build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Именување на улици и објекти

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 678
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7066
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #141 Posted: 04-Nov-2015 at 22:55
Originally posted by Staro Skopje

Кој е придонесот на св. Лидија во сферата на електронските комуникации?
тоа ти се психичките коплекси за кој би се подразмислил и Фројд, каде што најбитно нешто во цел живот е да имаш палата, па макар и само во име, и таа палата да ти е античка, па макар и само во име...
ќе си ја прележиме ли некогаш оваа болест? не знам

Edited by zabegan - 05-Nov-2015 at 16:53
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11506
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #142 Posted: 05-Nov-2015 at 08:28
Originally posted by Staro Skopje

Кој е придонесот на св. Лидија во сферата на електронските комуникации?


Лидија од Македонија.

Поголем придонес од горепосоченото, амин.
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11506
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #143 Posted: 13-Nov-2015 at 19:23
Monty Pyton, Flying Circus

Ѓорѓи Мисалјовски

Македонското МНР сместено на улицата Филип Втори Македонски од неодамна е прекрстено (Докон поп и јариќе крсти, српска поговорка) во „Палата Сарафов“. Име што на оваа институција, со оглед на сегашниот рејтинг, најмногу би ѝ одговарало би било „Монти Пајтон летечкиот циркус“. За такво тврдење се потребни аргументи. Следат. Прво, гипсената зграда на брегот на Вардар, чии подруми (сместена најверојатно архивата, ако ја имаат) се под вода, по ниту една дефиниција не е палата, односно Palace или Palais. Второ, ниту едно министерство за надворешни работи не носи лично име, макар што имало безброј заслужни дипломати, па министерствата би можеле да бидат наречени по нивните имиња. Можна е замена на имињата, како што е случај со француското МНР, кое од 1853 се нарекува Quai D’Orsay, според истоимената улица. Тоа не е единствен случај на метонимија за сегашните официјални називи на значајни институции (Белата куќа, Даунинг стрит 10 и др). Но, тоа е нешто друго, комплетно различно, како што впрочем е вообичаена практика дел од судската власт да биде сместена во зграда која ја нарекуваат „Палата на правдата“.

За една ваква институција, Министерство за надворешни работи, да биде нареченa со лично име, мора да постојат многу аргументи. Оние наведени на бронзената табла на споредниот влез во нашето МНР не се доволни. За една ваква институција, Министерство за надворешни работи, да биде нареченa со лично име, мора да постојат многу аргументи. Оние наведени на бронзената табла на споредниот влез во нашето МНР не се доволни. На главниот, пак, влез е паметникот на носителот на името на палатата во која моментно гостува Летечкиот циркус, на коњ, со пушка во рака и опинци на нозете, што не одговара на богатиот Б. Сарафов, кој низ светот шетал во костимите по последната европска мода. Во сегашната „Палата Сарафов“, за жал, сè уште шетаат сурати во дипломатски опинци. Се разбира, не е на вашиот дипломатски хроничар да суди каков дипломат бил Б. Сарафов, контрoверзната личност во уште поконтрoверзните времиња пред Илинденското востание и непосредно после, посебно што неговите патешествија по европските метрополи биле повеќе од сопствена политичка и лукративна промоција, отколку конзистентна дипломатија, што со оглед на етимолошкото потекло на неговото презиме сосема се вклопува со методите на неговите активности.

Зградата е квазибарокна. Улицата на која е лоцирано МНР го носи името на таткото на најголемиот антички војсководец и освојувач, Филип Втори Македонски, а палатата на МНР го носи името на Славјанин од Пиринска Македонија, инаку образован офицер во Софија.Посебно се забележува архитектонско-идентитетската какофонија поврзана за наведената локација. Зградата е квазибарокна. Улицата на која е лоцирано МНР го носи името на таткото на најголемиот антички војсководец и освојувач, Филип Втори Македонски, а палатата на МНР го носи името на Славјанин од Пиринска Македонија, инаку образован офицер во Софија. Не е лесно на странските дипломати кога влегуваат во палатата да им се објасни тоа, посебно делот што се однесува на нашиот идентитет. Се разбира дека Бугарите немаат ништо против нашето МНР да го носи името на Б. Сарафов. Причините им се познати на историчарите.

Но, ова не прв случај со лични имиња да се обележуваат објекти што се поврзани со објекти во функција на надворешната политика. Така и ден-денес во Берлин на ул. Кенигсалее 2 на зградата на амбасадата на РМ стои мермерна табла со напомена дека таа е изградена и пуштена во работа во време на амбасадорувањето на сегашниот главен менаџер во фирмата „МПМ“ и воедно и вонреден или редовен професор на еден од скопските универзитети. И ова е единствен случај на зградите на амбасади да има слични обележја со кои се влегува не само во историјата, туку и во археологијата.

Летечкиот циркус има секогаш нови нумери. Последната е вклучувањето на македонската амбасадорка во Токио за избор на некаква си убавица.Како што веќе постојано најавувам, Летечкиот циркус има секогаш нови нумери. Последната е вклучувањето на македонската амбасадорка во Токио за избор на некаква си убавица. Се разбира дека една режисерка мора да има истенчено чувство за естетика и оттука е во жирито. Големо признание за оваа влада, а и за традиционално пријателските односи меѓу кралството Јапонија и Република Македонија.

Насмеаниот ни министер за надворешни продолжува да се шетка по светот, оставајќи ги кловновите во својот циркус да ја забавуваат публиката. Не е загрижен поради пораките од Србија од највисоко ниво за гласањето за прием на Косово во УНЕСКО. СПЦ не се огласила директно, но пораката од патријархот Иринеј (од која децидно не се огради и политичкиот врв на Србија), би требало посебно да се анализира во заспаниот Синод на МПЦ. По гласањето во Париз, не може да се очекува наскоро нов дијалог меѓу месните цркви.

По условната препорака (уште еден последен испитен рок) за преговори сите понатамошни лобирања и мапет (се извинувам роуд-шоуа) се фарса. Јасно ни е кажано до кај сме и што треба да направиме. Министерот што убаво ни објасни што е пуч, бадијала оди по безбедносни форуми и лобира за прием на РМ во НАТО. Извештајот на Комисијата на ЕУ е круцијален за приемот на РМ во НАТО. Воените стандарди и така не ги исполнуваме. Каква Варшава (идниот самит), какви бакрачи. Работите се решаваат тука. Флоксулите од типот „Приемот на РМ позитивно ќе се одрази врз НАТО, но и врз безбедноста и стабилноста во регионот на ЈИЕ“ не поминуваат. Последна опомена беа настаните во Куманово. Се виде колку обезбедуваме стабилност.

Можеби со време зградата на МНР ќе ја нарекуваа „Кеј на палмите“, метонимија што никому немаше да му пречи. Напротив, ќе останеше белег на период на еден ботаничко-архитектонски фалсификат.Да се вратам пак на „Палатата Сарафов“, за која кумот уште не ни е познат. Мора да имало стручна анализа на сите овдешни компетентни институции, истакнати историчари, филозофи па и дипломати, врз база на што е донесена одлуката. Кое било име да го добиеше зградата на МНР ќе беше непотребна, неизнудена грешка кажано со тениски речник. Именување на институција каква што е Министерството за надворешни работи со име на една личност значи однапред прејудуцирање на неговата политичка опција или ориентација, што секако не е дипломатски ниту, пак, политички дозволено. Можеби со време зградата на МНР ќе ја нарекуваа „Кеј на палмите“, метонимија што никому немаше да му пречи. Напротив, ќе останеше белег на период на еден ботаничко-архитектонски фалсификат. Вака се заплеткавме во патриотско-предавничка жабокречина на радост на сеирџиите. На Меморандумот на МНР ќе стои „Палата Б. Сарафов“ ул. Филип Втори Македонски. Доволно идентитетски.

http://okno.mk/node/51333
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11506
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #144 Posted: 13-Jan-2018 at 15:25
Заслужено, ако ме прашувате мене...
_____________________________

Булевар во Скопје ќе се именува по Есма Реџепова

Кралицата на ромската песна, славната скопјанка Есма Реџепова-Теодосиевска, наскоро во Скопје ќе добие булевар кој ќе го носи нејзиното име.

Деновиве во Министерството за култура од министерот Роберт Алаѓозовски беа примени претседателката на хуманираното здружение „Есма и Стево Теодисевски“, Зорана Костовска, и активистката Мирјана Марковска.

- Воодушевена сум од реакцијата на министерот кој вети дека преименувањето на еден од скопските булевари со името на нашата музичка кралица ќе оди релативно брзо, но сепак дека мора да влезе во законска процедура. Сите ние сме стрпливи, а најважно од сè е тоа дека Скопје, како наш главен град, заслужува да има и ќе има булевар со нејзиното име. Впрочем, насекаде низ светот познато е дека улиците и булеварите се именуваат по имињата на познати пејачи, уметници, спортисти, новинари, глумци (како на пример: Тома Здравковиќ, Иво Робиќ, Елвис Присли, Грејс Кели, Мерилин Монро, Марлон Брандо, Џон Ленон….) па, така, и ние можеме, а пред сè и сакаме да имаме булевар по името на Есма. Булеварот ќе биде, веројатно, некаде на потегот од Автокоманда, најмногу поради странците кога влегуваат во Скопје, а кои одлично знаат која е Есма, но и да им се објасни и на тој начин зошто ја почитуваме Реџепова. Сепак, локацијата на булеварот уште не е дефинирана, сега-засега е само предлог - вели Костовска.

http://plusinfo.mk/vest/140085/bulevar-vo-skopje-kje-se-imenuva-po-esma-redjepova
За сè има вторпат
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1325
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #145 Posted: 13-Jan-2018 at 16:54
Во Автокоманда? Имајќи предвид дека е речиси извесно дека ќе се преименува булеварот Александар Македонски, претпоставувам дека токму овој булевар ќе го именуваат по Есма Реџепова. Јас мислам дека подобро би било улицата Шуто Оризари да ја именуваат по неа. Или некој нов мост, заедно со булеварот над него.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 678

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.078 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.