build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Урбана мафија - Охрид
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Урбана мафија - Охрид

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <12
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4398
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 15-May-2020 at 16:39
АНТИКОРУПЦИСКА БАРА ВЛАДАТА ДА ГО ПРЕЗЕМЕ УРИВАЊЕ НА ДИВОГРАДБИТЕ ВО ОХРИД ОТИ ОПШТИНАТА НЕМАЛА ПАРИ



Антикорупциската комисија побара Владата да ја преземе надлежноста од Општина Охрид за уривање на дивоградбите. Антикорупционерите разгледувајќи ги јавните набавки кои Општината ги спровела за уривање на дивоградбите заклучила дека тие пари се малку за решавање на овој проблем.

„Во 2019 година е склучен само еден договор во уривање во вредност од 1,5 милиони денари. Бидејќи ова е мал износ за справување со дивоградбите во Охрид, Антикорупциската комисија ќе испрати барање до Владата да ги преземе надлежностите на сите општини во овој регион под заштита на УНЕСКО и да се справи со објектите кои се дивоградба“, рече претседателката на Антикорупциската комисија Билјана Ивановска.

Ивановска на денешната прес-конференција кажа дека го разгледувале и предметот за продажбата на градежното земјиште на паркингот кај „Холидеј ин“, заради наводи за неправилности при водење на постапката за денационализација на една од парцелите на овој потег. Таа кажа дека Министерството за транспорт и врски го продало земјиштето иако на сила бил мораториумот за градба.

„Дел од ова земјиште што е продадено со површина од 625 квадратни метри е на семејство што започнало процес на денационализација во 2003 година, но поради измени на Законот за денационализација од декември 2010 година, се дозволува располагање со имот што е предмет на денационализација. Пред да биде оваа измена во Законот постоела апсолутна забрана за располагање со имот додека трае постапката. Затоа ќе побараме од Уставен суд да изврши оценка на член 64 од Закон за денационализација“, рече Ивановска.

Таа кажа дека во време кога е продадено земјиштето на сила во Општина Центар е мораториумот, планот за овој дел се ревидира и може да претрпи измени. Затоа според Ивановска постои ризик од влијание на сопствениците на тоа земјиште врз натамошната постапка на донесување на планот.

„Затоа препорачуваме дека градоначалникот треба да се држи до стандардите за хумано живеење, да се изврши хуманизација и хармонизација на просторот, со што ќе се штити јавниот интерес. Ќе ја следиме судбината на оваа парцела со новиот план што ќе биде донесен“, кажа Ивановска.

https://sdk.mk/index.php/makedonija/antikoruptsiska-bara-vladata-da-go-prezeme-urivane-na-divogradbite-vo-ohrid-oti-opshtinata-nemala-pari/
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 802
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 17-May-2020 at 23:01
Парапетче од март се гради до езеро во пандемија, охриѓани револтирани, Градоначалникот вели дозвола нема

Извор на фото: Охрид СОС/Танески Филип







Во екот на пандемијата од коронавирусот Ковид – 19, на брегот на Охридското Езеро, во Градиште, во месец март, започна изградба на потпорен ѕид на плажа. Случајот е актуелизиран повторно викендов, откако на социјалните мрежи се појавија фотографии како се одвиваат градежни активности до самото езеро, што предизвикаа голем револт кај охриѓани, кои бараат одговорност за ваквата постапка.

Иако не се наведува кога се направени, фотографиите се автентични и актуелни, а потврда стигна и од градоначалникот на Општина Охрид. Тој во објава, исто така на Фејсбук, напиша дека градежните дејствија се одвиваат незаконски. Тоа било констатирано од општинската градежна инспекција уште пред речиси два месеца, а на изведувачот му е даден рок да ја отстрани дивоградбата.

    Чувствувам обврска, поради денешните бројни реакции кои лично од граѓаните и преку медиумите пристигнаа за изградбата на ѕид во непосредна близина на Охридското Езеро во авто – кампот „Градиште“, да Ве информирам дека инспекциските служби на општина Охрид, на 24.03.2020 година, извршија увид и составија записник.

    Согласно законските процедури донесено е решение за отстранување со кое на изведувачот му се дава законскиот рок сам да го отстрани, а доколку тоа не го направи во предвидениот рок, општина Охрид ќе го отстрани на сметка на изведувачот.

    Ве уверувам дека никој од Локалната самоуправа, а ниту јас лично сме издале или имаме намера да издадеме одобрение за изградба на објекти кои директно влијаат врз загадувањето на Охридското Езеро, или го нарушуваат светското природно и културно наследство. –
напиша Георгиески.

Овој еколошки инцидент се случува во исклучитено чувствителен период за Охрид, кој се бори да го задржи статусот на светско природно и културно наследство заштитено од УНЕСКО, кој е доведен во прашање токму поради вакви случаи, несоодветна заштита и целосна негрижа од надлежните институции.

    Секој ден, со секој еден ваков нов пример, само се потврдува лицемерноста на локалната и централната власт, отсуството на вистинска волја за справување со ваквите девијации. Додека козметички дотеруваа во извештајот до UNESCO, на терен имаме сосема спротивна практика. Од Радожда до Свети Наум. Благодарение на наши сограѓани, секој ден излегуваат на виделина вашите „подвизи“ и вистинското ваше лице. Ве заболе вас за светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион. Ве интересира само профит и узурпација, и кој повеќе ќе ви тутне в џеб. Наместо справување со дивоградбите, аминувате да се градат нови. – остро реагира до надлежните институции неформалното еколошко движење „OhridSOS“.

Екологистите ги повикаа инспекциските служби во Општина Охрид веднаш да излезат на терен, да ја запрат изградбата и да ги санкционираат сторителите.

https://www.ohridnews.com/parapetche-od-mart-se-gradi-do-ezero-vo-pandemi-a-ohri-ani-revoltirani-gradonachalnikot-veli-dozvola-nema/
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1840
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 17-May-2020 at 23:08
Како е од другата страна на границата?
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 802
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #24 Posted: 17-May-2020 at 23:17
Во Албанија ги срушија сите објекти покрај вода уште пред неколку години, но во однос на конкретниов потпорен ѕид не е ни битно како е таму. Ова се гради како многупати досега од бизнис интерес, поради угостителски објекти на кои местото не им е таму.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4398
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #25 Posted: 18-May-2020 at 08:40
ДИВОИЗГРАДЕНИОТ ЅИД В ЕЗЕРО КАЈ ГРАДИШТЕ ЌЕ БИДЕ УРНАТ, ВЕЛИ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ГЕОРГИЕСКИ

Дивоградбата со која се гради ѕид во Охридсктото Езерото кај авто-кампот „Градиште“ ќе биде урната, објави на својот фејсбук страница градоначалникот на Охрид Константин Георгиески. Според Георгиевски, општинските инпсектори упте на 24 март му дале рок на дивоградителот сам да ја урне дивоградбата, но речиси два месеца подоцна нема активност за уривање.

„Чувствувам обврска, поради денешните бројни реакции кои лично од граѓаните и преку медиумите пристигнаа за изградбата на ѕид во непосредна близина на Охридското Езеро во авто-кампот ‘Градиште’, да ве информирам дека инспекциските служби на Општина Охрид, на 24.03.2020 година, извршија увид и составија записник. Согласно законските процедури, донесено е решение за отстранување со кое на изведувачот му се дава законскиот рок сам да го отстрани, а доколку тоа не го направи во предвидениот рок, Општина Охрид ќе го отстрани на сметка на изведувачот”, објави синоќа Георгиески.

Тој вели дека никој од Општината не издал одобрение за изградба на објекти кои го загрозуваат Езерото.

„Ве уверувам дека никој од Локалната самоуправа, а ниту јас лично, сме издале или имаме намера да издадеме одобрение за изградба на објекти кои директно влијаат врз загадувањето на Охридското Езеро или го нарушуваат светското природно и културно наследство“, вели охридскиот градоначалник.

По повод дивоградбата кај Градиште се огласија и од невладината Охрид СОС.

„Се гради ѕид практично в езеро. Не знаеме кој дал одобрение, кој гради, или зошто. Ги повикуваме инспекциските служби во Општина Охрид веднаш да излезат на терен и да се запре изградбата а да се санкционираат сторителите. Дополнително, во јавноста, да кажат како може да се случува ова. Зошто вакви работи не се прикажаа во брошурата за една година мандат на Константин Георгиески – Градоначалник на Општина Охрид? Стево Пендаровски нека вметне вонредна точка на таа т. н. лидерска средба, па малку да се зборува и за ова, а не само за датуми за избори”, велат од Охрид СОС.


https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/divoizgradeniot-zid-v-ezero-kaj-gradishte-ke-bide-urnat-veli-gradonachalnikot-georgieski/
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 802
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #26 Posted: 18-May-2020 at 13:36
Се урива незаконски изградениот ѕид на плажата Градиште





Започнаа активностите за отстранување на нелегално изградениот ѕид во авто – кампот „Градиште“, информира денеска градоначалникот на Охрид Константин Георгиески.

    Градежен, комунален инспектор и инспектор за животна средина, утрово, извршија увид по што беше констатирано дека изведувачот нема постапено согласно издаденото решение за отстранување.

    Согласно тоа, денес, започнаа активностите за отстранување на нелегално изградениот ѕид.
– објави на Фејсбук Георгиески.

Градежните работи на спорниот ѕид започнале во март годинава. Надлежен инспекторат и тогаш излегол на лице место и откако контатирал дека дејствијата се незаконски издал решение за уривање, кое не било испочитувано. По силните реакции на јавноста денеска беше извршен нов инспекциски надзор, по што започна уривањето на потпорниот ѕид изграден до самото езеро.

Како што веќе информиравме, овој еколошки инцидент се случува во исклучитено чувствителен период за Охрид, кој се бори да го задржи статусот на светско природно и културно наследство заштитено од УНЕСКО, кој е доведен во прашање токму поради вакви случаи и несоодветна заштита.

Минатата седмица Антикорупциската комисија предложи одземање на ингеренциите на општините Охрид и Струга во постапувањето со дивоградбите.

https://www.ohridnews.com/se-uriva-nezakonski-izgradeniot-id-na-plazhata-gradishte/




Edited by ironm - 18-May-2020 at 13:37
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1840
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #27 Posted: 18-May-2020 at 14:01
Георгиески, Георгиески, Георгиевски, Георгиески. Претходно Јанкулоска и Ставрески.

Ќе научат новинарите асално да ги пишуваат дел од југозападните презимиња? Или има в или нема, не се презиваат различно секоја секунда.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 802
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #28 Posted: 18-May-2020 at 15:01
Чест случај е грешење на имиња/презимиња во нашиве медиуми посебно како што викаш на луѓе од југозападна Македонија кои во големо мнозинство немаат В во презимето, иако во текстот од СДК има и други грешки освен презимето.

Една грешка на која обрнав јас внимание беше во објавата на Мета.мк за истава вест, во која беше напишано дека изграден е ѕид на една од плажите во кампот Градиште. Во кампот Градиште има само една плажа.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4398
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #29 Posted: 19-May-2020 at 12:02
ГРАДЕЖЕН ХАОС ВО ОХРИД: Затворено градилиште продолжува со изградба откако заминат инспекторите

Нема крај на градежниот хаос во Охрид. Затворено градилиште заради отстапување од проектот, продолжува да работи веднаш откако заминат инспекторите на општината.

Имено, на 2 мај инспекторите на Општина Охрид затворија градилиште кое се наоѓа во центарот на градот, веднаш општинската зграда, а како што беше соопштено, инвеститорот кој изведувал градежни работи и копал темели за градба на зграда, излегол надвор од проектот, а воедно немал поставено ниту заштита за околните објекти од можни одрони на земјиштето.

Иако објектот имал дозвола за градба, сепак бил затворен затоа што инспекцијата констатирала отстапување од проектот при ископот на темелите, поради што го оградила просторот со жолта лента.

До Вечер.мк пристигна видео на кое се гледа дека забраната кратко траела. Лентата која била постана од испекторите само неколку денови после затворањето била остранета, а на градежната парцела се продолжило со изградба на објектот.

Охриѓани реагираат зошто градилиштето беше спектакуларно затворено, кога само по неколку денови лентата беше отстранета и се продолжува со градење. Тие прашуваат како е можно општинските инспектори не забележале дека повторно се гради кога градилиштето се наоѓа до општинската зграда?



https://vecer.mk/node/497341?fbclid=IwAR1-Zi5XdAxQmMOf3Q29ZQyViIJ5lXbF9mZlljSCWGYYsdMxG_0a_Qoschk
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1840
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #30 Posted: 19-May-2020 at 16:26
Џабе се замара УНЕСКО, треба Охрид целосно да се исклоца и толку. Меѓународните судови, особено оние во Стразбур и Луксембург, треба да почнат и со вакви работи да се бават.
Чекор понатаму би било воведување институт деловна способност и за државите. Варварските држави кои не се способни да се владеат самите себе и ги уништуваат своите народ и природа за профит на мала група злобници би се ставиле под протекторат.

Originally posted by Охрид SOS

ВРАЌАЊЕ ВО НОРМАЛА?!
Дека сè беше една голема претстава, дека се само големи лицемери и глумци, дека Општина Охрид и Влада на Република Северна Македонија ја лажат и светската организација и домашната јавност, покажува и оваа обратна акција, на враќање во претходна состојба на платформата во Канео. Привремено демонтирана, пред новата летна сезона, полека се подготвува инфраструктурата за нови потенцијални гости. Бидејќи профитот е побитен од природното и културно светско наследство.
Некој ги посоветувал привремено да ги отстранат штиците од металните конструкции пред доаѓањето на Реактивната мисија на UNESCO, International Council on Monuments and Sites (ICOMOS) и IUCN. Секоја штица е обележана со број, знеаејќи дека штом мисијата ќе замине, за брзо ќе си се вратат на старото место. Тоа и се случи.
Нормално, како што и се навикнати, ќе излезат со изјава Edmond Ademi, Константин Георгиески - Градоначалник на Општина Охрид, Oliver Spasovski и други институции и носители на јавни функции, па прстот ќе го вперат во лицата кои стопанисуваат со плажата, на нивното самоволие и непочитување на законите, со „ветување“ дека уште веднаш ќе се отстрани целата конструкција. До кога вака? Секој ден само испливуваат еклатантните примери на вашата неспособност и корумпираност. Наместо да сте регулатор, треба да ве регулираме секој еден момент, бидејќи сте спремни на сè.

fb.com





Не дека нешто друго може да се очекува од оваа држава:


Edited by Staro Skopje - 19-May-2020 at 16:35
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 802
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #31 Posted: 19-May-2020 at 22:22
Хахаха го чекав денот кога ова ќе се случи и очекував дека ќе е пред летната сезона (ако воопшто ја има летово). Ниту една плажа не ги тргна металните конструкции во вода и тоа ми даде до знаење дека нема да ги рушат платформите туку само шминкаат дека нешто се случува. Единствено 2-3 кафулиња (во редот пред Сараиште) ги отстранија целосно чии сопственици веројатно наивно поверуваа во приказните дека конечно ќе тргне работата.

Платформава од Канео е една од средните всушност (за која патем забележувате е изграден и ѕид во вода, а не само метална конструкција), а многу поголеми се платформите на Куба Либре, Кадмо и платформите во Лагадин.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <12

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.125 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.