build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Градска инфраструктура
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Кочански сообраќај (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
FT View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 22-Jun-2010
Location: Kocani
Online Status: Offline
Posts: 359
  Quote FT Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Кочански сообраќај (општо)
    Posted: 24-Apr-2020 at 14:26
Рушење на објекти за продолжување на бул. Стево Теодосиевски и изградба на два кружни текови во Кочани. Имаше проект за рушење на мостот и изградба на нов мост со кружен тек ама ништо од тоа јер нема пари секако.




Edited by FT - 24-Apr-2020 at 14:27
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12127
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 25-Apr-2020 at 19:53


Овој бул. Стево Теодосиевски ќе се проширува целосно долж линијата што ја имаш нацртано? Во тој случај изгледа дека е направена експропријација со сериозен обем   

А оваа вертикалната улица ќе се чепка нешто, или на неа само кружен тек ќе се прави?

Back to Top
FT View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 22-Jun-2010
Location: Kocani
Online Status: Offline
Posts: 359
  Quote FT Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 25-Apr-2020 at 20:06
Originally posted by Cloverstack



Овој бул. Стево Теодосиевски ќе се проширува целосно долж линијата што ја имаш нацртано? Во тој случај изгледа дека е направена експропријација со сериозен обем   

А оваа вертикалната улица ќе се чепка нешто, или на неа само кружен тек ќе се прави?



По целата линија ќе се проширува а само долниот кружен тек ќе се гради, моја грешка. Според општината откупени се 10к м2.
Инаку оваа улица, ул. Димитар Влахов, вертикалната улица(не знам име) и ул. ВМРО се еднонасочни, така да не знам што би праеле со планираниот булевар.

Edited by FT - 25-Apr-2020 at 20:16
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 290
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 06-Jun-2020 at 13:29
Мислам дека вреди сите вести на оваа тема за овој булевар во Кочани да се соберат на купче во нова тема. Ретко кога има примери од други градови.

Милина да се гледа како булдожер расчистува со чиревите од минатото во еден град. Да ни се множат вакви снимки.
Продолжува уривањето на објектите – расчистениот простор на улицата „Стево Теодосиевски“ ќе биде привремен паркинг

Jun 6, 2020

Продолжува уривањето на старите градби на улицата „Стево Теодосиевски“ поранешна „Ленинова“. На просторот во близина на Спортската сала, остануваат уште четири објекти, за чија експропријација одлучува надлежниот суд.

– Согласно урбанистичкиот план, оваа улица има булеварско решение со по две ленти во двата правца, со разделно зеленило меѓу нив. Продолжува расчитувањето на теренот, а додека да почне изградбата планираме да направиме привремен паркинг. Исто така, планирано е и асфалтирање на улицата „Петровденска“, која се наоѓа зад станбениот комплекс, со што централното градско подрачје ќе добие сосема нов изглед – соопшти Влатко Димитров, помошник-раководител на Секторот за уредување и располагање со градежно земјиште во Општина Кочани.

Градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев смета дека со решавањето на сообраќајот по „Тодосија Паунов“ со кружни текови, сѐ до Туристичката агенција „Велј-јан“, централното подрачје на Кочани ќе добие урбан изглед, а сообраќајните тешкотии ќе бидат надминати.

– Чекор по чекор одиме во зацртаниот правец, пробивање на улицата сѐ до Туристичката агенција „Вел-јан“. Со забрзувањето на овие процеси ќе овозможиме решавање на еден од клучните проблеми во Кочани во делот на сообраќајот, со булеварско решение за влез и излез од Кочани. Веќе е избрана фирма за проектирање на улицата „Стево Теодосиевски“, со што ќе се завршат сите подготвителни работи пред почетокот на градењето. Во тек е изработката на проект за целосна реконструкција на булеварот „Тодосија Паунов“ со кружни текови, па на целиот овој потег ќе се обезбеди побезбеден сообраќај – изјави Илијев.

Средувајќи го овој дел од градот, Општина Кочани решава еден горлив проблем. Објектите кои се под удар на Деталниот урбанистички план повеќе децении стојат во ваква состојба, создаваат грд изглед и се опасност за учесниците во сообраќајот, пред сѐ за пешаците, меѓу кои голем дел се и ученици.

– Затоа сметам дека решаваме важно и приоритетно прашање што ќе придонесе за непречен развој на градот. Тоа покажува дека работиме во интерес на граѓаните и ги препознаваме клучните проблеми со кои тие се соочуваат – додаде градоначалникот.

Во однос на другите сообраќајни решенија Илијев извести дека во тек е изработка на нов сообраќаен проект, со нов сообраќаен режим, со кој прецизно ќе бидат предвидени местата за паркирање, чиј број во централното градско подрачје ќе се зголеми. Улицата што ги поврзува „Маршал Тито“ и „Димитар Влахов“ кај Трговскиот центар се планира да биде сервисна, паркирањето – забрането, со што ќе се олесни протокот на сообраќај за сите учесници.









http://kocani.gov.mk/%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%B4%D0%BE%D0%BB%D0%B6%D1%83%D0%B2%D0%B0-%D1%83%D1%80%D0%B8%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5%D1%82%D0%BE-%D0%BD%D0%B0-%D0%BE%D0%B1%D1%98%D0%B5%D0%BA%D1%82%D0%B8%D1%82%D0%B5-%D1%80%D0%B0/
Back to Top
FT View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 22-Jun-2010
Location: Kocani
Online Status: Offline
Posts: 359
  Quote FT Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 08-Jun-2020 at 13:21
Бидејќи сме фасцинирани од рушењето , еве ви уште неколку (неквалитетни) слики:




На овие две раскрсници би требало да има кружни текови:



Ова е улицата која ги спојува двете раскрсници:



Edited by FT - 08-Jun-2020 at 13:26
Back to Top
zorant View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 26-Aug-2019
Online Status: Offline
Posts: 1
  Quote zorant Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 10-Jun-2020 at 09:40
Димитар Влахов (од раскрсницата со Стево Т. до Вел Јан) би била двонасочна исто со по две ленти, или?
Back to Top
FT View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 22-Jun-2010
Location: Kocani
Online Status: Offline
Posts: 359
  Quote FT Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 10-Jun-2020 at 14:53
Originally posted by zorant

Димитар Влахов (од раскрсницата со Стево Т. до Вел Јан) би била двонасочна исто со по две ленти, или?


Нема информации за тоа, но додека не се направи кружен тек на мостот, не верувам дека ќе биде така бидејќи без кружен тек би настанал уште поголем хаос на мостот.
Back to Top
 Post Reply Post Reply

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.139 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.