Бул. Љубљанска (+ Мост од Карпош 4 кон Злокуќани) |
Post Reply | Page 123 8> |
Author | |
daci92
Senior Member Joined: 10-Dec-2012 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1937 |
Quote Reply
#1 Topic: Бул. Љубљанска (+ Мост од Карпош 4 кон Злокуќани) Posted: 18-Feb-2014 at 23:26 |
Цако такво нешто засега не им е во план на градските власти, има многу „поприоритетни“ работи низ градот од поврзувањето иако треба да им биде еден од најголемите приоритети.
|
|
vladgv
Newbiе Joined: 13-Jul-2016 Online Status: Offline Posts: 0 |
Quote Reply #2 Posted: 13-Jul-2016 at 12:07 |
Добро е што сепак нешто се прави. Но секој инженер мора да биде критичен со цел работите да се прават ПОДОБРО, секогаш може подобро, секогаш треба да се залагаме за подобро.
Во однос на ИЛИНДЕНСКА, мислам дека е страмота што улица од 2-3 километри ќе се реновира во многу фази, до сега 3 пати се сече лента. Мислам дека до крајот и комплетирањето барем уште едно 5-6 ленти ќе се сечат.... Е ТОЕ Е СРАМОТА толку ли глуп народ може на вакви однесувања да верува и да не ги осуди.... Реално во СКОПЈЕ НИТУ ЕДЕН булевар проектиран во времето на ЈУГОСЛАВИЈА кога имало стандарди и кога се правело прописно, до ден денес не е ДОВРШЕН, значи ниту една улица од крај до крај не е целосно комплетирана секаде нешто фали. Скопје нема главни булевари сите некаде СЛЕПО или во некаков теснец завршуваат. Многу тешко се напушта градот гледано од секоја населба, секаде има пречки стеснувања, лош асфалт, дупки тесни улици. А замислете наеднаш да тргне економијата на земјата, наеднаш се повеќе и повеќе луѓе да купуваат возила и да се движат, па има да има ТОТАЛЕ застој. Апсурдно но реално, ние имаме среќа што имаме толку млади кои се невработени па спијат до 2-3 попладне и не прават гужви низ град. Тоа е трагедијата која никој несака да ја каже и да си ја признае со цел да почнат од некаде да се решаваат ваквите сообраќајни проблеми. П.С. Најдобро да си траеме, дека ако ги направат булеварите ќе им текне ПАТАРИНИ да стават, е тек тогаш од дома да не излезеш. |
|
CenterCityKid
Senior Member Joined: 31-Aug-2011 Online Status: Offline Posts: 131 |
Quote Reply #3 Posted: 14-Jul-2016 at 04:22 |
Денот кога младината што ни спие сега до 2 саат попладне ќе се разработи и ќе ја развие економијата, тој ден ќе има и пари и инжењери што ќе ја направат инфраструктурата џам. Тие работи се поврзани. Прост народ, квази стручњаци, мрзлива младина = шит економија.
|
|
Џоле
Moderator Group Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15260 |
Quote Reply #4 Posted: 19-Mar-2018 at 10:06 |
Крајот на бул. Илинден во Карпош 4. Сега и да го премостуваат Вардар, на другиот брег има куќи што сериозно пречат. Случајно налетав на фоткава на твитер, па си велам да ја споделам. Автор: @Giotto_mkd
Edited by Џоле - 19-Mar-2018 at 10:06 |
|
За сè има вторпат
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20847 |
Quote Reply #5 Posted: 04-Jul-2020 at 10:25 |
Завршено е проектирањето на новиот мост во Скопје. Постапката за избор на изведувач, ја започнуваме до крајот на јули. Овој мост, ќе ги спојува Карпош 3 и 4 по ул. Љубљанска (покрај Сити мол) со Злокуќани и Бардовци на ул. Скупи.
линк од видео презентација https://www.facebook.com/petreshilegov/videos/3300838576807384/ Edited by stef4o - 04-Jul-2020 at 10:30 |
|
user8642
Senior Member Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2031 |
Quote Reply #6 Posted: 04-Jul-2020 at 10:41 |
И повторно прашањето што мора да се постави исто како и кај мостот што требаше да биде панормаксо тркало. Дали овие "сајли" имаат некаква конструктивна улога или се само декоративни, да не речам непотребен вишок. Фундаментите на сајлите ме тераат да мислам дека имаат некаква конструктивна улога, ама може би не. Не треба Македонија многу да експериментира со методи на градење кои после тоа захтеваат многу оперативни редовни оддржувања, не сме многу педантни ние со такви работи. Еден мост ГоцеДелчев реално ни е проблем редовно да му ги стегаме сајлите. Другата екстремна крајност за оваков народ е камени мост, го градиш и можеш да го баталиш 700 години и пак да врши работа. Затоа треба да се држиме до класични методи на градба, мост на револуцијата, оној кај Ману, обединети нации, новиот кај железничка, мост близнаци и такви класични типови.
Второ, зашто толку лош рендеров или не е ни рендер воопшто него само low-res export некој колку да не биде без ич. |
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20847 |
Quote Reply #7 Posted: 04-Jul-2020 at 10:43 |
Добро е што воопшто има некаков рендер,за разлика од мостот кон Ќерамидница каде нема ниту една матна сликичка.
|
|
skopskodete
Senior Member Joined: 17-Feb-2017 Online Status: Offline Posts: 926 |
Quote Reply #8 Posted: 04-Jul-2020 at 13:19 |
Да, а најмногу ме чуди што никој новинар (барем колку што имам видено) не се дрзнал официјално да го праша Градот или пак градоначалникот за тоа како би изледал мостот. |
|
alexsend
Senior Member Joined: 11-May-2011 Location: Скопје, Центар Online Status: Offline Posts: 2085 |
Quote Reply #9 Posted: 04-Jul-2020 at 17:35 |
Има рендер за незапочнат мост, а нема за тој што се гради...
|
|
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20847 |
Quote Reply #10 Posted: 05-Jul-2020 at 10:18 |
ГОТОВ ПРОЕКТОТ ЗА НОВИОТ МОСТ ОД КАРПОШ 4 ДО УЛИЦА СКУПИ, ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАВА ЌЕ ПОЧНЕМЕ СО ГРАДБА, ВЕЛИ ШИЛЕГОВ
Град Скопје заврши со проектирање на новиот мост од улицата Љубљанска во Карпош 4, покрај скејт паркот на кејот на Вардар до улицата Скупи. Според проектот, мостот ќе биде со четири коловозни ленти, по две ленти во двата правци, велосипедска и пешачка патека. Градоначалникот Петре Шилегов вели дека до крајот на месецов ќе биде распишан тендерот за избор на фирма која ќе ги изведува градежните работи и најдоцна до декември ќе стартува изградбата. „Овој мост ќе ги спојува населбите Карпош 3 и 4 по улица Љубљанска покрај ТЦ „Сити мол“, со Злокуќани и Бардовци на улица Скупи. Со тоа, во голема мера ќе се скрати времето за движење на граѓаните од овие делови на градот. Во втората фаза од овој проект се предвидува продолжување на булеварот Словенечка до Волково, што ќе биде замена за проектот за продолжување на Илинденска, кој не може да се изведе поради бунарите за вода кои се во овој дел“, вели градоначаликот Шилегов. Изградбата на мостот со улиците за приклучок според првичните проценки ќе чини околу 6 милиони евра. Град Скопје во моментов работи на изградба на мостот од Општина Аеродром до населбата Керамидница. Досега се завршени земјените работи и од наредната недела ќе почне поставувањето на темелите на мостот. А. АНТЕВСКА https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/gotov-proektot-za-noviot-most-od-karposh-4-do-ulitsa-skupi-do-krajot-na-godinava-ke-pochneme-so-gradba-veli-shilegov/ |
|
Staro Skopje
Senior Member Joined: 07-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2692 |
Quote Reply #11 Posted: 05-Jul-2020 at 12:20 |
Мислам дека „Бул. Љубљанска“ би било посоодветно име за нишкава. Верувам дека втора фаза од овој проект би било проширување на ул. 10 (и нејзино инкорпорирање во бул. Љубљанска) од ул. Скупи до влез во село Бардовци. Продолжувањето на бул. Словенија, сепак, е суштински друг проект и иако е поврзан со и комплементарен на овој, не може да се смета за негова втора фаза. Дали истиот ќе се продолжува до Ново Село (како што е по ГУП), со можност подоцна да оди до Ѓорче Петров 2, или до ул. Марк Твен, од каде што ќе скршне северно по трасата на Илинденска до Волково? Иако Шилегов го споменува Волково, првава опција ми е пологична. Со изградба на Клиничкиот центар на Веле брдо, во секој случај ќе треба сериозна надградба на инфраструктурата тука. |
|
Градот убав никна, но го откорнаа
|
|
JovanOdGjorche
Senior Member Joined: 13-Oct-2012 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 516 |
Quote Reply #12 Posted: 05-Jul-2020 at 15:46 |
Да се „радуваме“ за „мостот“, а „клиничкиот центар“ може и нова локација после 15ти да добие како што е нели праксата низ годините.
|
|
And something, somewhere was lost in 1938...
|
|
MKDSTRUGA
Senior Member Joined: 20-Jun-2018 Online Status: Offline Posts: 460 |
Quote Reply #13 Posted: 05-Jul-2020 at 16:20 |
Повеќе треба да се грижиме дали воопшто ќе има нов клинички ентар одколку каде тој ќе биде сместен. Мислам на наредни 15 години.
|
|
<Fresno>
Senior Member Joined: 13-Jun-2010 Online Status: Offline Posts: 1149 |
Quote Reply #14 Posted: 05-Jul-2020 at 19:45 |
Бардовци станува доста атрактивно место со изградбата на мостов и продолжувањето на Словенија.
|
|
user8642
Senior Member Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2031 |
Quote Reply #15 Posted: 05-Jul-2020 at 20:01 |
Значи каква тешка глупост се направи со тоа што се дозволи да се изгради зграда воо чело на улица Манапо на раскрницата со Илинденска, тоа е тешка глупоштарија неопоростива. Па зарем од цел тој бришан простор и ливади околу мораше баш на потенцијална траса за булевар. Па Љубљанска и Манапо природно им доаѓа да функционираат како еден двосмерен булевар, секоја улица во една насока. Како можеше гомнари да дозволат тука да се направи зграда мене ми е тоа невероватно.
|
|
user8642
Senior Member Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2031 |
Quote Reply #16 Posted: 05-Jul-2020 at 20:02 |
Staro Skopje
Senior Member Joined: 07-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2692 |
Quote Reply #17 Posted: 05-Jul-2020 at 20:28 |
Повеќе логика има новиот мост да биде продолжение на МАНАПО наместо Љубљанска. Зошто вторава варијанта е впишана во ГУП-от?
|
|
Градот убав никна, но го откорнаа
|
|
<Fresno>
Senior Member Joined: 13-Jun-2010 Online Status: Offline Posts: 1149 |
Quote Reply #18 Posted: 05-Jul-2020 at 20:57 |
Веројатно бидејќи Љубљанска е поврзана со Московска. Што и не некоја добра причина, бидејќи лесно може раскрнисцата со Партизанска да се премести кај Манапо со Лондонска, која пак е со ист профил од 4 ленти.
|
|
Cloverstack
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
Quote Reply #19 Posted: 06-Jul-2020 at 16:14 |
Нема таков булевар или мост што ќе го спаси Бардовци. Бардовци е урбанистичка катаклизма од спектакуларни размери. Квалитетот на живот таму се сведува на тоа што секој индивидуално ќе си го организира во рамки на својот имот, а по сите преостанати критериуми, Бардовци е невидена мизерија. Таму практично секоја нива и секоја бавча се едноставно преименувани во градежни парцели, а уличната мрежа воглавно се сведува на хаотичен лавиринт од патчиња широки по 3 метри па и помалку, без тротоари, до последна педа ограничени од двете страни со огради и ѕидови. Комплетно отсуство на било каква друга содржина... само оградени имоти и бедни клаустрофобични улички на тој малку простор што е останат помеѓу. Не сум запознаен до каде се со обезбедување на основни комунални услуги (што до пред неколку години знам дека исто така беше катастрофално), но фактот што на пример до пола од тие куќи таму не може да стигне противпожарно возило зборува доволно сам по себе. Тоа што таму веќе подолго се сегрегира некаква си „елита“ само укажува какви критериуми имаат и какво е нивото на кое се наоѓаме како пазар на недвижности. На подолги стази, со созревање на пазарот, на вредноста на имотите таму не им се пишува добро. Edited by Cloverstack - 06-Jul-2020 at 16:23 |
|
user8642
Senior Member Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2031 |
Quote Reply #20 Posted: 06-Jul-2020 at 18:31 |
Тежок "феномен" е тој во Скопје што се појави со таканаречени елитни населби. Кој курац бре трговци-поединци со алаш-вериш финти, со по едвај десетина вработени што собрале по 100 кЕур на мускули со превари, газејќи по туѓи судбини, се прогласија и се замишљаат дека се елита?? Што па елита кога такви има веќе илјадници во општествово?! Какви се овие елитни населби во Бардовци, Радишани, Орман?
Нема ништо елитно тука ако знаеш како се стигнува од Бардовци до центар на Скопје, преку улица на која се продава зелки на сезонски див пазар! Нема ништо елитно во Волково/Орман испод вијадуктот до Лепенец со нерегулиран водотек и комарци, со последна станица на јавен превоз на километар пред населбава. И за да дојдеш до град ти треба пола саат и треба и ромска населба да поминеш. Каква е таа елитна населба во Радишани со улички од по два метра која до скоро немаше булевар на километри од нејзе и треба преку Јаја Паша да дојдеш до град. Па уште искомплексирани полубогаташи кои се со амбиција да станат елита па се населуваат во атарите на ваквите кобајаги елитни населби и си замишљаат дека се они исто така елита. И дека ако живеат блиску до елитата и нив "ќе ги префати" или "ќе ги зарази" елитизмот. Греотки покондурени! Водно заради тоа стана фавела без никакви услови за живеење, на која во скоро време вредноста ќе и падне испод цените на Лисиче. За каков селски елитизам збориме тука? Декорираниот ѕид којшто ќе ја огради населбата или куќата ги прави сељаците внатре елита? Феудалец одвоен од рајата? Кој е тој малограѓански селски елитизам, менталитет на чорбаџијата и измеќарите? Кој ви курац сељачишта?!! Дајте една саглам куќа да видиме! Една саглам населба да видиме. Направите во Скопје населба со пристап до булевар преку улица со минимум 4 ленти (испод не се признава), комунални услуги до беспрекорност, вантрешни комуникации со по 4 ленти (2 за возење, 2 за паркирање), парцели со по 2000 квадрата, процент на изграденост не повеќе од 10-15% од самите парцели, без поткровја, без глупи декорации, без ковано железо, без капии и ѕидини како средновековни тврдини. И да видам цена од 1-2милион еур по куќа и стварно да биде елитно, цената да биде филтер. Зеленило до максимум каде што може. Е тоа е елитна населба, такво нешто нема и нема да има скоро време. На пример во предградијата на Вашингтон и некои побогати градови во Америка, ова е осовна конфигурација на населба што ја раскажав по последниов пасус. Видете ја Санта Моника во Калиформнија како изгледа. И тамо исто масфтрав има потрошено, иста количина и бетон и стакло и асфалт. Ама тоа во Македонија можеме само на филм да го гледаме. А не е тешко да го имаме, само до паметот е ! Има само една населба во Скопје која може да биде приближно во категорија на елитна населба, која уствари и некако природно се наметна така, а никогаш специјално не е рекламирана и продавана како елитна населба иако е таква елитна уште од почетоците во минатиот систем. Има неколку амбасади, повеќе резиденции на амбасади и повеќе приватни куќи. Само ова може да биде елитна населба, друго не се признава во Скопје сега за сега. Edited by user8642 - 06-Jul-2020 at 18:43 |
|
Post Reply | Page 123 8> |
Forum Jump | Forum Permissions You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |