build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Пренамена на објекти за градска куќа

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 296
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Пренамена на објекти за градска куќа
    Posted: 25-May-2020 at 02:02
Почитувани, ја отворам темава за да пласирам интересна идеја, предлог за пренамена на функцијата на некои државни објекти низ Скопје со цел изнаоѓање конечно решение за градска куќа на Град Скопје.

Низ годините, претежно претходниот ситем се изградени капациети кои одговарале на некои минати потреби и тогашни актуелни своевремено институции кои денес веќе не постојат во иста форма, или се длабоко транформирани или само некоја бледа аналогија може да се извлече, претежно зборувам за армија. Па така имавме конверзија на касарните и нивно "цивилизирање" во служба на стамбени објекти. Но, на пример остана Дом на АРМ како некоја полутрансформирана, ниту институција, ниту само име на објект.

Го имаме МКЦ фрлен некаде на страна од центарот, запуштен меѓу суд, телевизија, полиција, да не додавам повеќе. Нема ништо актуелна содржина во околина која може да привлече млади луѓе, нема други објекти околу што може да имаат ноќен живот, а ниту па тие луѓе што МКЦ автохтоно само ги привлекува има па на кого друг да му служат.

Ја имаме универазлна пред рушење, а бараме градска сала. Ја имаме Пошта1, опожарена и баталена. Град Скопје ни е во бараки. Дом на АРМ го имаме со се концертна сала во склоп, а седи така празен и несоживеан со градот.

Значи потребите и понудувачката ни се во дисбаланс. Па затоа еве една можна паметна идеја како оптимално да се искористи државниот деловен простор во центарот на градот.

Град Скопје Бараки -> МКЦ
Град Скопје Бараки -> Пошта1
Град Скопје Бараки -> Дом на АРМ
АРМ -> Генералштаб
МПК -> Дом на АРМ

На некој начин тространа небалансирана трампа, меѓу АРМ, МКЦ и ГрадСкопје се со цел ставање во погон на обејктот "Дом на АРМ" кој Скопје никако не го живее, особено после заминувањето на фихармонија од тамо. Исто така ставање во функција на Пошта1, а притоа задоволување на потребите на ГрадСкопје кој има очајна потреба од тоа, како и давање подобар простор на МКЦ.

Ако знае некој колкава е салата во Дом на АРМ во седишта ве молам информација. Таа може да биде замена за настани од помал капацитет наместо универзална сала. Таа сала обслужуваше филхармонија долг период и Скопје не ја користи како што треба, а освен новата Филхармонија е единствената која ја имаме во Мал Ринг. "Дом на АРМ" има потенцијал да биде официјалната градска куќа на Скопје, АРМ има одвишок простор, не му треба баш и тој во центар, нека се повлече во ГенералШтаб. А град Скопје може сегашните 20-тина бараки да ги распрчка низ централното градско подрачје. Тие е всушност се административно распрчкани, поштои се повеќето подрачни единици на министерства. Да се дистрибуираат така што би отишле шалтерските служби во Пошта1, а другата админситрација во МКЦ. Дополнително реновирање на објектот на МКЦ за да се извади поголем деловен простор и тоа би било на некој начин секундарен поголем објект. Секако планетариум би продолжил да функционира како издвоен, но поголем простор би бил пренаменет во деловен, дали океански или канцеларсики се исто.

Скопје има шанси да биде редок, ако не и едниствен град каде младината ја привлекол во градската куќа и притоа да има концертна сала во склоп на градската куќа. Тука е близината на собранието, спомен дом на Мајка Тереза, црквата Св. Константин и Елена, улица Македонија, рекорд, на чекор од плоштад. Мислам дека е правиот избор за Скопје.

Да го земеме примерот на пример на Босна, каде парламентот на Република Српска е сместен во објкект кој некогаш служел како Дом на ЈНА во Бања Лука. Во политичка позадина не навлегувам, но трансформација е можна и баш би била соодветна.



Edited by user8642 - 25-May-2020 at 02:04
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 25-May-2020 at 08:49
Не. Никако!

Го имаме МКЦ фрлен некаде на страна од центарот, запуштен меѓу суд, телевизија, полиција, да не додавам повеќе. Нема ништо актуелна содржина во околина која може да привлече млади луѓе, нема други објекти околу што може да имаат ноќен живот, а ниту па тие луѓе што МКЦ автохтоно само ги привлекува има па на кого друг да му служат.

Ова може да го каже некој што не стапнал во МКЦ.
МКЦ не е ни малку запуштен. Функционира во полн капацитет, дури и според мене, а и според самиот распоред на настани некогаш знае да биде и пребукиран.
- салата на Фросина функционира постојано: филмови, фестивали, настани, театар па дури и концерти
- фоајето на Фросина исто така, освен што служи како фоаје и има постојано луѓе, се одржуваат и концерти, изложби, настани и нормално дел е од сите поголеми случувања и фестивали.
- горниот дел на фоајето... и тоа се користи за изложби и настани.
- галеријата на МКЦ нема кога да нема некоја изложба, постојано е активна, дали како засебни изложби или пак како дел од некој поголем настан.
- Холот секогаш е дел од некој поголем настан и тука се одржуваат изложби, настани, концерти, базари и сл.
- Апотеката е убаво осмислена продавница за култура
- Сала 25 Мај нормално, си одржува концерти регуларно, а се користи и за театар и за други настани како изложби и фестивали, па дури и простор за творење.
- Џебното кино исто така си функционира, како дел од фестивали или пак засебни театарски претстави и филм проекции.
- Дворот секогаш има луѓе, и кога нема настани, си функционира кафичот, посетуван од млади, а кога има настани и концерти/фестивали е полн со луѓе. Заедно со објектот на МКЦ се домаќини на неколку фестивали за млади, филмски фестивали и други случувања кои го повикуваат целиот град да ги посети.
- Убавата работа кај МКЦ е исто така што целиот објект со сите различни содржини заедно со дворот може да се стави во функција на „единичен“ поврзан простор кој може да се користи за сите видови на случувања, а во исто време да нуди различни содржини.
- Планетариумот исто така освен ѕвезди видел и концерти и други случувања.
- Единствено не знам лично точно како функционира детската игротека но по тоа што сум гледал на социјални мрежи и таа си функционира како што треба.

Не го чепкајте МКЦ! МКЦ е практично центарот на сите случувања за млади (и постари) во градот. Една од институциите кои работат како што треба во државава. Инклузивна, квалитетна, за сечиј вкус... Ќе видите металци, ќе видите рокери, гејмери, ќе видите филмофили и љубители на театар, ќе видите млади, и постари млади, алтернативни и „нормални“ луѓе, мажи, жени, стрејт и лгбт и никој нема проблем со никој.

А тоа што е „зафрлен“ на страна помеѓу суд и мртв тоа е една од основните карактеристики зошто и функционира. На страна од населен простор каде што може да се одржуваат настани и концерти без да пречат многу на некој. На страна од „остатокот“ на градот каде што младите можат да бидат „свои кај своето“. Да не речам си функционира како посебен свет, и тоа е добро, подалеку од сите глупост и на општествто и државата.
Од друга страна пак локациски е добро поставен, сепак е во центар, достапен е за сите, и од Аеродром и од Карпош и од Чаир и Бутел, а сепак си има свој засебен простор.

Така да било какви идеи за преселба на МКЦ во Дом на АРМ се... не, големо не!
Прво нема поента, второ Дом на АРМ не е соодветен за институција како МКЦ, трето... си има МКЦ одличен објект и простор околу себе кој ги задоволува сите негови потреби, зашто побогу да се правиме паметни и да измислуваме топла вода каде што е измислена и тече долго време.

Плус таму на таа локација кај Дом на АРМ си функционира веќе една културна институција - Кино Култура која исто така има голема посетеност така да... да не трупаме се на едно место.

ПС: МКЦ го има еден од подобрите ресторани во градот и секако освен што е добар ресторан, како и остатокот од МКЦ често пати се одржуваат настани од различен вид во него.

Остај го МКЦ на раат!
Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2005
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 25-May-2020 at 10:47
МКЦ у никој случај, супер си функционира и не е соодветен за потребите на Град Скопје - институцијата има околу 580 вработени и Совет од 45 члена, па не им треба којзнае колкава сала.

Пошта 1 и Домот на Армијата, исто така, не би биле прилагодливи. Двата објекта треба да се ревитализираат и стават во функција, нема потреба од пренамена, а особено нема потреба од сериозни зафати (кои би ја нарушиле естетиката) за да се смести институција од сосема друг тип. Големата сала на Домот на АРМ, ако не се лажам, има капацитет за околу 400 гледачи. Двете конференциски сигурно се помали.

Град Скопје може да се смести во ЕВН на Плоштад - последниов период таа идеја е актуелна - но не знам дали има место за Советот. Алтернативи би биле бившата Градска болница кога таа ќе се пресели во Аеродром или НБРМ, која исто така се сели. Може да се подразмисли и за хотелот на Кондоминас на Плоштад (што бидна со него и Официрски?). Ако Градот сака да гради нов објект, тогаш зграда комплементарна на Ибни Пајко на плоштадот Карпошово Востание би била добра.

Дисперзија на бараките не треба, од практични причини подобро е сѐ да е на едно место.

Edited by Staro Skopje - 25-May-2020 at 10:49
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 296
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 25-May-2020 at 12:12
Уште една опција без МКЦ, со уфрлање на старата Народна Банка и Општина Центар у приказната.

ГрадСкопје -> Дом На АРМ
ГрадСкопје -> Пошта1
ГрадСкопје -> НБРМ стара
НБРМ стара -> НБРМ нова
АРМ -> Генералштаб
ОпштинаЦентар -> НБРМ стара



Edited by user8642 - 25-May-2020 at 12:18
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 296
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 25-May-2020 at 12:22
Македонија до сега има 3 позитивни искуства со вакви преселби:
- Прибирање на службата за лични документи, плус многу други институции во зградта на МРТВ, која стоеше празна и МРТВ немаше потреба веќе од нејзе.
- Прибирање на многу владини служби и агенции во зградата на НИП НоваМакедонија која исто така беше неискористена, а за други инситуции немаше простор.
- Преселбата на матичната служба од бараките во парк во распаѓање во музејот на вмро и во портата на плоштад.

Нема простор за дискусија дали Дом На АРМ бил соодветен. Не да е соодветен, па дадов пример некаде и парламент напраивија од него, нема ништо посоодветно од Скопје да се ослободи од тие бараки во парл кои на никој начин не се соодветни за административни служби. Имаме и среќа што имаме баш соодветни објекти кај да го уселиме градот.

Edited by user8642 - 25-May-2020 at 12:23
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12127
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 25-May-2020 at 13:48

На страната на побарувачката, би го додал АДСДП како институција која нема соодветен простор - уште е во бараки во Дебар-маало.

Се надевам ќе биде можно да се вдоми во адекватен постоечки објект, на пример кога НБРМ ќе се пресели од сегашната зграда, или во ЕСМ ако Град Скопје не го пополни тој простор.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5092
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 25-May-2020 at 13:51

Објектот на АДСДП стои готов до новата зграда на НБРМ но кружеше муабет дека ќе се продава...тоа значи дека уште ќе си седат во бараките.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12127
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 25-May-2020 at 14:07
Originally posted by stef4o


Објектот на АДСДП стои готов до новата зграда на НБРМ но кружеше муабет дека ќе се продава...тоа значи дека уште ќе си седат во бараките.


Имаше и вести дека АДСДП го продава објектот.
А нема никаква смисла да продолжи да функционира од бараките во Дебар Маало.
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 296
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 25-May-2020 at 14:18
Ако веќе АДСДП не оди во новата зграда, тогаш може во нејзе да се прибере цела адвокатска уличка и да се срамни тој срам од распаднати дуќанчиња во центар на Скопје. АДСДП веќе легендарно станува колку години, колку време се сели, прво требаше НИП, па незнам каде, па сега ни новата зграда еве има инфомрација дека нема да биде. Уствари во позадина е само интересот да го лапне некој простор за згради во дебар маало, а не да се најде стварно соодветен канцелариски простор за да се удомат институциите.

Секако да, треба да се вклучи и АДСДП во калкулацијата, ама е глупаво да се напупта идејата да се уселат во зградта која и беше планирана за тоа.
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 296
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 25-May-2020 at 17:13
Во калкулацијава на страна на понудувачката може да се вклучи и огромниот деловен простор кој седи празен во мезанините на градски ѕид блокови. Кој прошетал ги видел тие испозаматени прозори низ кои ѕирка некој стар мебел. Нешто налик на полициска станица Беко старите канцеларии за лични карти. Тоа е еден толку неискористен простор во центар на Скопје, а општина центар и АДСДП на некој начин се институции од "привремен карактер", basic организациони единици на кои не им треба репрезентативност како што и треба на "градска куќа". Слободно тие бараки од дебар-маало може да се испоизнабутаат испопреселат во овој простор кој сега виси некаде во некои правни лавиринти во некои стечајни постапки однекои ек-социјалистички претпријатија одамна пропаднати.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7262
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 25-May-2020 at 20:13
Originally posted by user8642

Во калкулацијава на страна на понудувачката може да се вклучи и огромниот деловен простор кој седи празен во мезанините на градски ѕид блокови. Кој прошетал ги видел тие испозаматени прозори низ кои ѕирка некој стар мебел. Нешто налик на полициска станица Беко старите канцеларии за лични карти. Тоа е еден толку неискористен простор во центар на Скопје, а општина центар и АДСДП на некој начин се институции од "привремен карактер", basic организациони единици на кои не им треба репрезентативност како што и треба на "градска куќа". Слободно тие бараки од дебар-маало може да се испоизнабутаат испопреселат во овој простор кој сега виси некаде во некои правни лавиринти во некои стечајни постапки однекои ек-социјалистички претпријатија одамна пропаднати.
затворањето на приземјето на градски ѕид во полза на деловен и комерцијален простор е најголема глупост што му се случила на центарот
тоа треба да е отворен и јавен простор и градски ѕид не треба да е блокада за движење на пешаци
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
 Post Reply Post Reply

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.094 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.