build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Градска инфраструктура
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Пробивање на бул. Борис Кидрич (Мичурин)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Пробивање на бул. Борис Кидрич (Мичурин)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5065
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Пробивање на бул. Борис Кидрич (Мичурин)
    Posted: 16-Jun-2020 at 11:01
ПРОБИВАЊЕ НА УЛ.БОРИС КИДРИЧ(МИЧУРИН-О.АЕРОДРОМ)

За сега овој проект слабо се спомнува дека ќе се реализира но сепак еве ќе издвојам една посебна нишка со надеж дека можеби за неколку години некој ќе се сети да го направи и со тоа да се добие поголема проточност во внатрешноста на населба Мичурин каде новите згради се повеќе ќе ја оптоварат постоечката инфраструктура која се сведува на многу тесни улички со паркирани коли од страните,тротоарите се едвај употребливи...

Незнам во кој профил е планирано да се изведе проектот со колку ленти но сепак и тука неминовно ќе биде неопходна експропријација на неколку објекти

Еве ја локацијата каде треба да се гради,би било убаво ако некој знае да исцрта каде точно треба да минува улицата и колку точно објекти треба да се рушат



...
дел од трасата(овој дел е прилично хаотичен во прашина и кал веќе долго време никој не сака да асфалтира и да средува со изговор дека ќе се реализира проектот од страна на Град Скопје)

знам дека оваа зградичка и уште две-три куќи треба да бидат урнати









извадок од деталниот план каде со испрекината линија е прикажан делот каде треба да минува улицата



би требало да се спојува тука





Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5065
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 16-Jun-2020 at 11:52
Една стара вест од 2017 бившиот градоначалник Трајановски истакнал дека е во фаза на проектирање

Градоначалникот Трајановски, исто така, најави во претстојниот период дека ќе биде завршено и проширувањето на булеварот „Трета македонска бригада“, во тек е проектирање и на булеварот „Борис Кидрич“ од булеварот „Трета македонска бригада“ до Новата железничка станица.

http://www.aerodrom.gov.mk/vest/1551
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 1999
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 16-Jun-2020 at 13:51
Би требало да е 2+2, но и 1+1 би било доволно. Засега не ми личи дека има големи шанси да се направи (зошто има мегафон?); изведба на Есенинова и реконструкција на Никола Карев се најавени и приоритетни, а потоа мора да следи исправање на Беласица. Според ГУП, Борис Кидрич треба да се пробие и накај Маџир Маало и да се спои со мостот на Беласица.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 420
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 16-Jun-2020 at 14:48
Со тоа што дека и овој булевар не е изграден очигледно е дека премногу заостанува градот со основата сообраќајна инфраструктура.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5065
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 03-Jul-2020 at 09:55
Жители на Мичурин живеат во влага и распаднати тавани, нивната зграда треба да се срамни со земја и да бидне булевар но само на хартија



Урнати тавани, уништени ѕидови, проблеми со одводната канализација и чести поплави. Со ова секојдневно се соочуваат станарите во зграда стара повеќе од седум децении на влезот на една од најурбаните општини во Скопје.

На местото на зградата треба да има булевар, така предвидува деталниот урбанистички план на Општина Аеродром од 2013 година. Но никогаш не се изградил а станарите останале во субстандардни услови. Имено било оставено на нив да си најдат инвеститор кој ќе направи нова зграда каде тие би живееле кога на местото на сегашната ќе биде булеварот. Но формално правните лавиринти за добивање дозвола за градба за новата зграда ги заковале во оваа – каде немаат нормални услови.

На горните катови протеекува кровот во сите станови, фасадата е огулена, не само до цигла туку до трска затоа што таков бил начинот на градење тогаш нема бетонска плоча ни измеѓу спратовите ни на најгорниот кат. Протекува од сите страни, на приземје становите се соочуваат со проблеми на одводната канализација. По четири пати годишно ги викаме надлежните од водовод да дојдат и да ги прочистуваат одводите, затоа што се запушуваат не само во шахтите туку и во становите. Неверојатно се малтретираме не можеме веќе да поднесеме – вели Светлана Филиповска

Се жалеле и во град Скопје и но им дале неодреден одговор нагласувајќи им дека нема предвидено средства за реализација на планот.

Живеат во страв како и понатаму во влага а доаѓа есен па зима. Не се откажуваат, ќе ја бараат правдата до крај.

https://alfa.mk/ziteli-na-michurin-ziveat-vo-vlaga-i-raspadnati-tavani-nivnata-zgrada-treba-da-se-sramni-so-zemja-i-da-bidne-bulevar-no-samo-na-hartija/
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 420
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 03-Jul-2020 at 12:57
Добро бе, до толку ли им е проблем да ја пробијат оваа улица...
Немам коментар.
Back to Top
Théoden View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2018
Location: Р. Македонија
Online Status: Offline
Posts: 158
  Quote Théoden Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 03-Jul-2020 at 14:43
Би било убаво да може да се експроприра цела парцела со оваа зграда и да не се чека на инвеститор, но тоа ќе ја зголеми вкупната цена на булеварот можеби и двојно. Подоцна овој простор може и да остане празен и да се искористи за парк или паркинг.
Back to Top
David View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 05-Feb-2020
Online Status: Online
Posts: 79
  Quote David Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 03-Jul-2020 at 14:57
Надлежните се зафатени со перење пари преку купување саксии,сами да си барале инвеститор,тешко на луѓево..

Edited by David - 03-Jul-2020 at 14:57
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5065
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 03-Jul-2020 at 16:41
Само не ја разбирам поентата да се гради зграда на местото на руинираната зграда,зарем нема да пречи на изградбата на булеварот или ќе биде со помали основи(скратена парцела и потесна зграда)?
Инаку булеварот е од големо значење за населбата и за нејзината проточност во иднина бидејќи во моментов се градат околу 300 стана и сето тоа ќе ја зголеми фреквенцијата на возила и оптоварувањето на постоечката инфраструктура која нема капацитет за такво нешто.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5065
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 10-Jul-2020 at 15:04
Oпштина Aеродром се правда дека тие не биле надлежни за проблемот од зградата во Mичурин



https://alfa.mk/opshtina-aerodrom-se-pravda-deka-tie-ne-bile-nadlezni-za-problemot-od-zgradata-vo-michurin/
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 290
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 10-Jul-2020 at 15:16
Овде треба да се изврши вонредна ургентна екпропријација, и да не мисли некој дека со медиумски притисок може да се збогати преку ноќ и да добие три стана зашто така може и едниот да го изгуби. Фер надокнада мора да има, ни помалку ни повеќе! Многу луѓе се ставени во овакви позиции и неможат ефективно да си го стопанисуваат имото зашто плановите викаат нешто друго на тоа место а тоа друго не доаѓа со децении, од друга страна неможеме да го упропастиме долгорочниот развој на градот заради тесниот интерес на десетина поединци.

Повторно ќе кажам, вонредна екпропријација со фер надокнада по каталог, ни повеќе, ни помалку!
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5065
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 11-Jul-2020 at 16:55
ГУП, па ДУП, па евентуално потоа нова зграда за станарите во рушевината во Мичурин



Изградбата на булеварот Борис Кидрич e стопирана, а луѓето кои живеат во речиси – урнатата зграда, на чие место треба да поминува сообраќајницата, не можат да изградат нова.

Проблемот на станарите во старата зграда во Мичурин и понатау без решение. Заглавени во формално – правните лавиринти се уште не добиле конкретен одговор од релевантните институции.

Продолжува борбата на станарите за подобри услови за живеење, бидејќи се плашат дека оваа зграда нема да издржи уште долго. Локалните власти молчат и не нудат конкретно решени за овој проблем.

Не наидовме на никаков прием ниту од Општина Аеродром, ниту од Град Скопје, едноставно градоначалникот Марин не не удостои да не прими во неговите простории да поразговараме за нашите проблеми. Еве повторно отидовме со надеж дека ќе не прими, и повторно истиот одговор. Праќа претставници од кабинетот кои не даваат конкретни одгвори – вели Светлана Филиповска – станар

На жителите, согласно ГУП 2012 година, им била доделена маркица за изградба на нова зграда позади сегашната, но на тој простор се приватизирани само 60 квадратни метри. Станарите бараат од општината да им додели нова маркица.

Што се однесува до доделувањето на нова маркица, тоа може да се случи по измената на ГУП-от на Град Скопје, со што може да почне постапка за менување и на деталниот урбанистички план – велат од Општина Аеродром.

Но измената на генералниот урбанистички план ги кочи граѓаните да си изградат зграда, па се уште живеат во рушевините на сегашната.. исплашени се, како ќе ги преживеат есента и зимата, кога временските услови ќе бидат полоши од сега. Од Град Скопје велат дека дури кога ќе се изгради сообраќајницата, ќе се спроведе постапка на експропријација на приватното земјиште и тогаш ќе може да се изгради нова зграда. Во однос на проблемот за реализација и изградба на оваа сообраќајница, од Град Скопје велат дека во наредните години ќе се обидат да обезбедат финансиски средства за изградба – што го вклучува алармот, до кога станарите ќе живеат во мизерни услови.

https://alfa.mk/gup-pa-dup-pa-eventualno-potoa-nova-zgrada-za-stanarite-vo-rushevinata-vo-michurin/
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 290
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 11-Jul-2020 at 17:59
Се искористува преидзборието да се направи притисок. Од кај тие филмови дека ова станало малтене "човеково право" да добиеш маркица на местото на старата зграда. Ете што дозволивме како општество да се развие уште еден друг нус-ефект од незаузданата урбана мафија. Неможе на градот да му се нагрбачува обврската да им бара чаре на сите што им застареле објектите. Македонија е полна селски куќи разрушени, па што да не треба општините да одат тамо и да им даваат заменски решенија. Што поитна екпропријација на објектот според каталошки цени и готово! Објектот има намалена вредност и тоа е тоа, и не смее да падне таа намалена вредност на грбот на државниот буџет. Еднаш пред 70 години ако купиле/добиле стан не значи дека сега треба да има државна институција што треба постајно да им дава еквивалентно решение кога на старото ќе му падне вредноста.
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 420
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 11-Jul-2020 at 23:13
Originally posted by user8642

Се искористува преидзборието да се направи притисок. Од кај тие филмови дека ова станало малтене "човеково право" да добиеш маркица на местото на старата зграда. Ете што дозволивме како општество да се развие уште еден друг нус-ефект од незаузданата урбана мафија. Неможе на градот да му се нагрбачува обврската да им бара чаре на сите што им застареле објектите. Македонија е полна селски куќи разрушени, па што да не треба општините да одат тамо и да им даваат заменски решенија. Што поитна екпропријација на објектот според каталошки цени и готово! Објектот има намалена вредност и тоа е тоа, и не смее да падне таа намалена вредност на грбот на државниот буџет. Еднаш пред 70 години ако купиле/добиле стан не значи дека сега треба да има државна институција што треба постајно да им дава еквивалентно решение кога на старото ќе му падне вредноста.

Реално, тука базичниот проблем е што градот дури после 8 години се' уште не ја има пробиено оваа улица.
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Online
Posts: 1434
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #15 Posted: Yesterday at 00:00


незнам што се замарате, да ет една Зграда арно, ама повеќе Објекти се ... ова се влече вака уште кога тука општина беше Кисела Вода 2 ... еве Стефан го подзаокружил муабето, само што оваа Зграда не е кусурот, туку се’ во продолжение, демек полесно ќе го извртат булеварот, хм, ако веќе го вртат скроз нека го залепат за Железничка, тоа би значело изместување на постојната траса, што ќе биде поефтино него влечење по судои во недоглед, сетете се на шиканата на мостот ... мислам убо што оделе некогаш по урбанистички симетрии и норми наште урбани проектанти, сепак закасниле со развојните проекти поприлично долго, та во случајов денес мора да се бара компромис, а за таков Градо не ќе да најде сили, иако верва пример дека тоа ќе биде случај во Ќерамидница со Мосто на АСНОМ ...

ако се помести пак трасата веднаш до НоЖе треба да се најде Чаре за паркингот на Меѓурадска кој може да се реши спроти сегашните Перони за Поаѓање т.е. кај денешни 20-ка и 22-јка да се направат Паркинзи кои би подвлегувале тро внатре, подоле пак оној Паркинго на Пошта треба да се измести кај сегашниот карши Меѓународни Пратки, а останува натака да се пробие уште еден Мост во продолжение кој како траса би дошол врз столбои на Старио Железнички ...

единствен вишок од сето ова ет што потенцијално ваквата траса би сотрела можност за правење Парк за нас.Мичурин и ЈСП кај/пред сегашната Пајак Служба ...
Back to Top
 Post Reply Post Reply

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.109 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.