build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Пешачки зони и паркови
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Градски парк Скопје

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 131415
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #281 Posted: 19-Oct-2015 at 17:16
КАФУЛЕ НИКНА ПОКРАЈ ЕЗЕРЦЕТО

За Град Скопје нема ништо спорно во постоење на објектот бидејќи, според нив, тоа било урбана опрема

Кафуле никна во вториот дел на Градскиот парк. Иако во Градскиот парк не се дозволени градби, покрај езерцето, после паркот за миленици и летните дискотеки, отворено е кафуле. Покрај маси и столови, кои се поставени на терасата, изведен е и објект од околу 100 квадрати од дрво и од стакло. На влезот на кафулето поставен е знак спортско-рекреативен риболовен клуб "Вардар". Покрај езерото наредени се десетина кајак чамци, кои од клубот се изнајмуваат за рекреација и тренинг. Во езерото, пак, изведен е мост за риболовците.
Од Град Скопје велат дека кафулето во паркот не е објект туку урбана опрема, и има дозвола за работа.



"Посочениот простор во Градскиот парк е предвиден во програмата на Град Скопје за поставување урбана опрема на јавни површини. Секторот за планирање му има издадено одобрение на Центарот за обука на кајакари за поставување урбана опрема во функција на одржување на тренажен процес со простор за соблекувални, простор за кајаци и простор за освежување на посетителите на центарот. Покрај обуката за млади кајакари, ќе се одржува и друга рекреативна обука како, на пример, за рибарење и слично", велат од кабинетот на градоначалникот Коце Трајановски.
Од спортско-рекреативниот риболовен клуб "Вардар" велат дека тие не стопанисуваат со кафулето ниту со чамците туку имаат добиено одобрение од Град Скопје за рекреативен риболов на езерцата околу објектот, а нивното лого пред кафулето стои со цел да се анимираат граѓаните за рекреативен риболов.
Од Град Скопје не кажаа која фирма добила дозвола за изградба и стопанисување со објектот во парк.

http://www.vest.mk/default.asp?ItemID=34972C24DD01A04B821DCB19A9BFB2F8


За некој е само урбана опрема

Edited by jyvation - 19-Oct-2015 at 17:17
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7072
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #282 Posted: 27-May-2016 at 02:22
па не е лошо како привремено решение, ако ништо друго, барем е чисто и уредно
http://skopjeinfo.mk/zholta-scena-prostor-so-tribina-kaj-nekogashniot-restoran-ezerce-foto

Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
xnx View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 1893
  Quote xnx Quote  Post ReplyReply #283 Posted: 27-May-2016 at 12:11
ja bi gi stail i brodovine tuka na ezercava
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 579
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #284 Posted: 27-May-2016 at 13:45
А немаше ли една жерновска идеја за нов современ објект со ресторан или нешто така на ова место? И рендери знам дека имаше дури...
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2420
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #285 Posted: 27-May-2016 at 15:08
Веројатно мислиш на обновата за ресторанот Езерце?

-----

Што се однесува до горнион објект, ако не прат галама во смисла на гласна и лоша музика, немам проблем со пополнување на содржини од овој тип.
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3439
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #286 Posted: 10-Nov-2016 at 16:52
Секоја моја посета на новиот дел на Градски парк е ново забележување на исечени дрвја. Не знам зошто, можеби се исушени или стари, ама сечата на дрвја е повеќе од забележителна. Ако вака продолжат од Паркови и зеленило, Градскиот парк за некоја година ќе можат да го преименуваат во нешто друго!

Старо правило е кога се сече едно дрво да се насадат барем две помлади.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12051
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #287 Posted: 16-Apr-2019 at 08:52
Волонтери од Германија направија патека за одење боси во Градски парк

Градоначалникот Шилегов денеска оствари средба со групата на волонтери од Бон, СР Германија, кои изминатиов период работеа на креирање ново катче и инсталација во првиот дел од Градскиот парк.

„Новото катче во Градскиот парк се состои од кружна патека од различни материјали: парчиња од дрво, природни камења, тревник, калдрма, цементирани плочи и други материјали кои ја подобруваат циркулацијата, односно ќе треба да го поттикнуваат движењето, да ги активираат сетилата, а со тоа да даваат и добар здравствен ефект кај децата. Идејата е децата да газат и да се движат боси, а до самата патека ќе биде поставено и шкафче за чевли. Во средината на катчето ќе биде поставен сончев часовник каде што преку сенката на детето ќе може да се види колку е часот“, информираат од Град Скопје.

Град Скопје и Град Бон соработуваат од 2015 година преку проекти како „Ерасмус Плус“ и „Nice to work with you!“. Соработката се заснова на идејата како Градот Скопје да се промовира во урбаниот туризам.













https://meta.mk/volonteri-od-germanija-napravija-pateka-za-odene-bosi-vo-gradski-park/
За сè има вторпат
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 510
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #288 Posted: 16-Apr-2019 at 09:20
Континуирано се уништува парков со некакви „содржини“.   
Back to Top
kiriOK View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Apr-2012
Location: Tamworth,UK
Online Status: Offline
Posts: 471
  Quote kiriOK Quote  Post ReplyReply #289 Posted: 17-Apr-2019 at 12:14
Нас увек ни требаат некакви волонтери кои ќе дојдат пречекани помпезно и рефлектирани со медиуми (знам мала држава сме па нема што да џафкаат,али претераа),а овие ко да дошле меѓу аборигени во мисија на ширење на словото и обавезно уринираат кон едно од ретките добри работи кај нас.

Иначе ме интересира дали имаат воопшто дозвола вака да копаат и поплочуваат сред зеленило...
Back to Top
FT View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 22-Jun-2010
Location: Kocani
Online Status: Offline
Posts: 307
  Quote FT Quote  Post ReplyReply #290 Posted: 17-Apr-2019 at 16:29
^ ???

Јас единствената лоша работа која ја гледам во ова е тоа што волонтери од други земји треба да дојдат за да ни донесат креативни идеи и дополнителни содржини во единствениот парк во Скопје. Ние единствено што направивме овде е што исековме дрвја и бетониравме зеленило. Ова воопшто не зафаќа место и башка што е правено со природни материјали.
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1483
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #291 Posted: 17-Apr-2019 at 16:32
Ако не е исечено ниедно дрво, не гледам никаков проблем со оваа и слични „содржини“. Го прави паркот поинтересен и поразновиден и ја зголемува креативноста. Баш му требаат повеќе вакви работи на стариот, посодржаен дел од паркот.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 510
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #292 Posted: 17-Apr-2019 at 23:17
Различна визија за парк имаме изгледа. Тоа е место што треба да биде што поприродно, како што се впрочем големите паркови во градовите насекаде низ Европа. Скопје има доволно „паркови“ што се 50% бекатон и 30% фонтани. Нека ставаат реквизити таму и нека го остават градски на мира. За инвазијата пак од секакви објекти на границите и во рамки на паркот, веројатно јасно е кон што води.
Back to Top
kiriOK View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Apr-2012
Location: Tamworth,UK
Online Status: Offline
Posts: 471
  Quote kiriOK Quote  Post ReplyReply #293 Posted: 18-Apr-2019 at 07:03
Originally posted by Staro Skopje

Ако не е исечено ниедно дрво, не гледам никаков проблем со оваа и слични „содржини“. Го прави паркот поинтересен и поразновиден и ја зголемува креативноста. Баш му требаат повеќе вакви работи на стариот, посодржаен дел од паркот.


За да е поинтересен парк може да направат тематски парк, а не тоа да се прави во единствениот вистински парк во државава и тоа во тие 30% од него кои се култивирани, ако веќе вакви нешта прават можеле да ги прават во запустениот дел т.е оние 70%.Паркот веќе има видиковци,фонтани,чешми,плочници,табли,кафич,парк за кучиња,паркинзи,мостови,езера,канали,дискотеки,луна парк,ботаничка градина,тениски игралишта,уметнички или што веќе композиции на печурки,а најавено е и поставување на јура парк.

Уште хотели нека изградат и да ставиме крај на заебанцииве,пошто компактни естетски целини за нас не се.Махери сме како од парк или планина како Водно успеваме да направиме јавашлук.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 131415

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.123 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.