build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Градска инфраструктура
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Улица Орце Николов

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 234
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Mobile View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 19-Mar-2011
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Mobile Quote  Post ReplyReply #61 Posted: 04-Apr-2011 at 16:34
LOL Не е така, избори се во прашање, а кога има избори, одеднаш и невозможното станува возможно.. ех кога би почнале да работат како да следниот ден ќе има избори и кога ги нема, би било екстра..
Back to Top
StreetStruck View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-Nov-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 415
  Quote StreetStruck Quote  Post ReplyReply #62 Posted: 04-Apr-2011 at 16:37
Го напишав коментарот бидејќи читам нон стоп, се немало пари, па не сме биле во можност, па зимска, па летна сезона, а на сите ни е јасно што е работата.
"Поробените треба да тежнеат кон слободата, а слободните кон совршенство"- Јане Сандански
Back to Top
krale View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 28-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 1487
  Quote krale Quote  Post ReplyReply #63 Posted: 13-Apr-2011 at 08:13
Само да спомнам дека Орце Николов не е асфалтирана по целата должина, туку само во делот од ГенералШтаб до Рузвелтова. Другите делови не се пипнати засега, а и поврзувањето со другите улички е катастфорално изведено, т.е. не е изведено. Ваљда планираат да го поправат.
Back to Top
Supervisor View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Jan-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 1220
  Quote Supervisor Quote  Post ReplyReply #64 Posted: 13-Apr-2011 at 13:25
Орце Николов ќе биде продолжена кон Климент Охридски во втора фаза најверојатно во Мај. После целосната реконструкција според мене најпотребно е препокривање на Ленинова и тоа по целата должина се до Теодосиј Гологанов. Другите улички се ок.
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje
Back to Top
krale View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 28-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 1487
  Quote krale Quote  Post ReplyReply #65 Posted: 13-Apr-2011 at 17:18
Денес се работеше и во дебар маало на комплетно ископување, насип и веројатно потоа асфалтирање околу кино карпош.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5071
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #66 Posted: 15-Jun-2020 at 16:10
Општина Центар, како што веќе реков, ги намали трошоците и расходите, но се разботи на сите проекти предвидени во годишната програма. Ниту еден проект од интерес на центарци, нема да „трпи“, напротив, на нив работиме со забрзано темпо.

На почетокот на месец јули, ќе се отпочне со долгоочекуваниот инфраструктурен проект на Општина Центар – реконструкција на улицата Орце Николов која е една од најзначајните и најфрекфентни улици, но и белег на Дебар Маало и Центар. Реконструкцијата ќе се состои од: стеснување на коловозниот дел со задржување на двете ленти за возила, проширување на тротоарите согласно стандардите на урбано планирање, задржување на целиот постоен дрворед долж улицата, измена на режимот на сообраќај со воведување на т.н. каскадно паркирање со цел ослободување на тротоарите. Го исполнуваме ветувањето за обезбедување повеќе простор за пешаци и велосипеди и друг алтернативен сообраќај.

Излегуваме во пресрет на барањата на граѓаните и наскоро започнува и реконструкцијата на улиците Мирослав Крлежа и Аминта Трети, со што ќе обезбедиме побезбеден сообраќај и движење.

целото интервју со градоначалникот на Центар на линкот

https://faktor.mk/bogdanovikj-?fbclid=IwAR2PXAinbsiraVtWWWMjwqKTmdQ_2aXvKzHeAxQ3po23DZFwiUAgKmVm7Aw
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5071
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #67 Posted: 16-Jun-2020 at 12:34
На почеток на јули стартува реконструкција на улицата „Орце Николов“



На почетокот на месец јули, ќе се отпочне со долгоочекуваниот инфраструктурен проект на Општина Центар – реконструкција на улицата „Орце Николов“ која е една од најзначајните и најфреквентни улици, но и белег на Дебар Маало и Центар.

– Реконструкцијата ќе се состои од стеснување на коловозниот дел со задржување на двете ленти за возила, проширување на тротоарите согласно стандардите на урбано планирање, задржување на целиот постоен дрворед долж улицата, измена на режимот на сообраќај со воведување на т.н. каскадно паркирање со цел ослободување на тротоарите. Го исполнуваме ветувањето за обезбедување повеќе простор за пешаци и велосипеди и друг алтернативен сообраќај – информира градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ за порталот Фактор.

Тој најавува дека наскоро започнува и реконструкцијата на улиците „Мирослав Крлежа“ и „Аминта Трети“, со што ќе се обезбеди побезбеден сообраќај и движење.

Од планираните активности го издвојува и отпочнувањето со целосна реконструкција на детското спортско игралиште на улицата „Славка Недиќ“ во Дебар Маало, како и отпочнување со изградба на монтажен паркинг во Дебар Маало позади улицата „Орце Николов“, кое ќе обезбеди нови 300 паркинг места, а чија реализација е планирана за последниот квартал од годината.

https://www.vecer.press/на-почеток-на-јули-стартува-реконстру/
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 900
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #68 Posted: 16-Jun-2020 at 12:54
Цел мандат помина со најава за Орце Николов
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 420
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #69 Posted: 16-Jun-2020 at 14:49
Кое е тоа место кое го планираат за монтажен паркинг?
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5071
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #70 Posted: 21-Jun-2020 at 13:47
Започнуваме со реконструкција на една од најфреквентните улици во градот, белегот на Дебар Маало и една од најпознатите улици во Општина Центар, „Орце Николов“
Стеснет коловозен дел, со задржување на двете ленти за возила на улицата.
Нов кружен тек
Проширени тротоари
Каскадно паркирање
Дрворедот останува на улицата
Со проектот ги потврдуваме заложбите за зачувување на јавниот простор и се грижиме за безбедноста на пешаците, велосипедистите и корисниците на алтернативни средства за сообраќај.







https://www.facebook.com/sasha.bogdanovikj
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 420
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #71 Posted: 21-Jun-2020 at 14:54
Ако вака ги направат велосипедските патеки во комбинација со пешачките тогаш секоја чест (нешто ќе биде налик Холандија).
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12900
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #72 Posted: 21-Jun-2020 at 19:46


Вака се направени и кај кружниот тек во Чаир кај амбулантата.
За сè има вторпат
Back to Top
FT View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 22-Jun-2010
Location: Kocani
Online Status: Offline
Posts: 359
  Quote FT Quote  Post ReplyReply #73 Posted: 21-Jun-2020 at 20:09
Едвај сум возбуден да видам што ќе направат. Дебар Маало е катастрофа, буквално треба да одиш по улица бидејќи тротоарите се зафатени.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5071
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #74 Posted: 23-Jun-2020 at 10:30
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1999
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #75 Posted: 23-Jun-2020 at 10:37
Фино. Наводно се работат проекти и за Ленинова и Ѓуро Ѓаковиќ: twitter.com.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5071
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #76 Posted: 24-Jun-2020 at 15:17
Најавена реконструкцијата на улицата „Орце Николов“

Општината Центар и град Скопје, ја најавија реконструкцијата на една од главните сообраќајни артерии на Дебар Маало, улицата „Орце Николов“ заедно со улицата „Аминта Трети“( Ленинова) и „Мирослав Крлежа“.

Акцентот го ставаме на „Орце Николов“, долж која се најдуваат репрезентативни градби од културното наследство на Скопје од различни периоди. Во хаосот кој владее во овој дел на градот, проектот нуди решение кое го офаќа паркирањето, пешачкото движење, велосипедското, отвора позиции за хоризонтално зеленило и пред се го задржува вертикалното без да се изврши сеча.

Најголемата придобивка во однос на сообраќајот е успорување на најкритичната точка ( со мал кружен тек) , раскрсницата со „Аминта Трети“, каде секојдневно се случуваат сообраќајки поради непочитувањето на правото на предност.

Според проектот и образложението, паркинг местата од 180 се намалуваат на 80, но со цел задоволување на потребите паралелно се најавува изведба на монтажна гаража на просторот зад општината, веднаш во слободната површина до Министерството за одбрана.





https://www.facebook.com/Македонска-архитектура
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 234

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.141 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.