build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Спортски
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Градски стадион Билјанини извори - Охрид

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 886
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Градски стадион Билјанини извори - Охрид
    Posted: 03-Mar-2020 at 20:15
Започнаа активностите за изградба на новата трибина на стадионот Билјанини извори

Започнаа подготвителните активности за  изградба на новата трибина на Градскиот стадион “Билјанини Извори” во Охрид. Трибината согласно договорот и согласно проектот усвоен од ФФМ ќе се гради од спротивната страна на сегашната монтажна трибина на место каде досега се наоѓаа отворените асфалтни кошаркарски терени.

Јавното претпријатие „Билјанини извори“ ги известува сите лица кои до сега ги користеа  кошаркарските терени,  понатамошните спортски  активности да ги продолжат на мултифункционалното игралиште во непосредна близина. Од претпријатието упатуваат апел и до  останатите  активни корисници на  услуги  на отворените терени посебно детските фудбалски школи, да внимаваат на движењето за време на извршувањњето на градежните активности поврзани сo изградбата на новата трибина.

Инаку,  трибината ќе биде изградена по највисоки светски стандарди со капацитет од 1480 седишта. Проектот  го реализираат  Општина Охрид и Фудбалската федерација на Македонија.

https://ohrid.gov.mk/%d0%b7%d0%b0%d0%bf%d0%be%d1%87%d0%bd%d0%b0%d0%b0-%d0%b0%d0%ba%d1%82%d0%b8%d0%b2%d0%bd%d0%be%d1%81%d1%82%d0%b8%d1%82%d0%b5-%d0%b7%d0%b0-%d0%b8%d0%b7%d0%b3%d1%80%d0%b0%d0%b4%d0%b1%d0%b0-%d0%bd%d0%b0/
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 886
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 03-Mar-2020 at 20:16


Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 886
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 03-Mar-2020 at 20:24
Фото галерија: Пред крајниот рок, стадионот во Охрид ќе добие модерна источна трибина!

За девет месеци, пред рокот кој е една година, мулти-функционалниот стадион во Охрид ќе добие модерна трибина на источната страна, со капацитет од околу 1 000 гледачи. Со заградувањето на просторот на кој ќе се работи, започнаа градежните активности. Изведувачот на проектот „Енергоинвест“ преку својот претставник Ристе Миров, за OhridNews ги откри плановите околу изградбата на трибината.

Ги завршивме основните подготовки за да можеме непречено да работиме. Го заградивме просторот на кој ќе се работи и со геометрите го обележавме местото каде ќе се наоѓа трибината. Ископот го започнавме и се движи на некои 70 сантиметри, а треба да се симнеме на три метри. Мал проблем ќе ни прави водата, но и тоа ќе се реши со дополнителните ресурси кои ги имаме на располагање. – објасни Миров.

Тој додаде дека на трибината ќе се работи со голема динамика. Со оглед на интензитетот и темпото на работа,  Миров смета дека изградбата ќе заврши за девет месеци. Рокот е една година.

Нема да работиме во фази, туку динимично, бидејќи работите доаѓаат една по друга. Мораше да завршиме со некои подготовки за да почнеме со работа. Во следниов период ќе треба да се тргнат постојните рефлектори на стадионот и да почнеме со други работи на тој дел од стадионот. Мислам дека ќе завршиме пред рокот и трибината ќе биде готова за девет месеци. – потенцираше нашиот соговорник.

ЈП Билјанини Извори, апелираше сите кои се движат на тој дел од стадионот да бидат внимателни. На рекреативците кои ги користеа кошевите им порача да се префрлат на западната страна од стадионот каде што има игралиште со кошеви и голови за мал фудбал и ракомет.











https://www.ohridnews.com/zapochna-izgradbata-na-modernata-tribina-na-src-bil-anini-izvori/
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13511
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 03-Mar-2020 at 21:28
Предизборно мачкање очи. Камо среќа да грешам. Ова важи и за сите други проекти што така волшебно наеднаш почнаа да се спроведуваат низ државава.
За сè има вторпат
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 886
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 03-Mar-2020 at 22:44
Џоле со нашиве се е можно Big%20smile може да се каже дека ФФМ делува како стабилен инвеститор изминативе 7-8 години, најчесто проблемот е во општините како на пример стадионите во Прилеп и Тетово кои заглавија заради нив, а при избори оживуваа.
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 886
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 31-Mar-2020 at 13:35
Еве го прогресот досега. Ископот од асфалтот и материјалот под асфалтот е фрлен во дворот од базенот, не се замарале премногу. Ми делува на крај дека градејќи ја трибинава ќе ја оштетат атлетската патека која чинеше безмалку милион евра.


Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 886
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 24-Apr-2020 at 22:13
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13511
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 25-Apr-2020 at 06:55
Како да нејќат да го направат
За сè има вторпат
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 886
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 25-Apr-2020 at 09:40
Ми делува како еден подизведувач да заврши со првичниот ископ и тампонирање, па сега веројатно чекаат некој друг да продолжи со следната фаза. Ништо чудно и некои шеми да си тера изведувачот што го доби тендерот со оглед на рокот за градба. Крајниот рок е март 2021, а трибинава реално може да се изгради до јули/август.
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 886
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 09-Jun-2020 at 15:21
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9659
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 09-Jun-2020 at 15:57
Поминати се скоро два месеци а има незабележителен напредок,истово важи и за Охрид Мол и за Градскиот базен.Се градат повеќе од бавно...ама да беа станбени згради досега сто пати ќе беа изградени.
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 886
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 09-Jun-2020 at 17:15
За жал така е. Работиве на стадионов може да се каже дека се движат "најбрзо" со оглед на тоа што почнаа на стартот од март. Базенот се гради веќе 3.5 години и до нигде не е, а Охрид Мол одеше со бавно, но конзистентно темпо до кај есен 2019 и оттогаш има голема стагнација.

Да беа станбени згради не само што ќе беа изградени туку и распродадени.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9659
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 16-Mar-2021 at 17:18
Градскиот стадион во Охрид ќе добие нов систем за наводнување



ЈП „Билјанини Извори” и Фудбалската федерација на Република Северна Македонија (ФФМ) со нов проект ја продолжуваат започнатата успешна соработка во интерес на фудбалот во Охрид.

Со новиот проект, ФФМ на фудбалскиот терен на градскиот стадион „Билјанини Извори” ќе инсталира најсовремен систем за автоматско наводнување. За таа намена, до 3 април ќе бидат инсталирани 33 прскалки со сонда за влажност на почвата.

Новиот најсовремен систем за наводнување ќе придонесе за зголемувањето на квалитетот на самиот фудбалски терен, и секако, за намалување на потрошувачката на вода.

Поради овие активности, ЈП „Билјанини Извори” до 3 април го затвора охридскиот градски стадион за сите фудбалски корисници.

https://meta.mk/gradskiot-stadion-vo-ohrid-kje-dobie-nov-sistem-za-navodnuvanje/
Back to Top
 Post Reply Post Reply

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.125 seconds.

Copyright ©2007 - 2021  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.