build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Именување на улици и објекти

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1234 15>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 24-Feb-2009 at 23:40
Па општината го има суверенитетот над именувањето на локални објекти и заедници и слично, освен оние кои не се регулирани на централно ниво директно преку министерство. Нити па имињата се загарантирани или заштитени со закон. Дали е законски исправно, сигурно е, а дали е прифатливо тогаш можеме да дискутираме.

Инаку бетон со тебе сум на линија дека сепак прво треба да се опипа и мислењето на локалното население односно оние кои се под таа месна заедница. Но мислам дека во случајов сеработи само за името на локалната институција, а не и на населбата, пошто колку што знам имиња на градови, населби и села треба да пројдат на парламент.
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 11-Mar-2009 at 15:03

Кисела Вода ги прекрстува урбаните заедници

Населбата Драчево е веќе преименувана во Бобан Трпков, наскоро 11 Октомври ќе стане Никола Кљусев, а и сите останати заедници во општината ќе добијат ново име и биста

Сите 14 урбани заедници во Општината Кисела Вода ќе добијат имиња на заслужни граѓани. Така одлучи Општината откако беше спроведена анкета меѓу жителите што го бараа тоа. На заслужните жители ќе им бидат подигнати и бисти пред урбаните заедници.

Прва урбана заедница која веќе се преименува е Драчево, која го доби името Бобан Трпков, по бранителот кој беше нејзин жител, а кој трагично загина во воените конфликти 2001 година во селото Требош. Крајната одлука откако беше прифатена иницијативата на жителите ја донесе Советот на Општината Кисела Вода.

Како што објаснуваат од Општината, оваа иницијатива ја поддржале жителите, на состанокот на Советот на оваа урбана заедница. Прво ќе разгледувале повеќе предлози, а потоа бил свикан собир на граѓани, на кој тие конечно се изјасниле. Со иницијативата се согласиле и членовите на семејството на Бобан Трпков.

Во тек е и постапката за поставување биста на Бобан Трпков пред урбаната заедница. Постаментот веќе го изработи општината, а бистата која ќе биде излеана во бронза ќе ја прави неговото семејство, кое за тоа изразило желба. Општината Кисела Вода и хортикултурно ќе го уреди просторот околу бистата. Се очекува бистата да биде поставена до 10 март. Според Марјан Стојанчевски, раководител на месната самоуправа во Општина Кисела Вода, во тек е постапка за преименување на Урбаната заедница „11 Октомври“ (бараки) во Никола Кљусев, првиот премиер на независна Македонија.

- Веќе се собрани над 1.000 потписи од жителите на оваа урбана заедница. Жителите на собир на граѓани треба да ја донесат конечната одлука, која потоа треба да ја прифати Советот на Општината на наредната седница, истакна Стојанчевски. Со иницијативата се согласило и семејството на Кљусев.

- Бистата на првиот премиер на независна Македонија исто така ќе биде поставена пред урбаната заедница, а просторот околу бистата ќе се преуреди во мини-парк. Очекуваме за еден месец да биде поставен фундаментот, а потоа да биде поставена и бистата - вели Стојанчевски. Во тек е и анкета за преименување на Урбаната заедница „Припор“ во Бранко Ѓуровски, познат спортист-фудбалер. Се испитува јавното мислење за преименување и на урбаните заедници „Кисела Вода“ и село Драчево.

- Додека не се видат резултатите од јавното мислење не можеме да ги изнесеме предлозите за имињата кои се во игра за овие две заедници. Тоа им го ветивме и на граѓаните. Тие ќе бидат познати за 10 дена, дополни Стојанчевски. Постапка за преименување ќе се примени и за сите останати урбани заедници.

Дневник - Анела Петрова - 02.03.2009
 



Edited by beTon - 11-Mar-2009 at 15:03
Back to Top
se_manda View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 15-Nov-2007
Online Status: Offline
Posts: 259
  Quote se_manda Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 12-Mar-2009 at 01:13
iminjava im se ludilo...ne znam samo zaso gi menjaat iminjava koa lugevo pak ke gi vikaat naselbive ko do sega...
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #24 Posted: 12-Mar-2009 at 11:15

Ова е тешка идиотштина со преименувањето на населбите, човек нема да знае дали се работи за населба или за улица. Оваквото масовно прекрстување на населби по „заслужни“ граѓани ми личи на 48-49 кога се се менувало со други „заслужни“ граѓани. УЖАСНО

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #25 Posted: 12-Mar-2009 at 13:30
Originally posted by UrbanFreak

Ова е тешка идиотштина со преименувањето на населбите, човек нема да знае дали се работи за населба или за улица. Оваквото масовно прекрстување на населби по „заслужни“ граѓани ми личи на 48-49 кога се се менувало со други „заслужни“ граѓани. УЖАСНО


Урбан не се именуваат имињата на населбите него само локалните институции, месните заедници.


Edited by lslcrew - 12-Mar-2009 at 13:30
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #26 Posted: 11-May-2009 at 14:12

ЦЕНТАР ЌЕ ГИ ОБЕЛЕЖУВА ОПШТИНСКИТЕ УЛИЦИ

Три милиони денари за нови табли и куќни броеви

Не станува збор за табли со нови имиња на улиците во Центар туку за замена на оние кои се дотраени, украдени или искршени, објаснува Ратко Савовски, секретар на Општина Центар

Локалната власт од Центар ќе ги менува таблите со имиња на улиците на целата територија на Општината. Ратко Савовски, секретар на Општина Центар, вели дека во тек е изработката на таблите со имињата на улиците во Центар, и оти штом завршат, веднаш ќе почнат со нивно поставување. Тој објасни дека таблите ги изработува компанијата "Раде Кончар колектори и релеи", која ја избрале на тендер, и оти со нив треба да се заменат оние табли на општинските улици кои се скршени или уништени.
"Не станува збор за табли со нови имиња на улиците во Центар туку за замена на оние кои се дотраени, украдени или искршени. Имињата на таблите ќе бидат напишани согласно списокот кој го добивме од Градот. Наша комисија направи попис каде сe недостигаат табли со имиња на улиците и каде нема куќни броеви", вели Савовски.
Во оваа акција на Центар ќе бидат опфатени сите општински улици, а Општината ќе потроши три милиони денари за новите табли, кои се изработуваат според правилникот за обележување на имиња на улиците.
"Нашите табли ќе бидат со тегет боја, за да се разликуваат од оние на градските улици кои се со зелена боја", вели Савовски.


http://vest.com.mk/?ItemID=124E141C54062B4BA3A300ECAF6DB7CE&arc=1
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #27 Posted: 11-May-2009 at 17:19
не ја сфаќам поентата на различните бои Question
што ќе ни фали да имаме иста боја насекаде
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #28 Posted: 11-May-2009 at 17:22
Да се разликува хиеархијата на улиците и нивната важност, како институции. Мора да има некоја стандардизација во однос на секоја категорија.
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #29 Posted: 21-May-2009 at 00:11
ИМИЊА ОД МАПИТЕ И ОД АДРЕСАРИТЕ

Волт Дизни од Шутка ја сече Че Гевара, но не излегува на Бетовенова
Дури во 1944 година првпат улиците добиле македонски имиња, а денес најмодерни имиња носат улиците во Драчево, Шуто Оризари, па и во Ново Село
Знаете ли кој бил човекот по кој е именувана вашата улица? Паметите ли кои биле војводата Ивец, Апостол Гусларот, Атанас Бабата, детето Татуличе, Детелин војвода, Димитар Туриманџоски, Дончо штипјанчето, Рељо Шестокрило, Јосиф Јосифовски свештарот, поп Богомил...

Сите тие се имиња на неколку скопски улици кои на повеќето нивни жители од помладите генерации речиси не им значат ништо. Тоа се имиња кои живеат во адресарите и ги ориентираат поштарите за Нова Година. Но, постарите и тие што детаљно ја учеле историјата ќе се сетат дека дете Татуличе е епски јунак, помошник на Марко Крале, попот Богомил е основачот на богомилското движење, свештарот Јосиф е партизан, Ивец бил војвода на цар Самуил, Детелин војвода е епски јунак, Гусларот е слеп народен пејач од Прилеп, Бабата е војвода на ВМОРО, Рељо бил владетел на област со седиште во Рилскиот манастир, Туриманџоски партизански командант, итн.

"Првите имиња скопските улици ги добиле во 1882 година кога и куќите биле обележани со броеви. Дури во 1923 година биле поставени првите метални табли на именуваните улици. Називите на улиците во градот често пати биле менувани зависно како кој доаѓал на власт. Скопските улици носеле имиња на султани, везири, аги, бегови, на српски кралеви и кнезови, на бугарски цареви. До ослободувањето на Македонија во 1944 година во Скопје немало ниту една улица што носела македонско име", пишува во брошурата што ја издал Туристичкиот сојуз на Скопје во 1992 година.

Така по ослободувањето многу од новоизградените улици биле крстени со имиња кои асоцираат на војната за слобода: Партизански одреди, Македонска ударна бригада, АСНОМ, Маршал Тито итн. Не заостануваат ниту имињата на постарите револуционери: Гоце Делчев, Питу Гули, Јане Сандански. Многу улици се именувани и според солидарните странци кои му помогнале на Скопје по земјотресот во 1963 година.

Денес повторно се менуваат имињата на улиците. До градската Комисија за именување улици, мостови, плоштади и инфраструктурни објекти се доставени триесетина барања за промена на имиња на улици. Некои од улиците, иако без законска рамка, веќе имаат одомаќинети нови имиња. На пример Иво Лола Рибар е Митрополит Теодосиј Гологанов, а Маршал Тито е Македонија.

- Во последните 14 години Комисијата не именувала ниту една улица, токму затоа што нема закон за тоа. Законот треба да ги утврди и критериумите според кои ќе се именуваат и преименуваат улиците. Новите имиња што се веќе одомаќинети мислам дека се договорени на повисоко ниво. Во иднина би се менувале имињата што се спорни и не соодветствуваат со реалноста - вели Игор Гиевски, претседател на Комисијата за именување.

Граѓаните предложиле некои улици да ги понесат имињата на загинатите бранители од војната во 2001 година. Според Гиевски, личноста по која ќе се именува некоја улица, треба да биде истакната и животот и делото да и го посветила на Македонија. Тој додава и дека преименувањето на улиците ќе отвори работа, бидејќи ќе треба да се менуваат и личните документи.
 
 
само да потенцирам дека одомаќинетите имиња веќе и се официјализирани.
 
патем мислам дека мора да се пристапи далеку поозбилно околу експликацијата за и достапноста на инфо за именуваните улици, нешто налик технички абецедар каде и хронолошки и историски би се покриле именуваните улици и објекти, а се со цел заради култуно-историска поука и за жителите но и за туриститите и во градов и во државава www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=338&PID=14542#14542 нешто што со една комисија на ниво на град, иако последната предводена и од акад. Кантарџиев Иван, мислам тешко дека ќе види бел ден...

Закон за определување на имиња на улици, плоштади, мостови и на други инфраструктурни објекти  - 6/6/2004     

 http://www.pravo.org.mk/download.asp?ID=1&zID=186

Измена и дополнување  - 5/4/2007

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #30 Posted: 25-Jun-2009 at 02:08

Јасна Котевска - предлог за име на скопска улица

Јасна Котеска, Милчо Манчевски, Данило Коцевски се дел од предлозите за именување улици во Скопје што се најдоа на мапата која во рамките на проектот „Градот убав пак ќе никне“ на 23 јуни беше поставена на плоштадот „Македонија“.

Граѓаните кои се одзваа на повикот упатен од уметникот Зоран Поповски, предложиле со имињата и на Влатко Стефановски и Елизабета Шелева да бидат преименувани дел од постојните булевари, но покрај најголемиот број имиња на уметници, музичари, културолози, спортисти, граѓаните сепак предлагале и имиња на свои респектирани сограѓани, пријатели, роднини (меѓу кои се и Андријана Драговиќ, Петар Поп Гоцев), што впрочем беше и идејата на проектот.

Поповски, кој и ги анкетираше граѓаните на самото место, задоволен е од реакциите на неговото дело „Јавен простор: партиципативен уметнички проект“, иако посочи дека поетската идеја најчесто му била политички толкувана. Меѓу предлозите немало имиња на политичари.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=E65004CC79A81F42BD5E58B9264F86B1
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #31 Posted: 25-Jun-2009 at 02:12
[offtopic]

Поповски, кој и ги анкетираше граѓаните на самото место, задоволен е од реакциите на неговото дело „Јавен простор: партиципативен уметнички проект“, иако посочи дека поетската идеја најчесто му била политички толкувана. Меѓу предлозите немало имиња на политичари.
Ништо ново! Како и многу други работи во нашево општество што погрешно се толкуваат! Да неможе човек да мрдне од дома, а да не се се протолкува некоја политичка заднина во тоа!

[/offtopic]
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #32 Posted: 20-Oct-2009 at 23:58

„Маршал Тито“ не си оди од „Македонија“

Одлуката за промена на имињата на 33 улици, шест булевари, четири плоштади и еден мост во 1993 година, ја поништи Уставниот суд

Сања Наумовска


Тито се' уште живее во центарот на Скопје. Малкумина знаат дека иако веќе се нашироко прифатени во секојдневната комуникација меѓу граѓаните, улицата и плоштадот „Македонија“ во официјалните документи, сепак, се „Маршал Тито“. И, не само тие, туку и булеварот „Климент Охридски“ официјално и натаму е булевар ЈНА, а улицата „Теодосиј Гологанов“ е „Иво Рибар Лола“. Можеби ретко кој се сеќава на старото име на улицата, но факт е дека на жителите на „Димитрија Чуповски“ во личните документи им пишува дека живеат на „Вељко Влаховиќ“, а на оние на „Христо Татарчев“, пак, на „Сава Ковачевиќ“. Булеварот „Александар Македонски“ официјално се' уште е булевар „Југославија“, а „8 Септември“ е „Октомвриска револуција“. И мостот кај хотелот „Александар палас“, кој го носи името на булеварот „8 Септември“, всушност, се' уште е „Октомвриска револуција“.

Имињата на 33 улици, шест булевари, четири плоштади и еден мост беа променети во јули 1993 година со Одлука на тогашниот Совет на Скопје. Одлуката ја поништи Уставниот суд во октомври 1994 година, по иницијатива на некои политички партии и поединци. Со тоа, практично, старите имиња остануваат во важност до денес.

Градот Скопје моментно нема отворено нова постапка за именување на улиците, мостовите и другите јавни површини, откако пред петнаесетина години пропадна првиот обид за промена на имињата на поголем број инфраструктурни објекти во градот. Новиот состав на Советот досега нема формирано ниту комисија, која би ја отпочнала постапката за преименување. Комисијата од претходниот мандат на Советот дојде до фаза на подготовка на список со предлог-имиња, но процесот тука мораше да биде запрен шест месеци пред локалните избори.

Имињата, од една страна официјалните, а од друга општоприфатените, најмногу проблеми им создаваат на граѓаните. Иако секојдневно се користат новите имиња, сепак, сите лични документи, сметките за комуналните давачки, како и официјалните документи за недвижните имоти, кои ги поседуваат, се' уште се водат на старите адреси. Од друга страна, пак, на булеварите и на улиците се поставени табли со новите имиња, што внесува дополнителна забуна. Постојат примери во кои и некои институции на граѓаните им се издаваат одредени документи на новите адреси, со што се појавува разлика со податоците од личните документи на граѓаните.

Најновиот проблем, кој е на повидок, е обврската да се сменат сите лични карти до крајот на февруари идната година. Дотогаш, информираат од Градот Скопје, нема можност да биде завршена постапката за преименување на инфраструктурните објекти.

„Пред една година извадив нов биометриски пасош, кој има важност 15 години. Но, во него е наведено старото име на улицата, што ако во меѓувреме се смени, дали тоа ќе значи дека ќе треба да вадам нови документи“, вели жителка на улицата „Иво Рибар Лола“, односно „Теодосиј Гологанов“.

Во слична позиција е и еден граѓанин на Кисела Вода, кој живее на „Сава Ковачевиќ“. Тој лани извадил нова лична карта. До февруари ќе треба да ја смени, а ако се официјализира новото име на улицата „Христо Татарчев“ ќе треба третпат да го вади истиот документ.

„Станува збор за сложена постапка, која зафаќа подолг временски период. Поради сеопфатноста и издржаноста во спроведувањето таа не може да се реализира во пократок рок од крајниот рок за менување на личните карти“, објаснуваат од Градот Скопје.

Според Законот за определување имиња на улици, мостови и други инфраструктурни објекти, донесен во 2004 година, постапката за преименување ја иницираат општините, односно Градот Скопје. Локалните власти имаат обврска да состават список со предлози за нови имиња, кој, пак, мора да добие потврда и од Владата. Новите имиња ги потврдуваат советите на Градот и на општините, кои имаат и обврска во рок од три месеци да постават нови табли на објектите.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=C26BC8AE3986CD468AEAB0CF43F6E71E
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #33 Posted: 21-Oct-2009 at 23:24

Сите улици со две имиња, „пластичарската“ со три

Градот засега нема намера да вложува во отстранување на таблите со неважечките имиња на улиците

Сања Наумовска

Популарната пластичарска улица, чие официјално име се' уште е булевар „Југославија“, а сите го употребуваат булевар „Никола Карев“, веќе има нов предлог, да се преименува во „Бил Клинтон“. Ова е само еден пример од 7.000 предлози за преименување на улици во Скопје, собирани во текот на мандатот на претходниот Совет на Градот. Ново име има и за булеварот „Цветан Димов“, кој треба да се прекрсти во „Адем Јашари“.

Комисијата од претходниот состав, пред да ја прекине работата шест месеци пред локалните избори, имала листа од над 7.000 предлози, најмногу од граѓани. Предлозите се собирале речиси три години и се однесуваат на околу 700 улици во сите 10 општини во Скопје. Многу малку од предлозите дошле од надлежни институции, кои практично се и најповикани да дадат квалитетни предлози, прифатливи од историски, културолошки и други причини.

Новиот Совет на Скопје, постапката може да ја продолжи, или да ја почне одново, откако ќе ги разгледа пристигнатите предлози. Сепак, Комисијата за именување улици, плоштади и други инфраструктурни објекти, која се формирала во новиот градски Совет, во изминативе шест месеци не се состанала ниту еднаш. Претседателот Петре Арсовски вели дека првата средба ќе ја организира веројатно идната недела.

„За да започне постапката за преименување улици и плоштади, новиот состав на комисијата треба да ја проучи и работата на нашите претходници. Ќе се консултираат и стручњаци околу постапката за измената на имињата, но и историчари со кои ќе се дебатира околу предлозите“, вели Арсовски.

Во меѓувреме, таблите со новите имиња на булеварите и улиците низ градот и понатаму ќе стојат на фасадите на зградите. Ниедна институција не се нафаќа да ги повлече или смени, иако имињата не се официјални. Градот Скопје и општините во кои има случаи со преименувања, негираат дека во последно време било кој од нив поставувал табли со нови имиња. Ниту градските, ниту општинските власти не размислуваат дека граѓаните се соочуваат со дуплирањето во називите, а сите се повикуваат дека чекаат на постапката за преименување, која наскоро ќе започне во Советот на Скопје.

Во Градот велат дека таблите се поставени пред десетина години и дека засега немаат намера да вложуваат средства во нивно отстранување, ниту, пак, да инвестираат во поставување нови. Велат, ќе почекаат постапката за преименувањата на инфраструктурните објекти, согласно со позитивните прописи, да се заврши во Советот на Градот. Според законот, откако ќе бидат потврдени новите називи на улиците и плоштадите, Градот има три месеци да ги смени сите табли и патокази.


http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=D5B2939552C4A349A79B2012B3C95B94

Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
Дуле View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 17-Jul-2009
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Дуле Quote  Post ReplyReply #34 Posted: 22-Oct-2009 at 00:27
Originally posted by beTon





Прва урбана заедница која веќе се преименува е Драчево, која го доби името Бобан Трпков, по бранителот кој беше нејзин жител, а кој трагично загина во воените конфликти 2001 година во селото Требош. Крајната одлука откако беше прифатена иницијативата на жителите ја донесе Советот на Општината Кисела Вода.


Дневник - Анела Петрова - 02.03.2009
 

Back to Top
Дуле View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 17-Jul-2009
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Дуле Quote  Post ReplyReply #35 Posted: 22-Oct-2009 at 00:30
Со должна  почит кон бранителов, не да бидам навредлив али сеа ајде ако не дај боже ми умрел комшијата по занимање пекар он праеше најдобри банички и цела зграда беше задоволна и по иницијатива на зградата булеварот што проага кај мене ќе се вика Јоцо Пекарот... па дај молим ти се бе, па уште иницијатива имало ти реков ми рече... да бе и сеа што коа ќе дојде СДСМ рецимо на власт, Железничка станица Скопје ќе биде Брчко Банович пругу-Скопје али врхот ќе биде коа ќе дојде некоја улица Никола Груевски е тоа да се деси ќе биде пар екселанс
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #36 Posted: 22-Oct-2009 at 00:37


LOL
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #37 Posted: 22-Oct-2009 at 00:51
Со сета должна почит кон сите бранители, револуционери и дејци што направиле нешто за оваа држава и овој народ, но дефинитивно мора малку да се ослободиме во умот и да имаме улици како "Јоцо пекарот" и слично. Барем ова е нешто што произглегло од луѓето кои се жители на улицата и мислам дека е една од правите продовки на демократијата.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #38 Posted: 18-Jan-2010 at 00:02
Граѓаните што извадиле нови биометриски лични документи, а живеат на улици што треба да добијат нови имиња, се' уште не се раат. Дента кога во Скопје официјално ќе бидат сменети имињата на улиците, скопјани ќе мора повторно да ја поминуваат истата голгота и одново да плаќаат за нови лични документи. А тоа ќе биде набрзо, имајќи предвид дека Градот Скопје веќе има формирано комисија што треба што поскоро да „пресече“ како ќе се викаат улиците, булеварите, плоштадите и мостовите.

Во главниот град, за овие 19 години од осамостојувањето на Република Македонија, службено не е сменет ниту еден назив ниту на улица или инфраструктурен објект, односно се' уште важат имињата ставени во социјализмот. Многумина скопјани мислат дека живеат на улица Македонија, но всушност се' уште се на улицата Маршал Тито, бидејќи преименувањето допрва ќе следува, и тоа со Одлука на Град Скопје.

Скопјани кои неодамна извадија нови лични карти и пасоши се гневни на ваквата информација. Велат дека мислеле оти улиците се одамна преименувани, бидејќи новите називи се одомаќени, иако не се официјални.

Со уверенија под мишка и „Јово на ново“

- Пред некое време ги заменив старите документи со нови, биометриски. Се вџашив кога видов дека на нив ја пишува старата улица, Иво Лола Рибар. Мислев дека е грешка, но од МВР ми објаснија дека тоа се службените називи што се во сила, а тие го почитуваат законот. Ова не е нормално, па зар повторно ќе мора да ја минувам истата мака за вадење документи?! До кога мислат властите да не' цедат нас, граѓаните, до последен денар - реагира жител од улицата Иво Лола Рибар, односно неофицијално, од улицата Теодосиј Гологанов, како што сите со години ја нарекуваат.

За потсетување, во 1993 година Град Скопје донесе Одлука за измена на имињата на 33 улици, шест булевари, четири плоштади и на еден мост. Но, тие беа со важност само кратко време, до крајот на 1994 година, кога оваа одлука беше поништена од Уставниот суд. Потоа имињата се одомаќија меѓу граѓаните, но не беа ставени во законска рамка. На пример, улицата Вељко Влаховиќ се одомаќи како Димитрија Чуповски, булеварите ЈНА и Југославија сега се познати како Свети Климент Охридски и Александар Македонски, улицата Маршал Тито стана улица Македонија итн.

Од Министерството за внатрешни работи потврдија дека по преименувањето на улиците граѓаните ќе мора да ги заменат личните документите за во нив да бидат внесени новите податоци. Велат, не може на еден документ да е запишано едно име, а на друг друго.

- Граѓаните ќе може да ја извршат замената со уверение од Секторот за урбанизам во рамките на Градот Скопје. Најпрво ќе мора во СВР Скопје да ја сменат личната карта, а потоа и сите други документи - објасни Лиза Бендевска, портпарол на СВР Скопје.

Таа исто така потврди дека оваа обврска ќе подразбира и нови трошоци за граѓаните.

Безимени улици, фантомски табли

Одговорна за овој хаос, како и за новите маки, проблеми и трошоци на грбот на граѓаните, е градската власт. Законот за именување на улиците е донесен пред пет години, а градската администрација дури пред две години формира Комисија за прибирање предлози од граѓани и институции за нови имиња на улиците. Тамам кога предлозите беа прибрани, процедурата запре поради локалните избори.

Од Градот објаснуваат дека новата гарнитура на градоначалникот Коце Трајановски меѓу првите нешта што ги направила е формирањето комисија која ќе се погрижи за решавање на ова прашање.

- Градот е обврзан ова да го регулира преку посебна комисија, основана и составена од членови на Советот на Град Скопје. Комисијата од претходниот состав на Советот ја спроведе постапката до систематизирање на предлозите што пристигнаа од општините, граѓаните, стручната јавност, МАНУ, Универзитетот и од други институции. Во таа постапка пристигнаа и беа обработени и систематизирани повеќе од 700 предлози. Новата комисија го доби систематизираниот материјал и треба да реши дали и во колкав обем ќе ја надополни постапката за предлагање и да ја утврди методологијата за водење на понатамошната постапка за именување на улиците - изјавија од Одделението за односи со јавноста во Градот.

За хаосот во главниот град со имињата на улиците придонесуваат и новите зелени табли со новите називи на улиците, но и безимените нови улици што се градат во новите населби како во Карпош или Расадник.

- Во плановите, уличките што постојат десетина години, а некои не се ни асфалтирани, се викаат Новопроектирани. Но, на терен се водат со бројки и букви, пример „Сава Ковачевиќ 47 Ј“. Така ни пишува и во документите, иако новото име што би требало да го добие оваа улица е Христо Татарчев - вели Иван М., од населбата Расадник.

Од Градот велат дека проблемот со новопроектираните улици е кај катастарските нумерички подлоги и во урбанистичките планови, каде што парцелите не се идентификувани со технички броеви.

Во врска со новите табли со новите имиња, од Градот велат дека тие не ги поставувале. Кој, не знаат.

- Град Скопје ќе постави нови табли откако ќе се донесе одлука за имиња на улици и тоа ќе биде направено во согласност со правилникот за изгледот на таблите, подговен од Министерството за транспорт и врски -изјави градската власт.


http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=66745&kategorija=7

Edited by гитардемон - 18-Jan-2010 at 00:07
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #39 Posted: 12-Mar-2010 at 15:47
Септемвриска сесија

Што би била првата асоцијација доколку се спомене улицата Септемвриска сесија? Секако дека е поврзана со студенти, со испити, со факултети...Токму така, всушност, се вика една од уличките меѓу бараките кои се наоѓаат во рамките на Електромашинскиот факултет во Карпош. Интересно смислен назив, кој покажува дека скопскиот дух се уште живее. Барем меѓу студентите.

http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=4&tabid=1&EditionID=1966&ArticleID=136138
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #40 Posted: 08-Apr-2010 at 16:58

ИАКО СЕ ИЗГРАДЕНИ ПРЕД 50 ГОДИНИ

Половина мостови без име

Сè уште не се крстени мостот кај хотелот "Холидеј ин", мостот кај Комплексот банки, мостот во Сарај и пешачкиот мост во близина на кафеаната "Кај Жабарот"

Половина од мостовите низ Скопје немаат име. Иако дел од нив се изградени уште пред 50-тина години, на ниту еден градоначалник досега не му текна да ги крсти безимените објекти. Градот наскоро ќе почне да ги реновира оградите и илуминацијата на мостовите, но имиња никако да добијат. Таков е случајот со мостот кај хотелот "Холидеј ин", мостот кај Комплексот банки, мостот во Сарај и пешачкиот мост во близина на кафеаната "Кај Жабарот". Мостот кај Транспортниот центар, пак, беше пуштен во употреба пред пет години, но ниту на градоначалникот Ристо Пенов кој почна да го гради ниту на Трифун Костовски кој го пушти во употреба не им текна да му дадат име. Граѓаните, немајќи друг начин, овие премини ги идентификуваат според објектите кои се наоѓаат во нивна близина.
Од Град Скопје велат дека размислуваат наскоро објектите кои немаат име да бидат крстени, и тоа, најверојатно, ќе се случи откако ќе бидат реновирани.
"Мостот кај 'Холидеј ин' и оној кај Комплекс банки, имаат име, првиот се вика 'Слобода' а вториот 'Република', но ретко кој ги знае овие имиња. Останатите кои немаат име наскоро ќе бидат крстени" велат од Град Скопје.
За разлика од нив, уште откако се изградени име имаат мостот Обединети нации во Влае, мостот Близнак во Аеродром, мостот Гоце Делчев и пешачкиот мост Газела во Карпош 4. (А.А.)

http://vest.com.mk/?ItemID=4D393F56D1CAF043ADB263B8E89D38C5
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1234 15>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.258 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.