build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Пешачки зони и паркови
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Градски парк Скопје

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 131415
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #281 Posted: 19-Oct-2015 at 17:16
КАФУЛЕ НИКНА ПОКРАЈ ЕЗЕРЦЕТО

За Град Скопје нема ништо спорно во постоење на објектот бидејќи, според нив, тоа било урбана опрема

Кафуле никна во вториот дел на Градскиот парк. Иако во Градскиот парк не се дозволени градби, покрај езерцето, после паркот за миленици и летните дискотеки, отворено е кафуле. Покрај маси и столови, кои се поставени на терасата, изведен е и објект од околу 100 квадрати од дрво и од стакло. На влезот на кафулето поставен е знак спортско-рекреативен риболовен клуб "Вардар". Покрај езерото наредени се десетина кајак чамци, кои од клубот се изнајмуваат за рекреација и тренинг. Во езерото, пак, изведен е мост за риболовците.
Од Град Скопје велат дека кафулето во паркот не е објект туку урбана опрема, и има дозвола за работа.



"Посочениот простор во Градскиот парк е предвиден во програмата на Град Скопје за поставување урбана опрема на јавни површини. Секторот за планирање му има издадено одобрение на Центарот за обука на кајакари за поставување урбана опрема во функција на одржување на тренажен процес со простор за соблекувални, простор за кајаци и простор за освежување на посетителите на центарот. Покрај обуката за млади кајакари, ќе се одржува и друга рекреативна обука како, на пример, за рибарење и слично", велат од кабинетот на градоначалникот Коце Трајановски.
Од спортско-рекреативниот риболовен клуб "Вардар" велат дека тие не стопанисуваат со кафулето ниту со чамците туку имаат добиено одобрение од Град Скопје за рекреативен риболов на езерцата околу објектот, а нивното лого пред кафулето стои со цел да се анимираат граѓаните за рекреативен риболов.
Од Град Скопје не кажаа која фирма добила дозвола за изградба и стопанисување со објектот во парк.

http://www.vest.mk/default.asp?ItemID=34972C24DD01A04B821DCB19A9BFB2F8


За некој е само урбана опрема

Edited by jyvation - 19-Oct-2015 at 17:17
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7006
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #282 Posted: 27-May-2016 at 02:22
па не е лошо како привремено решение, ако ништо друго, барем е чисто и уредно
http://skopjeinfo.mk/zholta-scena-prostor-so-tribina-kaj-nekogashniot-restoran-ezerce-foto

Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
xnx View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 1826
  Quote xnx Quote  Post ReplyReply #283 Posted: 27-May-2016 at 12:11
ja bi gi stail i brodovine tuka na ezercava
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 452
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #284 Posted: 27-May-2016 at 13:45
А немаше ли една жерновска идеја за нов современ објект со ресторан или нешто така на ова место? И рендери знам дека имаше дури...
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2369
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #285 Posted: 27-May-2016 at 15:08
Веројатно мислиш на обновата за ресторанот Езерце?

-----

Што се однесува до горнион објект, ако не прат галама во смисла на гласна и лоша музика, немам проблем со пополнување на содржини од овој тип.
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3191
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #286 Posted: 10-Nov-2016 at 16:52
Секоја моја посета на новиот дел на Градски парк е ново забележување на исечени дрвја. Не знам зошто, можеби се исушени или стари, ама сечата на дрвја е повеќе од забележителна. Ако вака продолжат од Паркови и зеленило, Градскиот парк за некоја година ќе можат да го преименуваат во нешто друго!

Старо правило е кога се сече едно дрво да се насадат барем две помлади.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 131415

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.094 seconds.

Copyright ©2007 - 2017  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.