build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Патишта
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Експресен пат Битола - Меџитлија

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4668
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Експресен пат Битола - Меџитлија
    Posted: 10-Jun-2020 at 20:55
Originally posted by Тера Телевизија


Се подготвува проектната документација за експресниот пат Битола – Меџитлија
10/06/2020



Покрај рехабилитацијата на регионалниот пат од Битола до Меџитлија, ќе се проектира и нова обиколница, експресен пат до самиот граничен премин, истакна директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Зоран Китанов. Се очекува проектната документација за изградба на експресниот пат Битола-Меџитлија да заврши до крајот на летото. Додека пак за рехабилитацијата на постојниот пат се очекува на крајот на јуни или почетокот на јули да биде објавен тендер.

-Рехабилитација на Битола-Меџитлија до граничен премин, 13 километри, два милиона евра, средства финансии од ЕБОР. Јули, август треба да заврши проектирањето, проектот тогаш треба да ми се достави за обиколница нова на Битола во ширина на експресен пат и експресен пат до Меџитлија. Јас веќе неколку пати имав консултации со консултации и со вашите луѓе од урбанизмот, знам дека тоа се финализира. Тој горчлив проблем да се реши. Не само што ќе се рехабилитира патот од Битола до Меџитлија, ќе се направи и експресен пат, изјави Китанов.

Се работи и на проектирање на автопатот Прилеп – Битола.

-Веќе проектната задача се работи на Градежен факултет, потенцираше тој.

Како што најавија заедно со министерот Сугарески, годинава е предвидено да се започне со рехабилитација на преку 170 километри патна мрежа во Пелагонискиот регион.





https://tera.mk/se-podgotvuva-proektnata-dokumentaczija-za-ekspresniot-pat-bitola-medhitlija/

Еве и тука нека стои. Најавата постоеше од поодамна, ама сега предизборно некако повеќе се споменува.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
highway10 View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 05-Jun-2020
Online Status: Offline
Posts: 2
  Quote highway10 Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 10-Jun-2020 at 22:42
Обеќаваше рехабилитација и изградба на нов експресен пат пред локални избори, референдум и претседателски избори. Да не идат избори ??
Back to Top
The Wild Boy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2020
Online Status: Offline
Posts: 173
  Quote The Wild Boy Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 10-Jun-2020 at 23:58
Се надевам дека истовремено ќе почнат со автопатот од Прилеп кон Битола. Надоградба на веќепостоечката магистрала ќе е доста. Кога тогаш автопат од Скопје до Битола, со експресен пат до Меџитлија ќе треба да има. Ова дополнително ќе го олесни сообраќајот на граничните премини Богородица, и Стар Дојран, и исто така ќе има повеќе опции за транзитирање кон Грција.
Кога - тогаш автопат низ Бабуна ќе има, но каква ќе биде клучката пред Велес со 2 раздвоени патишта. Нема да има смисла да се остави Катланово - Велес така, па затоа дајте да ургираме пред да биде предоцна, да направиме една петиција може ќе им текне да го средат и тој дел еднаш засекогаш.
Back to Top
 Post Reply Post Reply

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.125 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.