build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Градска инфраструктура
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Улица Орце Николов
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Улица Орце Николов

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 789
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15354
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #161 Posted: 18-Nov-2021 at 18:18
Утре започнува последната шеста фаза од реконструкцијата на „Орце Николов“

Утре почнува реализацијата на шестата и последна фаза од реконструкцијата на улицата „Орце Николов“ во Дебар Маало.

Овој капитален проект, кој го започна претходниот градоначалник на општината, Саша Богдановиќ, има за цел да воведе ред во сообраќајот, да даде хумана димензија и да го врати препознатливиот лик на една од најважните центарски улици, „Орце Николов“.

Со стеснувањето на коловозните ленти, системот на паралелно паркирање и воведувањето на физички мерки за ограничувања на улицата се зголемува безбедноста на одвивање на сообраќајот, а со изведбата на нови тротоари и велосипедски патеки, особено внимание им се посветува на пешаците и велосипедистите.

Оваа фаза од реконструкцијата предвидува целосно затворање на улицата „Орце Николов“, од крајот на фаза 5, до раскрсницата со улицата „Франклин Рузвелт“. Во овој потег се предвидува затворање на улицата „Ѓорѓи Пулевски“. Истата улица се предвидува да биде двонасочна и со тоа ќе се овозможи пристапување на жителите со што се забранува паркирање по должина на улицата „Ѓорѓи Пулевски“ и на дел од улицата „Благоја Давков“. Се затвора и пристапот преку тротоар до улица „Донбас“, со тоа што жителтите по истата ќе пристапуваат преку улицата „Алберт Ајнштајн“. Сите приоди по должинa на улицата се затвораат.

Реализацијата на последната фаза од реконструкцијата е предвидено да трае 30 дена.

Реконструкцијата на „Орце Николов“, поделена во 6 посебни фази, опфаќа површина од вкупно 7.182 метри квадратни. Целиот зафат чини 64.847.608, 47 денари, средства обезбедени од Буџетот на Општина Центар.

https://nezavisen.mk/utre-zapochnuva-poslednata-shesta-faza-od-rekonstrukcijata-na-orce-nikolov/
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 1365
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #162 Posted: 18-Nov-2021 at 18:34
Издигнатите делови на улицата кои се направени од бекатон, уште недовршени покажуваат први знаци на пропаѓање, што е знак дека изработката на улицата е катастрофално лоша.
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 1794
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #163 Posted: 18-Nov-2021 at 18:35
Originally posted by ehrlich

Издигнатите делови на улицата кои се направени од бекатон, уште недовршени покажуваат први знаци на пропаѓање, што е знак дека изработката на улицата е катастрофално лоша.
Тоа ќе се санира во седмата фаза!
Back to Top
MKDSTRUGA View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Jun-2018
Online Status: Offline
Posts: 365
  Quote MKDSTRUGA Quote  Post ReplyReply #164 Posted: 19-Nov-2021 at 14:02
Znachi 3 mandati so red od vreme na zernovski se praat boemski i orce u debar maalo i 3 pati se renovirase ulicata u kappistec pred beverlihils sto e. Ostanuva noviov gradonacalnik i on po 3 pat da ja izrenovira
Back to Top
xnx View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 1943
  Quote xnx Quote  Post ReplyReply #165 Posted: 24-Nov-2021 at 10:44
не знам дали сте прошле на боемска 2 ама улицава е таков хаос да му се повраќа колку пари се фрлија за да стане бетер од предходно
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15354
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #166 Posted: 11-Jan-2022 at 18:20
од твитер

Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15354
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #167 Posted: 12-Jan-2022 at 14:49
Незнам ова како го замислиле да биде кружен тек без да има повисоки рабници или ограда во круг на средина бидејќи вака најголем процент ќе си минуваат како на обична раскрсница
од твитер



Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 2050
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #168 Posted: 12-Jan-2022 at 19:40
Не само тоа. Неколку пати како поминувам има паркирано возило на средина...

Е поголем среден прст на општеството од тоа да се паркирапш на сред кружен во Центар на главен град нема...
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2543
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #169 Posted: 12-Jan-2022 at 23:54
Може да го обојат бар некако дречливо. Инаку, денес поминав од таму и тие три коли што во моментот беа сите го испоштуваа, така да...
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15354
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #170 Posted: 30-Jan-2022 at 12:07
ПАК БЛОКИРАНИ СО КОЛИ ПЕШАЧКИТЕ ПАТЕКИ НА РЕНОВИРАНАТА УЛИЦА ОРЦЕ НИКОЛОВ ВО СКОПЈЕ



Пешачките патеки на реновираната улица Орце Николов во скопско Дебар Маало, пак се паркинг простор. Наместо да бидат ослободени од паркирани коли, што беше и главната причина за реконструкцијата на улицата и воведување ново сообраќајно решение, делови повторно се блокирани. На одредени места не се поставени пластични столпчиња како на поголемиот дел од улицата, па затоа колите слободно можат да влегуваат и да се паркираат на тротоарот реновиран со павер елементи.

При почетокот на градежните работи беше кажано дека автомобилите на станарите ќе се паркираат само паралелно со улицата и заради тоа се направија џебови. За да има место за сите станари, на Орце Николов е воведено резиденцијално паркирањето односно беше кажано дека нема да се издаваат паркинг карти за фирми и граѓани кои не се станари.

Од Општина Центар не добивме одговор зошто се дозволува во делови на улицата тротоарите да се повторно окупирани со коли, со што се уништува квалитетот на реновираната улица.

Улицата Орце Николов почна да се ренови лани во март, а беше завршена пред еден месец. Сo реновирањето, тротоарите се ослободени од терасите на кафулињата, а изведени се пешачки и велосипедски патеки. На крстосницата со улицата Ленинова изведен е кружен тек, а на улицата е воведено паралелно паркирање со џебови за паркинг. Коловозната лента е намалена на 6 метри.

Реконструкцијата чини 1.2 милиони евра.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/pak-blokirani-so-koli-peshachkite-pateki-na-renoviranata-ulitsa-ortse-nikolov-vo-skopje/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15354
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #171 Posted: 21-Jun-2022 at 16:34
НА ОРЦЕ НИКОЛОВ ВО ДЕБАР МААЛО ОД ДЕНЕС МОЖЕ ДА СЕ ПАРКИРААТ САМО ЖИТЕЛИТЕ



На улицата Орце Николов во скопско Дебар Маало од денеска може да се паркираат само жителите на околните куќи и згради. ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ воведе резидентно паркирање на овој потег за да има место за станарите бидејќи со реновирањето на улицата намален е бројот на паркинг места.

„Паркинг местата на потегот од бензинската пумпа ‘Макпетрол‘ до улицата Рузвелтова ќе бидат резидентни паркиралишта наменети за станарите и жителите коишто живеат во опфатот на станбените единици со непарни броеви од бр.69 до бр.147 и со парни броеви од бр.84 до бр.146. Сите жители коишто живеат на оваа улица и поседуваат сопствено патничко моторно возило треба да извадат повластена паркинг карта. Жителите коишто веќе поседуваат повластена паркинг карта за Зона Ц треба да направат промена на зоната со цел да можат непречено да ги користат резидентните паркиралишта“, велат од претпријатието.

Од денес, сите возила кои ќе бидат затекнати на улицата Орце Николов, а не се на резиденти односно станари, ќе бидат казнети односно ќе им се постави блокатор или ќе бидат подигнати од пајак возилата.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/na-ortse-nikolov-vo-debar-maalo-od-denes-mozhe-da-se-parkiraat-samo-zhitelite/
Carpe diem
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 789

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.109 seconds.

Copyright ©2007 - 2022  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.