build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Именување на улици и објекти

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 678
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7376
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #141 Posted: 04-Nov-2015 at 22:55
Originally posted by Staro Skopje

Кој е придонесот на св. Лидија во сферата на електронските комуникации?
тоа ти се психичките коплекси за кој би се подразмислил и Фројд, каде што најбитно нешто во цел живот е да имаш палата, па макар и само во име, и таа палата да ти е античка, па макар и само во име...
ќе си ја прележиме ли некогаш оваа болест? не знам

Edited by zabegan - 05-Nov-2015 at 16:53
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13143
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #142 Posted: 05-Nov-2015 at 08:28
Originally posted by Staro Skopje

Кој е придонесот на св. Лидија во сферата на електронските комуникации?


Лидија од Македонија.

Поголем придонес од горепосоченото, амин.
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13143
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #143 Posted: 13-Nov-2015 at 19:23
Monty Pyton, Flying Circus

Ѓорѓи Мисалјовски

Македонското МНР сместено на улицата Филип Втори Македонски од неодамна е прекрстено (Докон поп и јариќе крсти, српска поговорка) во „Палата Сарафов“. Име што на оваа институција, со оглед на сегашниот рејтинг, најмногу би ѝ одговарало би било „Монти Пајтон летечкиот циркус“. За такво тврдење се потребни аргументи. Следат. Прво, гипсената зграда на брегот на Вардар, чии подруми (сместена најверојатно архивата, ако ја имаат) се под вода, по ниту една дефиниција не е палата, односно Palace или Palais. Второ, ниту едно министерство за надворешни работи не носи лично име, макар што имало безброј заслужни дипломати, па министерствата би можеле да бидат наречени по нивните имиња. Можна е замена на имињата, како што е случај со француското МНР, кое од 1853 се нарекува Quai D’Orsay, според истоимената улица. Тоа не е единствен случај на метонимија за сегашните официјални називи на значајни институции (Белата куќа, Даунинг стрит 10 и др). Но, тоа е нешто друго, комплетно различно, како што впрочем е вообичаена практика дел од судската власт да биде сместена во зграда која ја нарекуваат „Палата на правдата“.

За една ваква институција, Министерство за надворешни работи, да биде нареченa со лично име, мора да постојат многу аргументи. Оние наведени на бронзената табла на споредниот влез во нашето МНР не се доволни. За една ваква институција, Министерство за надворешни работи, да биде нареченa со лично име, мора да постојат многу аргументи. Оние наведени на бронзената табла на споредниот влез во нашето МНР не се доволни. На главниот, пак, влез е паметникот на носителот на името на палатата во која моментно гостува Летечкиот циркус, на коњ, со пушка во рака и опинци на нозете, што не одговара на богатиот Б. Сарафов, кој низ светот шетал во костимите по последната европска мода. Во сегашната „Палата Сарафов“, за жал, сè уште шетаат сурати во дипломатски опинци. Се разбира, не е на вашиот дипломатски хроничар да суди каков дипломат бил Б. Сарафов, контрoверзната личност во уште поконтрoверзните времиња пред Илинденското востание и непосредно после, посебно што неговите патешествија по европските метрополи биле повеќе од сопствена политичка и лукративна промоција, отколку конзистентна дипломатија, што со оглед на етимолошкото потекло на неговото презиме сосема се вклопува со методите на неговите активности.

Зградата е квазибарокна. Улицата на која е лоцирано МНР го носи името на таткото на најголемиот антички војсководец и освојувач, Филип Втори Македонски, а палатата на МНР го носи името на Славјанин од Пиринска Македонија, инаку образован офицер во Софија.Посебно се забележува архитектонско-идентитетската какофонија поврзана за наведената локација. Зградата е квазибарокна. Улицата на која е лоцирано МНР го носи името на таткото на најголемиот антички војсководец и освојувач, Филип Втори Македонски, а палатата на МНР го носи името на Славјанин од Пиринска Македонија, инаку образован офицер во Софија. Не е лесно на странските дипломати кога влегуваат во палатата да им се објасни тоа, посебно делот што се однесува на нашиот идентитет. Се разбира дека Бугарите немаат ништо против нашето МНР да го носи името на Б. Сарафов. Причините им се познати на историчарите.

Но, ова не прв случај со лични имиња да се обележуваат објекти што се поврзани со објекти во функција на надворешната политика. Така и ден-денес во Берлин на ул. Кенигсалее 2 на зградата на амбасадата на РМ стои мермерна табла со напомена дека таа е изградена и пуштена во работа во време на амбасадорувањето на сегашниот главен менаџер во фирмата „МПМ“ и воедно и вонреден или редовен професор на еден од скопските универзитети. И ова е единствен случај на зградите на амбасади да има слични обележја со кои се влегува не само во историјата, туку и во археологијата.

Летечкиот циркус има секогаш нови нумери. Последната е вклучувањето на македонската амбасадорка во Токио за избор на некаква си убавица.Како што веќе постојано најавувам, Летечкиот циркус има секогаш нови нумери. Последната е вклучувањето на македонската амбасадорка во Токио за избор на некаква си убавица. Се разбира дека една режисерка мора да има истенчено чувство за естетика и оттука е во жирито. Големо признание за оваа влада, а и за традиционално пријателските односи меѓу кралството Јапонија и Република Македонија.

Насмеаниот ни министер за надворешни продолжува да се шетка по светот, оставајќи ги кловновите во својот циркус да ја забавуваат публиката. Не е загрижен поради пораките од Србија од највисоко ниво за гласањето за прием на Косово во УНЕСКО. СПЦ не се огласила директно, но пораката од патријархот Иринеј (од која децидно не се огради и политичкиот врв на Србија), би требало посебно да се анализира во заспаниот Синод на МПЦ. По гласањето во Париз, не може да се очекува наскоро нов дијалог меѓу месните цркви.

По условната препорака (уште еден последен испитен рок) за преговори сите понатамошни лобирања и мапет (се извинувам роуд-шоуа) се фарса. Јасно ни е кажано до кај сме и што треба да направиме. Министерот што убаво ни објасни што е пуч, бадијала оди по безбедносни форуми и лобира за прием на РМ во НАТО. Извештајот на Комисијата на ЕУ е круцијален за приемот на РМ во НАТО. Воените стандарди и така не ги исполнуваме. Каква Варшава (идниот самит), какви бакрачи. Работите се решаваат тука. Флоксулите од типот „Приемот на РМ позитивно ќе се одрази врз НАТО, но и врз безбедноста и стабилноста во регионот на ЈИЕ“ не поминуваат. Последна опомена беа настаните во Куманово. Се виде колку обезбедуваме стабилност.

Можеби со време зградата на МНР ќе ја нарекуваа „Кеј на палмите“, метонимија што никому немаше да му пречи. Напротив, ќе останеше белег на период на еден ботаничко-архитектонски фалсификат.Да се вратам пак на „Палатата Сарафов“, за која кумот уште не ни е познат. Мора да имало стручна анализа на сите овдешни компетентни институции, истакнати историчари, филозофи па и дипломати, врз база на што е донесена одлуката. Кое било име да го добиеше зградата на МНР ќе беше непотребна, неизнудена грешка кажано со тениски речник. Именување на институција каква што е Министерството за надворешни работи со име на една личност значи однапред прејудуцирање на неговата политичка опција или ориентација, што секако не е дипломатски ниту, пак, политички дозволено. Можеби со време зградата на МНР ќе ја нарекуваа „Кеј на палмите“, метонимија што никому немаше да му пречи. Напротив, ќе останеше белег на период на еден ботаничко-архитектонски фалсификат. Вака се заплеткавме во патриотско-предавничка жабокречина на радост на сеирџиите. На Меморандумот на МНР ќе стои „Палата Б. Сарафов“ ул. Филип Втори Македонски. Доволно идентитетски.

http://okno.mk/node/51333
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13143
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #144 Posted: 13-Jan-2018 at 15:25
Заслужено, ако ме прашувате мене...
_____________________________

Булевар во Скопје ќе се именува по Есма Реџепова

Кралицата на ромската песна, славната скопјанка Есма Реџепова-Теодосиевска, наскоро во Скопје ќе добие булевар кој ќе го носи нејзиното име.

Деновиве во Министерството за култура од министерот Роберт Алаѓозовски беа примени претседателката на хуманираното здружение „Есма и Стево Теодисевски“, Зорана Костовска, и активистката Мирјана Марковска.

- Воодушевена сум од реакцијата на министерот кој вети дека преименувањето на еден од скопските булевари со името на нашата музичка кралица ќе оди релативно брзо, но сепак дека мора да влезе во законска процедура. Сите ние сме стрпливи, а најважно од сè е тоа дека Скопје, како наш главен град, заслужува да има и ќе има булевар со нејзиното име. Впрочем, насекаде низ светот познато е дека улиците и булеварите се именуваат по имињата на познати пејачи, уметници, спортисти, новинари, глумци (како на пример: Тома Здравковиќ, Иво Робиќ, Елвис Присли, Грејс Кели, Мерилин Монро, Марлон Брандо, Џон Ленон….) па, така, и ние можеме, а пред сè и сакаме да имаме булевар по името на Есма. Булеварот ќе биде, веројатно, некаде на потегот од Автокоманда, најмногу поради странците кога влегуваат во Скопје, а кои одлично знаат која е Есма, но и да им се објасни и на тој начин зошто ја почитуваме Реџепова. Сепак, локацијата на булеварот уште не е дефинирана, сега-засега е само предлог - вели Костовска.

http://plusinfo.mk/vest/140085/bulevar-vo-skopje-kje-se-imenuva-po-esma-redjepova
За сè има вторпат
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2210
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #145 Posted: 13-Jan-2018 at 16:54
Во Автокоманда? Имајќи предвид дека е речиси извесно дека ќе се преименува булеварот Александар Македонски, претпоставувам дека токму овој булевар ќе го именуваат по Есма Реџепова. Јас мислам дека подобро би било улицата Шуто Оризари да ја именуваат по неа. Или некој нов мост, заедно со булеварот над него.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2210
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #146 Posted: 26-Jul-2019 at 22:40
СКОПЈАНИ ОД УТРЕ НА АНКЕТА ЌЕ ПРЕДЛАГААТ НОВИ ИМИЊА ЗА УЛИЦИ, БУЛЕВАРИ, МОСТОВИ И ПЛОШТАДИ

Од утре преку анкета граѓаните ќе можат да предложат нови имиња за улиците, булеварите, мостовите и плоштадите, рече градоначалникот Петре Шилегов на одбележувањето на 56-годишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје.

Шилегов кажа дека Скопје по земјотресот е изграден благодарение на светската хуманост и солидарност, но за жал претходната власт многу од тие спомени избришала. Затоа тој ќе побара од граѓаните да предложат имиња за објекти и улици, со кои ќе се сеќаваме на денот кога Скопје повторно беше изграден.

„Лани на овој ден ги вративме буквите од Тито на старата железничка станица. Пред неколку месеци катните гаражи под надлежност на Градот добија ниви имиња ’26 јули‘ и ’Беко‘. Сега тоа ќе го направиме и на други објекти, улици и плоштади“ рече Шилегов.

56-годишнината од земјотресот вечерва се одбележува со концерти на Влатко Стефановски, Биља Крстиќ, Танос Ставридис и „Биг бенд“.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/skopjani-od-utre-na-anketa-ke-predlagaat-novi-imina-za-ulitsi-bulevari-mostovi-i-ploshtadi/
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
Graditelot View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 17-May-2016
Online Status: Offline
Posts: 67
  Quote Graditelot Quote  Post ReplyReply #147 Posted: 27-Jul-2019 at 04:12
Оваа криминална банда се натпреварува со претходната, која повеќе глупости ќе направи.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6907
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #148 Posted: 15-Mar-2020 at 12:26
Не сум знаел дека во Аеродром-нас.Острово има улица Бранко Црвенковски



Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 497
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #149 Posted: 15-Mar-2020 at 13:30
Не е точно ова. Не знам кој го направил.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6907
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #150 Posted: 15-Mar-2020 at 15:49

Малку ми дојде чудно,отвори на Google Maps ќе го најдеш истото,исто така ме зачуди појавата на улица Црвена Вода 7 во Стар Аеродром...?

Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6907
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #151 Posted: 24-Jun-2020 at 11:37
ЕСМА, ЖИВКО ПОПОВСКИ, СЛАВКО ЈАНЕВСКИ, БЛАЖЕ КОНЕСКИ, ЃОРЃИ КОЛОЗОВ И БУШТУР ЌЕ ДОБИЈАТ УЛИЦИ ВО СКОПЈЕ

Народни херои, архитекти, ректори на скопскиот универзитет, претседателите на Собранието, почесни граѓани на Скопје, уметници и спортисти ќе добијат свои улици, мостови и плоштади во главниот град. Комисијата за именување улици, плоштади, мостови и други инфраструктурни објекти, како што дознава САКАМДАКАЖАМ.МК, ја составила листата на личности според кои ќе бидат именувани улици во Скопје.

Се предвидува именување на улици или булевари според сите народни херои кои досега немале улица во Скопје или им била одземена, ректорите на скопските универзитети, како и претседателите на Собранието. Еден мост во Скопје ќе биде именуван според Роза Плавева и Накие Бајрам, кои за време на Младотурската револуција, ги организирале турските жени во борба против зарот и фереџето.

Улица ќе добијат и архитекти важни за Скопје како Живко Поповски, Славко Брезовски, Борис Чипан, Томас Доксијадис, но и почесните граѓани Торвалд Столтенберг, Лоренс Иглбергер и У Тант.

„Во листата на Комисијата се и писателите Славко Јаневски, Петре М. Андреевски, Блаже Конески, Владо Малески и Даница Ручигај. Не се заборавени ниту ликовните уметници како Томе Серафимовски, Петар Мазев, Димитар Кондовски, Борка Аврамова и културните уметници Есма Раџепова-Теодосиевска, Мери Бошкова, Неда Гешоска, Ѓорѓи Колозов, Тодорка Кондова, Димитар Ќостаров, Илија Милчин, Илија Џувалекоски, Џемаил Максут, Салаетин Билал“, велат за САКАМДАКАЖАМ. МК од Град Скопје.

Значајни имиња за македонскиот спорт исто така ќе добијат свои улици и тоа Атина Бојаџи, Нада Ицева-Салџиева, Благој Истатов, Благоја Георгиевски-Буштур.

Од Град Скопје велат дека процесот ќе го почнат по завршување на изборите и очекуваат до крајот на годинава да биде завршен.

„Според Законот за именување на улици, не смееме во период пред избори да менуваме имиња. Листата на имиња без дадени локации е спремна да влезе во процедура на Советот на Град Скопје, потоа треба да се одобри од Влада, па да се врати во Град Скопје. По изборите планираме да го започнеме процесот и да го завршиме до крајот на годината“, велат од Град Скопје.

Промената на имиња на улици, булевари, плоштади и мостови ја најави градоначалникот Петре Шилегов лани на одбележувањето на 56-годишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје. Шилегов тогаш кажа дека Скопје по земјотресот е изграден благодарение на светската хуманост и солидарност, но за жал, претходната власт многу од тие спомени избришала.

„Лани на овој ден ги вративме буквите од Тито на старата железничка станица. Пред неколку месеци, катните гаражи под надлежност на Градот добија ниви имиња ’26 Јули‘ и ’Беко‘. Сега тоа ќе го направиме и на други објекти, улици и плоштади. На анкета граѓаните ќе можат да предложат имиња за објекти и улици, со кои ќе се сеќаваме на денот кога Скопје повторно беше изграден“, рече лани Шилегов.

А. АНТЕВСКА

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/esma-zhivko-popovski-slavko-janevski-blazhe-konevski-i-bushtur-ke-dobijat-ulitsi-vo-skopje/
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13143
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #152 Posted: 24-Jun-2020 at 16:26
Фала богу нешто нормално да им текне.
За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6907
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #153 Posted: 18-Aug-2020 at 13:36
Изборите завршија, се чека новата Влада да ги аминува новите имиња на улици, плоштади, мостови во Скопје

Како што информираат од Градот, станува збор за стандардна јавна набавка која Градот Скопје ја врши секоја година, со која покрај набавката на таблите, се добива и услуга за демонтажа на постојните и оштетени и монтажа за новите табли. Постапката за именување на улиците, плоштадите, мостовите и другите инфраструктурни проекти беше стопирана. Според Законот за именување на улици, шест месеци пред распишување на избори не може да има именување. Сега законските пречки се надминати и постапката може да продолжи. Листата со имиња на улиците, плоштадите, мостовите и другите инфраструктурни проекти кога ќе се формира Владата ќе се достави до неа на разгледување. Имињата ќе се проверуваат едно по едно, а потоа листата ќе се достави до Советот на Град Скопје на потврдување



Градските власти продолжуваат со постапката за именување на улици, плоштади, мостови и други инфраструктурни објекти. Поради тоа е распишан оглас за набавка, монтажа и демонтажа на табли со имиња на улици, плоштади, мостови и други инфраструктурни објекти и таблички за нумерација на објекти. Станува збор за стандардна јавна набавка која Градот Скопје ја врши секоја година, со која покрај набавката на таблите, се добива и услуга за демонтажа на постојните и оштетени и монтажа за новите табли.

– Новитет е што оваа јавна набавка за првпат е во траење од 2 години и истата се извршува сукцесивно, согласно потребите на Градот – потенцираат градските власти.

Предвидена е набавка на 12.000 нови табли, од кои по 3.000 табли треба да бидат со еден, односно со два броја, 2.700 табли да се со имиња, 1.000 табли со еден број и буква и исто толку табли со два броја и буква. Набавката предвидува и 800 табли со еден број и 500 табли со три броја. Со јавната набавка се предвидени и техничките спецификации (материјал, облик, дебелина…), како и гаранција за траење од барем 7 години.

Како што објаснуваат од Градот, Комисијата за именување на улици, плоштади, мостови и други инфраструктурни објекти на Советот на Град Скопје изминатиов период разгледала над 1.600 предлози кои пристигнаа по јавниот повик објавен лани. На овој јавен повик граѓаните можеа да пополнат анкетен прашалник и да дадат предлози за имиња на инфраструктурни проекти. Од Градот велат дека комисијата ги разгледала предлозите и листата без локации е комплетирана.

Оттаму велат дека на листата се имиња за народни херои, спортски и културни работници, уметници, државници, почесни граѓани на Скопје, имиња на збратимени градови, претседатели на МАНУ, ректори на УКИМ, култни имиња на скопски групи, како што се Бис Без, Лева патика, Леб и сол, но тие би се однесувале на скверови и помали плоштади. Во листата има имиња како Живко Поповски, Славко Брезовски, Борис Чипан, Томас Доксијадис, почесните граѓани Торвалд Столтенберг, Лоренс Иглбергер и У Тант, писателите Славко Јаневски, Петре М. Андреевски, Блаже Конески, Владо Малески и Даница Ручигај, ликовните уметници како Томе Серафимовски, Петар Мазев, Димитар Кондовски, Борка Аврамова и културните уметници Есма Раџепова-Теодосиевска, Мери Бошкова, Неда Гешоска, Ѓорѓи Колозов, Тодорка Кондова, Димитар Ќостаров, Илија Милчин, Илија Џувалекоски, Џемаил Максут, Салаетин Билал и многу други.

Овие имиња ќе ги добијат улици, плоштади, мостови и други инфраструктурни објекти кои досега воопшто не биле именувани, туку имале само броеви, но не е исклучена и можноста да ги добијат и оние кои веќе имаат имиња, со што би биле преименувани.

Бидејќи имаше законски пречки, постапката за именување на улиците, плоштадите, мостовите и другите инфраструктурни проекти беше стопирана. Според Законот за именување на улици, шест месеци пред распишување на избори не може да има именување.

– Сега законските пречки се надминати и постапката може да продолжи. Листата со имиња на улиците, плоштадите, мостовите и другите инфраструктурни проекти кога ќе се формира Владата ќе се достави до неа на разгледување. Имињата ќе се проверуваат едно по едно, а потоа листата ќе се достави до Советот на Град Скопје на потврдување – потенцираат од Градот.

(А.П.)

https://www.vecer.press/изборите-завршија-се-чека-новата-влад/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6907
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #154 Posted: 15-Sep-2020 at 14:30
Шилегов: Желба ми е да ги вратам старите имиња на улиците

Составен е списокот на предлози од кои ќе се црпат новите имиња на улиците. Моја желба е да ги вратиме старите имиња на улиците кои беа познати за Скопје, нагласи Шилегов.

Минатата година Град Скопје објави конкурс за преименување на улиците, на кој граѓаните даваа предлози и идеи, инспирани од македонската култура и историја. Меѓу предлозите се најдоа и Итар Пејо и Ѓорѓи Колозов, но идејата за преименување на улиците, до денеска, се уште не е реализирана.

Слободен печат денеска го праша градоначалникот Петре Шилегов, дали се уште имаат намера да ги преименуваат улиците, или можеби се премислиле.

-Согласно законските прописи, не смеете да ги смените улиците шест месеци пред избори, а како што знаете изборите беа закажани. Сега можам да кажам дека Комисијата формирана за ова прашање имаше состанок минатата недела, тоа е веќе процес којшто го поминавме, така што како фази веќе се поминати и очекувам на наредните седници на Советот на Град Скопје, да започнеме со постапка за преименување на улиците, одговори Шилегов.

Тој додаде дека таа комисија составена од советници на Советот на Градот, ќе ги сублимира сите предлози кои се дадени од граѓаните и ќе се направи еден збирен список на улици, а потоа ќе се именуваат.

Негова лична желба е да се вратат старите имиња на улиците.

-Составен е списокот на предлози од кои ќе се црпат новите имиња на улиците. Моја желба е да ги вратиме старите имиња на улиците кои беа познати за Скопје, нагласи Шилегов.

https://www.slobodenpecat.mk/shilegov-zhelba-mi-e-da-gi-vratam-starite-imina-na-uliczite/
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7376
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #155 Posted: 16-Sep-2020 at 00:27
битните прашања битно се решаваат
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Влатко View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Aug-2016
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 409
  Quote Влатко Quote  Post ReplyReply #156 Posted: 16-Sep-2020 at 07:52
Originally posted by stef4o

Шилегов: Желба ми е да ги вратам старите имиња на улиците

Составен е списокот на предлози од кои ќе се црпат новите имиња на улиците. Моја желба е да ги вратиме старите имиња на улиците кои беа познати за Скопје, нагласи Шилегов.

Минатата година Град Скопје објави конкурс за преименување на улиците, на кој граѓаните даваа предлози и идеи, инспирани од македонската култура и историја. Меѓу предлозите се најдоа и Итар Пејо и Ѓорѓи Колозов, но идејата за преименување на улиците, до денеска, се уште не е реализирана.

Слободен печат денеска го праша градоначалникот Петре Шилегов, дали се уште имаат намера да ги преименуваат улиците, или можеби се премислиле.

-Согласно законските прописи, не смеете да ги смените улиците шест месеци пред избори, а како што знаете изборите беа закажани. Сега можам да кажам дека Комисијата формирана за ова прашање имаше состанок минатата недела, тоа е веќе процес којшто го поминавме, така што како фази веќе се поминати и очекувам на наредните седници на Советот на Град Скопје, да започнеме со постапка за преименување на улиците, одговори Шилегов.

Тој додаде дека таа комисија составена од советници на Советот на Градот, ќе ги сублимира сите предлози кои се дадени од граѓаните и ќе се направи еден збирен список на улици, а потоа ќе се именуваат.

Негова лична желба е да се вратат старите имиња на улиците.

-Составен е списокот на предлози од кои ќе се црпат новите имиња на улиците. Моја желба е да ги вратиме старите имиња на улиците кои беа познати за Скопје, нагласи Шилегов.



Убава идеја. Ете нека почне од ул. Благоја Стефковски во Топанско Поле
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 983
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #157 Posted: 16-Sep-2020 at 14:07
Да ја разведриме темава со случката за главната улица во Хром

Воин Драшко- ци или виќ

И ден денес стои таблата, во Службен весник има лични карти со Драшкоци, на Гугл Мапс е Драшковиќ, хаос
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 495
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #158 Posted: 16-Sep-2020 at 15:09
ВоЈин Драшкоци
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 678

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.109 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.