пристап, разбира се онака коруптивно зачаурени во својте елитистички-плакари не ни може да извадат поарно него копи-пасте пристап ем фрлени пари по туѓинци за физибилитки, наместо тоа да е Јавен Проект кој во континуитет би го чинеле Професори и Студенти при МФ и ТФБ таман да добијат и тие нова Спортска Сала, нели имаме ние многу па остај нек не се замараат, нек не се навредат Браќа Роми но се ми изгледа дека од БРТ ќе добиеме БТР решение, ајт ако бар ќе биде фестивалски, којзнае може утре пуштени и како Меѓуградски Композиции доколку гргнат мигранти натака заради евентуална светска рецесија ...



https://www.citylab.com/transportation/2019/03/bus-commute-tactical-transit-lanes-traffic-congestion/583798/




Edited by Zelenikovo - 08-Mar-2020 at 14:12
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2396
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #26 Posted: 08-Mar-2020 at 15:52
Дваесеттина чивабуси или чикенбуси би го решиле проблемот на транспорт на куфери, велосипеди, кофи, вреќи, гајби, сандаци и слично. Плус, може да се движат и вон асфалт.

chiva%20bus

https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/7/72/Santiago_-_Chicken_Bus_%283679418198%29.jpg/800px-Santiago_-_Chicken_Bus_%283679418198%29.jpg


Edited by phenomenon - 08-Mar-2020 at 16:02
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 1631
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #27 Posted: 09-Mar-2020 at 20:44



ех за Селски Автобуси ова би било чакмак, ама за в Град нали сакаме и метросексуален стил та не би прошла ваква визија

реално потребата од Простор за Багаж во ЈСП ќе биде голема доколку сакаме инстант да го урнисме автомобилскиот тренд со непопуларни анти-авто мерки, во спротивно доколку не постои некаква алтернатива Народ ми се чини не да излезе туку ќе спие на улица додека не се ресетира муабетот по старо, незнам можеби багажен простор одоздола како кај меѓуградските би било решение, но тоа би било спор утобар растовар на багаж или точаци, а конечно кај багажот заради поголема безбедност би требало и биометриско освен билетно активирање вожња, мислам отисок нема да е голем кусур за да се осигураме дека само скопјани ќе ја користат ваквата услуга или пак некој ќе мора да има со туристот како би се гарантирала дополнително безбедноста, иако повторно сето ова може да се злоупотреби некако дрога оружје експлозиви па не само што неопходна е приколка и фингерпринт-анлок систем туку можеби и најава еден час претходно, тамам и за да се избегнуваат гужви ...

веројатно ова никогаш не би заживеало дури и да се пушти нешто слично во оптек се’ додека спориот ако не брзиов Јавен Превоз не бидне бесплатен та Народ да свикне ем да се пишмани од автокрузинг туку врти на вело или бус, многу нормално ако се има предвид следнава компаративна статистика за изгубеното време користејќи ЈП во сАд, што горе доле треба да е слично и во однос БРТ ко и кај Метро, евентуално да е побрзо ако има некакви бесплатни Минибусеви кои би кружеле по сервисните улици еднострано (во распон од станица до станица) како би ги префрлувало брт-џиите побрзо до БРТ трасата ... ех синкир тоа нема да биде кусур, но знаејќи дека склет навики се во прашање па нема тшо е вишок за да скопјани се аклиматизираат на Скап Индивидуале Превоз а се намамени ако не спотерани да користат Јавен Превоз ...

https://www.governing.com/topics/transportation-infrastructure/gov-transit-driving-times.html



Edited by Zelenikovo - 09-Mar-2020 at 20:45
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 1631
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #28 Posted: 10-Mar-2020 at 03:43

да не ја барам студија, ова графиконов веројатно е средно време на транспот од точка А до Б со кола vs метро, а доколку се види тагираното експеримент-видео во нишкaта ВелоПат во шпиц речиси тука некаде се > нормал бајкеро пред сите нив, та наместо нам цел фокус да ни е на Урбани Вело Автопати нам ни се матка во глаи само Брз Јавен Превоз кој впрочем и нема да биде толку брз ако не е во засебна траса вон или в среде на булеварите, но и тогаш нели имет семафори индијанци каубојци и слично, што велам чаре може се плитки подповршински тинели за БРТ траса та да речеме ќе си лета муабето непречено, комотно сетне и за поефтино ко Тролејбуси нека ги довлечкаат наместо онакви на полнење бидејќи кој незнае сеуште батериите не се најтоп појава која мора редовно по пола саат да се полни после секоја вожња!

мене ме чуди како сите опции во постојните околности не сме ги пробале а веќе тераме одма со недоносени ако не потпросечни, Та Ќе Речам, прво нека видат каков ефект би имало Прва Жолта Лента (со казни по пошта виа снимка на камера) која ќе биде задолжителна само за ЈСП и Такси Возила, та освен 30 ден. карта за ЈСП да може да се влезе и во Линиско Такси за исти пари кому колку му се брзало, што сепак ќе стори голем притисок врз ЈСП и нема да може да стигнеме до бесплатен јавен автобуски превоз натака, но мислам ова би било прифатливо за сите доколку се удри озбилно по декуражување на автомобилскиот превоз по централните булевари во Скопје она што велам со дупла-регистрација за второ возило, вака комотно би се амортизирале и оние со куферите кои би имале предност пред сите останати кај линиските таксисти (уште да научи Народ сам да си скрца куферо во или на багаж за брзо тоа да оди) и ето га чинам многу работи поинаква вожња ќе добијат, но ето од до-до-бус-ил-линско и потоа, хм Вело-Рент-Пунктови кај БРТ постојките кои еВелосипеди или обични би требало да имаат багажник-количка на преклоп и извлекување како оние кои имаат багаж а им треба да скиткаат пр. низ Центар да можат да си го завлечкаат без проблем зад себе, а наместо да носат сиџими да можат да го блокираат некако куфер дополнително ем точак да неможе да се мрдне од место ако седнат некаде да пијат кафе, за што би требало и gps вонив а и сигурносни клампи понив ... хм сигурно ќе си речете батево заминал со памето холивудски, арно ама ќе ве потсетам вашиов филм не сте се опулиле во огледало ама на боливуд фрчи од све страни! фали уште што вели ПетреШ да го сторите БРТ-то мешовита фирма т.н. јавно приватно партнерство и да им дајте некој да си полнат џебоите додека се расходуваат следните 10 наместо 20 години БРТ-бусоите, што би било речиси сличен спин ко оној во ЛА но таму заради нуклеар-апокалипс-фир попрво него растурање на трамвајскио вајб [1] но каков и модел да се истера МОРА да се оградат БРТ трасите, бидејќи при брз автобуски превоз а не му е блокиран преден трап на автобусот за да може да прати само правецот тоа ќе биде континуиран ризик од нечии прелети, можеби Чаре за БРТ-то би било автоматско упавување од команден центар, но тогај што кога ќе пукне гума кој да го тргне од траса, та веројатно комбиниран систем налик полуавтоматски драјв било Чаре за кондуктерот т.е. редарот (неопходен заради гужви доколку е бесплатен-превоз на сцена) да може да превземе ако има потреба!?


Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 2210
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #29 Posted: 22-Apr-2020 at 14:55
Од ЕБОР бараме 70 милиони евра за воведување на „трамвајот на тркала“ во Скопје

Македонската влада побарала 70 милиони евра од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) за финансирање на воведувањето на брзиот автобуски систем (БРТ) во Скопје. Проектот е разгледан од ЕБОР, проценката за неговиот импакт е оценета со 70, на скала од 0 до 100, со што тој се наоѓа на границата помеѓу добри и силни проекти, при што банката треба допрва да го одобри ваквиот заем.

„Трамвајот на тркала“ во главниот град би се имплементирал во две фази, при што првата транша од кредитот во висина од 40 милиони евра би се издвоила за изградба на БРТ линијата од Ново Лисиче до Ѓорче Петров, додека во втората фаза ЕБОР ќе даде 30 милиони евра за изградба на втората линија од Кисела Вода до Бутел. Заемот подигнат од државава ќе му биде доделен на Град Скопје, кој ќе го реализира проектот за воведување на брзиот автобуски систем.

„Главната цел на проектот е значително да се подобри нивото на услугата за јавен превоз и да се помогне во намалување на загадувањето на воздухот во Скопје, во моментов еден од најзагадените градови во Европа“, се наведува во образложението за овој проект објавено на веб-страницата на ЕБОР.

Од оваа банка минатиот месец веќе соопштија дека ќе го поддржат Градот Скопје во изработката на Студија за реструктурирање на јавниот автобуски превоз во главниот град, којшто како документ треба да му претходи на почетокот на изградбата на проектот.

(...)

https://meta.mk/od-ebor-barame-70-milioni-evra-za-voveduva%D1%9Ae-na-tramva%D1%98ot-na-trkala-vo-skop%D1%98e/
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6907
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #30 Posted: 02-May-2020 at 10:18
НЕ СЕ ОТКАЖУВАМЕ ОД ТРАМВАЈОТ И ПОКРАЈ КРИЗАТА СО КОВИД-19, ЈА СПРЕМАМЕ ТЕНДЕРСКАТА ДОКУМЕНТАЦИЈА, ВЕЛИ ШИЛЕГОВ

Проектот за воведување на трамвај без шини во Скопје не е откажан и покрај кризата предизвика од пандемијата на КОВИД-19. Градоначалникот Петре Шилегов вели дека во моментов заедно со Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) работат на изработка на тендерската документација.

„Проектот ‘Бас рапид транзит‘ не е откажан, ниту имам намера да го откажам затоа што пандемијата на КОВИД-19 ќе помине, а скопјани ќе се соочат повторно со потреба од брз и модерен јавен транспорт. Заедно со ЕБОР работиме на целосно заокружување на тендерската документацијата, сообраќајно-техничка и градежна, за да можеме да започнеме со имплементација“, вели Шилегов.

За воведување на трамвајот без шини во Скопје односно од Ново Лисиче до Ѓорче Петров и од Кисела Вода до Бутел, Владата преку Министерството за финансии почна постапка за кредитно задолжување од 70 милиони евра од ЕБОР. Проектот е разгледан од ЕБОР и неговиот импакт е оценет со 70, на скала од 0 до 100, што значи дека влегува во групата на силни проекти.

„Главната цел на проектот е значително да се подобри јавниот превоз и да се помогне во намалување на загадувањето на воздухот во Скопје, кој во моментов еден од најзагадените градови во Европа“, се вели образложението објавено за проектот објавено во април на веб-страната на Европската банка за обнова и развој.

Како што се вели во објаснувањето од ЕБОР, проектот ‘Бас рапит транзит‘ во Скопје, ќе се реализира во две фази. Првата транша од кредитот од 40 милиони евра ќе биде дадена за линијата од Ново Лисиче до Ѓорче Петров и изградбата на депото, додека во втората фаза ЕБОР ќе даде 30 милиони евра за трасата од Кисела Вода до Бутел.

Градоначалникот Петре Шилегов во јануари за САКАМДАКАЖАМ.МК изјави дека очекува со воведување на трамвајот за 40 отсто да се зголеми бројот на патници во јавниот превоз.

„Ако имате превоз на секои 3-4 минути, по посебна брза лента, без да се грижите каде ќе го оставите возилото и колку ќе ве чини паркирањето, пологично е да одбререте за 30-40 денари да стасате до центарот на градот со јавен превоз. Моите очекување се дека во првите две години најмалку 30-40 проценти ќе се зголеми бројот на патници“, изјави градоначалникот Шилегов за САКАМДАКАЖАМ.МК во јануари.

За двете траси ќе бидат потребни 60 возила, кои ќе имаат капацитет за 250 патници. Ќе бидат долги 24 метри и на секои 3-4 минути на автобуските станици ќе има возило. Ќе се движат по една сообраќајна лента која ќе биде физички одвоена од другите две ленти за да нема мешање со останатиот сообраќај, со што ќе се гарантира брзина и возен ред. Со воведувањето на трамвајот без шини на улиците каде ќе поминува нема да возат автобуси, за што ќе биде направен комплетно нов концепт за автобуски линии.

А.АНТЕВСКА

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/ne-se-otkazhuvame-od-tramvajot-i-pokraj-krizata-so-kovid-19-ja-spremame-tenderskata-dokumentatsija-veli-shilegov/
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12129
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #31 Posted: 02-May-2020 at 13:04
Originally posted by stef4o

За двете траси ќе бидат потребни 60 возила, кои ќе имаат капацитет за 250 патници. Ќе бидат долги 24 метри


Проектов почнува да добива контури кои делуваат охрабрувачки. Со толку долги возила би имале придобивки кои се многу важни за БРТ концепт што би бил прикладен за Скопје. Исто така, со толку долги возила нема да може баш туку-така да се прават зафрканции при реализацијата на одвоените коридори за движење на автобусите.


Предвидениот број на возила и нивниот капацитет се исто така сериозна бројка, што укажува дека концептот се потпира на масовност и на голема фрквенција, токму онака како што треба да биде.


Со оглед дека се работи за БРТ, каде што трошоците за изведба на коридори за движење на возилата се далеку помали од трошоците што би биле за ЛРТ (и во пари, и во време, и од аспект на попречување на сообраќајот при изведување на градежните работи), не е голема трагедија што проектов се турка без изведба на тунел од Џамбо до Партизанска. Но тој тунел никако не смее да остане заборавен предолго.



Edited by Cloverstack - 02-May-2020 at 13:14
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 2210
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #32 Posted: 02-May-2020 at 13:33
Дали Тифани е единствена посериозна пречка за тунелот?
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 497
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #33 Posted: 02-May-2020 at 15:10
Тој тунел ќе биде од Џамбо до раскрсницата кај мостот „Гоце Делчев“.
Поранешниот градоначалник на Скопје, Коце, во едно интервју има изјавено, колку што се сеќавам, дека не е пречка само Тифани (доколку тунелот би одел до Партизанска, а не Илинденска), туку и другите помали зградички што се иградени во тој дел, што е од Тифани до Плоштад. А ова го има заклучено шпанска фирма која ја направила анализата.

Мое лично мислење е дека тој тунел таму е КЛУЧЕН за растеретување на гужвата во центарот на градот, а ако има и велосипедски патеки во рамки на тој тунел тогаш тоа ќе биде мислам и проект на веков за Скопје.

Edited by skopskodete - 02-May-2020 at 15:12
Back to Top
MKDSTRUGA View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Jun-2018
Online Status: Offline
Posts: 126
  Quote MKDSTRUGA Quote  Post ReplyReply #34 Posted: 02-May-2020 at 15:50
Велосипедска патека во самиот тунел е лоша идеа со оглед на лошиот амбиентален воздух во самите подземни тунели. А нема ни потреба, таа патека може да завземе цела лента од рекорд, кој би бил пеѓшачка зона при пробивање на ваков тунел и проширување на улицата позади собрание. Исто така со расчистуванње на коритото на вардар може супер права и кратка вело врска да се изведе по самото корито на вардар.
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 497
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #35 Posted: 02-May-2020 at 16:04
Originally posted by MKDSTRUGA

Велосипедска патека во самиот тунел е лоша идеа со оглед на лошиот амбиентален воздух во самите подземни тунели. А нема ни потреба, таа патека може да завземе цела лента од рекорд, кој би бил пеѓшачка зона при пробивање на ваков тунел и проширување на улицата позади собрание. Исто така со расчистуванње на коритото на вардар може супер права и кратка вело врска да се изведе по самото корито на вардар.

Да, но не верувам дека не би имал добар воздух во самиот тунел. Не сум експерт, но претпоставувам дека би можело да се изведе супер вентилација во него.
Back to Top
Théoden View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2018
Location: Р. Македонија
Online Status: Offline
Posts: 214
  Quote Théoden Quote  Post ReplyReply #36 Posted: 02-May-2020 at 16:48
Се надевам повторно ќе се актуелизира темата за тунелот како што ќе се одвива овој проект, затоа што премостувањето на малиот (и големиот) ринг во секој случај ќе биде доста проблематично. 
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 497
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #37 Posted: 02-May-2020 at 18:43
Originally posted by Théoden

Се надевам повторно ќе се актуелизира темата за тунелот како што ќе се одвива овој проект, затоа што премостувањето на малиот (и големиот) ринг во секој случај ќе биде доста проблематично. 


Што побрзо се направи тоа, толку подобро, иако искрено не верувам да се актуелизира темава се' додека не се изградат мостот кај СЦЈС и кај Сити Мол.
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 2210
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #38 Posted: 02-May-2020 at 21:15
Колкава е потребата од тунел од Џамбо до Холидеј Ин? Многу поевтино е да се изгради регуларен надземен булевар од Џ до ХИ (тоа може дури и сега да се направи, особено со изведбата на големиот комплекс таму). Предности на поскапото решение би биле зачувување, па и зголемување на кејот и зеленилото во тој дел, избегнувањето на раскрсница во тесниот простор до Холидеј Ин и влез во тунелот пред ГТЦ, што додатно би ја разреметило пешачката улица. Во зависност од концептот, избегнувањето на раскрсница со Филип Втори може да биде и предност и маана.

Инаку, колкав проблем може да претставува близината на Вардар?
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
Vicks View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 30-Apr-2020
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Vicks Quote  Post ReplyReply #39 Posted: 02-May-2020 at 21:46
А можно ли е под плоштадот да постојат комуникациски инсталации па затоа се бара алтернативна рута за тунелот? Сепак од време на проектирање на истиот до денес, сешто се има случувано.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12129
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #40 Posted: 03-May-2020 at 00:16
Originally posted by skopskodete

Тој тунел ќе биде од Џамбо до раскрсницата кај мостот „Гоце Делчев“.


Тоа беше така планирано во проектот на Коце од пред 9 години. А тој проект вреди помалку од тоалетна хартија, употребена.



Нивото на несериозност и нестручност при изработката на тој проект тешко е да се долови. Еве што беше предвидено:

- Улица со по една лента во правец.

- Изоставување на било каква форма форма на јавен превоз (немаше предвидено ниту шински превоз, ниту БРТ, ниту обична жолта линија...)

- Врзување на К.Ј. Питу со Илинденска, иако е јасно како ден дека врската треба да биде со Партизанска. Денеска кога конечно се работи на пробивање на АСНОМ низ Ќерамидница, уште поочигледна станува апсурдноста на поврзување на Илинденска со К.Ј. Питу.

- Ужасно лош, непроточен и опасен кружен тек кај мостот Гоце Делчев. Овој кружен тек, како и сите деформации на сообраќајните текови што ќе произлезеа од поврзувањето на подземната улица на оваа точка, ќе ги осакатеа перформансите и на другите околни булевари.



Originally posted by skopskodete


Поранешниот градоначалник на Скопје, Коце, во едно интервју има изјавено, колку што се сеќавам, дека не е пречка само Тифани (доколку тунелот би одел до Партизанска, а не Илинденска), туку и другите помали зградички што се иградени во тој дел, што е од Тифани до Плоштад.

Коце ги кажуваше тие прикаски, затоа што неговиот проект предвидуваше најплиток можен тунел, Dig&Cover по целата должина, со максимална длабочина до 10 метри. Неговиот проект исто така предвидуваше и најкраток можен тунел (од Ново Маало до мостот Гоце Делчев), што би се копал исклучиво покрај кејот.

А тие такви критериуми произлегоа затоа што тогаш приоритет беа Ск2014 тортите, па тунелов мораше да биде најефтин што може, занемарувајќи ги сите фактори освен цената. Затоа што на пример зградата на уставен суд достигна цена од 43 милиони евра, ама тунелот требаше да се гради со 30 милиони евра (поскапите разгледани опции беа отфрлени).

На крај изгледа сепак решиле со тие пари наместо тунел да изградат една торта плус, па така се спасивме од таков сакат тунел.



Originally posted by skopskodete

А ова го има заклучено шпанска фирма која ја направила анализата.
Фирмата се вика ИДОМ, и барем тука кај нас целосно се дискредитираа на се што работеа. Документите кои ги подготвуваа очигледно не беа базирани на стручност и наука, туку беа само амбалажа во која требаше да се сместат нечии глупи идеи. Не е прашање дали, туку каква криминална шема функционирала во позадина.

На сајтот на ИДОМ се поставени референци од ширум светот, но не и од Скопје. Изгледа не се гордеат баш со среаботеното кај нас.



Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1234>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.156 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.