build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Енергетика
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Хидросистем Вардар-Треска (тунел Полог-Козјак)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2016
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Хидросистем Вардар-Треска (тунел Полог-Козјак)
    Posted: 06-Jun-2020 at 04:40
Една идеја што ми падна на памет како можеме со најефтина инвестиција да го искористиме хидропотенцијалот на Вардар како река со најголема количина вода во Македонија уште од изворот, и да го споиме со Енергетскиот капацитет на веќе изградените 3 хидроцентрали на Треска.

Имено се работи за изградба на голем зафат на водите од Вардар после Гостивар некаде помеѓу селата Чајле и Форино и спроведување преку воден тунел испод планина Сува Гора до село Здуње во Поречието. На некој начин вештачка река понорница, нешто што се прави на многу места низ свет. Оваа количина вода после Гостивар практично веќе се до Егејско Море никаде не проаѓа преку ниедна друга хидроцентрала и се губи како потенцијална енергија. Со ваков проект ние практично ја спроведуваме низ уште три веќе изградени хидроцентрали.

-Проценка стручна на точни бројки во KWh неможам сега да направам но би замолил ако има некој кој работи ерегетика да се обиде да процени, ниту па можам да проценам колку може да чини пробивање на ваков тунел. Со мали доградби исправки на машинските згради на постоечките хидроцентрали на Треска можеби максималниот ерегетски капацитет отприлика да се три-плира, вака груба проценка, во времиња кога скоро целосната количина вода би се преуисмерувала после Гостивар према Треска.

-Втора употреба на ваков хидросистем има заштита од поплави на Полошко поле кое знаеме дека скоро секоја година мака мачи со поплави на земјоделските површини во источниот дел од котлината, како и куќи кои се наоѓаат на пониските делови претежно низ општина Јегуновце.

-Трета намена е еколошкиот ефект кој би го имал врз изворот Рашче и потенцијалното делумно намалување на загадувањето на околните подземни води на Рашче со тоа што би оттргнал една голема количина загадена вода од Гостивар да практично го заобиколи Рашче пред да се врати таа вода во Вардар со влевањето на Треска во Вардар. Отргнатите води од Гостивар кои би завршиле во езеро Козјак би се прочистиле на некој начин така што дел од загадените материи би се наталожиле низ трите езера на Треска и не би завршиле понатаму низ Вардар.

Висинската разлика помеѓу двете точки е 30 метри, а должината на тунелот е 17000м или 17км, што дава агол некаде од 0,1° доволно да по принцип на гравитација водата се префрла од едно сливно подрачје во друго и да нема практично никакви оперативни трошоци ваков систем. Дури може да се изведе и под поголем агол така да вливот во езеро Козјак биде подводен, што исто така не е проблем.

Од аспект на должината, ова воопшто не е научна фантастика за тунел кога станува збор за тунели од ваква природа кои се користат за наводнување или хидроенергија. Еве ја на Википедија листата со најдолги тунели во свет и нивна намена од каде јасно и се гледа дека низ свет има и многу подолги тунели за ваква намена. https://en.wikipedia.org/wiki/List_of_longest_tunnels. Чисто го давам како пример дека воопшто не е занесување цефка/тунел од 17км. Особено тука каде добивката во количина вода која може да се насочи према три постоечки хидроцентрали, добивката е огромна. Cost-benefit анализа мислам дека може да даде фантастични индикации за исплатливост на ваков проект.

Ваков систем секако не би можело и нормално не би требало целосно да го преусмери Вардар, но би зафаќал огромен дел од водите. Секако би имало можности да се пушта вода према Полог за наводнување на земјоделски површини. Регулацијата "колку лево-колку десно" практично би била единствената оперативна работа. Некогаш па кога Треска е надојдена не би се преусмерувала непотребно одвишок количина низ системот.











https://en.wikipedia.org/wiki/List_of_long_tunnels_by_type



Edited by user8642 - 07-Jun-2020 at 15:29
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2016
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 06-Jun-2020 at 14:06
Се обидов да најдам според достапни податоци за масен проток на ркеите во Македонија, некоја проста рачуница да направам. https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9C%D0%B0%D1%81%D0%B5%D0%BD_%D0%BF%D1%80%D0%BE%D1%82%D0%BE%D0%BA

Средниот проток на Треска кај Здуње е 19 м3/с, а хидроцентралите на Треска се со максимален проток до 100 м3/с, значи можат да примат дополнителени количини вода. За Вардар постои податок дека кај Радуша е 25 м3/с, ама нема податок за поназад. Извор Вруток варира со нивоа од 0,5-5 м3/с. Ако се додаде и количината на водите од Мавровскиот систем како и некои притоки од Лакавичкиот дел од Гостивар и дел од водите од крајно јужниот дел на полошка котлина, тогаш се доаѓа до некоја количина вода која може да се внесе во тунелот од 15-тина м3/с. Така вкупно системот на Треска од 20-тина м3/с би се кренал за 75% и би се кренал до 35 м3/с и тоа без никакви интервенции во хидроцентралите кои сега го имаат потребниот инсталиран проток да ги опслужат и тие води, односно почесто би работеле блиску до максимуми.

Edited by user8642 - 06-Jun-2020 at 14:06
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 1365
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 07-Jun-2020 at 13:28
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2016
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 07-Jun-2020 at 14:18
Искрено не сум знаел дека постои такво нешто! Ме израдува дека сум дошол до заклучок за нешто што веќе било проектирано! Едноставно тука е на дофат лесно се гледа целата работа и малку се размисли околу речните сливови и разликите во надморски висини. Фала многу!

Како го најде линкот кога на сајтот на ЕЛЕМ(ЕСМ) ниакде не е линкувана оваа страна?!

Edited by user8642 - 07-Jun-2020 at 15:39
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2016
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 07-Jun-2020 at 14:50
ПРОЕКТ „ТУНЕЛ ТЕНОВО-КОЗЈАК“ ЗА ОПТИМАЛНО ИСКОРИСТУВАЊЕ НА ВОДИТЕ ОД ХЕЦ „РАВЕН“ ДО АКУМУЛАЦИЈА „КОЗЈАК“

Изработува: Сектор за развој и инвестиции
Скопје, 2017
Проект „Тунел Теново-Козјак“

ВОВЕД
Тип на проект: Производство на електрична енергија
Планирано годишно производство на електрична енергија:110 GWh

Идејата за изградба на тунел за префрлување на дел од водите од река Вардар во река Треска, односно од локација Теново до акумулација Козјак, е стара повеќе од 50 години. Врз основа на првата студија за оваа идеја, изработена од норвешка консултантска компанија, направена е техничка документација само за тунелот Теново-Козјак, во која се дадени енергетски показатели и некои финансиски анализи со денешни цени и изграденост на ЕЕС на Македонија. Со изградба на хидросистемот „Маврово“, со сите придружни објекти, уште од 1957 година, Мавровското Езеро претставува вештачка акумулација за собирање на корабските и шарските води од јадранскиот слив на дренажна површина од 257 km2. Мавровското Езеро има акумулационен простор од 270 милиони m3, a водите од акумулацијата „Маврово“ по хидроенергетското искористување кај хидроелектричните централи „Врбен“, „Вруток“ и „Равен“, се влеваат во река Вардар со максимален истек од 32 m3/s. Ова значи дека целата вода на реката Вардар не е природна туку има и дополнителни количини кои пред изградбата на ХЕС Маврово по природен пат не се слевале во Вардар. Од акумулацијата „Маврово“, веднаш после ХЕЦ Равен, во Вардар се влеваат во просек околу 310 милиони m3 годишно. Со изградба на акумулацијата „Луково Поле“ ќе се добијат дополнителни количини вода од околу 60 милини m3 годишно, што вкупно би изнесувало околу 370 милиoни m3 годишно. Тоа би довело до зголемување на искористеноста на водите и сите овие води би оделе во река Вардар. Како дополнителен прилог на оваа идеја за изградба на тунел за пренасочување на водите од Вардар во Треска и нивно енергетско искористување, претставува и завршувањето на хидросистемот Треска. Со изградбата на ХЕЦ „Козјак“ (2004 година) и на ХЕЦ „Св. Петка“ (2012 година) со своите акумулации, како и со ревитализираната и надградена ХЕЦ „Матка“, префрлените води од р. Вардар, дополнително, енергетски би се искористиле и кај овие три хидроелектрични централи, и повторно би се влеале во р. Вардар кај вливот на р. Треска, пред Скопје. Со овој зафат за изградба на тунелот всушност би се пренасочиле дел од водите од р. Вардар, пришто, наместо преку Полошката Рамнина и реката Вардар, да продолжат преку река Треска каде што енергетски би се искористиле во ХЕС „Треска“, и би се влеале во Вардар, пред Скопје. Тунелот е предвидено да се изгради од локација Теново (на потегот Гостивар- Тетово), па се до акумулацијата „Козјак“, би бил долг околу 14,5 километри, што е најкратка линија за префрлање на дел од водите од р. Вардар во р. Треска.

ТЕХНИЧКИ ОПИС НА ПРОЕКТОТ

Со проектот се предвидува изградба на брана кај Теново и тунел со должина од 14,5 km за пренасочување на водите од р. Вардар, локација Теново во акумулацијата на ХЕЦ „Козјак“. Со овие дополнителни, пренасочени води би се зголемил дотокот на води на акумулацијата „Козјак“, а со тоа би се зголемило и годишното производство на електрична енергија на трите електрични централи: ХЕЦ „Козјак“, ХЕЦ „Св. Петка“ и ХЕЦ Матка“.

Проект „Тунел Теново-Козјак“
Количината на пренасочена вода е пресметана од податоците за води кај локацијата Теново. Дренажната површина е 612 km2, додека протокот на вода за анализираниот период е просечно од околу 10,6 m3/s. годишно или вкупно околу 330 милиони m3. Влезниот зафат на тунелот за пренасочување на водите од р. Вардар во р. Треска е лоцирана кај Теново во горниот дел на р. Вардар во Полошката Котлина на околу 40 km југозападно од Скопје. Акумулацијата Теново е на кота на максимално работно ниво од 467 м.н.в. и минимално на 464,5 м.н.в., со корисен волумен од 0,9 мил. m3. Браната е земјено-насипна со волумен од 160.000 m3, кота на круната на браната 470 м.н.в., висина 10 m и должина 1800 m. Тунелот е со должина од 14,5 km, пресек со површина 15,5 m2 (прифаќање на макс. истеци од 32 m3 /s). Горна кота на тунелот е на 463 м.н.в., (брана Теново) и долна излезна кота на 438 м.н.в. (акумулација „Козјак“).

Варијанти за енергетско искористување на водите на потегот од ХЕЦ „Равен“ до акумулација „Козјак“
Како можни варијанти за истражување во анализата од АФ – Консалт(AF-Consult) од Швајцарија за оптимално искористување на водите од ХЕЦ „Равен“ до акумулација „Козјак“, варијантите А1 и А3 се дадени според проектната задача, а варијантата А2 е дадена со можност за проширување односно изградба на нови хидроелектрични централи на потегот Равен-Теново, што не е опфатено во рамки на оваа анализа.

Варијанта А1
Зафат во близина на ХЕЦ „Равен“ на кота 485 м.н.в. Пренесување на водата преку комбиниран систем од тунели / цевководи / канали до акумулацијата Козјак, со вкупна должина од 26,5 км. Подземна машинска зграда на хидроцентралата за користење на максималниот висински бруто-пад пред влез во акумулацијата „Козјак“.

Варијанта А2
Зафат низводно по реката Вардар (локација Теново) на кота 475 m надморска височина. Мала акумулација Теново со 0,9-1,0 мил m3 за редуцирање и контрола на истекот тунел Теново-Козјак, со должина од 14,5 км и дијаметар околу 3,5м. Можност за изградба на нови хидроелектрични централи на погодни локации на горниот потег Равен-Теново (Локојца и Теново).

Варијанта А3
Зафат воблизина на ХЕЦ „Равен“ на кота приближно 485 м.н.в. Мала акумулација со 0,9-1,0 мил m3 низводно од ХЕЦ „Равен“ за регулирање на испустот на вода. Пренесување на водата преку комбиниран систем со вкупна должина од околу 31 км, 2.5 км (тунел / цевковод) + 16 км (канал) + 12 км (тунел). Подземна машинска зграда на хидроцентралата за користење на максималниот висински бруто-пад пред влез во акумулацијата „Козјак“.

Проект „Тунел Теново-Козјак“
Проценка на инвестициите и финансиска анализа

Проценката на градежните зафати за овој проект на тунелот „Теново-Козјак“ се направени врз основа на денешни цени земени од другите хидроенергетски проекти кои тековно се активни и се изведуваат од АД ЕЛЕМ. Предвидената цена на инвестицијата е околу 57. милиони евра.

Идни истражувања на проектот
1. Изработка на предфизибилити студија за оптимално искористување на водите од ХЕЦ „Равен“ до акумулација „Козјак“.
2. Одлука на АД ЕЛЕМ за прифатлива варијанта според изработенатапредфизибилити студија.
3. Изработка на проектна задача за физибилити студија за прифатената варијанта од АД ЕЛЕМ.
4. Изработка на физибилити студија за прифатената варијанта според тендерска постапка.

Придобивки од проектот
Со реализација на овој проект би се поврзале двата хидроенергетски системи „Маврово“ и „Треска“ и би се заокружило енергетското искористување на горниот тек на река Вардар. Придобивки од овој проект би биле следните:

Енергетски придобивки
Ø Дополнително производство на електричните централи што се наоѓаат на река Треска, просечно од околу 110 GWh годишно.
Ø Повисока ангажирана моќност на ХЕЦ „Козјак“ заради зголемено време на работа на висока кота на акумулацијата Козјак.
Ø Оперативна работа на хидроелектричните централи на река Треска во периоди на висока тарифа како вршни електрични централи при либерализиран пазар на електрична енергија, што значи повисок приход за електричната централа, односно за АД ЕЛЕМ како оператор.
Ø Можност за дополнително производство и кај новоизградените хидроелектрични централи на потегот Равен-Козјак.

Други придобивки ( заштита од поплави, потреба од водоснабдување и иригација)
Ø Избегнување на преливи и поплави на реката Вардар во Полошката Котлина во периоди на висок доток, со што дел од водите би се пренасочиле во р. Треска.
Ø Дополнителни води за водоснабдување на населените места во Полошката Котлина.
Ø Регулиран проток на Вардар во горниот тек, како и можност за наводнување на полошкиот земјоделски регион.

Проект „Тунел Теново-Козјак“

ПРИЛОЗИ:

Слика
1. Ситуација на локација на проектот за тунел за пренасочување Теново-акум. Козјак Проект „Тунел Теново-Козјак“


Слика
2. Шематски приказ на енергетско искористување на водите од ХС Маврово пренасочени со тунелот во ХС Треска.


https://www.esm.com.mk/wp-content/uploads/2017/05/HEC_Tenovo-Kozjak_2017_MK_%D0%BB%D0%B5%D0%BA.pdf


Edited by user8642 - 07-Jun-2020 at 14:59
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2016
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 07-Jun-2020 at 15:02
Студијата вика дека оваков проект кој што сме го имале во фиока, за реализација чини само 57 милиони евра. Алооо, влада! СК14, и сите останати пари фрлени во празно!

Edited by user8642 - 07-Jun-2020 at 15:03
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2016
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 07-Jun-2020 at 15:38
2017та спомнат некаде по медиуми. Значи не е заборавена или напуштена идеја!


https://a1on.mk/economy/elem-gi-razgleduva-site-opcii-za-izgradba-na-novi-elektrocentrali-od-bazni-i-od-obnovlivi-izvori/
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2016
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 07-Jun-2020 at 15:50




Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2016
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 11-Jan-2021 at 23:42


Еве уште една причина зашто треба да се актуелизира овој проект. Сите овие традиционални излевања низ Полошко поле во деловите кај Радиовце и Јегуновце, како и излевања во Скопско ќе станат минато. И тоа не само што ќе станат минато туку од таа вода ќе се направи струја. Ставрно не ми е јасно како овакви ефтини проекти кои не захтеваат после речини никакво оддржување, како не стануваат дел од политичките програми. Нема нешто подобро од оваков проект за заштита на Полошко и Скопско поле од поплави, Велес и надоле цел тек на Вардар, како и зголемување на производство на енергија на три постоечки хидроцентрали.

Стварно би сакал некој од новинарите да ги актуелизираат овие теми на правилен начин, а не со "прилог од лице место" и "мислења од граѓани".

Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 1365
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 12-Jan-2021 at 10:15
Да, треба, ама ај ве молам, какво е жити се оваа медиумска хистерија за излевање. Кејот не е изграден за украс, за трчање и точак, тука има минор и мајор корито и ова е се нормално.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15016
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 12-Jan-2021 at 11:00
Барем годинава не ставија вреќи со песок кои би го спречиле „излевањето“
За сè има вторпат
Back to Top
 Post Reply Post Reply

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.078 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.