build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Виртуелна Македонија > Ваши концепти
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Free City of Dojran

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 2576
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Free City of Dojran
    Posted: 18-Jun-2020 at 00:00
Уште една луда идеја: претворање на Дојран во Слободен град. Би се состоел од два дела, внатрешна зона која би била независен и суверен ентитет, и надворешна зона, која би била составен дел од Македонија и Грција, но под посебен режим (charter city, т.е. charter area).

Слободниот град Дојран би бил економски привлечна зона, со развиен и слободен економски систем, владеење на правото и добра меѓународна соработка. Во него би се поканиле компании под поволни даночни услови, како и граѓани од странство - првенствено имигранти од Хонг Конг, кои тука би создале нов град. Би имал околу 750,000 жители, со потенцијал да стигне до милион. Оперативен би бил англискиот јазик, а службени, покрај него, и македонскиот и грчкиот. Албански, бугарски, српски и турски би имале широка примена поради голема имиграција на луѓе од овие земји и нивните малцинства во MK и GR, како и нивниот статус, особено во Македонија како земја која (неспоредливо повеќе) ги почитува правата на немнозинските заедници. Официјална валута би била еврото, а со членството на Република Северна Македонија и Република Грција во ЕУ, Шенген, Еврозона и НАТО голем број проблеми, поготово бирократски, практични и легислативни, би биле решени или намалени.

Концептов е сѐ уште во рана фаза; пред некој ден ми текна, а сега го материјализирав. Со темно црвена линија е означена внатрешната зона, а со црвена надворешната. Портокалова линија е автопат, светло жолта друг важен пат, сино е езерото, темно сиво главниот град, сиво околни внатрешни градови, а светло сиво околни внатрешни села. Каки боја се надворешни градови.


Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 714
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 19-Jun-2020 at 00:04
Можеби во иднина, кога и Македонија би била во ЕУ, идејава не би била до толку луда. Инаку, интересно.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7655
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 19-Jun-2020 at 18:33
Имај на ум дека Дојранскииот регион е природно богатство и детално треба да се работи на негова презервација и контрола
Со урбанизација, индустријализација и 750 000 жители, може комотно да го пресушат езерото, да го сменат цел терен и да се пресели или да испоумре цел биодиверзитет таму
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 2576
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 19-Jun-2020 at 18:38
Членство во ЕУ на FSD речиси сигурно не би било возможно зашто голем дел од легислативата во економскиот дел би бил спротивен на европската. Од Шенген, еврозона (макар и неформално а ла MNE и KOS) и Обединети Нации би бил дел. Од НАТО нема потреба, вистинска војска не би била одржлива, а FSD би се потпирал на државите-мајки.

Екологијата е најголем проблем на овој проект, ќе треба да се увиди дали и колкава урбанизација е возможна.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
 Post Reply Post Reply

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.063 seconds.

Copyright ©2007 - 2021  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.