build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Патишта
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Патна врска Тетово - Призрен

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2016
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Патна врска Тетово - Призрен
    Posted: 05-Jun-2020 at 03:48
Понова вест за некој локален пат моментално во изгардба од Бањиче до Бродец кој може во иднина да биде дел од оваа траса:
https://a1on.mk/macedonia/novata-delnica-tetovo-brodec-mozhen-del-od-trasata-za-pat-do-prizren/

Најдов едвај некоја сликана скица со три опции за тунели.

https://tetovoinfo.mk/%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%B4%D0%B5%D0%BB%D0%BD%D0%B8%D1%86%D0%B0-%D1%82%D0%B5%D1%82%D0%BE%D0%B2%D0%BE-%D0%B1%D1%80%D0%BE%D0%B4%D0%B5%D1%86-%D0%BC%D0%BE%D0%B6%D0%B5%D0%BD-%D0%B4%D0%B5/
сајтовите не дозволуваат да се копира, затоа само линкови.

Ова било дел од програмата на владата 2016та, се правело и некоја физибилити студија, ама нашите институции не се многу расположени за споделување такви матерјали.

Видео од 2013та:

Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2692
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 05-Jun-2020 at 16:32
Експресен или автопат?
Има некоја идеја колку би чинел, 300-400 милиони ваљда? Ако е толку, има шанси двете држави, со пари од ЕУ и кредити до 2040 да го изградат.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2692
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 08-Jun-2020 at 20:51
Ако се прави тунел тука, патот би морал да биде автопат. Тоа значи дека Тетово-Јажинце-Габрица би бил експресен пат.

Шара ќе стане национален парк или ќе се градат тунели низ планината?

Првични чекори на примена на CBA анализите во Македонија

(...)

Вториот проект се однесува на поврзување на европскиот патен правец Е 851 со магистралниот пат М-4, со цел да се оствари директна врска помеѓу Призрен и Тетово, односно помеѓу Косово и Македонија, а воедно и индиректно поврзување на Бугарија и Албанија преку овај патен правец.





Графички приказ на податоците од финансиската и економската CBA за проектите од патната инфраструктура

Легенда: (FIRR, EIRR – финансиска односно економска дисконтна стапка; FNPV, ENPV – финансиска односно економска нето сегашна вредност на проектот)

(...)

porta3.mk

Edited by Staro Skopje - 08-Jun-2020 at 20:52
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 18-Dec-2021 at 16:36
Се турка идејата да се копа Шара за пат Тетово-Призрен



Заедничка комисија, формирана од двете држави е ангажирана околу изработката на нова студија за оправданост на оваа инвестиција и за влијанието на изградбата врз биодиверзитетот и природата на шарпланинскиот масив.

Со тоа оживува стара идеја. Имено, Јавното претријатие за државни патишта има изработено физибилити студија за изградба на пат Тетово-Призрен уште во 2013 година. Во неа, се нудат три правци по коишто би се движела новата рута. Кај сите три се предвидува копање низ планината за да се градат тунели. Првата варијанта е со најдолг тунел од 6,4 километри, втората со тунел од 3,3 километри, а третата со тунел од 1,8 километри.

Хисен Џемаили, директор на Управата за животна средина при Министерството за животна средина кој пред неколку години беше ангажиран во процесот како министер за подобрување на климата за инвестиции открива дека замислата е патот да се гради според првичната физибилити студија, но сепак треба да се прави нова анализа која ќе ја опфаќа и територијата на Косово. Таа нова студија, според него, поконкретно треба да покаже каде одговора подобро да има тунел, како и некои други параметри. Тој смета дека идејата ќе се реализира иако е се‘ уште како замисла и дека ќе биде потребно да се усвојат законски одредби, како и да се изработат повеќе документи, меѓу кои и конечен идеен проект.

Несигурна работа
Во студијата од 2013 година се наведува дека воздушното растојание помеѓу Тетово и Призрен е околу 30 километри, но најкуса постојна патна врска изнесува 110 километри. Таа е заобиколно од Тетово кон Јажинце на север и низ Косово-преку Глобочица, Брезовица и Речане до Призрен поради природната релјефна препрека која ја создава Шар Планина.

Изградбата на новата делница е предвидено да биде во форма на регионален пат со проектирани брзини од 40 до 60 километри на час.

Во заклучокот на студијата во делот за сообраќајна анализа и прогноза се наведува дека постои функционална оправданост за изградба на директна патна врска Тетово-Призрен, иако се вели дека долгорочната прогноза за сообраќајот по природа на нештата е несигурна работа.

Исто така авторите на студијата посочуваат дека со оглед на тоа што патот поминува низ реон кој претставува екосистем со единствени вредности потребно е во наредната фаза на проектирање т.е во идејниот проект да се посвети внимание на еколошката заштита.

„Овие работи се задолжителни, а нивното изведување може многу да ги зголеми инвестиционите трошоци и да ја намали исплатливоста на целиот проект. Новопроектираната директна врска помеѓу Тетово и Призрен е повеќе од двојно пократка од постојните, но е оптеретена со многу голема цена на градење, додека по вкупните трошоци, (градење+експлоатација) е поисплатлива бидејќи има голема економска интерна стапка на рентабилитет“ се наведува во заклучокот на физибилити студијата.

Функционална или политичка идеја?
Според Националната транспортна стратегија 2018-2030, патот Тетово-Призрен претставува можност за поврзување на европскиот патен правец Е 851 со магистралниот пат М-4. Така би се остварила целта да се оствари директна врска помеѓу Призрен и Тетово, односно помеѓу Косово и Македонија, а воедно и индиректно поврзување на Бугарија и Албанија преку овај патен правец.

Призрен од историски и национален аспект се смета за важно место кај албанскиот народ. Во тој град на 10 јуни 1878 година во време на Османлиската Империја е создадена Призренска Лига — албанска политичка организација која се залагала за автономија на териториите каде живеат Албанците на Балканскиот полуостров, а воедно бара поништување на договорот од Сан Стефано.

Слично како и Тетово, Призрен се наоѓа на надморска височина од околу 450 метри, има околу 90 илјади жители, а како општински центар е средиште на околу 200 илјади жители.

Кога се зборува за реализацијата на идејата за изградба на пат Тетово-Призрен, не треба да се заборави дека Македонија и Косово се веќе поврзани преку неколку патни правци. Поради тоа, инвестиции во нов пат со дискутабилна економска исплатливост и ново уништување на природата и живиот свет на Шар Планина се бесмислени. Загрижува што надлежните признаваат дека при одредувањето на зоните на заштита на Шар Планина била земена предвид идејата за изградба на овој пат, што само покажува како се кроеле границите на новиот национален парк.

https://samoprasaj.mk/naacik/2192-se-turka-idejata-da-se-kopa-sara-za-pat-tetovo-prizren
Back to Top
The Wild Boy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2020
Online Status: Offline
Posts: 491
  Quote The Wild Boy Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 19-Dec-2021 at 01:48
А каде може да се пронајде таа физибилити студија? Да видиме за какви детални планови станува збор.


Edited by The Wild Boy - 19-Dec-2021 at 01:48
Back to Top
JovanOdGjorche View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Oct-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 511
  Quote JovanOdGjorche Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 19-Dec-2021 at 09:36
Проектов е „кул“ ако се избере првата варијанта, но прашање е колку ќе не чини глумењето швајцарци.
And something, somewhere was lost in 1938...
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 926
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 19-Dec-2021 at 11:25
А што се запнале со Тетово-Призрен додека во исто време не е ни направен Тетово-Јажинце т.е. проширен, и автопатот кон Косово...

Edited by skopskodete - 19-Dec-2021 at 11:26
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2016
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 19-Dec-2021 at 12:32
Македонскиот етнички фактор во оваа држава не смее да дозволи овој патен правец да биде изведен во некоја локална форма која би била од корист исклучиво на етничките големоалбанси идеи. Ова зборувам у случај да македонскиот фактор уопште размислува што е корисно и значајно за Македонскиот народ во регионална смисла. Ова е многу важен патен правец за цела Македонија и извозот генерално од државата.

Поаѓајќи од овие два факти, овој патен правец МОРА да биде секако изведен еден ден, и тоа МОРА ИСКЛУЧИВО ВО ФОРМА НА АВТОПАТ И НИКАКО ПОИНАКУ. Скопје-Тетово-Призрен-Кукс-(Скадар-Подгорица/Драч-Тирана), полн профил 3+3 / 2+2. Секакво друго меѓу-решение е само обичен шверцерски канал за петарди, дрога и национализам од двете страни на Шар Планина, обична 4-season топла верзија на Караникочкиот превој.

Затоа, нема потреба од глупави реакции дека ова е некаков проект само за албанците значаен, а со тоа автоматски штетен за другите. Работата не е таква, ама сега е времето да се постават работите така како што одговараат за сите. Нема зашто Македонија да учествува во проект кој нема да и служи на Македонија! Дури само тогаш ако биде врзан како дел од некоја примарна сообраќајна патна мрежа, може да биде и финансиски исплатлив. Ако служи за донер-екскурзии и дрифтање голфови, тогаш секако дека нема да се исплати.

Да не ги правиме грешките кои ги направија народите во Босна, намерно саботирајќи си ги проектите на поврзување со нивните матични држави. Па имаше до пред некој месец мостови изградени по 10 години вон употреба. Да, треба да се направи тунелот, ама исклучво како АВТОПАТ, за да биде корисен и за Бугарија-Италија поврзување, а не само за Бозовце и Вешала. Не сакам уопште Македонците и Албанците да си застануваме на развојот еден на друг, да си го попречуваме регионалното поврзување на народите еден со друг. Се е тоа ок, и во духот на европската унија. Ама треба да се разбере дека минимум услов е да биде автопатска врската Тетово-Призрен.

Edited by user8642 - 19-Dec-2021 at 12:38
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2016
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 19-Dec-2021 at 12:50
Еве еден интерес фан-факт. Гостивар-Приштина, оваков тунел дури би бил конкурентен на идење преку Скопје, секако ова мислам додека не постои автопат преку Јажинце, тој правец е пократок за 20 км.



Edited by user8642 - 19-Dec-2021 at 12:50
Back to Top
The Wild Boy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2020
Online Status: Offline
Posts: 491
  Quote The Wild Boy Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 19-Dec-2021 at 19:31
Originally posted by user8642

Македонскиот етнички фактор во оваа држава не смее да дозволи овој патен правец да биде изведен во некоја локална форма која би била од корист исклучиво на етничките големоалбанси идеи. Ова зборувам у случај да македонскиот фактор уопште размислува што е корисно и значајно за Македонскиот народ во регионална смисла. Ова е многу важен патен правец за цела Македонија и извозот генерално од државата.

Поаѓајќи од овие два факти, овој патен правец МОРА да биде секако изведен еден ден, и тоа МОРА ИСКЛУЧИВО ВО ФОРМА НА АВТОПАТ И НИКАКО ПОИНАКУ. Скопје-Тетово-Призрен-Кукс-(Скадар-Подгорица/Драч-Тирана), полн профил 3+3 / 2+2. Секакво друго меѓу-решение е само обичен шверцерски канал за петарди, дрога и национализам од двете страни на Шар Планина, обична 4-season топла верзија на Караникочкиот превој.

Затоа, нема потреба од глупави реакции дека ова е некаков проект само за албанците значаен, а со тоа автоматски штетен за другите. Работата не е таква, ама сега е времето да се постават работите така како што одговараат за сите. Нема зашто Македонија да учествува во проект кој нема да и служи на Македонија! Дури само тогаш ако биде врзан како дел од некоја примарна сообраќајна патна мрежа, може да биде и финансиски исплатлив. Ако служи за донер-екскурзии и дрифтање голфови, тогаш секако дека нема да се исплати.

Да не ги правиме грешките кои ги направија народите во Босна, намерно саботирајќи си ги проектите на поврзување со нивните матични држави. Па имаше до пред некој месец мостови изградени по 10 години вон употреба. Да, треба да се направи тунелот, ама исклучво како АВТОПАТ, за да биде корисен и за Бугарија-Италија поврзување, а не само за Бозовце и Вешала. Не сакам уопште Македонците и Албанците да си застануваме на развојот еден на друг, да си го попречуваме регионалното поврзување на народите еден со друг. Се е тоа ок, и во духот на европската унија. Ама треба да се разбере дека минимум услов е да биде автопатска врската Тетово-Призрен.


Да, целосно се сложувам со тебе.

Еве и јас да надополнам што мислам:

Како прво ние како држава крајот неможеме да си го најдеме со другите патишта што ги градиме. Гледаме каков хаос ни се случува. Особено за автопатот Охрид - Кичево, кој што по се изгледа дека ќе се гради едно 12 години. Кога за тоа не не бива еден автопат помалце од 40 километри да изградиме како што треба, не очекувајте дека еден тунел од 6,7 километри туку така би се изградил за помалце од 12 години.

Е сега, дека овде треба автопат да се изгради треба. Треба бидејки ако гледаме од поголемо гледиште ваков тунел би ни овозможил побрз пристап према Подгорица, јадранската обала, дубровник (Хрватска), и према Босна. Предностите на овој тунел се големи, и ќе помогне доста во скратување на патувањето према Јадранот. Нема да мора веќе повеќе да се оди до Загреб па до Сплит. Сето тоа е едно големо кружење, кое што со ваков тунел може да се Скрати.

Но за да се оствари таа побрза врска измеѓу тие држави кои што ги наведов погоре, како прво мора и Косово и Црна Гора да инвестираат во нови патишта и тунели.

Косово ќе треба од Призрен па се до Печ да изгради сосема нов пат, па после од Печ према Андријевица во Црна Гора би можело еден тунел таму да се протне. Мислам дека Црна Гора и Косово планираат тунел испод таа планина, ама кога би се реализирал тој проект незнам.

Од Таму, кај Андријевица тој нов пат би можел да се врзе со автопатот Бар - Бољаре и од таму е завршена приказна. Се добива брз и ефикасен пристап кон Црна Гора.

Понатаму можат црногорците нови патишта да изградат према Босна. А по претходниот просторен план на Црна Гора од 2020-та имаа во план автопат кој што би ја врзал Босна, со Подгорица и тој автопат би продолжувал према Тирана (дел од Јадранско - Јонскиот автопатен проект). Со надоврзување на тој пат, би се овозможил подобар, побезбеден, и побрз пристап према Хрватското приморје, и во Босна према Требиње, Чаплиња и Мостар.

Босанците веќе имаат и една клучка која што ја градат за изградба на тој автопат. Еве линк од каде се наоѓа истата таа клучка:
https://maps.app.goo.gl/9wpWFuEGgr12gA4c8

А Црна Гора исто така планира и експресен пат со 4 ленти покрај крајбрежјето. Овој пат би ги поврзал подобро, побрзо и побезбедно градовите Бар, Сутоморе, Петровац, Будва, Тиват, Котор, Херцег Нови и би продолжил према границата со Хрватска па понатаму према Дубровник.

Сега мислам сфаќате од колкава важност е овој тунел.

Дури и само на локално ниво ако сметаме, овој тунел ќе треба да опслужува градови и околини со околу половина милион жители. И ќе се направи голема грешка и хаос ако тунелот само се надоврзува на улиците во градовите. Во Тетово веќе има секојдневен хаос и гужви по улиците. Ако се надоврзе тунелот во самиот град, а притоа без да се поврзе дирекно на автопатот, тоа ќе направи уште поголем хаос.

Затоа од двете страни мора да има соодветно поврзување на овој тунел со автопатските делници.
Е сега тунелот би требало секако да биде со по 4 ленти, 2 посебни цефки, најголема безбедност, да се истражи дали овој регион е сеизмички активен, да има 24/7 мониторинг, да се почитуваат брзините (бидејки знаеме ние убаво како возат Албанците...). Не е целата работа само да се изгради тој тунел и толку. Треба и да се одржава. Ако веќе низ тој тунел поминуваат повеќе од 10,000 возила дневно во просек тогаш тој ќе треба да биде автопат, а не некој си тунел со 2 ленти и брзина од 40 - 60 километри на час (како што пишува по артиклите). Се надевам дека барем оние кои што работат на овој проект, размислуваат на тоа. Голема грешка ќе се направи ако се изгради тунел до 2 ленти и се надоврзе директно во градовите, голема голема грешка.

Страв ми е дека и овде се имаат доста политички умешно. Како што кажа членот над мене, овој тунел би станал и добар патен правец за криумчарење наркотици и што ли не.


Мене ако ме прашате, јас не сум против изградбата на овој тунел. Но мора да се изгради автопатска делница, погоре наведов зошто и кои придобивки ги има тоа. И најважно од се, според мене тунелот треба да се поврзе со двата автопата, и кај нас и кај косово.

Ако планираат да градат тунел кој што ќе се надоврзува само на двата града, тогаш не фала не ми треба таков тунел за кој што ќе мора да возам низ гужвите во Тетово.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 28-Oct-2022 at 16:57
И покрај препораките на експертите, земјава ја одбра најскапата траса за патот Тетово-Призрен

Владата на Северна Македонија ја одобри трасата низ која ќе треба да минува ветениот пат Тетово-Призрен. Според физибилити студијата направена во 2013 година, должината на патот треба да биде 40,6 километри и тој ќе биде поврзан со тунел долг 6,4 километри. Избраната варијанта е поскапа од таа препорачана од експертите кои ја направија анализата за економската оправданост. Тие препорачаа дека најдобрата траса е варијантата со тунел од 3,2 километри, пишува Порталб.мк.

Според владината одлука, патот Тетово-Призрен треба да почне од Тетово, преку селата Шипковица, Бродец, Вешала и потоа да продолжи кон границата со Косово, каде што ќе биде тунелот долг 6,4 километри, а на косовска страна да продолжи преку Манастирица, Речан и сè до Призрен.

Од Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) на Северна Македонија за Порталб.мк соопштуваат дека по одобрувањето на трасата, во тек се работите за програмата за проектирање.

„Што се однесува до активностите поврзани со проектот за изградба на патот Тетово – Призрен, ве известуваме дека по одобрението од Владата, Градежниот факултет веќе работи на програмата за проектирање на трасата на патот“, велат за Порталб.мк од ЈПДП.

„За понатамошно развивање на пријателските односи со Република Македонија, министерството предлага одобрување на иницијативата за склучување на договор за кофинансирање за проектирање на деталниот проект за изградба на патот Призрен-Тетово меѓу Република Косово и Република Македонија“, рече заменик министерката за животна средина, просторно планирање и инфраструктура, Линда Чавдарбаша, при предлагањето на иницијативата на владина седница.

Кога ќе започне и ќе заврши изградбата на патот?
Од време на време, и двете страни изјавуваат дека преземаат одредени чекори за овој проект, но ниту една од нив не го кажува она што сакаат да го слушнат граѓаните – кога ќе почне изградбата на патот и кога тој ќе биде завршен.

Партиските функционери на Ветевендосја (Самоопределување), вчерашното одобрување на Владата на Косово го крунисаа како „продолжение на исполнувањето на ветувањата“, иако ова ветување нема ниту почеток ниту крај.

Не се знае точно колку ќе чини овој пат. Косовската страна изјави дека патот од нивна страна може да чини околу 150 милиони евра, додека пак од страната на земјава никогаш не дадоа конкретна бројка.

Во недостиг на конкретни податоци, двете држави од време на време „слават“ за одобрувања на различни процедури, кои треба да бидат во позадина и она што треба да го видат граѓаните е градежната машинерија на терен.

Експертите за економската оправданост во физибилити студијата на Владата на Република Северна Македонија и предложија една поинаква варијанта.

Порталб.мк има пристап до физибилити студијата и ги анализираше варијантите на трасата од тоа каде треба да започне и каде завршува патот. Имаше вкупно 6 варијанти. Експертите препорачале да се предложат 3 и од нив да се избере 1.

Во главниот извештај за физибилити студијата изработен во 2013 година, во делот на економската оправданост е наведено дека на 25.02.2013 година е одржана средба помеѓу претставниците на ЈП за Државни патишта на Македонија, Комисијата за ревизија на Проектот, авторот на проектантската задача и обработувачот на оваа студија во која е одлучено да се предложат три варијанти. Според економската анализа, трите варијанти имаат висока вредност на IRR или внатрешна стапка на поврат (NPV).



Експертите оцениле дека најповолна варијанта е варијантата со тунел со должина од 3,2 километри и надморска височина од 1.520 метри, со IRR од 25,556% и NPV од 453,22 •106€.

„Предност на варијантата 2 во однос на варијантата 3 која има IRR 23,388 и NPV 414.44•106€ со тунел со должина од 1.8 километри и надморска висина од 1.732 метри е надморската висина – потешко за одржување во зимскиот период. Предноста на варијантата 2 наспроти варијантата 1 со IRR 20,90% и NPV 424,32•106€ со тунел со должина од 6,4 километри и надморска висина од 1.194 метри е тоа што таа е многу скапа”, се вели во анализата за економската оправданост на физибилити студијата.



Но, и покрај предлозите на експертите, од трите варијанти Владата ја одобри најскапата, односна варијантата со најдолг тунел.

Во анализата исто така пишува и дека крајната цена на патот ќе се зголеми за 3,5% до 4%, бидејќи студијата не ја опфаќа и изградбата на новиот граничен премин меѓу Северна Македонија и Косово и сите потребни објекти заедно со техничките и инфраструктурните прашања.

Тие 2014 година ја одобриле како прва година за изградба, а 2018 година како прва година за експлоатација.

Патот Тетово-Призрен ДУИ го вети на четири парламентарни избори
Иако изградбата на патот требаше да започне во 2014 година и да заврши во 2018 година, албанската партија на власт, ДУИ, со години ја ветуваше изградбата на овој пат. Порталб.мк направи еден преглед на ветувањата низ годините, иако оваа партија веќе ги има избришано предизборните ветувања од нивната веб страна:

2011
Програма „Заедно кон целта“, 2011:

Патот Тетово-Призрен. Физибилити студија за анализа на можноста за еден нов пат кој може да ги поврзе овие две места и за економската оправданост.

2014
Предизборна програма 2014:

Патот Тетово-Призрен. Завршена првата физибилити студија за овој пат. Врз основа на резултатите од студијата во соработка со Република Косово ќе се разгледаат најисплатливите економски алтернативи.

2016
Избори 2016 година: Во предизборната програма на ДУИ за парламентарните избори 2016 година, во делот за „Tранспорт” (страна број 3) е даденото ветување за изградбата на патот Тетово-Призрен.

2020
Предизборна програма на ДУИ, Парламентарни избори 2020 година:

Патот Тетово – Призрен. Овој проект ќе вреди 40-60 милиони евра, средства кои ќе бидат обезбедени од државниот буџет и од Светската Банка. Реализацијата на овој проект ќе има големо влијание врз економскиот развој на областа, трговската размена меѓу двете земји, побрз пристап до морето (пристаништето Лежа и Драч), развојот на туризмот во Попова Шапка, итн.

Ветувања од сите страни
Инаку, на 17 септември 2021 година премиерите на Северна Македонија и Косово, Зоран Заев и Албин Курти потпишаа „Меморандум за разбирање“ во врска со ветениот пат Тетово-Призрен, кој е дел од ветувањата цели десет години. Порталб.мк го обезбеди оригиналниот документ на меморандумот кој содржи 6 члена.

Премиерот на Косово, Албин Курти, заедно со кандидатот за градоначалник на Општина Призрен од редовите на Самоопределување, Мутахер Хаскука (кој не победи на изборите) на 13 ноември за време на предизборната кампања објавија едно видео во кое го претставуваат проектот за патот Призрен-Тетово, чија изградба ќе заврши во рок од 2-3 години.

„Заедно со Владата на Северна Македонија се договоривме оваа година да го проектираме патот, а следната година да го реализираме во целост. Можеби за две-три години ќе патуваме заедно од Призрен до Тетово само на кафе“, вети Курти.

На 28 ноември 2021 година, во едно интервју за Порталб.мк, директорот на ЈП за државни патишта на Северна Македонија, Ејуп Рустеми, изјави дека рокот за почеток на работите ќе биде тесно поврзан со варијантата што ќе ја предложи и одобри Владата на Република Северна Македонија, и откако Комисијата формирана за овој проект донесе адекватна предлог – одлука. Потоа следува огласот за избор на Идејниот проект и составувањето на Инфраструктурниот и основниот проект.

По заминувањето на Заев од премиерското место, неговиот наследник, Димитар Ковачевски, при средбата со Амбасадорот на Република Косово, Флоријан Ќехаја, во месец август најави дека до крајот на 2022 година ќе се оддржи еден состанок меѓу Владата на Република Косово и на Република Северна МАкедонија. Но, овој состанок се уште не е оддржан.

Што се однесува до патот Тетово-Призрен,во „Бомбата број 38” објавена кон средината на месец јуни 2015 година, поранешниот заменик министер на транспорт и врски на Македонија, Тахир Хани, од редовите на Демократската Унија за Интеграција можеше да се слушне како бара од Али Ахмети, лидерот на ДУИ, да интервенира кај поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиевски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, кој не сакал да слушне за физибилити студијата, за ова предизборно ветување на Ахмети.

Сегашниот пат од Тетово до Призрен е долг 109 километри, а со новиот пат се предвидува да се скрати за 69 километри.

https://meta.mk/i-pokraj-preporakite-na-ekspertite-zemjava-ja-odbra-najskapata-trasa-za-patot-tetovo-prizren/
Carpe diem
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2016
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 29-Oct-2022 at 11:51
Само напред! Овакви наслови "најскапа" а подолу некаде зафрлено во текстот објасенето дека е и најповолната, имаат само за цел да предизвикуваат негативно мислење, по можност ако може малку и етнички да дигнеме тензии. Неодговорно новинарско понашање. Ова ја зближува Македонија со Северна Албанија, со Црна Гора, со две пристаништа, па ако сакаме да бидеме прецизни и со Италија.
Back to Top
The Wild Boy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2020
Online Status: Offline
Posts: 491
  Quote The Wild Boy Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 01-Nov-2022 at 19:41
Ќе биде тунел со 2 цевки или со една?

Се надевам дека ќе се најде некој начин да се надоврзе тунелот кон автопатиштата од двете страни и кај нас и во Косово. Ако се поврзуваат тунелите само измеѓу град со град, тогаш уште толку ќе стане хаос сообраќајот во Тетово...

Регионот околу Тетово и Призрен, плус и самите градови имаат околу 400 - 500 илјади жители, па ако се направи тунел само со една цевка, брзина помала од 80 км/ч ќе биде голем хаос и голема грешка...
Back to Top
 Post Reply Post Reply

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.090 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.