build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Пешачки зони и паркови
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Градски парк Скопје

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1234 15>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 20-Oct-2008 at 23:37

Копија на Камениот мост ќе го краси Градскиот парк

До Нова година 25-те дрвени мовчиња треба да добијат нов лик


Страните на мостот ќе бидат од травертин што е употребен и за Камениот мост

Во новиот дел на Градскиот парк првпат по 40 години ќе се менуваат и обновуваат дваесет и петте дрвени моста. На влезот на Градскиот парк, кај кафеаната „Езерце“, Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ од денеска ќе почне со изградба на мал мост, идентичен на Камениот мост. Ќе биде долг 14,10 метри, широк околу 4,5 метри, а висината на оградата е 97 сантиметри. Страните на мостот ќе бидат од травертин, истиот камен што е употребен за обложување на вистинскиот Камен мост. Патеката за пешачење ќе биде од асфалт, а мостот ќе биде и осветлен.Од „Паркови и зеленило“ велат дека новиот мост одлично би се вклопил во приказната за паркот.

- Копијата на Камениот мост ќе им посакува добре дојде на сите посетители во паркот. Одлично ќе се вклопи во амбиентот и убедени сме дека тоа многу ќе им се допадне на граѓаните. Проектот е готов, а денеска почнаа подготовките - вели Душан Авировиќ, директор на „Паркови и зеленило“. Ќе бидат обновени и другите мостови во Градскиот парк. Според директорот на ова ЈП, мостовите најверојатно ќе бидат во повеќе бои. Ако дозволува теренот, ќе се направат и пристапни рампи за инвалидизираните лица и за количките за бебиња.

Неодамна локалните власти донесоа одлука за реконструкција на мостовите во Градскиот парк. Според програмата на Градот, во првата фаза машински и рачно ќе се отстранува оштетениот асфалт пред мостовите. Потоа со тампонски слој ќе се пополнат деловите од кои ќе се отстрани асфалтот и на крајот со камени плочи ќе се поплочат скалите и платото пред нив.

- Во втората фаза ќе се зајакнува металната конструкција и на оградата ќе бидат поставени украсни орнаменти. Предвидено е и осветлување на мостовите. За реконструкцијата се потребни околу 10 милиони денари, кои се обезбедени од буџетот на Градот. Мостовите во Градскиот парк треба да се готови до крајот на годината - најавуваат од Градот.

Штиците не траат долго

Дрвениот под што кај неколкуте моста е обновен пред неколку години траеше кратко. Штиците на мовчињата се искршени, оградата е оштетена, а уништени се скалите и асфалтот околу нив.

Од „Паркови“ велат дека немаат трајни решенија за санација на мовчињата. Кога имаат залихи од дрва, дел од нив се употребуваат за поправка на мостовите во Градскиот парк, но немаат обучен мајстор да го обработи дрвото, ниту пак секое дрво е соодветно за таа намена.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=B580BBC490C9A442951B8AD231594C66

Ми се свиѓа идејава! Симпатично би делувало. Тоа што постојниот мост на ова место е исклучително грд е дополнителна причина зашто да дадам поддршка за идејава. Исто така ми се свиѓа и идејата за илуминација на мостовите.

Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 20-Oct-2008 at 23:43
Немам да доадам нешто многу, само сакам да кажам дека идејата за правење на мала реплика на Камениот мост е одлична идеја, едвај чекам се оствари. Thumbs%20Up

Само да не им текне да стават статуи од страна и еден огромен лав на мостот. Crazy
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Offline
Posts: 3649
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 24-Oct-2008 at 12:08
ПОСТАВЕНА БЕТОНСКАТА ПОДЛОГА НА ПЛАТОТО ОКОЛУ ФОНТАНАТА ЛОТОСОВ ЦВЕТ

Град Скопје интензивно работи на целосна реконструкција на влезната партија во Градскиот парк, на потегот од улицата Илинден кон платото пред споменикот на Гоце Делчев. Со реконструкцијата е опфатен плочникот околу споменикот, како и платото пред фонтаната Лотосов цвет.

Екипи на ЈП „Улици и патишта“ ги отстранија дотраените и оштетени мермерни плочки околу споменикот и фонтаната и поставија нова бетонска подлога на која ќе се реди каменот.

Во почетокот на месец ноември ќе бидат отворени понудите пристигнати на тендерот за избор на најповолен изведувач, кој ќе го реди каменот на платото, ќе ги отстрани оштетените дрвени елементи од клупите на влезот во паркот и ќе ги замени со нови. Фирмата која ќе биде избрана на тендерот ќе постави и канделбари на платото околу фонтаната.

Со активностите за реконструкција на овој дел од Градскиот парк опфатена е површина од околу 2.800 квадратни метри.

Град Скопје, иако нема обврска, по уредувањето на партерот, ќе го обнови и постаментот на споменикот Гоце Делчев, бидејќи плочките со кои тој е облепен се уништени од страна на несовесни граѓани. Град Скопје ќе ги замени овие плочки со соодветни.

 

 


http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=2163&mid=24&tabId=&tabindex=0



Edited by Cloverstack - 24-Oct-2008 at 13:45
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #24 Posted: 01-Nov-2008 at 06:05

Милион евра за обнова на Градскиот парк

Целта е да се спречи уништувањето на урбаната опрема и на зеленилото по четири децении запуштеност


Реконструкцијата веќе е почната на влезот кај споменикот на Гоце Делчев

Еден милион евра од ребалансот на годинашниов буџет на Град Скопје ќе бидат одвоени за оградување и обнова на Градскиот парк. Дамнешната идеја на градоначалникот Трифун Костовски годинава конечно ќе се реализира, откако проектот влезе во буџетот. Кршење клупи, канти, канделабри, уништување споменици на народни херои, крадење бисти, паркирање на зелени површини, како и злоупотреба на алкохол од страна на малолетни лица се примерите за вандалското однесување на некои граѓани. Засега предвидено е да се огради само стариот дел, чиј влез е кај Споменикот на Гоце Делчев. Костовски кажа дека освен нова ограда, паркот ќе добие и целосно зеленило по четири децении запуштеност. Реконструктивните зафати ќе се одвиваат оваа, но и во наредната година.

- Градскиот парк, репрезентативно место во главниот град на државата, заслужува нови содржини и градски вредности. Секторите за комунални дејности и уредување во Град Скопје ја подготвуваат документацијата за објавување јавна набавка и за изработка на идејно решение за ограда на Градскиот парк - изјавија од градското одделение за односи со јавноста.

По изработката на проектот, велат од Градот, ќе бидат направени пресметките, а ќе се утврди обемот, начинот и динамиката на реализацијата.Годинава во рамките на оваа акција беа исчистени езерцата и каналите во Паркот, а потоа беа порибени. Почна и реконструкцијата на мостовите и на влезната партија кај фонтаната и Споменикот на Гоце Делчев.

- Големата обнова на зелените површини, која е предвидена за наредната пролет, според првичните процени ќе чини околу еден милион евра. Градот мора да преземе мерки зашто тревнатите површини во Градскиот парк не се сменети речиси четири децении - објаснија од Градот.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=73510B3F7C6BA04CA510DB1380477E95

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #25 Posted: 01-Dec-2008 at 19:03
Нови мостови од старите тополи



Скопје
Со тополите што се сечат на повеќе локации низ градот јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ планира да ги реконструира мостовите во Градскиот парк. Трупците и исушените гранки веќе две недели лежат на тротоарот од улицата Митрополит Теодосиј Гологанов во населбата Тафталиџе, откако екипи на претпријатието спроведоа акција за сечење на дрвјата што претставуваа опасност за минувачите, автобусите и за поголемите возила. Оттаму најавуваат дека чекале соодветно возило за да ги пренесат овие материјали и да ги складираат во нивните магацини, а понатаму ќе ги искористат за дрвените мостови во паркот.

- Ние немаме возило со кое можеме да ги пренесеме големите трупци. Затоа чекаме да се избере фирма што ќе ги поправа мостовите, па со нејзина помош да го извршиме превозот. Побаравме возило од „Водовод и канализација“, но и тие не беа во можност да ни помогнат. Ги собравме сувите гранки и помалите парчиња што беа полесни за носење. Се надеваме дека наскоро ќе ги отстраниме и другите исечени дрва, бидејќи сме свесни дека им пречат на минувачите и го нагрдуваат градот - велат од „Паркови и зеленило“.

Оттаму додадоа дека со здравите дрва ќе се менуваат старите греди на мостовите во паркот, кои претходно ќе бидат подготвени според соодветни димензии за секој мост и ќе се прицврстуваат на постојните конструкции. Потоа ќе се врши мачкање на гредите со средства за заштита на дрвото во повеќе слоеви.

Според надлежните во претпријатието, акцијата за отстранување на опасните гранки ќе продолжи и понатаму низ сите делови во градот, а во последното сечење во населбата Чаир биле отстранети околу 30 дрвја.

http://novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=250&ArticleID=12470

Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #26 Posted: 20-Jan-2009 at 00:13
Скопје



Стариот дел од Градскиот парк ќе се загради со ограда

Градот одвои 55 милиони денари за целосно градежно и хортикултурно преуредување

Стариот дел од Градскиот парк, заедно со фонтаната „Лотос“ и споменикот на Гоце Делчев, ќе се заштити од уништување со ограда, планираат градските власти. Реконструкцијата ќе започне пролетва, а конечно би требало да заврши во 2011 година. За планираните активности, Градот Скопје во буџетот за годинава издвои 55 милиони денари.

Според проектот, планирано е прво довршување на градежните активности околу фонтаната „Лотос“ и по патеката до споменикот на Гоце Делчев. Се работи за целосно градежно и хортикултурно преуредување на тој простор. Активностите започнаа минатата есен, а ќе продолжат веднаш штом дозволат временските услови.

Во меѓувреме, информираат во Градот, ќе се распише тендер за изработка на проект и за реализација на оградувањето на првиот дел од Градскиот парк. Поставувањето на оградата е со цел да се заштитат парковското зеленило и поставената урбана опрема, спомениците и скулптурите од уништување. Оградата, според првичните процени, би требало да се протега од градските бараки, преку Зоолошката градина, тениските терени, езерцето и споменикот на Гоце Делчев. Во рамките на уредувањето на првиот дел од паркот ќе се постави и нова урбана опрема, клупи и кошници за отпадоци, а ќе се обнови и осветлението.

Во вториот дел од Градскиот парк во тек е реконструкцијата на мостовите. За да започне уредувањето на зеленилото, Градот ќе ги почека измените на Деталниот урбанистички план за тој дел, што се подготвуваат во Општина Карпош.

Според најавите од Градот, во план за следните години е и целосна реконструкција на зеленилото, на кое одамна му поминал животниот век и треба да се подмлади. Во стариот дел од паркот комплетно треба да се смени тревата и зелениот расад. Животниот век на тревата е околу 12 години, по кој таа почнува да се проретчува и да осиромашува, а нашиот парк не е реконструиран близу 40 години. Делови од паркот ќе бидат збогатени со ниви идеи и содржини. (С.Н.)

Градски парк е дело на Драган Шојлевски

Градскиот парк во Скопје е дело на професорот Драган Шојлевски, осноположник на пејзажната архитектура и уметност, познат и признат научник и истражувач. Шојлевски, за своето најзначајно и препознатливо дело, по кое ќе остане запаметен кај скопјани, изработи обемна студија и детален проект за Градски парк во 1965 година, а го реализираше во текот на седумдесеттите години од дваесеттиот век.

Негово дело е и грандиозниот парк „Горица“ во Охрид, реализиран во шеесеттите години, кога се воведени нови современи техники на изградба на паркот. Шојлевски од 1961 година е експерт на ООН, а автор е и на две книги „Пејзажната уметност и обликување на просторот“ и „Македонската домашна градина и обликување на просторот“.






http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=ECBC49343F375941AAE697FA87BA251E


Edited by La Linea - 20-Jan-2009 at 00:13
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #27 Posted: 04-Feb-2009 at 00:21
Со гранит ќе се поплочува околу фонтаната


Екипи на Град Скопје започнаа со поплочување на платото пред фонтаната "Лотосов цвет" на влезот во Градскиот парк. Платото се поплочува со гранитни плочи, а досега се покриени околу 200 квадратни метри. Поплочувањето на платото се очекува да заврши за петнаесетина дена. Исто така, со гранитни плочи ќе се обложи и фонтаната "Лотосов цвет", патеката до споменикот на Гоце Делчев, самиот споменик, како и големите жардиниери околу него. Бетонските клупи ќе се бојадисаат и ќе се постави нова железна конструкција со дрвени седишта.

Попречните патеки во паркот кои водат до споменикот на Гоце Делчев ќе се асфалтираат. Тротоарот пред фонтаната и тротоарите на улицата Наум Наумовски Борче ќе се поплочат со гранитни плочки.
Откако ќе бидат завршени сите градежни работи на влезот во Градскиот парк, екипите на ЈП "Паркови и зеленило" ќе го уредат зеленилото. Се планира по должината на патеката до споменикот на Гоце Делчев од двете страни да се засадат дрвца, а просторот да се уреди како алеја.
Град Скопје апелира до граѓаните да не ја оштетуваат новопоставената урбана опрема на влезот во Градскиот парк и да го чуваат инвентарот од уништување.

http://vecer.com.mk/?ItemID=282BF2E23A80D844878702577E803C81
Back to Top
dejan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Australia
Online Status: Offline
Posts: 673
  Quote dejan Quote  Post ReplyReply #28 Posted: 04-Feb-2009 at 02:12
Не се сеќавам каде е топикот за Кермес (или дали имаме?), но што се случи со тој ресторан?
Back to Top
se_manda View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 15-Nov-2007
Online Status: Offline
Posts: 259
  Quote se_manda Quote  Post ReplyReply #29 Posted: 04-Feb-2009 at 12:09
niso ne se sluci so kermes.use sluzi ko javno wc za letnite gatherings...Smile
Back to Top
dejan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Australia
Online Status: Offline
Posts: 673
  Quote dejan Quote  Post ReplyReply #30 Posted: 04-Feb-2009 at 14:25
Аа убаво тогаш
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #31 Posted: 14-Feb-2009 at 19:38

До март ќе бидат реконструирани сите мовчиња во Градски парк

Премините имаат комплетно нови дрвени талпи и ново осветление

„Паркови и зеленило“ реконструира 5 мовчиња во Градскиот парк, а во моментов се работи на 15 други. Во јавното претпријатие најавуваат дека до средината на март, доколку не ги попречат временските услови, ќе бидат подновени сите 24 мовчиња во двата дела од паркот. Реализацијата на целиот проект ќе чини 10 милиони денари, кои ги обезбеди Градот Скопје од својот буџет.

Според проектот што го подготви „Паркови“, на премините преку каналите во паркот се стават комплетно нови дрвени талпи на местото на старите кои не се сменети десетина години, а на мовчињата во првиот дел од паркот се поставува и осветлување. Голем дел од дрвените мовчиња се оштетени, талпите се откорнати, искршени или украдени и претставуваат опасност за минувачите. Се менува и оградата, која ќе биде згусната и со метални профили, за да се зајакне и да биде побезбедна, особено за најмладите, велат во „Паркови“.

Екипите работат и на бетонските мовчиња кај ресторанот Езерце, кои се веќе поправени, а приодите и влезните скали се обложени со травертински плочи. Трите лимени мовчиња се во добра состојба и на нив ќе се преземат минимални зафати. Во „Паркови“ информираат дека им се менува и оградата.

„Дел од мостовите во паркот беа пристапни само со скали. Со реконструкцијата тие ќе станат достапни и за хендикепираните лица, бидејќи дополнително ќе се поставуваат коси рампи за премин“, информираат во „Паркови“. (С.Н.)



http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=BE295EEE2932AE489C1FC2DD548227A7
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
dimme.von.macedonia View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 30-Jun-2008
Location: Hrvatska
Online Status: Offline
Posts: 78
  Quote dimme.von.macedonia Quote  Post ReplyReply #32 Posted: 15-Feb-2009 at 15:09
Bravo, za pofalba. Megjutoa, smetam deka bi trebalo da se obrne vnimanie na toa kolku ke se odrzuvaat tie novi urbani opremi ( barvanje, etc ) i pred se kako ke se zastita od vandali! Rana na Skopje! mozebi nekoji dezurni policajci, ili community guard ( kako so ima na zapadot 9 Zosto ovaka ke bide ubavo mozebi godina dena i nanovo ke stasaat grafitti, otkorneti plocki na statui, gjubre... Smetam deka odrzavanjeto e najbitno!
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7006
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #33 Posted: 16-Feb-2009 at 00:04
јас сметам дека е подобро гард да шета низ градски парк одколку да го заградат, ама исто е вака или така

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #34 Posted: 09-Mar-2009 at 17:37
Градскиот парк е опустошен како од ураган



Автор:  Александра Денковска
Скопје
Скопјани првите топли мартовски денови ги дочекаа во парк што изгледа како во него штотуку да поминал ураган. Нерасчистени лисја уште од минатата есен, исушени и паднати гранки во езерцата, во кои водата е зелена и нечиста, а преку каналите се поминува по нестабилни мостови со дупки. Ова е само дел од сликата на вториот дел од Градскиот парк, која ја дополнуваат и отпадоците околу речиси секоја грмушка, како и депонијата во средишниот дел меѓу двете поголеми езерца. Во водата, пак, патките пливаат низ мов, пластика, ќеси и гранки. Чисти се само асфалтните и бетонските патеки, а глетката лево и десно од нив е постапокалиптична.

Граѓаните се разочарани од изгледот на, како што велат, местото што треба да им биде најдостапно за да се релаксираат во природа. Од јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ велат дека забрзано работат на расчистувањето на целиот простор. Градските власти, пак, за годинава најавуваат целосна реконструкција само на првиот дел од паркот, меѓу фонтаната и стадионот.

СРЕДЕ ПАРКОТ СЕ ПАЛИ ЃУБРЕ

Најгрдата слика во паркот, според скопјани, е дивата депонија што се создала во дупка меѓу двете големи езера. Ѓубриштето е толку големо, што изгледа како во него да бил истуран отпад неколку месеци. Наместо чист воздух, децата и повозрасните граѓани во овој средиштен дел на Градскиот парк вдишуваат реа како да стојат до отворени контејнери.

Но за да избегаат од тоа место тие треба да поминат во некој друг дел преку старите дрвени мостови. Сепак, и тоа не е едноставно.

- Страшно, но и срамно е да ги носиме нашите деца во толку нечист и несреден парк. Ете, толкави ни се можностите, па не можевме да отидеме некаде подалеку, во природа, каде што е и поубаво. Но толку голем парк треба да претставува гордост на градот и место каде што секој ќе ужива кога ќе го посети. А не да шетаме низ место што личи на остаток од природна катастрофа. Паркот не е ниту безбеден. Наместо да ги пуштиме децата слободно да трчаат, мораме да внимаваме да не се сопнат на некоја падната гранка, да не се извалкаат во купчињата лански паднати лисја или, не дај Боже, да паднат низ дупките на мостовите директно во водата - вели скопјанецот Мирко Нестороски.

Згора на сè, вработените во јавното претпријатие „Паркови и зеленило“, за да не го изнесуваат целиот отпад од депонијата надвор, го палат во работните денови, кога има и многу помалку посетители. Со тоа тие ги прекршуваат не само законските одредби туку и правилата за јавен ред во паркот за кои самите тие се задолжени да ги спроведуваат и да надгледуваат дали обичните граѓани ги почитуваат.

НЕМА ПАРИ ЗА ЦЕЛОСНА ОБНОВА

Од јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ велат дека нивните работници во изминативе неколку недели забрзано работеле за да го уредат паркот и да им овозможат на граѓаните што попријатен престој во него.

- Одвај успеваме да го расчистиме ѓубрето што е насобрано во Градскиот парк. Машината што треба да ни служи за тоа ни е расипана, па затоа работниците мораат да палат оган за да го намалат количеството, кое потоа полесно ќе може да се изнесе. Ги засиливме оградите на дрвените мостови. Тие сега се направени со погусто поставени железни прачки и има многу помалку празен простор меѓу нив, што е побезбедно пред сè за децата. Лимените мостови само ги премачкавме, затоа што тие се во добра состојба и нема потреба да се реновираат - објаснува Елизабета Георгиевска, портпаролката на ова јавно претпријатие.

Таа порачува дека ако граѓаните сакаат да имаат поубав парк, ќе треба и самите да се погрижат за него.

- Дури и ако нашите служби секој ден чистат, тие нема да можат да го доведат паркот во ред ако некој постојано фрла ѓубре. Затоа треба сите заедно да се грижиме за зелените површини - додава Георгиевска.

Градоначалникот Трифун Костовски често истакнуваше дека на паркот му треба целосна реконструкција. Од градот велат дека овој проект веќе почнал, но годинава ќе се опфател само првиот дел, односно просторот околу фонтаната, пред Градскиот стадион, кај школката и од источната страна на Зоолошката градина. За овие работи од годинашниот буџет биле одвоени 55 милиони денари, како и уште десет милиони за да се обноват мостовите во двата дела на паркот.

- Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ веќе работи на обновата на влезот во паркот, кај фонтаната „Лотос“ и кај споменикот на Гоце Делчев. Сакавме да го реконструираме целиот парк одеднаш, но не можеме да си дозволиме еден толку голем зафат. За него се потребни и многу пари и многу време. Поради тоа одлучивме реконструкцијата да се одвива во два дела - рекоа од градското одделение за односи со јавноста.

http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=336&ArticleID=19815
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8767
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #35 Posted: 16-Mar-2009 at 12:49
За да не отварам нова нишка а бидејќи сепак ова се наоѓа на работа на градскиот парк... браво Cheers

Бонсаи-градината ќе се отвори во мај

Околу 400 бонсаи-дрвца, од кои дел постари и од 500 години, моментно се подготвуваат за претставување

Бонсаи-градината во Градскиот парк ќе биде отворена во мај. Во моментов се подготвуваат за претставување околу 400 бонсаи дрвца кои досега се чуваа во зимски услови. Во тек е и изградба на фонтана со водопад во рамките на градината, која ќе биде готова следниот месец.

Бонсаи-градината ќе биде отворена за сите посетители, влезници нема да се наплатуваат, а кога ќе дозволат временските услови ќе бидат организирани и предавања на отворено.

Во градината, покрај над 400 примероци на бонсаи дрвца од различни видови, од кои дел се стари и над 500 години, посетителите можат да видат и различни паркови со повеќе видови цветни и обични растенија.

„Иако не е официјално отворена, градината и сега ја посетуваат голем број граѓани, но и туристи кои се одушевени од нејзините содржини“, вели Мите Филков, еден од сопствениците. „Во градината може да се ужива во убавините на растенијата, но и во мирот на паркот, кој нуди вистинско полнење со позитивна енергија“, нагласува Филков, најавувајќи по отворањето и организирани посети од ученички групи кои ќе имаат можност да се запознаат со минијатурите и начинот на нивното одгледување.

Во иднина, новото зелено катче ќе се најде и во новите туристички водичи за Скопје, како место кое треба да им се посочи на сите туристи како локација што не треба да ја заобиколат.


Извор: Утрински весник
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4390
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #36 Posted: 16-Mar-2009 at 14:28
Јас сум сигурен дека ако нема 5-метарски ѕидови околу ова нешто нема да издржи ни три вечери. Ќе влезе некој јак и ќе искрши неколку дрвца. Па другар му, и другарите им. И така во круг. Ова не е за кај нас, колку и да е прекрасно (сум посетил бонсаи градина), сепак немаме култура за ова.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8767
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #37 Posted: 16-Mar-2009 at 14:31
Originally posted by гитардемон

Јас сум сигурен дека ако нема 5-метарски ѕидови околу ова нешто нема да издржи ни три вечери. Ќе влезе некој јак и ќе искрши неколку дрвца. Па другар му, и другарите им. И така во круг. Ова не е за кај нас, колку и да е прекрасно (сум посетил бонсаи градина), сепак немаме култура за ова.


Градинава се развива веќе неколку години. Јас дури и мислев дека е отворена иако не сум ја посетил. Дефинитивно е оградена веројатно си има обезбедување. Се наоѓа веднаш до подвозникот кај Александар Палас како што реков на работ на градскиот парк.

Така да мислам дека има перспектива.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4390
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #38 Posted: 16-Mar-2009 at 16:07

Да да, сега ја забележав оградата на сликата погоре, но не ми изгледа како доволна заштита, лесно е да се префрли некој преку неа. Но, сепак, штом опстојува толку години не би требало да се случи сега наеднаш нешто после отварањето. Не оди некој со план да уништува, едноставно ако му се најде на патот. А да не бегам од темата, бонсаи градините навистина ме опуштаат мене. Сум бил во Мелбурн и Будимпешта и навистина се добра работа.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8767
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #39 Posted: 16-Mar-2009 at 16:11
Originally posted by гитардемон


Да да, сега ја забележав оградата на сликата погоре, но не ми изгледа како доволна заштита, лесно е да се префрли некој преку неа. Но, сепак, штом опстојува толку години не би требало да се случи сега наеднаш нешто после отварањето. Не оди некој со план да уништува, едноставно ако му се најде на патот. А да не бегам од темата, бонсаи градините навистина ме опуштаат мене. Сум бил во Мелбурн и Будимпешта и навистина се добра работа.


тоа ми е поентата. Малку се наоѓа на страна иако летно време на околните паркинзи се собираат доста млади. Верувам годинава ќе биде и уште поживо со оглед на тоа дека доста се среди тој дел со новите паркинзи на спортската сала. Но сепак доста е осветлено и не памтам дека во тој дел имало некогаш специјални проблеми.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8767
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #40 Posted: 19-Mar-2009 at 17:24
Кај Лотосов цвет привршуваат работите. Може да кажам дека е културно одработено

1

2

3



Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1234 15>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.125 seconds.

Copyright ©2007 - 2017  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.