build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Именување на улици и објекти

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <12345 8>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #41 Posted: 16-Aug-2010 at 01:24
Дали во Прилеп има ставрно улица што се вика БидиМаж или е ова некаква заебанција?! И ако има дали му е значењето literal или е некое странско име?

41°20'38.34"N 21°33'1.41"E
Back to Top
Swimmer View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 09-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 294
  Quote Swimmer Quote  Post ReplyReply #42 Posted: 16-Aug-2010 at 12:43
Big%20smile Има, даваа еднаш на ТВ пред пар месеци, незнам која емисија..  една тетка ја раскажа и приказната како настанало името.. нешто као фраерот ја крадел цурата за невеста и у некој клучен момент да избегнат факање требало да ја земе у раце и така да бега, ама као се уморил и незнам што па малата му рекла биди маж, демек нема откажување сеа коа решивме да бегаме.. Big%20smile
 
 
 


Edited by Swimmer - 16-Aug-2010 at 13:58
Back to Top
ovaj_stariov View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1312
  Quote ovaj_stariov Quote  Post ReplyReply #43 Posted: 16-Aug-2010 at 13:51
Не ја знаев приказнава што ја кажа @Swimmer,инаку улицата навистина така си се вика,БидиМаж.
build.mk, гради форумска историја
Back to Top
ovaj_stariov View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1312
  Quote ovaj_stariov Quote  Post ReplyReply #44 Posted: 16-Aug-2010 at 13:58
Инаку еве една статија за улицава,е сега овде пишува дека било со Ш на крајот,ама сепак мислам дека официално си е БидиМаж.

УЛИЦАТА „БИДИМАШ“ ВО ПРИЛЕП
За да си маж, не е доволно да живееш на „бидимаш”



Некогаш ја викале „Будимаш“, а денес „Бидимаш“. Улицата, велат, го добила името по врвот на Селечка Планина. Иако постои и анегдота за настанувањето на името на улицата.

- Кога ја купував куќата, не помислив, ниту пак сега сум помислил за името на улицата. Да бидеш маж не мора да живееш на улицата „Бидимаш“. Првпат слушам дека постоела анегдота, а улицата да добие име по планински место ми е чудно и не верувам. Соседите се прекрасни, имаме добрососедска соработка. Улицата е во центар, но има и една маана - многу е бучна поради калдрмата. Добрата местоположба беше причина да купиме куќа и да се преселиме - вели Томи Стеваноски, 35 години, жител на улица „Бидимаш“ бр. 2.

Членовите на неговото семејство веќе два месеци се новите жители на улицата.
Анегдота од српско време

Што точно значи името на улицата никој со сигурност не може да каже. Според лингвистите, името на улицата е сложенка составена од глаголска форма и општа именка при што согласката „ж“ преминува во „ш“. Познавачите на Прилеп велат дека постои анегдота за името. Сигурно е дека во околината на градот, на Селечка Планина, постои планински врв викан „Бидимаш“.

- Во времето на балканските војни, кога дошле Србите, некој Србин се искачувал на Попонива на Селечка Планина и тешко му одело искачувањето. Велат, рекол: „За да се искачиш овде треба да бидеш муж“. Местото е навистина на голема стрмнина. Најверојатно анегдотата има подлабоко значење. Многу малку прилепчани знаат каде е местото Бидимаш. Најверојатно улицата го добила името по местото - вели Блаже Алексоски - Глумецот, хроничар на Прилеп.

Постоењето на истоимениот врв на Селечка Планина, како и на улицата со ова необично име во градот се врзува и со карактерот, табиетот на прилепчани кои се познати по мајтапот и прекарите кои често се еротски.

Според него општа карактеристика на прилепчанецот е зависта, прилепчанецот јади кило лук на гладно срце, прилепчанецот е ученољубив, јунак е и работен човек, а мајтапот му е гордост, стожер на издржливоста.

Улица со асфалт и коцка

Улицата „Бидимаш“ е во центарот на Прилеп. Се протега од зградата кај судот до железничката станица. Долга е 620 метри, од левата страна има 13 куќни броеви, а од десната 26 куќни броеви, од кои и 5 колективни згради. Зградите ги викаат „триесетипетки“, бидејќи имало по толку станови. Во средината на улицата се наоѓа детска градинка. Куќите се релативно стари без некоја да предничи со нејзиниот изглед. При нашата попладневна посета на улицата, добивме впечаток дека е релативно мирна. А мирни биле и жителите на улицата, тврди продавачот од малскиот дуќан.

- Муштериите од улицата „Бидимаш“ се, пред се, чесни. Сакаат да пазарат квалитетни работи. Кога ќе дојдат да пазарат сакаат и да помуабетат. Никогаш не сум размислувал што значи името на улицата. Но, жителите се мажишта и по ќесе, и по однесување, и по изглед - вели продавачот.
На улицата „Бидимаш“ број 13 живее Живко Вренцоски, пензионер по потекло од Варошко маало. Тој вели дека неговиот куќен број не е „баксуз“ број, и дека за ништо на светот не би се отселил од улицата чие име ја симболизира машкоста. Тој вели дека неговата улица бара замена на калдрмата и пренасочување - да се стори еднонасочна.

Куќата ја изградил во 1963 година.

- Животот на овој куќен број не бил баксуз, ниту за мене ниту за моето семејство. Овде беа бавчи и вирови со вода. Брат ми, кој е архитект, ме кандиса велејќи ми дека ќе се урбанизира брзо местово. По една година, кога ја изградив куќата и прилепчани вратојте ги искривија гледајќи ја - вели Вренцоски.

Според него, улицата го добила името по местото на Селечка Планина каде што бил формиран првиот партизански одред, а на улицата или во нејзината близина живееле борци.
- Името на нашата улица значи да бидиш маж, здрав маж, салам маж, борбен. На улицава наша можеби и немало и нема многу мажи. Во зградава овде има 15 вдовици. Мажите изумреа, останаа жените - вели Вренцоски.

Велат дека од нивната улица имало доста познати лица - Круме Симоноски, борец, Иљо Караџа, поранешен директор на Електродистрибуција, Благоја Џивџан - претседателот на прилепската боречка организација.

Сите дојденци биле и немале многу идење-одење. На „Бидимаш“ има и детска градинка. Жителите ја сакаат градинката „Наша иднина“, а смеата и џагорот на децата се украс и радост за улицата.

За поубав живот на улицата велат дека треба да се замени коцката со асфалт, бидејќи сега улицата е дополу асфалтирана. Од судот до градинката е калдрмисана, а од градинка до железничката пруга е асфалтирана. Канализацијата е стара и тесна за потребите, велат жителите на „Бидимаш“. Се очекува таа наскоро да се преправи.

Во непоследна близина им е прилепската куќа на правдата. Таа им дава сигурност. Мирна е улицата, се спие, велат „бидимашовците“.

Улицата води кон железничката станица и индустриската зона. По неа најчесто врват жителите, службените возила на фирмите, автобуси за фабрики, а по неа крушевските автобуси влегуваат и излегуваат од Прилеп. Ја користеле прилепчани кои сакале да ги избегнат семафорите на булеварот „Гоце Делчев“.

Меѓу жителките на „Бидимаш“ е и Цветанка Конеска, пензионерка од станбената зграда бр 16. Тука живее од 1963 година и е меѓу првите станари во зградата.

- Сите мажи изумреа, како нешто да им направивме. Не издржаа до крај да останат мажи, иако живееја на улица што значи да се биде маж. Можеби дека беа многу арни. Душата им ја извадовме. Изгледа сме лоши ние жените од „Бидимаш“. Во нашиов влез има 8 вдојци - вели Цветанка.

Наспроти таквата злосреќа со мажите, на жителките им е убаво на оваа улица.
- Ова е најубавата улица, најубавото маало. Многу е убав воздухот и многу сме си разбрани, супер ни е - вели Цветанка.

Тетка Цветанка потекнува од Плетвар. И таа ја раскажува поврзаноста на улицата со планинското место кое го викаат Бидимаш. Како дете се сеќава дека мажите оделе на дрва на Бидимаш.
Се сеќава на убавите години. Имало канал и орев во близина на зградата, под чии сенки седеле жените и плетеле додека децата си играле.

- Седевме под сенките, под дрвјата на клупи. Сега нема мажи ниту клупи да ни направат - вели Цветанка

Од улица „Бидимаш“, сега ова е улица на жени.


http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1009&ArticleID=66420

Edited by ovaj_stariov - 16-Aug-2010 at 13:58
build.mk, гради форумска историја
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12129
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #45 Posted: 06-Oct-2010 at 19:10

Нови табли за старите имиња на улиците

Иако одомаќени, новите називи на улиците, булеварите и мостовите се' уште не се официјални

Сања Наумовска


Дали плоштадот ќе биде „Македонија“ или „Маршал Тито“, дали булеварот и мостот „Октомвриска револуција“ ќе се преименуваат во „8 Септември“, а булеварот ЈНА и натаму ќе се вика „Свети Климент Охридски“? Иако одомаќени, новите називи на инфраструктурните објекти во градот се' уште не се официјални, а веројатно наскоро нема ниту да бидат. Преименување не се прави во период пред пописи и избори, така што Комисијата формирана во Градот Скопје, практично, и нема работа.

Проблемот со новите називи на улиците во Скопје постои од поодамна, а повторно ќе се актуализира идната година, кога Градот и општините ќе мора да ги променат таблите со имиња на улиците во центарот. Градот и општините имаат обврска да го приспособат изгледот на информативните табли со новиот Правилник што го донесе Министерството за транспорт и врски.

Кои имиња на улиците, плоштадите и мостовите ќе се стават на новите табли - не се знае. Граѓаните се прашуваат дали понатаму ќе се соочуваат со досегашната ситуација во личните документи да имаат еден назив, а на таблите на станбените објекти каде што живеат друг назив на улицата. Тоа ги збунува и им создава проблеми, а очигледно е дека ситуацијата нема да се реши ниту со новите табли.

Во Градот велат дека на таблите ќе стојат имињата заведени во регистарот на улици, односно старите официјални имиња. Од друга страна, пак, градските власти и општините во официјалната комуникација со медиумите и граѓаните ги употребуваат новите називи.

„Се' уште не се знае дали замената на информативните табли ќе се финансира од буџетот за следната година. Ако Советот донесе одлука проектот што би чинел околу 3 милиони денари да влезе во буџетот, тогаш ќе се употребуваат имињата од регистарот на улици“, велат во Градот.

Според Правилникот на Министерството за транспорт, новите табли на булеварите треба да бидат со зелена боја, а на улиците со сина. Името на плоштадите и мостовите ќе се пишува на портокалови табли, а на кејовите на табли во црвена боја. Правилникот пропишува дека таблата треба да биде правоаголна, со бела рамка и заоблени агли, направена од алуминиумски лим. Во горниот лев агол треба да стои грбот на Скопје. Големината на таблите, во зависност од големината на називот на инфраструктурниот објект може да се биде 50 x 35 сантиметри, до 60 x 50 сантиметри.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=9D187519DAE6294484B62E8750AC26EA
Back to Top
Dave Gahan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 986
  Quote Dave Gahan Quote  Post ReplyReply #46 Posted: 12-Oct-2011 at 18:16
Загреб во чест на Милан Младеновиќ



Наскоро Милан Младеновиќ ќе добие улица во Загреб, третиот град од екс Југославија (по Белград и Подгорица), кој на овој начин ќе му оддаде чест на фронтменот на ЕКВ.

Хрватските медиуми јавија дека предлогот бил прифатен на последната седница на градскиот Одбор за именување населби, улици и плоштади, што значи името на улицата влегол во фондот на имиња.

"Една улица, плоштад или плато сигурно ќе носи негово име. Во градов моментално постојат десетици улици кои заради хаосот во катастарот, се уште не се службена сопственост на градот, па имаат привремени имиња. Една од нив сигурно ќе биде именувана по славниот рокер", изјавил претседателот на одборот, Марин Кнезовиќ.

Предлогот го дал некој загрепски рокер, кој се понадевал дека на тој начин ќе потегне иницијатива цел еден кварт да добие имиња според починати рок музичари. "За среќа, немаме доволно покојни рок уметници за тоа", вели Кнезовиќ.

Освен големото влијание кое Екатерина Велика го имаше врз целата поп-рок сцена во Југославија од '80-те и '90-те години, дополнителен поттик за хрватскиот одбор бил и фактот што самиот Милан Младеновиќ бил роден во Загреб.

Во Белград постоеше иста иницијатива, која заврши без успех затоа што некои членови на одборот велеле дека станува збор за наркоман а други дека веќе постоела ул. Милан Младеновиќ во Земун. Дури по дополнителна иницијатива, рокерот доби простор на влезот од Домот на младите, кој денес се вика Плато на Милан Младеновиќ.

Милан Младеновиќ се родил на 21-ви септември 1958-ма година, а починал на 5-ти ноември 1994-та во Белград од рак на панкреас. Во 1980-та го основа бендот Шарло акробата, кој го одбележа почетокот на новиот бран. Во 1982-та година на сцената се појавува еден од најуспешните групи од бивша СФРЈ,Екатерина Велика, со која до 1994-та тој издава 7 албуми.

"За крај би рекол само дека во ниту еден случај не ми е жал што сиве овие години ги потрошив на толку неозбилна работа како што е рокенролот и мислам дека почесно и поискрено не сум можел да ги поминам тие години", рекол Милан Младеновиќ пред крајот на животот.


Оригинален текст

Може не е најсоодветна темава (преместете ја ако е така)...според мене идејава да има таква улица е многу добра и за Скопје...јас би ја поддржал ако постои како иницијатива затоа што се работи за еден голем поет и музичар, идол на многу луѓе од градов...беше многу популарен и во Македонија, и со групата Екатерина Велика одбележа, според мене еден прилично прогресивен и пограѓански период од животот на градот...
Не сум баш сигурен за бројката, меѓутоа ЕКВ своевремено имаа многу настапи и во Скопје, а ако не се лажам и последниот жив настап на групата пред да завршат сите така трагично како што завршија...

Edited by Dave Gahan - 12-Oct-2011 at 18:17
MAKE CAPITALISM HISTORY
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #47 Posted: 25-Jan-2012 at 18:40

Маршал Тито оди во историјата- добредојде за Македонската фаланга!
Македонија | 25. јануари 2012 - 11:06
Комисијата за комунални дејности при Советот на општина Битола поведе иницијатива за промена на имињата на дел од улиците во овој град.


Од општина Битола посочуваат дека постапката за промена на имиња на улици и донесување одлука за нови имиња на улици кои имаат име е врзана со процедура и обезбедување согласност од надлежни државни органи, а потоа конечната одлука ја донесува локалната самоуправа.

Според предлогот на Комисијата за комунални дејности, улицата „Маршал Тито“ во иднина би била „Широк сокак“, улицата „Иван Милутиновиќ“ треба да се преименува во „Македонски гемиџии“, улицата „Иво Рибар-Лола“ на влезот во градот кај Техничкиот факултет во Битола во иднина би била „Македонска фаланга“, а улицата „ЈНА“ би се преименувала според името на збратимениот град од Австралија, Рокдајл.

Во текот на идната недела се очекува произнесување на членовите на Советот на општина Битола во врска со предлогот на Комисијата за комунални дејности за промена на имињата на околу 60 улици во овој град.


http://press24.mk/node/14746
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4751
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #48 Posted: 25-Jan-2012 at 21:56
Сака коментар? „Македонска фаланга“ е ОК, „ЈНА“ не чини. Дека татко ми во фалангата беше. Инаку сосем случајно тоа е улицата по која мора да се помине при влез од Грција.
Back to Top
anti-modernista1 View Drop Down
Newbie
Newbie


Joined: 01-Dec-2011
Online Status: Offline
Posts: 27
  Quote anti-modernista1 Quote  Post ReplyReply #49 Posted: 25-Jan-2012 at 22:23
Originally posted by гитардемон

Сака коментар? „Македонска фаланга“ е ОК, „ЈНА“ не чини. Дека татко ми во фалангата беше. Инаку сосем случајно тоа е улицата по која мора да се помине при влез од Грција.
Izgleda deka ti decko si ovde cisto od politicki razlogi, jas kako vnuk na partizanski borec go podrzuvam ovoj predlog i ne gledam sto e problemot?
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4751
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #50 Posted: 25-Jan-2012 at 23:18
Ретко чиј дедо не бил партизан и тоа е доказ за храброста на нашите предци, а не некаква си фаланга. Ќе го изигнорирам тој делот со „politicki razlogi“, но ќе кажам дека ако веќе решиле да менуваат имиња, пологично е ул. „ЈНА“ да стане ул. „АРМ“, макар што ни тоа не би било нешто најсјајно.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4751
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #51 Posted: 25-Jan-2012 at 23:25

Маршал Тито заминува, идат Гемиџиите и Фалангата



Комисијата за комунални дејности при Советот на општина Битола излезе со список на 60-тина нови имиња на улици, а според предлогот ќе се преименуваат улиците кои носат имиња поврзани со еден цел период од историјата.



Според предлогот на Комисијата за комунални дејности со се предвидува улиците кои носат имиња на револуциноери и херои од НОВ и Револуцијата да заминат во историјата, а нивните имиња да бидат заменети со имиња на познати личности од македонската историја.

Така, со новиот предлог на имиња на улиците се предвидува улицата “Маршал Тито” да се преименува во “Широк Сокак”, “Иво Лола Рибар” во “Македонска фаланга”, “Иван Милутиновиќ “во “Македонски гемиџии”, “Едвард Кардељ” во “Батаљон Стив Наумов”, “Бошко Буха” во    “Круме Кепески”, Булеварот “Социјалистичка Револуција” во “Методија Андонов Ченто”.

Предлози за преименување на улиците има и за “ЈНА”, која по новиот предлог би го носела името” Рокдајл”, по збратимениот град во Австралија, а имињата на улиците “Ѓуро Ѓаковиќ”, “Бранко Радичевиќ”, “Крагуевац”, “Далматинска” и “Трст” би се преименувале во “Виенска”, “Крањска”, “Бурса”, “Воден” и “Серез“, според имињата на збратимените градови на Битола.

Според предлогот, улицата “Борис Кидрич” би се преименувала во “Димитар Илиевски - Мурато”, “Босна” во “Мустафа Кемал Ататурк”, “Железничка” во “Филип Втори Македонски”, а населбата ”Кланица” би го носела името на “Ајри Демировски”, авторот на песната “ Битола мој роден крај”.

Предлогот на Комисијата за комунални дејности, на чие чело е советникот од ВМРО-ДПМНЕ предизвика реакции на битолска опозиција, бидејќи како рекоа зад преименувањето се крие обид за бришење на еден период од историјата на Македонија и тоа е исклучиво од идеолошки причини.

Текст и фото: Сашо Ристевски


http://informator.ws/bitola/26527-2012-01-25-20-50-29.html

Е сега зошто и како да имаме улица Серез/Серес (Сер на македонски), а Далматинска да немаме? Инаку ул. „Железничка“ е дел од меѓународниот коридор кој скоро се асфалтираше со европски пари, па името „Филип II“ таман ќе одговара, во духот на автопатиштата низ државата.
Back to Top
mladen_s View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-May-2010
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 407
  Quote mladen_s Quote  Post ReplyReply #52 Posted: 26-Jan-2012 at 00:25
Мислам дека „Ченто“ би стоело повеќе како име за „Иво Лола Рибар“, искрено фалангата повеќе ја гледам како тип на воена формација. Но, ете дури и да грешам за тоа, сепак не разбирам зошто мора да вметнуваме придавка „македонски“ пред Гемиџиите и Фалангата (како да има други).. А може да се стават членувани, по битолски

Понатаму, мислам дека за „Филип Втори Македонски“ може да се најде друга поголема улица, а „Железничка“ да се остави, чисто заради ориентација. А збратимениве градови некој или ги помешал со друг град или нешто сум пропуштил - од каде пак Виена? (па баш наместо Ѓуро, кого го убија Австро-Унгарците)

Понатаму, ме интересира дали општинарите се сетија дека на просторот на поранешната касарна усвоија ДУП во кој има неколку големи улици, меѓу кои и булевар, кои еден ден ќе станат важни градски целини.

И секако најважното за крај.. Каде се Борис Трајковски и Киро Глигоров?

Edited by mladen_s - 26-Jan-2012 at 00:26
Back to Top
oTeget View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 09-Nov-2011
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote oTeget Quote  Post ReplyReply #53 Posted: 28-Jan-2012 at 03:10
Originally posted by mladen_s

не разбирам зошто мора да вметнуваме придавка „македонски“ пред Гемиџиите и Фалангата (како да има други)..
Имало други фаланги а македонската е најкаректеристична бидејќи имала многу долги копја


Originally posted by mladen_s

А може да се стават членувани, по битолски


добра идеја
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #54 Posted: 28-Jan-2012 at 11:36
само ќе ги збунуваат постарите луѓе да незнаат која улица каде се наоѓа.ништо друго.за мене во Скопје повторно улицата према католичка е Иво Лола,ако сакам некому да му кажам каде се наоѓа нешто(пример продавницата на Цитроен)
Back to Top
Граѓанин View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 29-Jun-2011
Online Status: Offline
Posts: 233
  Quote Граѓанин Quote  Post ReplyReply #55 Posted: 28-Jan-2012 at 11:44
Originally posted by oTeget

Originally posted by mladen_s

не разбирам зошто мора да вметнуваме придавка „македонски“ пред Гемиџиите и Фалангата (како да има други)..
Имало други фаланги а македонската е најкаректеристична бидејќи имала многу долги копја


Originally posted by mladen_s

А може да се стават членувани, по битолски


добра идеја


Тогаш во Охрид ќе ставаат имиња што ќе завршуваат на членот „-он“ Big%20smile
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7376
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #56 Posted: 28-Jan-2012 at 23:33
мене не ми е ништо јасно, ќе ми објасни ли некој „стручен“ која е поентата на менувањето на имиња на улици и објекти и кои се позитивните или негативните промени од таквата акција и како воопшто е релевантно сето тоа?
не знам дали сум во право, ама ова со себе повлекува непотребна работа за промена на целосната документација што е поврзана со дотичните улици
и зошто не ги остават новите имиња за нови улици, простори и објекти?

да било сменето името на одредена улица, па да се врати оригиналното, ќе разберам, ама ова ми е глупост во празно како и да е...
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #57 Posted: 31-Jan-2012 at 00:44
30.01.2012, 18:19
Владата ќе одлучи дали „Маршал Тито“ ќе замине од Битола


Почната постапка за промена на имињата на 60 улици и населби во градот под Пелистер

Битола - Владата на премиерот Груевски се чека да пресече дали улицата „Маршал Тито“ ќе замине во историјата и ќе се преименува во „Широк сокак“. Комисијата за комунални дејности во Советот на општина Битола вчера потврди дека останува листата за преименување на имињата на 60 улици и населби во Битола.

И покрај тоа што ваквиот предлог на битолската општина предизвика лавини реакции во градот, сепак вчера на затворена седница беше потврдено дека продолжува постапката за преименување на улиците. Така „Маршал Тито“ ќе носи ново име „Широк сокак“, „Иво Лола Рибар“ во „Македонска фаланга“, „Иван Милутиновиќ“ во „Македонски гемиџии“, „Едвард Кардељ“ во „Баталјонот на Стив Наумов“, улицата „Железничка“ во „Филип Втори Македонски“. Населбата „Кланица“ во „Ајри Демировски“.

Ако Владата се согласи со предлог-листата за преименување на улиците, таа ќе биде ставена на дневен ред на седница на битолскиот Совет .

„Опозицијата гласаше против предлогот за измена на имињата на улиците, ние очекувавме дека ќе даде нови предлози, дека ќе има расправа, но тоа не се случи, без дискусија го одбија нашиот предлог. Смената на имињата нема да значи дополнителни трошоци за граѓаните. Кога ќе им истече важноста на личните карти ќе го сменат и името на улицата“, рече Сашо Илијовски претседател на Комисијата за комунални дејности, советник на ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека списокот со нови имиња на улиците бил составен од историчари и стручни лица.

Опозицијата и натаму со став дека зад новите имиња на улиците се кријат исклучиво идеолошки причини.

„За нас ова е класичен обид за целосно бришење на еден период од историјата на македонската држава. Како да се работи за период на окупација, а не за време кога Македонија во целост ги изгради сите атрибути на својата државност. Се врши директен атак врз чувството за традиција и патриотизам на битолчани“, изјави Златко Ќурчиевски, член на комисијата, советник на СДСМ.

ЛДП со став дека за промената на имињата треба да се прашаат граѓаните.

„Оваа работа мора да има јавност, што мислат граѓаните. Па ако треба, нека се распише и своевиден референдум. За ова власта мора уште еднаш да размисли“, рече Горан Милевски од ЛДП.

Против новите имиња на улиците во Битола се изјасни и Сојузот на борци од Битола.

„Списокот со предлог-измените го добивме, стоиме на став дека оние улици како што се ’Бихачка’, ’Јајце’ и се' што е поврзано со НОБ не треба да се менуваат. А уште помалку името на улицата ’Маршал Тито’“, рече Александар Трајковски, претседател на битолските борци.

Она што најмногу ги загрижува битолчани е што промената на имињата на улиците ќе им донесе дополнителни трошоци.

„Не се работи само за лична карта или пасош. Јас живеам на ’Маршал Тито’, имам стан што треба да оди на мое име, имам се' уште за земање пари од ТАТ. За секоја промена на податоците ќе треба на ново да плаќам кај нотарот. Од друга страна, која банка ќе ти даде кредит ако им приложиш неточни податоци“, реагираше вчера во општината Миле Петровски, жител на улицата „Маршал Тито“. (А.Б.)

http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=45054CBB19E66B40A224F6FFBBD92645
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2457
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #58 Posted: 31-Jan-2012 at 01:34
Интересно. До крај на фебруари е мислам рокот за менување на старите документи со овие новиве биометриски, а наскоро и тие ќе треба да ги сменат ради нови адреси.
Back to Top
mladen_s View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-May-2010
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 407
  Quote mladen_s Quote  Post ReplyReply #59 Posted: 31-Jan-2012 at 23:56
Некои од улиците кои треба да се преименуваат едвај се наоѓаат на Google Maps. Не разбирам зошто мора да се преименуваат „Јајце“ и „Бихаќ“ кога се работи за сокаци? Зарем некој би приметил освен самите жители? И дали тоа значи внимание кон збратимените градови?

Но кога се во прашање главните градски улици, тоа е веќе нешто друго. Иван Милутиновиќ и Борис Кидриќ се херои, но во новиов контекст веќе е тешко да се надоврземе на нив. Проблемот е што власта прави преименување без никакво учество од граѓаните, а опозицијата оди против безмалку по инерција, наместо да даде конструктивни предлози. Доколку и навистина дојде до референдум, ќе имаме ситуација каде едните ќе бараат радикална промена со цитати од античка историја, а другите ќе го бранат статус-кво со неверојатни аргументи како оние на граѓанинот од крајот на текстот.

Уверен сум дека преку вклучување на граѓаните со нивни предлози, целава промена би се извела подобро..

Еве, јас лично би се заложил за тоа да се внимава како новите имиња да бидат позвучни и побрзо прифатени. Да се обрне внимание на досегашните имиња на улиците во Битола, каде преовладува именување со -ска. Па така, „Гемиџиска“ би било подобро прифатено и користено име. Исто така, „Фаланга“ (благодарам на забелешката oTeget, сега знам што точно означува) би било подобро име за плоштад, населба и сл. Повторно би ги споменал Киро Глигоров и Борис Трајковски како задолжителни имиња на главни улици, а може да се вклучат и имиња на многу починати уметници од Битола. И покрај тоа што постои помала улица „Милтон Манаки“, можеби е добро да се именува некој плоштад или парк „Браќа Манаки“. И секако, ставање нови имиња на постојни општоприфатени како „Кланица“ е залудно.

Edited by mladen_s - 31-Jan-2012 at 23:58
Back to Top
OCB View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: 54
Online Status: Offline
Posts: 921
  Quote OCB Quote  Post ReplyReply #60 Posted: 02-Mar-2012 at 16:58
Списокот на новите предлог-имиња за улиците во Скопје

Стив Џобс, Кљусев, Апостол Филип, Андон Дончевски, Ѓингиќ, Хавел… и за уште речиси триста други предлози за нови имиња на скопските улици деновиве ќе расправаат советниците на Град Скопје.

Во каква ситуација се проценете и сами. Еве го списокот.



Предлози на ВМРО-ДПМНЕ:

Адам Смит, Алберт Сониксен, Александар Квашњевски, Александар Лепавцов, Александар Матковски,Александар Сариевски, Александар Турунџиев, Св. Апостол Павле, Александар Федорович – Ритрих, Аминта III, Ана Франк, Анастас Караташко, Александар Демиевски Бауман, Ангел Динев, Андон Дончевски, Андон Ќосето, Апостол Петков Терзиев, Апостол Филип, Аронова, Архиепископ Арсени, Атанас Бадев,

Бане Андреев, Беаскуле, Беласичка Битка, Бели Мугри, Бенџамин Франклин, Бигорски Манастир, Бисер Балкански, Благој Шамбевски, Богдан Поп Ѓорчев, Борис Елцин, Борис Сарафов, Борис Трајковски, Борко Темелковски, Лилјакот, Борис Гапо, Борис Белев,

Вангел Коџоман, Ванчо Николески, Венко Марковски, Васил Иљоски, Васка Илиева, Вацлав Хавел, Веселинка Малинска, Велешки Жртви, Вера Ацева, Весник Република, Вецко Стаматовски, Владимир Пингов, Владимир Полежиновски, Владислав Ковачев, Владо Малески,

Гаврило Радомир, Ариепископ Гаврил, Гане Тодоровски, Гемиџиска, Генерал Михајло Апостолски, Георги Поп Христов, Геро Иванов, Глигор Прличиев, Глигораш Диницу, Голда Меир, Голи Оток, Голо Брдо, Готенска Битка,

Давид Бен Гурион, Давидова, Дину Вангели, Диме Пиpbanksв, Дедо Иљо Малешевски, Димитар Секулов, Децата Бегалци, Димитар Андонов Папрадишки, Димитар Македонски, Димитар Панџаров, Димитри Мануилски,Гора, Дончи Штипјанчето, Архиепископ Доситеј, Драган Богдановски, Драфи Дојчер,

Ѓорѓи Ацев,Ѓорѓи Богданов, Ѓорѓи Јармов, Ѓорѓи Костуранов, Ѓорѓи Чаче, Ѓорѓи Карев, Ѓорѓи Котевски, Ѓотрѓи Урдов,

Егејски Егзодус, Еди Куле, Емануел Чучков, Епопеа На Ножот,

Жељо Жељев, Живко Чинго, Жрвти На Комунизмот,

Св. Злата Магленска, Загоричани, Земја Македонска, Зоран Ѓинѓиќ,

Симеон Иванов Спасов,Илија Димовски Гоце,Иван Гундулич,Илинденски Марш,

Јован Котевски,Јован Кукузел,Јован Наумов Алабакот,Јован Павле Втори,Јонче Христовски,Јордан Поп Јорданов,Јустинијан I,Јордан Мијалков,

Калеш Анѓа,Карло Велики,Катранички Жртви, Кирил Илиев Пенушливски, Кирил Манчевски, Кирил Симоновски-Џина, Кирилица, Киро Глиров, Комитска, Конфучиј, Крал Каран, Крал Хацов, Крсте Поп Стефанија, Крсте Црвенковски,Крсто Асенов,Кирил Петрушев,Свети Кирил И Методи,Круме Кепески, Крушевски Манифест,

Лазар Мојсов, 1762-Ро Лето, Лазар Соколов, Леонид Јанков, Леополд I,Лекс Валенса, Дружина Лозари, Локвата И Винари, Лучијано Павароти,

Макариј Фрчковски, Македонија, Македонска Борба, Македонска Преродба, Македонска Фаланга, Мирко Пецев, Македонски Глас, Македонски Лав, Мехмед-Паша Соколович, Македонски Фронт, Македонско Сонце, Максим Ненов, Мала Преспа, Манастир Зрзе, Маргарет Тачар, Архиепископ Михаил, Мариовска Буна, Маркос Вафијадис, Методија Шатаров, Шарло, Милан Арсов, Милански Едикт, Милтон Фридман, Митко Панов, Мише Развигоров, Мојсејова, Мише Развигоров, Мојсејова,

Наум Томалиевски, Неврокоп, Нелсон Мендела, Непобедените, Непокор, Неџати Закирија, Нијази Бег, Никејски Собор, Никола Кљусев, Никола Баљу, Никола Паганини,

Обединети Македонци, Олимпија, 23-Ти Октомври, Ото Фон Хабсбург,

Павле Наумов, Архиепископ Ангелариј, Пердика I, Павел Шатев, Пајак Планина, Панде Чесноска, Панко Брашнаров, Партениј Зографски, Петте Струмички Студенти, Петар Бошковски, Петар Христов, Петар Чаулев, Петковски Михајло Петар, Петранка Костадинова, Петре Гарката, Петре М. Андреевски, Петре Пирузе, Петре Прличко, Пиреј, Подгрдец, Презвитар Козма, Птоломеј I, Поп Стојан Разловски,

Радован Стојкоски, Ресенски Конгрес, Ристо Крле, Роберт Бадентер, Роберт Шуман, Роналд Реган,

Сандо Китанов Ајдучки , Сулејман Демирел, Сандо Миланов, Сердарот, Сирма Војвода, Сереска, Симеон Гугуловски, Симон Дракул, Славко Јаневски, Славна Дебарца, Смиле Војданов, Смилевски Конгрес, Стефан Топчев,Смилевски Конгрес, Стефан Топчев, Солунски Конгрес, Спиро Црне, Сребра Апостолова, Стево Теодосиевски, Стерјо Стерјовски, Стив Џобс, Стивен Харпер, Стојан Богданов, Стојан Лазов, Стјепан Радич, Стојмир Стојменов, Сташо Пинџур,

Теодора Косара, Христо Ќуркчиев, Оро Тешкото, Тургут Озал, Тиквешко Востание, Тодор Александров, Теохар Чаче, Тихомир Милошевски, Тодор Ѕвездин, Тодор Лазаров, Томас Џеферсон, Уфе Елеман Јенсен, Фаик Абди, Фридрик Хаек, Филип II, Херонија, Христо Куслев, Христо Чернопеев, Христофор Жефарович, Цар Констатин, Цветко Трајков, Цеко Грклански, Џорџ Буш, Шаип Јусуф, Шарл Де Гол.

Има и предлози за имиња на мостови:

Мост Филип II Македонски, Мост Мајка Тереза, Мост Павел Шатев, Мост Тодор Александров, Мост Браќа Миладиновски.

Еве ги и предлозите од советниците на ДУИ:

13 Август – Охридски Договор, 28 Ноември, 5 Мај, Абдул Фрашери, Ѓон Серечи, Вели Мелиќи, Арберија, Бајрам Цури, Беким Фемиу, Дарданија, Дервиш Хима, Дервиш Цара, Ѓерѓ Кастриоти- Скендер Бег , Ѓерѓ Фишта, Тирана, Жртвите На Блаце, Илирија, Иса Болетини, Исмали Кадаре, Исмали Ќемали, Јашар Еребара, Јусуф Гервала, Клубот „Башкими“, Кралот Гент, Кралицата Теута, Кумбара, Мери Едит Дурхан, Ндуе Битиќи, Азем Марана, Неџип Драга, Адем Кастрати, Скадар, Приштина, Ќемал Скендери, Фаик Коница, Фан Ноли, Ферид Мурати, Хасан Приштина, Азем Хајдари, 4 Декември, Печка Лига, „Беса – Бесе“ (Беса), Албанските Национал Демократи , 11 Март.

Останати предлози:

„Јапонските Доброволци 2011“, Лоренс С. Иглбергер, Џорџ Буш , Булевар „Ататурк“, Фонтана На Победата, Фонтана На Слободата, Загоричани

http://www.kirilica.com.mk/vest.asp?id=68407
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <12345 8>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.140 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.