build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Пешачки зони и паркови
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Скверови (редизајн на површини) - Скопје
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Скверови (редизајн на површини) - Скопје

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 4567>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20168
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #101 Posted: 25-Aug-2021 at 11:17
Кај ТЦ Бисер(од фб)



Back to Top
kiriOK View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Apr-2012
Location: Tamworth,UK
Online Status: Offline
Posts: 999
  Quote kiriOK Quote  Post ReplyReply #102 Posted: 25-Aug-2021 at 12:20
Како што гледам тоа што им остана кеш од кредитите за справување со ковид кризата и приливот од градежните компании за такси за комуналии од масовните изградби на станбени единици решиле да ги фрлат на рапидно шминкање посебно во предизборен период...
Back to Top
zorant View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 26-Aug-2019
Online Status: Offline
Posts: 93
  Quote zorant Quote  Post ReplyReply #103 Posted: 25-Aug-2021 at 13:31
Originally posted by kiriOK

Како што гледам тоа што им остана кеш од кредитите за справување со ковид кризата и приливот од градежните компании за такси за комуналии од масовните изградби на станбени единици решиле да ги фрлат на рапидно шминкање посебно во предизборен период...


Низ Аеродром шминкаат додека да стане погодно за сликање. После сликањето оставаат и не им е многу гајле за одржување.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20168
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #104 Posted: 06-Sep-2021 at 14:45
Зад ТЦ Бисер-Аеродром(твитер)

Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20168
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #105 Posted: 16-Sep-2021 at 10:49
Никој од надлежните не ги консултирал пред скверот да биде изграден.
Порано, до влезот на зградата имало пристап за противпожарно или амбулантно возило (преку тревата и малото постоечко патче, види фотографија). Сега, тоа е невозможно, бидејќи таму е големата конструкција на „скверот“. Пред 2 недели имало пожар и пожарникарите едвај се паркирале зад зградата и некако го довлечкале цревото до влезот.
Светилките се толку силни што се извор на константно светлосно загадување, особено за станарите од подолните катови.
Во лето речиси и да не може да се седи таму навечер зашто светилките привлекуваат многу инсекти.





https://www.facebook.com/ZelenHumanGrad
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20168
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #106 Posted: 09-Oct-2021 at 15:07
Зад ТЦ Бисер-Аеродром(твитер)

Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20168
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #107 Posted: 06-Nov-2021 at 17:55
Стотина светилки кај „Палма“ голтаат киловати





Силно светат околу стотина светилки во новоредизајнираниот сквер во Стар Аеродром, кој аеродромци го нарекуваат парк под светилки, а се наоѓа во близина на слаткарницата „Палма“, на крстосницата меѓу булеварот „Јане Сандански“ и улицата „Владимир Комаров“.

Граѓаните стојат и не можат да се изначудат како расипнички се троши струјата и коментираат дека светилките голтаат киловати која тие треба да ја плаќаат и тоа во период кога Владата најавува дека во вторник ќе биде прогласена енергетска криза и кога се очекува по Нова година повторно зголемување на нејзината цена.

За разлика од него, на раскрсницата дијагонално има друг сквер кој исто така е ново уреден, кој пак не е осветлен. Може да се види само по некоја светилка кај поставените клупи.

https://www.vecer.press/стотина-светилки-кај-палма-голтаа/
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Online
Posts: 5422
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #108 Posted: 06-Nov-2021 at 18:01
ЛЕД светилките горат по 6W на час. Значи 100 светилки горат 0.6kW на час.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2020
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #109 Posted: 06-Nov-2021 at 18:05
И мене прво тоа ми падна на памет. Од една страна идеме со смарт-сити и штедливо осветлување, а тука сквер што бљешти и троши како осветлување за слетна писта.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #110 Posted: 06-Nov-2021 at 18:07
Originally posted by гитардемон

ЛЕД светилките горат по 6W на час. Значи 100 светилки горат 0.6kW на час.
потрошувачка на страна, бидејќи во случајот на диодите не е толку битна, светилкиве во парков и во оној карши мајчин дом многу непријатно блештат
да не збориме па летно време кога ќе дојде наезда бубачки на нив

можат барем малку да го намалат бројот на светилки ако ништо друго
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20168
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #111 Posted: 03-Dec-2021 at 18:01
Идеен проект за редефинирање на сегмент од улицата „Аминта III“ преку асфалтна уметност (сега повторно „Ленинова“).

Во светот во последните неколку години постои се поголем тренд на враќање на граѓаните надвор на улиците и поттикнување на развојот на локалните граѓански заедници со што се поттикнува демократијата, се намалува просторот за моторни возила кои предизвукуваат бучава и загадување, се поттикнуваат граѓаните да користат алтернативни начини за превоз и се поттикнува пешачењето кое е добро за здравјето на граѓаните. За сето ова да е возможно, се прават проекти кои го облагородуваат јавниот простор во градот и ги предизвикуваат граѓаните да престојуваат на истиот.
Светската пандемија ја обележа 2020 година и отвори многу прашања за развојот и животот во градот. Иако и предходно се повеќе беа актуелни јавни отворени простори и намален моторен сообраќај, пандемијата тоа го направи потреба. Градот Скопје се соочува со загадување, бучава, голем степен на изграденост, мал степен на зеленило во градот и сл. Светската пандемија само ја нагласи потребата за отворени рекреативни простори, зеленило, паркови и јавни содржини на отворено.
Неискористениот јавен простор има потреба од ребрендирање. Има различна методологии за создавање на јавен, флексибилен и фунционален простор за граѓаните.
Placemaking е процес кој вклучува повеќестран пристап за планирање, дизајнирање и управување со јавен простор со цел да се создадат места кои поттикнуваат позитивни вредности како здравје, среќа и благосостојба на граѓаните. Еден од наефтините начини е така наречената асфалтна уметност (Asphalt Art).
Создавањето т.н. „Жива улица“ во градот придонесува до зголемување на вредностите во градот. Крајниот разултат би бил добивање на нов јавен прoстoр кој ги поттикнува културните вредности и соживотот во градот и меѓу граѓаните. Истиот простор би помогнал во согледување кај граѓаните на начите на користење на јавниот простор во градот, со што би се зголемила свеста кај граѓаните за одредени градски аспекти како: употреба на јавен простор и одржување на истиот, значењето на културните активности во отврен простор, идентификација со градот, би поттикнал расправи и дискусии за решавање на повеќе градски проблеми и размена на идеи. Креирање на повеќе вакви градски места значителни би го подобриле целокупната состојба на градското живеење и квалитет на живот во градот.
Проектот „Жива улица“ претставува проект во кој една улица се чисти и потоа се бои во силни бои и на тој начин сосема го менува ликот. Станува препознатлива и атрактивна за граѓаните во градот. Моторните возила се отстрануваат од улицата (иако таа останува проодна за моторен сообраќај, кој е строго ограничен во овој дел) и таа е наменета само за пешаци, велосипедисти и сл. Овој тип на интервенција ја прави улицата интересна, поинаква, инклузивна и демократска. Може да биде користена за најразлични културни, образовни, рекреативни настани.
Идејата за дизајнот на улицата со геометриските форми произлегува од природата, како геометризација на природните форми кои се засноваат на матаматика и пропорција. На овој начини преку правилната геометрија се поканува природата повторно внатре во градот, со силни бои, правилна пропорција и создава место за граѓаните, бидејќи човекот е пред се природно и социјално битие за кое пешачењето е здраво.
Автор на проектот е архитектот Iva Petrunova.











https://www.facebook.com/Здружение-Градот-Убав-287195085403845/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20168
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #112 Posted: 09-Dec-2021 at 17:58
Нашиот проект „Рис“ е производ од програмата за активностите на Град Скопје од областа на соработка со здруженија на граѓани и фондации за 2021 година, односно поддршка на проекти од сферата на унапредување на
животната средина (загадување на воздухот, водите, почвата,
јавни зелени површини, користење на обновливи извори
енергија, итн) и ублажување на ефектите од климатските
промени.

Локација:
Одбраната локација е резултат на изведениот процес на мапирање на јавните површини во Oпштина Aеродром. Оваа локација се наоѓа позади трговскиот центар во Населбата Лисиче. Локацијата според новиот ДУП има намена Д3 (зеленило и спорт и рекреација), а моментално претставува запуштено место (не-место).
Цел:
Овој идеен проект нуди едно различно доживување како за граѓаните така и за локалната фауна (птици, животни и инсекти). Преку урбана реинтерпретација на шума се создава животна средина за урбаната фауна, а истовремено местото претставува и катче за спорт и рекреација на граѓаните од непосредната околина и пошироко. Ребрендиран на еколошки начин, овој јавен простор ги поттикнува природните, здравствените, спортско-рекреативните вредности и нуди симбиоза помеѓу граѓаните и природата во рамките на градот. Преку подобрување на еколошките квалитети на јавниот простор се подобрува квалитетот на урбано живеење и градските вредности. Овој проект покажува дека одржливата биоклиматска урбана ревитализација треба да биде сфатена како мултидисциплинарен пристап. Придобивките од вакви проекти во градот Скопје би го поддржиле и унапредиле одржливото урбано планирање на градот, преку:
- Подобрување на квалитетот на воздухот;
- Намалување на звучното загадување;
- Намалување на летните температури кои се резултат на огромните асфалтни и бетонски површини – што го карактеризираат градот како топлотно острово;
- Подобрување на проточноста на пешачкото движење;
- Редуцирање на емисиите на јаглероден диоксид;
- Зелено место со хуман и еколошки карактер – биоклиматско, антропоморфно и антропоцентрирано урбано планирање на јавните површини;
- Редефинирање на градските вредности: одржлив и зелен град зависи од однесувањето и ставот на секоја урбана индивидуа;
- Инкорпорирање на билки кои се добри прочистувачи на воздухот, а во исто време се и локални сорти кои добро виреат на ова поднебје и се лесни за одржување;
- Ревитализација на животната средина, поточно на локалната фауна на локацијата. Локалниот животински свет: инсекти (пчели, пеперутки, бумбари и сл.), птици (врапчиња, ластовички, сипки, штркови, гулаби, утки, клукајдрвци, косови, врани, гугутки...), животни (верверици, ежови, глодари, желки, мачки, зајци, гуштери ...) повторно би имал дом на локацијата, што позитивно би се одразило на природниот баланс и би довело до подобрување на природниот кружен циклус во градот;
- Вклученост на повеќе типови на активности кои би можеле да се одвиваат во овој зелен простор (пешачење, вежбање, спортување, собирање, играње и изведување перформанси од секаков тип);
- Подобрување на социјалната кохезија во здрава и еколошки чиста средина;
- Развивање на хармонично, еколошко, зелено и просперитетно општество.
Функација:
Означување на овој јавен простор како ново ЗЕЛЕНО МЕСТО во градот, за тој да е препознатлив за граѓаните и користен од граѓанските заедници за најразлични физички активности, социјализација, како и активности од општествен и културен карактер. Воедно, овој јавен простор би претставувал зелен филтер во градот.
Преку обликување на просторот и вметнување на спортско рекреативни содржини од типот: патека за атлетско трчање, игралиште за кошарка, гардероби и санитарии, граѓаните би добиле можност не само да се пасивни набљудувачи, туку и активни учесници во активности по нивен избор.
Концепт:
Решението е многу едноставно: се чисти и соодветно се третира почвата на целата локација, се сади трева и локално високо и ниско зеленило (листопадни, зимзелени садници, зимзелени и цветни грмушки, ползавци и перени, високи и мини четинари) кое вирее и е карактеристично за Скопје.
Притоа со цел да се испочитува намената на просторот според ДУП, која е Д3 – спорт и рекреација – се поставуваат спортски содржини. Се прави повеќенаменско игралиште околу кое во форма на опишана кружница се поставуваат патеки за трчање. Се постаува и мал помошен објект наменет за сервисни содржини како гардероби и тоалети. Овој објект има кружна основа и нема цел да се наметнува во просторот, туку само скулптурално да влије во него. Патеките за трчање кои се околу игралиштетото се равиваат и водат кон помошниот објект и минуваат низ локацијата. Самото игралиште е обоено во јака боја и има насликано геометризиран рис. На овој начин проектот има за цел да повика на внимание кон загрозените видови диви животни во републиката. Рисот е дива мачка, која е карактеристична за овој регион и претставува загрозен вид. Бидејќи идејата на проектот е реинтерпретација на шума, симболиката со рисот сосема се вклопува. Лентите за трчање се бојат во неколку блиски нијанси на сина боја и наликуваат на река која се движи низ оваа реинтерпретација на шума. Дополнително се поставуваат три кругови со песок, наменети за детска игра. Детското игралиште е представено во најсимплификувана форма, бидејќи на бујната детска имагинација не и се потребни искривени пластични наметливи играчки во јаки бои. Природата: природните бои, материјали и текстури позитивно влијаат на децата во создавањето на нивниот живописен, имагинарен и разнобоен свет. Пристапите кон локација се обележани од трите страни, од две страни се влегува преку патеките, додека од една пристапот е обележен со три кругови во сина боја.
Во овој проект преовладуваат геометриските форми како круг и квадрат, користење на жолта и сина боја и геометризирана асфалтна уметност.










https://www.facebook.com/Здружение-Градот-Убав-287195085403845
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20168
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #113 Posted: 16-Mar-2022 at 18:19
Уредувањето на просторот зад ТЦ „Бисер“ е во завршна фаза. Изведувачот денеска хортикултурно го уреди целиот простор, со што планираниот плоштад го добива својот финален лик.







https://www.facebook.com/OpstinaAerodrom
Carpe diem
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15129
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #114 Posted: 17-Mar-2022 at 09:51
Ајде, сега и улица Македонија да ја фатат, на ништо не личи, сите плочки се расклатени, жива срамота е.
За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20168
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #115 Posted: 09-Sep-2022 at 12:43
Фото галерија) Висат кабли во Паркот под светилките во Аеродром







Паркот под светилките во Аеродром по се изгледа е жртва на редукцијата на трошоците за електрична енергија. И тоа не би било проблем, бидејќи паркот имаше и така премногу светилки, туку начинот на кој е изведено тоа.

Како што покажуваат фотографиите, паркот од место за уживање и одмор се претвори во опасност за децата и животните, бидејќи кабли со струја и фасонки без сијалици висат на сите страни поради неодговорно изведување на зафатот или вандализам.

https://nezavisen.mk/foto-galerija-visat-kabli-vo-parkot-pod-svetilkite-vo-aerodrom/

Edited by stef4o - 09-Sep-2022 at 12:44
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20168
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #116 Posted: 26-Oct-2022 at 11:55
Наскоро почнуваат градежните активности за целосна реконструкција и модернизација на просторот зад „Капитол мол“, со што аеродромци ќе добијат уште еден нов плоштад во срцето на Аеродром.
Реконструкцијата е целосно финансирана со средства од буџетот на Општина Аеродром, a проектот опфаќа хортикултурно и партерно уредување на целиот простор со вкупна површина од 5000 квадратни метри. Дополнително, во рамките на реконструкцијата старите и дотраени плочки ќе бидат заменети со нови гранитни плочи, а ќе бидат поставени нови современи канделабри, светла со димери, како и нови клупи, канти и друга урбана опрема.





https://www.facebook.com/photo?fbid=546831860781232&set=pcb.546833420781076
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20168
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #117 Posted: 17-Mar-2023 at 19:58
малку постара фотка од твитер,веќе е направено скверче на раскрсницата во Мичурин до ОУ Блаже Конески
Carpe diem
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #118 Posted: 22-Mar-2023 at 00:19
не знам зошто тука не искористија можност малку да ја поправат раскрсницата во раскрсница, едно од полошите вкрстувања во Аеродром
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20168
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #119 Posted: 22-Mar-2023 at 16:11
Originally posted by stef4o

малку постара фотка од твитер,веќе е направено скверче на раскрсницата во Мичурин до ОУ Блаже Конески


Денешни









Carpe diem
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 926
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #120 Posted: 25-Mar-2023 at 12:13
До кога со вакви замачкувања очи во општина Аеродром?

Уште малце колите во вис ќе почнат да се паркираат, со оглед на тоа што општината е веќе ептен густо населена, а со скоро иста улична мрежа како пред 40 години, па наместо да го решат проблемот со паркирање (со нови паркинг-места) тие градат вакви скверчиња...

Сепак, добро што се среди просторов, не викам, не.

Edited by skopskodete - 25-Mar-2023 at 12:15
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 4567>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.177 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.