build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Станбени
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Futura - Кисела Вода (Elena Luka Home)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Futura - Кисела Вода (Elena Luka Home)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4398
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Futura - Кисела Вода (Elena Luka Home)
    Posted: 20-May-2020 at 09:27
Нов станбено деловен објект на Елена Лука Хоум во Кисела Вода,сеуште не е наведена точна локација....
---------------------------------------------

Вашите соништа за денешницата ја создадоа FUTURA - нов ексклузивен станбено деловен објект!

Лоциран во најстарата и најразвиена македонска општина, Кисела Вода, програмската структура на делот за домување опфаќа 56 станбени единици, со квадратури од 39м² до 83м². А, деловниот простор од 317м² со својата нагласена височина и дизајн е екслузивен и како таков е идеален за комерцијално-деловни содржини.




https://www.facebook.com/elenalukahome/



Back to Top
MKDSTRUGA View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 20-Jun-2018
Online Status: Offline
Posts: 60
  Quote MKDSTRUGA Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 20-May-2020 at 09:47
Стварно е напредна, напредна в ерзија на кутиите во аеродром. xD
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12761
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 20-May-2020 at 10:06
Не знам каков е нивниот квалитет, но зградите што Елена Лука ги изгради се барем доследни на она што е прикажано на рендерите, со можеби минимални отстапки (мислам, пред сѐ, на оние во Аеродром и на Твинс во Карпош), а тука би ја исклучил Конект 5, каде што претеруваат со маркетингот, мислиш ти продаваат палата во њујоршки Централ Парк, а не обична станбена зграда во Мичурин.
За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4398
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 20-May-2020 at 12:20




https://www.facebook.com/elenalukahome/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4398
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 20-May-2020 at 16:50
Локациски е на бул.Борис Трајковски само незнам точно каде



https://www.facebook.com/elenalukahome/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4398
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 20-May-2020 at 16:51
За време и свет кој никогаш не стои мирно. Промената е клучниот фактор во животот. Велат дека оние кои гледаат само во минатото и сегашноста ќе ја пропуштат иднината.

Elena Luka Home нема да го дозволи тоа и затоа Ве носи на едно поинакво патување. Дали сте подготвени да зачекорите кон Вашата иднина?

Вашите соништа за денешницата ја создадоа ФУТУРА - нов ексклузивен станбено-деловен објект.
Објектот ФУТУРА дизајниран од нашите архитекти денес, може да живее уште 100 години и да ги раскажува и прераскажува приказните од минатото, а истовремено и да ја обликува иднината.

а време и свет кој никогаш не стои мирно. Промената е клучниот фактор во животот. Велат дека оние кои гледаат само во минатото и сегашноста ќе ја пропуштат иднината.

Elena Luka Home нема да го дозволи тоа и затоа Ве носи на едно поинакво патување. Дали сте подготвени да зачекорите кон Вашата иднина?

Кога ќе ја здогледате ФУТУРА секако нема да останете рамнодушни. Објектот во целото свое здание со својата форма и фасада укажува на брзина, на динамичност, на движење. Истата таа динамичност ФУТУРА ја има и во себе, провлекувајќи се во секој кат, во секој стан, во секоја соба.

Вкупната бруто изградена површина на ФУТУРА изнесува 4332 м2. (П+7+ПК)

Актуелниот деловен простор од 317м2 на ФУТУРА со својата нагласена височина и дизајн е екслузивен и како таков е наменет за комерцијално-деловни содржини.

Тој е внимателно проектиран на тој начин што е осветлен и збогатен со конструкциски материјали кои се карактеристични за футурстички објект како ФУТУРА и преку својата отвореност овозможува лесна комуникација со минувачите и главниот булевар, преку своите големи стаклени површини кои дополнително овозможуваат проток на природната светлина и на тој начин го прават овој деловен простор магнетено привлечен за Вашите потенцијални клиенти, со тоа и Вашиот иден бизнис ќе има загарантиран успех.

Авантуристичкото домување на ФУТУРА е распоредено во 56 компактни и флексибилни станбени единици кои се карактеризираат со движење и проток распоредени на 7 ката и поткровје.
Динамичната организиција на внатрешниот план на ФУТУРА најизменично се менува по нивоата во два карактеристични ката и притоа се создаваат серија архитектонски фрази чија динамика директно се отсликува во надворешниот изглед на ФУТУРА.

Секоја станбена единица е внимателно проектиран посебен свет, токму како што сите сме различни, а поврзани со една мисла – патување кон иднината.

Становите воедно одговараат на сите традиционални потреби на едно семејство, но одговараат и на современиот и модерен човек кој е подготвен да зачекори кон својата иднина.

Програмската структура на делот за домување на ФУТУРА се состои од 33 двособни, 17 трособни и 6 четирисобни станбени единици со квадратура од 39м2 до 83 м2. Многу нови светови за откривање, многу планети на кои Вие ќе ја создавате Вашата иднина.

Сè што треба да направите е да го изберете Вашиот иден чекор, ФУТУРА секако ќе го следи секое Ваше движење.

https://fashionel.mk/kultura/arhitektura/futura-nov-ekskluziven-stanbeno-deloven-objekt-na-elena-luka-home?fbclid=IwAR3PPycocH1baO7SI66zFCrnQTZOQ4WB63DQIFT0smiLnkNOX0gQ_PWk0fY
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4398
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 20-May-2020 at 16:52




https://fashionel.mk
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1840
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 20-May-2020 at 16:54
До Трим и Љум е. Фала богу што руините таму ќе се урбанизираат, фалеа згради тука.
Што е иднинско во Футура? Две различни коцки кои треба да го претставуваат 21-от век на коцка од 1956 не е иднинско.


Edited by Staro Skopje - 20-May-2020 at 17:00
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4398
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 21-May-2020 at 13:48


https://elenalukahome.com/project/futura/

Edited by stef4o - 21-May-2020 at 13:48
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4398
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 21-May-2020 at 13:52
Незнам дали имаат нешто почнато на терен со оградување и дали има нешто за рушење пред да почнат со градба?
Во секој случај добро е да се среди тој дел и во споредба со зградата на Трим и Љум оваа би требало да биде многу подобра.
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1840
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 21-May-2020 at 19:25
Има мал број мали објекти кои треба да се рушат, не знам кои точно. Денес не видов активност на терен (овие, и сите слики од денес се од мобилен, во возење при дожд, па извинете за квалитетот):




Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4398
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 23-May-2020 at 09:28
FUTURA – ЛОКАЦИЈА И ПРИДОБИВКИ

Нашиот нов објект ФУТУРА е лоциран во најголемата, најстарата (3000-4000 год.) и најразвиената македонска општина.

Местоположбата на ФУТУРА е внимателно избрана во најплодната Скопска котлина низ која поминуваат реките Вардар и Маркова река по која општината го добила името. Општината ја провејуваат и постојано ја освежуваат Јужниот ветар и Вардарецот.

Низ Кисела Вода поминувала и една од најзначајните патни комуникации во историјата – Вардарскиот пат чија патека се употребува до ден денес.

Лоцирана на самиот булевар „Борис Трајковски“ на само 7 минути од центарот на градот, ФУТУРА со атрактивните квадратури, идеалниот распоред, уникатната и модерна фасада ќе ги задоволи потребите на сите футуристи кои сакаат да отскокнат од шаблонското домување кое се нуди.

Локацијата на ФУТУРА е исто така значајна бидејќи овозможува пристап и до индустриската зона, каде што многу големи компании имаат свои седишта.

На местото на општината исто така се протегала Јустинијана Прима која била многу значајна во зачетоците на православието бидејќи бил седиште на автокефална црква која била трета по ранг. Во ова време почнало и населувањето на Словените од зад Карпатите, што придонело кон менување на целокупното културно живеење.

На 29 јуни 1955 година била донесена Одлука за формирање на Општината Кисела Вода која по војната за кус период доживува вистинска експанзија. Многу било вложувано во општината, се засилиле стопанството и индустријата преку изградба на индустриски капацитети. Тоа донело многу нови вработувања и прилив на население кои се доселувале тука заради сигурната работа. И градежништвото е во подем – изградени се нови населби – Аеродром, Јане Сандански и Лисиче до с. Горно Лисиче и индустриски капацитети на Охис, Усје, Раде Кончар, Тутунски Комбинат и др. Со текот на времето, дел од населбите се одвојуваат во посебна општина.

Во моментов Општина Кисела Вода започнува од надвозникот на железничката пруга и улицата „Трета македонска ударна бригада” (тромеѓа на општините Кисела Вода, Аеродром и Центар) и се движи по трасата на старата железничка пруга до надвозникот на булеварот „Кочо Рацин”, се движи по улицата „Бихачка”, улицата „Црниче” и улицата „346” и излегува над Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија ИЗИИС, односно на тромеѓата на општините Центар, Карпош и Кисела Вода, продолжува по границата на парк шумата „Водно” до локалитетот „Теферич”, продолжува по катастарската граница КО Сопиште и КО Драчево до железничката станица Драчево, свртува на северо-запад по железничката пруга Скопје-Велес, како граница со Општина Аеродром до надвозникот на улицата „Трета македонска ударна бигада” (тромеѓа на општините Кисела Вода, Аеродром и Центар).

Општината Кисела Вода изобилува со трговски објекти – Кисела Вода, Рампа, но и голем број на маркети како Веро, Тинекс, Рамстор, Кам, Стокомак и др. Всушност, Кисела Вода е на 2-ро место по регистрирани трговски објекти во РМ зад општина Центар.

По осамостојувањето на Македонија во 1991 год. подигната е нова индустриска зона од цементарница Усје кон населба Драчево од левата и десната страна на бул. Борис Трајковски, со што Кисела Вода станува еден од најразвиените индустриски центри.

Континуирано се уредуваат маалата, па затоа денес Кисела Вода ја краси модерна инфраструктура со урбани целини. Изградени се многу плоштади со клупи за одмор, детски игралишта и спортски реквизити, а хортикултурно се уредени и многу простори.

Општината има и развиена здравствена мрежа – тука влегуваат и здравствените домови, Вардар, Кисела Вода, Браќа Миладиновци, но и многу приватни лаборатории и ординации.

Општината Кисела Вода е модерна општина која се стреми да ги задоволи сите потреби на своите граѓани, а гордо чекори и во новата деценија на 21 век. Со градби како ФУТУРА   и многу нови станбени објекти, Кисела Вода добива лик на една модерна и урбана населба направена по светски терк.

https://elenalukahome.com
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12761
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 23-May-2020 at 09:53
Ви велам, овие од Елена Лука вработиле некој тазе дипломиран поет во нивната маркетинг служба
За сè има вторпат
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4606
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 23-May-2020 at 12:11
Види богати, општина стара 3000-4000 години. Кој бил првиот градоначалник на Кисела Вода? Ное?
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 125
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 23-May-2020 at 12:54
Општината Кисела Вода изобилува со трговски објекти – Кисела Вода, Рампа, но и голем број на маркети како Веро, Тинекс, Рамстор, Кам, Стокомак и др.

Back to Top
Skopje1981 View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 02-Nov-2019
Online Status: Offline
Posts: 17
  Quote Skopje1981 Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 24-May-2020 at 05:09
Кисела вода, општина стара 4000 години...
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4398
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #17 Posted: Yesterday at 16:16
Точна локација



https://elenalukahome.com/project/futura/
Back to Top
 Post Reply Post Reply

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.109 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.