build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Проблем со диви депонии

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 23456 8>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Влатко View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Aug-2016
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 512
  Quote Влатко Quote  Post ReplyReply #61 Posted: 10-Feb-2021 at 07:44
Какви лажговци. Се силеа пред новата година дека за еден месец се ќе е готово а сега им требаат дополнителни студии за расчистување. Потребни биле 26 милиони евра. Да не потенцирам дека за оваа депонија, од страна на жителите на Визбегово е апелирано со години наназад и нема институција која не е информирана. Тотална немоќ на надлежните.
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 1365
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #62 Posted: 10-Feb-2021 at 18:46
Само да напоменам дека земјениот пат помеѓу Горно Оризари под самата Обиколница е исто толкава депонија и само се шири, така што јас навистина не знам какво е тоа парцијално чистење.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #63 Posted: 27-Feb-2021 at 15:05
Дивите депонии во земјава бавно се чистат



https://alsat.mk/mk/divite-deponii-vo-zemjava-bavno-se-chistat/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #64 Posted: 08-Mar-2021 at 08:14
Некогаш стадион на ФК Зајас, денес депонија – диви депонии никнуваат насекаде низ кичевските села



https://mk.tv21.tv/nekogash-stadion-na-fk-zajas-denes-deponija-divi-deponii-niknuvaat-nasekade-niz-kichevskite-sela/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #65 Posted: 10-Mar-2021 at 17:56
ГОРАТ ДИВИ ДЕПОНИИ И КАБЛИ НА БИТОЛСКОТО МААЛО БАИР



Откако се ставени заштитни огради на обиколницата над Битола, смет не се пали на патот, туку низ дивите депонии во неурбанизираната населба Баир. Од Пожарната велат дека скоро секој ден добиваат повици да гаснат запалено ѓубре. На 8 март, беа повикани два пати во една вечер да гаснат ист пожар на крајот од улицата Дебарска, под мостот до каде не води асфалтен пат.

„Пожарникарите само што го изгаснаа пожарот на дивата депонија и се вратија, повторно добивме повик дека гори на истото место, по што екипата пак гаснеше таму. Постојат индиции дека некој потпалува. Интервенцијата е отежната, зашто до местото каде што се наоѓа депонијата нема асфалтен пат. Мора да одиме по околниот, да спуштиме црева за вода, па да се симнеме. Скоро секој ден имаме повици за запалено ѓубре на Баирот. Палат дури и зад оградите на обиколницата“, велат од Битолската пожарна.

Освен ѓубре и гуми, се палат и кабли. Само за да се дојде до некој грам бакар, цела населба дише црни чадови. Пред осум години имаше забарана за откуп, но траеше кратко. Денес, социјалните мрежи се преполни со огласи за откуп на старо железо, алуминимум, бакар, месинг. Цена по договор, а го подигаат и од дома. Низ улиците во Битола секое утро како будилник минува возило кое на разглас емитува реклама за откуп на старо железо.

„Не е дека не знаеме оти е опасно, ама ова го правиме за егзистенција. Заработиме 220 денари за килограм, ако собираме шишиња заработката е помала. Во откупните центри не откупуваат кабли, па сами да го вадат бакарот, туку бараат готов производ“, вели жител на Баирот.

Местото е неурбанизирано и никнуваат кривулести, тесни, калливи патеки според потребите на жителите. Организираното собирањето на сметот тука е ограничено зашто има делови до кои не можат да допрат камионите на „Комуналец“. Дел од жителите се ослободуваат од ѓубрето фрлајќи го по дивите депонии и така се загадуваат едни со други. Според истражувањето на „Геосфера“ Битола, во однос на подигањето на отпадот, само 18 проценти е достапен простор во населбата, а останатата територија е недостапна за организирано собирање на смет. Таму 369 метри од улиците се асфалтирани, а 1.591 метар останува неасфалтиран.

„Не можеме ѓубрето да го влечкаме во градот. Кога ќе се собере, го палиме. Ама има и други битолчани кои знаат дека овдешните жители се социјално загрозени и наместо ‘Комуналец’ бараат некој од тука да им фрли гломазен отпад. Ќе му дадат 200 денари и не прашуваат каде ќе го носи , а тие ќе го донесат тука“, кажуваат жители од Баирот.

Од Јавното претпријатие „Комуналец“ велат дека се собира редовно смет каде што има техничка можност, но онаму каде нема услови за тоа, не влегува возило, нема пат, не можат. За дивите депонии, велат дека во неколку наврати ги чистеле и пак се создаваат.

Од Здружението „Геосфера“ пред неколку месеци на најсиромашното население на Баирот им поделиле триесетина алатки за да не ги палат каблите, со што ќе се намали аерозагадувањето и побарале да се организира откуп на ПВЦ гумата од каблите за да ги стимулираат луѓето за селекција на отпад, но не наишле на интерес.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/gorat-divi-deponii-i-kabli-na-bitolskoto-maalo-bair/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #66 Posted: 21-Mar-2021 at 18:34
Нема решение за депониите во Арачиново и Липково



Ридови отпад на дивите депонии низ земјата.Општините тврдат дека ги чистат но на терен отпадот e насекаде. И по повеќе од дваесет години на иста локација стојат двете диви депонии во општините Арачиново и Липково. Првата депонија се наоѓа на самиот излез од Арачиново на магистралниот пат Скопје-Куманово, втората на еден километар од првата.

„Дивите депонии во овие општини се вистинска еколошка бомба.Тука може да се најде речиси се од градежен шут,пластични и стаклени шишиња,непотребни играчки па дури и остатоци од храна. Страшно е што овие депонии често знаат да се запалат, а чадот штети по здравјето на жителите од околните населени места.“

Актуелниот градоначалник на Липково Еркан Арифи во првите шест месеци од својот мандат ветуваше решение за најголемата дива депонија во оваa општина.

“Депонијата во село Никуштак да ја оградиме со ѕид за да не м пречиме на нивите и луѓето кои поминуват од таму ”

Четири години после ова изјава, на терен иста слика. Сега решението го гледаат ви изградбата на регионалната депонија.

„Имаме проблеми со општина Арачиново и Куманово кои фрлаат отпадоци, дури и работниците кои одат на работа во Скопје од Куманово и тука фрлаат отпад. “

Од друга страна предизборно ветување за другата депонија во Арачиново, имаше и актуелната градоначалничка Миликија Халими.

„Како можеме да живееме достоинствено кога секојдневно се соочуваме со ѓубре на нашите улици.Дивата депонија гори секој ден, и непотребно ги труе сите жители. Ние сме луѓе кои живееме во 21 век, не заслужуваме услови како во средниот век.“

„Од општина Арачинов ниту градоначалничката ниту вработените задолжени за овој проблем не сакаа да коментираат кога граѓаните на Арачиново ќе добијат решение за дивата депонија.“

Од друга страна жителите на општините мака мачат со отпадот, велат дека се гушат од лошата миризба.

„Проблемот е кај општитана ние го чистиме губрето во селото. Од нова година само четири пати биле да го соберат отпадот од селото,го палат отпадот неможеме да поминеме низ патот.“

„Неможам да спијат од миризбата куќата ми е блиску до депонијата десет метри. Целото село пати од ѓубрето,никогаш вака не било. Дали имаме или немаме општина по се изгледа дека немаме. “

Дивите депонии и наттаму ќе останат на исто место се додека не се изгради ветената регионална депонија во Свети Николe за да се собира целиот отпад од овие општини. Дел од граѓаните и понатаму ќе фрлаат отпад во дивите депонии, а дел во нив ќе бараат извор за дополнителен приход собирајќи старо железо.

https://alsat.mk/mk/nema-reshenie-za-deponiite-vo-arachinovo-i-lipkovo/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #67 Posted: 22-Mar-2021 at 07:55
Диви депонии долж реките, корита полни со отпад – состојбата на реките од година во година е сѐ позагрижувачка



https://mk.tv21.tv/divi-deponii-dolzh-rekite-korita-polni-so-otpad-sostojbata-na-rekite-od-godina-vo-godina-e-s-pozagrizhuvachka/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #68 Posted: 04-Apr-2021 at 16:48
кај црквата во Маџари





https://www.facebook.com/groups/145337166272043
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #69 Posted: 11-Apr-2021 at 15:14
СТРУМИЦА СО МЕСЕЦИ МАКА МАЧИ СО ДИВИ ДЕПОНИИ



Изминатава недела седум физички и правни лица се фотографирани како фрлаат отпад на забранети локации по ридовите над Струмица од страна на граѓани и еко активисти.

Фотографиите се доставени до „Комуналец“ кој ги лоцираше загадувачите и во соработка со комуналната инспекција покрена постапка. Паралелно сите тие се натерани сами да го соберат отпадот.

Бранко Ѓеоргиев од „Комуналец“ вели дека тоа е резултат на соработката на граѓанскиот сектор.

Од февруари досега струмички „Комуналец“ има исчистено 30-тина диви депонии во општината. Но на дел од локациите повторно се натрупани со отпад. Освен по околните ридови отпад се фрла и во периферијата на Струмица. Најизразено е на локациите каде што се гради.

Од струмички „Комуналец“ велат дека со пролетната акција ќе бидат опфатени и депониите со градежен шут и во периферните делови при што очекуваат да се вклучи и механизација на градежни фирми.

Струмица секоја година се соочува со диви депонии иако во сите населени места има воведено систем на организирано собирање на отпадот. Паралелно воведе и бесплатно подигање до два кубни метри градежен шут од домовите на струмичани.

https://24.mk/details/strumica-so-meseci-maka-machi-so-divi-deponii
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #70 Posted: 27-Apr-2021 at 14:14
Неколку месеци по интервенцијата на Град Скопје, кејот на Вардар кај Трубарево пак е дива депонија [галерија]

Само неколку месеци откако Градот Скопје интервенираше кај поранешната депонија Вардариште за рушење на дивите рампи пробиени кон коритото на реката Вардар, кејот од Вардариште во правец кон Трубарево повторно е претворен во огромна депонија. Камиони, колски коли и комбиња пристапуваат по земјени патишта во правец од населбата Лисиче, го минуваат железничкиот мост и преку дивите рампи, го истураат отпадот директно во мајор коритото на Вардар.

Станува збор за локацијата на која треба да се гради идната пречистителна станица за отпадни води во Скопје, која во моментов е преполнета со секаков вид на отпад, од градежен шут и вреќи со непознат отпад, преку остатоци од облека и мебел, до кеси со ѓубре од домаќинства. Отпадот е расфрлан насекаде, а нови нелегални тури непрестано се носат на ова место. Бидејќи е натрупано поголемо количество на отпад, на терен може да се забележи дека делови од дивата депонија биле запалени.

Градот Скопје на почетокот од ноември минатата година, информираше дека ЈП „Улици и патишта“ работеле на рушење на диво пробиените рампи на кејот на Вардар кај Вардариште. Тогаш тие ветија дека ќе ги затворат и северните пристапи кон депонијата, но и дека градскиот инспекторат за животна средина заедно со полицијата и пожарникарите ќе ја засилат контролата и ќе го спречат сузбивањето на огновите на отворено.

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов тогаш изјави дека Вардариште генерира смрдеа и загадување во населбите Ново Лисиче и Лисиче, посочувајќи дека за целосна санација на локацијата се потребни 26 милиони евра.

„Мета.мк“ во изминатиов период во неколку наврати пишуваше за нелегалното трупање на отпад по течението на реката Вардар, во правецот од Вардариште и Лисиче преку Трубарево и Јурумлери кон останатите населби на излезот од Скопје, каде има десетици диви депонии. Пишувавме и за дивата депонија во Визбегово, која Градот Скопје кон крајот на минатата година се обврза да ја исчисти.









https://meta.mk/nekolku-meseczi-po-intervenczijata-na-grad-skopje-kejot-na-vardar-kaj-trubarevo-pak-e-diva-deponija-galerija/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #71 Posted: 29-Apr-2021 at 14:18
ИСЧИСТЕНИ ДВЕ ДИВИ ДЕПОНИИ ВО ОПШТИНА ЧАИР









Екипите на ЈП Комунална хигиена денеска расчистија две големи диви депонии во општина Чаир, односно во Топаана (кај Арена Петрол) и во близина на стадионот во Чаир. На депониите несовесни граѓани имаа фрлено градежен и кабаст отпад, како и мешан комунален отпад. Екипите на ЈП Комунална хигиена бележат драстично зголемување на количеството отпад што го расчистуваат од диви депонии, а во изминатите три години отстраниле дури десет пати повеќе отпад од јавни површини низ градот.
Градот Скопје упатува апел до своите граѓани да се однесуваат одговорно со својот отпад, да не го фрлаат на јавни површини, бидејќи само доколку сите се однесуваме совесно и правилно го одлагаме отпадот ќе создадеме услови за подобар и поквалитетен живот и ќе имаме почиста и поубава животна средина.
Акцијата којашто денеска ја реализираше ЈП Комунална хигиена-Скопје беше во координација со Општината Чаир

https://www.facebook.com/CityofSkopje
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #72 Posted: 04-May-2021 at 15:48
СЕ РАСЧИСТУВА ГОЛЕМА ДИВА ДЕПОНИЈА ВО ДРАЧЕВО







Градот Скопје во соработка со Општина Кисела Вода денеска почна акција за расчистување голема дива депонија во Драчево. На почетокот на активностите за расчистување на ова сметиште присуствуваа градоначалниците на Град Скопје и на општина Кисела Вода, Петре Шилегов и Филип Темелковски, како и директорот на ЈП „Комунална хигиена“, Абдусамед Шабани.
- Во општината Кисела Вода, во населеното место Драчево, преку јавните претпријатија на Град Скопје денеска започнуваме со расчистување на една огромна дива депонија создавана во изминатиот период, а која негативно влијае врз животната средина. Спроведуваме континуирана акција во Скопје, во изминатиов период расчистивме повеќедецениски депонии, како депонијата во Мичурин и депонијата во Визбегово, и секаде каде што просторните услови ни дозволуваа, наместо депонии сега на тие места имаме паркови во кои уживаат граѓаните. За десетина дена овде ќе бидеме целосно готови, овој простор ќе биде израмнет и ќе настапи системот кој што го воведовме во соработка со општините, а тоа е системот на засилен инспекциски надзор со цел радикално да ги казниме создавачите на вакви депонии и да не дозволиме животната средина да биде загрозена – рече денеска градоначалникот Шилегов.
Тој упати апел до граѓаните да ја чуваат животната средина и да не создаваат диви депонии, зашто, како што рече, кон Скопје треба да се однесуваме како да е наш дом.
- Грижата за животната средина треба да е повеќестрана - од нас како институции од една страна преку чистење и засилен инспекциски надзор, но и од страна на граѓаните кои можат да придонесат за зачувување на животната средина – нагласи Шилегов.

https://www.facebook.com/CityofSkopje
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #73 Posted: 09-May-2021 at 11:04
Депонијата во Никуштак сѐ уште без решение, регионалната депонија до никаде!



https://mk.tv21.tv/deponijata-vo-nikushtak-s-ushte-bez-reshenie-regionalnata-deponija-do-nikade/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #74 Posted: 14-May-2021 at 17:22
Еколошка „бомба“ покрај Лепенец: Граѓаните очекуваат итно чистење на дивата депонија во Ново Село



За катастрофата која се случува на почвата и водата поради депонијата во Ново Село, покрај Лепенец, во Општина Ѓорче Петров, алармираат жителите и граѓанските здруженија, но нема конкретен одговор што ќе се преземе од оние чија одговорност е да се грижат за градот.

Огромната дива депонија во Ново Село покрај реката Лепенец е уште една од неколкуте во Скопје кои со години претставува еколошка „бомба“ и ги уништуваат почвата, водата, воздухот и здравјето на граѓаните, за кои надлежните не можат да најдат решение и покрај најавите дека депониите ќе се исчистат и раззеленат.

За еколошката катастрофа која се случува поради депонијата во Ново Село во Општина Ѓорче Петров, алармираат жителите и граѓанските здруженија, но нема конкретен одговор што ќе се преземе од оние чија одговорност е да се грижат за градот. Донесени се и локални еколошки планови, но на терен малку се гледа од она што е зацртано во нив.

Од Општина Ѓорче Петров тврдат дека и порано преземале мерки за расчистување на депонијата, а тоа ќе го прават и во иднина согласно дадените услови и можности, како на локално така и на централно ниво.

– Преземени се низа конкретни чекори, како што беше заградувањето и нивелирањето на просторот на депонијата. За понатаму е подготвен план за зазеленување и реанимирање на просторот со засадување на високостеблести садници и украсни растенија, за што веќе е постигнат договор со ЈП „Македонски шуми“ и е направена селекција на бројот и видовите на садници – објаснуваат од Општината.

Оттаму велат дека за конечно решавање на статусот на депонијата, односно нејзино расчистување и одлагање на отпадот на соодветна легална депонија, Општината има изготвено анализа и соодветна студија, при што приближната вредност на оваа операција надминува сума од еден милион евра.

– Ова би било прашање за кое општината ќе мора да побара помош од централната власт или донатор, за што се надеваме дека во скоро време ќе биде реализирано. Општината исто така планира во многу брзо време целосно затворање на двата влеза на депонијата, со пропуштање само на жителите-сопственици на околните ниви – велат од Ѓорче Петров.

Сепак, оттаму нема прецизен одговор дали Општината има капацитет да ја исчисти депонијата во Ново Село и како воопшто се дозволило депонијата да стане огромна и да ја загрози целата околина. Нема одговор ниту на обвинувањата на тамошните жители дека на депонијата се забележени и општински камиони како, наместо на Дрисла, на овој простор исфрлаат отпад.

Молчат и од Град Скопје за тоа дали и што ќе преземат со депонијата, но тврдат дека лани ја исчистиле. Сепак, нејасно е, доколку ја исчистиле, како можело за една година повторно да се создаде огромна депонија.

-Град Скопје со соработка со Општина Ѓорче Петров во текот на мината година ја расчисти оваа стара децениска дива депонија покрај реката Лепенец во Ново Село. Во текот на изминатиот период инспекторите и комуналните редари на Град Скопје вршеа засилени контроли на терен, но сепак не е можна секојдневна контрола на оваа локација. Борбата за поздрава и почиста средина е процес во којшто треба да бидат вклучени сите надлежни институции, но и граѓаните со своето одговорно однесување – одговорија од Град Скопје.

На својот фесјбук профил за овој проблем се огласи и граѓанската активистка и советничка во Советот на Град Скопје, Драгана Велковска, која посочи дека дивата депонија во Ново Село не е сама и дека помали или поголеми слични вакви локации имаме безмалку на секој чекор.

– Главната вина е на институциите со носењето на шупливи законски решенија, со неспроведување на и тие лабави законски одредби што постојат, со селективно казнување, неовозможување начини за редуцирање на отпадот итн. Делувањето вака однадвор како граѓански сектор и обидите да ги принудиме институциите да работат во полза на граѓаните, на оние кои ги плаќаат за да постојат – не се речиси никакво решение. Решението е да се влезе внатре во институциите, да се врати моќта на одлучување кај граѓаните. На тоа ние веќе работиме. Оваа седмица официјално ја пуштивме во употреба платформата „МојГрад“, тоа е една иновативна алатка за директна демократија со чија помош граѓаните може да вршат притисок врз институциите, да поднесуваат предлози за подобрување на квалитетот на нивниот живот и најважно, тоа е форум кој очекуваме да прерасне во механизам за отфрлање на сегашното вертикално управување со општините и премин на хоризонтално самопуправување засновано на принципите на одржлив развој и солидарност – напиша Велковска.

https://www.slobodenpecat.mk/ekoloshka-bomba-pokraj-lepenecz-graganite-ochekuvaat-itno-chistene-na-divata-deponija-vo-novo-selo/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #75 Posted: 14-May-2021 at 17:26
Милиони тони ѓубре, шут и смет повторно со камиони се носат во дивата депонија



Преземени се низа конкретни чекори, како што беше заградувањето и нивелирањето на просторот на депонијата. За понатаму е подготвен план за зазеленување и реанимирање на просторот со засадување на високостеблести садници и украсни растенија, за што веќе е постигнат договор со ЈП „Македонски шуми“ и е направена селекција на бројот и видовите на садници – потенцираат општинските власти и додаваат дека планираат во многу брзо време целосно затворање на двата влеза на депонијата, со пропуштање само на жителите -сопственици на околните ниви

Жители на Ново Село, кое се наоѓа на територијата на Општина Ѓорче Петров, реагираат на социјалните мрежи, споделувајќи и фотографии од траорни сцени од еколошката катастрофа што и се случува на река Лепенец во ова населено место. Тие велат дека на оваа локација е создадена најголемата, најужасната дива депонија во Македонија која во четвртокот повторно горела и прашуваат: „Зошто мора да ни се случува токму ова кај нас“.

-Зарем се поважни нечии црни бизниси од она што значи живот за сите нас. Зарем немаме доволно еколошка свест за да си кажеме стоп, крај, нема повеќе да го дозволиме ова – револтирани се жителите.

Славчо Мисајлески, советник во Општина Ѓорче Петров, кој живее во Ново Село, го потврдува тоа и за ВЕЧЕР изјави дека покрај коритото на реката Лепенец во атарот на Ново Село се случува невидена еколошка катастрофа.

-Милиони тони ѓубре, шут и смет буквално се слеваат во самата река. Нема зборови со кои може да се опише целиот ужас освен истиот да се види на лице место со сопствени очи. Уништена е целата еко-флора, почвата е целосно загадена а контаминирани се и подземните води. Самата големина на депонијата е колку 15 фудбалски игралишта или близу 11 хектари земјиште. Појасот на којшто се наоѓа дивата депонија е во втората заштитна зона на бунарите покрај река Лепенец од кои градот Скопје се напојува со 30 проценти од пивката вода за пиење. Вакво нешто во овој појас е незамисливо да се случува, но за жал, тука депонијата секојдневно ги надминува своите граници и тоа со амин на локалната власт – истакна Мисајлески.

Тој додава дека депонијата ескалирала изминативе неколку години.

-Пристапот кон депонијата е возможен само од две страни, оградена е од сите страни, а самите влезови се заштитени со рампи и поставени се чувари на нив. Невозможно некој да влезе на неа, а да нема дозвола од Општина Ѓорче Петров. Честопати реагирав да се прекине депонирањето на ѓубрето во река Лепенец, чуварските и инспекциските служби да си ја вршат законски својата работа и да се престане со пуштање на тешки камиони да влегуваат на тој појас. Имаше бројни новинарски прилози, протести од граѓани, но за жал сето тоа не допираше до надлежните служби – тврди Мисајлески.

Тој вели дека по дојава од загрижени жители бил лично да ја увиди состојбата со депонијата, а на самото место сретнал камиони како влегуваат и излегуваат и на прашање со која дозвола тие го депонираат отпадот му било одговорено дека немаат писмена дозвола, но имаат усмена од градоначалникот Александар Наумоски. Истото му го потврдил и самиот чувар.

-Градоначалникот што им давал умени согласности за нелегално депонирање отпад заедно со градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов даваше изјави дека депонијата е санирана со средства од градот во висина од 10 милиони денари, дека истата ќе биде затворена, дека земјиштето ќе биде култивизирано и на истото ќе направеле зелени парковни содржини. Даваа изјави оние кои ја создадоа депонијата и ги лажеа граѓаните. Завршуваа пресовите и веднаш после неколку дена се си се одвиваше исто како што си беше претходно. И денес повторно влегуваат десетици и десетици тешки камиони на дневна основа кои депонираат градежен шут, ѓубре и отпад во самата река и ја создаваат најголемата дива депонија во градот Скопје а можеби и во цела Македонија. Еколошката катастрофа што се создаде на самата река Лепенец во Ново Село е од апокалиптичен карактер, а штетите се ненадоместливи – вели Мисајлески.

Тој повторно упати апел до Наумоски и до Шилегов да го прекинат протокот на нелегално депонирање на отпад во реката, ѓубрето покрај коритото да го отстранат, да се исчисти почвата и конечно вистински да се култивизира и зазелени просторот кој беше уништен изминативе години наназад, но и да се стави крај на еколошкиот помор кој што и се случува на реката Лепенец, во атарот на Ново Село.

Од Општина Ѓорче Петров вчера одговорија дека преземале во минатото, а ќе преземаат и во иднина мерки за расчистување на депонијата, согласно дадените услови и можности, како на локално така и на централно ниво.

-Преземени се низа конкретни чекори, како што беше заградувањето и нивелирањето на просторот на депонијата. За понатаму е подготвен план за зазеленување и реанимирање на просторот со засадување на високостеблести садници и украсни растенија, за што веќе е постигнат договор со ЈП „Македонски шуми“ и е направена селекција на бројот и видовите на садници-потенцираат општинските власти.

Тие додаваат дека за конечно решавање на статусот на депонијата, односно нејзино расчистување и одлагање на депонираниот отпад на соодветна легална депонија, Општина Ѓорче Петров има изготвено анализа и соодветна студија, при што апроксимативната вредност на оваа операција надминува сума од еден милион евра.

-Ова би било прашање за кое Општината ќе мора да побара помош од централната власт или донатор, за што се надеваме дека во скоро време ќе биде реализирано. Исто така, Општината планира во многу брзо време целосно затворање на двата влеза на депонијата, со пропуштање само на жителите-сопственици на околните ниви – најавија од Општина Ѓорче Петров.

Од Град Скопје велат дека во соработка со Општина Ѓорче Петров во текот на мината година ја расчистиле оваа стара децениска дива депонија покрај реката Лепенец во Ново Село.

-Во текот на изминатиот период инспекторите и комуналните редари на Град Скопје вршеа засилени контроли на терен, но сепак не е можна секојдневна контрола на оваа локација. Борбата за поздрава и почиста средина е процес во којшто треба да бидат вклучени сите надлежни институции, но и граѓаните со своето одговорно однесување- одговорија градските власти, апелирајќи, граѓаните да ја чуваат животната средина и да не создаваат диви депонии.

https://www.vecer.press/милиони-тони-ѓубре-шут-и-смет-повторно/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #76 Posted: 27-May-2021 at 14:18
Огромните количества на отпад го пролонгираа рокот за чистење на депонијата во Визбегово

Дивата депонија во Ново Село покрај реката Лепенец е уште една од неколкуте во Скопје кои со години претставува еколошка „бомба“ и ги уништуваат почвата, водата, воздухот и здравјето на граѓаните.

Иако градските и општинските влaсти најавија дека една од најголемите диви депонии во Скопскиот регион, депонијата во Визбегово, ќе биде расчистена за триесетина дена, сепак работите на терен се одвиваат многу побавно од очекуваното. Расчистувањето на депонијата во Визбегово стартуваше на 25 декември минатата година и истото сеуште трае поради огромните количества шут и отпад кои со децении наназад биле складирани од страна на несовесните граѓани.

– Град Скопје привршува со големата акција за расчистување на повеќедецениската дива депонија во Визбегово. На расчистувањето работат екипи на ЈП „Улици и патиша“. Со расчистувањето на оваа огромна дива депонија, Град Скопје реши повеќедецениски еколошки проблем за Скопје, а особено за жителите на околните општини Шуто Оризари, Бутел и Чучер Сандево. Натамошното уредување на овој простор е прашање за надлежните општини за оваа локација. Во наредниот период најважно е да биде спречен пристапот до оваа локација, како би се оневозможило нејзино повторно создавање. Во нејзината околина е можно создавање на сметилишта, но тие полесно се отстрануваат и општините треба веднаш да реагираат доколку се забележи ваква појава – објаснуваат од Град Скопје.

Инаку, станува збор за една од најголемите диви депонии во Скопскиот регион која се простира на 10 хектари, односно на 100 илјади метри квадратни. Насобраното ѓубре старo неколку децении претставуваше „жешка еколошка точка“ во oвој дел на градот. На посочената локација, честопати се палеа поголеми количества ѓубре поради што концентрацијата на канцерогените ПМ10 честички континуирано растеше во тој дел на градот, притоа загрозувајќи го здравјето на локалното население поради континуираното вдишување на чад.

Инаку, освен депонијата во Визбегово, огромната дива депонија во Ново Село покрај реката Лепенец е уште една од неколкуте во Скопје кои со години претставува еколошка „бомба“ и ги уништуваат почвата, водата, воздухот и здравјето на граѓаните, за кои надлежните не можат да најдат решение и покрај најавите дека депониите ќе се исчистат и раззеленат.

Градските власти информираат дека, минатата година се реализирала акција за расчистување на посочениот простор, но од тогаш до сега, на тоа место повторно има расфрлано огромно количество на шут и отпад.

– Град Скопје со соработка со општина Ѓорче Петров во текот на мината година ја расчисти оваа стара децениска дива депонија покрај реката Лепенец во Ново Село. Во текот на изминатиот период инспекторите и комуналните редари на Град Скопје вршеа засилени контроли на терен, но сепак не е можна секојдневна контрола на овој голем простор. Исто така, во овој случај станува збор за ограден простор со влезна врата и тој што го контролира влезот на оваа локација треба да објасни како повторно се создава. Борбата за поздрава и почиста средина е процес во којшто треба да бидат вклучени сите надлежни институции, но и граѓаните со своето одговорно однесување. Апелираме до граѓаните да ја чуваат животната средина и да не создаваат диви депонии – децидни се од Град Скопје.

https://www.slobodenpecat.mk/ogromnite-kolichestva-na-otpad-go-prolongiraa-rokot-za-chistene-na-deponijata-vo-vizbegovo/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #77 Posted: 29-May-2021 at 17:12
Дивата депонија кај Струга се полни со смет, регионална депонија се ветува здравје за догодина



https://alsat.mk/mk/divata-deponija-kaj-struga-se-polni-so-smet-regionalna-deponija-se-vetuva-zdravje-za-dogodina/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #78 Posted: 07-Jun-2021 at 13:50
Депонија среде Центар, градоначалникот се правда дека проблемот ќе се реши



Градежениот шут запоставен неколку месеци, се претворил во депонија каде што граѓаните си го исфрлаат домашниот смет, а топлото време дополнително ја влошува ситуацијата, па граѓаните кои што живеат во околината на дивата депонија на Ул. Христо Смирнински, во близина на Универзална сала, ниту можат да прозори да отворат, ниту пак на терасите и во дворовите кафето да си го испијат.

-Сега како што доаѓа се потопло време, веќе почнува да се чувстува таа непријатна миризба, да не речам смрдеа. Освен градежниот шут полека почнува да се фрла обично комунално ѓубре на ова исто место, така што едноставно се претвора во едно ѓубриште кое никој не го расчистува.

Револтираните граѓани неколку наврати испратиле жалби до општина Центар, но решение, а ниту одговор од оваа институција не добиле. Слична е приказната и со комуналната хигиена.

-Со инвеститорот не бидејќи тоа не е наша обврска и ние немаме никакви релации со инвеститорот, туку различни соседи реагираа на страницата на општина центар, на пријави проблем повеќе пати е пријавувано, меѓутоа до сега нема добиено никаква реакција.

Канал 5 стапи во контакт со градоначалникот на Богдановиќ, кој порача дека од општина имало реакција до инвеститорите да се исчисти местото, доколку проблемот не се реши општината тоа ќе стори на сметка на инвеститорите.

-Ние таму преземавме неколку мерки и изрекоа инспекциските служби неколку санкции и им дадовме рок на тие луѓе да го отстранат, а ако не го отстранат ќе го остраниме ние, тоа ќе биде за два три дена, нормално на терет на самите инвеститори, вели Богдановиќ.

Жителите на Христо Смирнински се надеваат дека ситуацијата ќе има разрешница, во спротивно кажаа дека ќе продолжат да протестираат се до решавање на проблемот.

https://kanal5.com.mk/deponija-srede-centar-gradonachalnikot-se-pravda-deka-problemot-kje-se-reshi/a478209

Edited by stef4o - 07-Jun-2021 at 13:51
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #79 Posted: 08-Jun-2021 at 07:08
30 години по ред, никој не ги чисти депониите, многу ѓубре што гори во Слатине – Теарце-Ова ли е зелена програма?



ликите покажуваат дека тука нема само ѓубре, туку планина од ѓубре. За жал, тие се изгорени за да се намалат, додека оваа депонија се наоѓа во Слатина, општина Теарце.


Градоначалникот на месната заедница на селото Слатиница, Даут Имери за ТВ21 изјави дека оваа депонија таму е веќе 30 години.


„Тој отпад таму се фрлаше приближно 30 години затоа што нема каде да го фрлаат. Се што гори се меша, го загадуваше воздухот. „Загаден воздух излегува од паркот, има чад, кој не гори“, рече Даут Имери, претседател на МЗ Слатина.


Според жителите, отпадот се фрла затоа што општина Теарце нема компанија за собирање отпад, но има распишано тендер.Во моментов има компанија што доаѓа еднаш на секои две или три недели да го собере отпадот , а притоа никој не може да го чува отпад толку долго дома.


„Тоа е претпријатие кое има општински тендер, мислам дека е од Боговиње и се случува да не дојдат со месеци. Две ,три недели, обично не доаѓаат да го подигнат сметот .Ние исто така се пожаливме и на општинскиот инспекторат. Ни велат дека не можеме и немаме услови. „Тие немаат каде да го фрлат и населението не е виновно додека редовно си плаќаат за подигање на сметот“, додаде Имери.


Контактиравме и со градоначалникот на Теарце, Исен Асани, кој во телефонски разговор рече дека во моментот не е во општината, додека за прашањето на отпадот предложи да го презентираат случајот до општинскиот инспекторат, без да ни даде никакво објаснување дали планира да преземе какви било активности за расчистување на отпадот.

https://mk.tv21.tv/30-godini-po-red-nikoj-ne-gi-chisti-deponiite-mnogu-gubre-shto-gori-vo-slatine-teartse-ova-li-e-zelena-programa/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #80 Posted: 11-Jun-2021 at 06:53
ПАТОТ ОД МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА КОН БУГАРИЈА ЗАТРУПАН СО ЃУБРЕ, ОД ОПШТИНАТА ВЕЛАТ ПРОБЛЕМОТ ЌЕ СЕ РЕШИ СО РЕГИОНАЛНАТА ДЕПОНИЈА

На излезот од Македонска Каменица покрај патот што води за Делчево и Бугарија се наоѓа депонијата каде се собира ѓубрето од цела општина и истата е на видик на сите оние кои минуваат по овој меѓународен пат. Десетици километри понатаму пред Делчево од левата страна исто така покрај патот има дива депонија за шут.

Посебно е опасна депонијата која е на првиот рид над Македонска Каменица која како да се надвиснала над овој град и браната Калиманци. Некогаш се случува чадот од ѓубрето кое се пали да се спушта кон градот, а од дождовите отпадните и опасни материи да се сливаат во браната.

Општинските комуналци и еко друштвата во Македонска Каменица велат дека депонијата покрај патот за Бугарија времено ќе се дислоцира и нема да биде на видик. Сè додека не се изгради регионалната депонија ќе се помести од главниот регионален пат, но пак нема да има идеално место оти ќе била поблиску до браната Калиманци и градот.

Од Општина Македонска каменица најавуваат дека вакви глетки повеќе нема да има затоа што во фаза е реализација на регионален проект помогнат од Швајцарската влада за покривање на постојните диви депонии и нивна дислокација, а ѓубрето и сиот отпад од двете општини да се транспортира во регионалната депонија кај Свети Николе.

„Општина Македонска Каменица ќе го прифаќа и отпадот од Делчево и како претоварна станица сиот отпад и од двата града ќе се транспортира во регионалната депонија за рециклирање на отпад кај Свети Николе“, вели градоначалничката на Македонска Каменица, Соња Стаменковска.

Сашо Велковски градоначалник на Свети Николе за време на својот мандат се обидува да го реализира регионалниот проект за заедничка депонија иако од некои еколошки друштва има отпор. Затоа тој не може да каже кога ќе биде завршен овој проект.

„Регионалната депонија којa се финансира од европските фондови не ја замислуваме како депонија која ќе ја загадува околината, туку напротив, да го рециклира ѓубрето на начин што ќе претставува еко фабрика за обработка на сметот и негово претворање во енергенси“ вели Велковски.

Советот на Општина Свети Николе веќе донел одлука за основање на заедничко јавно претпријатие за регионално управување со отпад. Тоа треба да го собира ѓубрето од 18 општини од Кумановско–паланечкиот регион и од Источна Македонија. Во план се 6 помали претоварни станици за отпад како што се Македонска Каменица и Рамковци и неколку поголеми отпадни станици како што се Кочани и Штип од Источниот регион, а и од Североисточниот крај Куманово од каде сиот смет, отпад и ѓубре ќе се носи во Регионалната фабрика за отпад кај Светиниколското село Мечкуевци.

Кумановско-североисточниот регион располага со 5 нестандардни депонии и 36 други диви ѓубришта, а Источна Македонија со 70 диви ѓубришта и 11 нестандардни депонии што практично значи дека сите општини и во двата региони имаат буквално диви депонии. За да може сиот смет од 18 општини да се рециклира, ЕУ прифати проект и ќе инвестира од 35-40 милиони евра за изградба на Регионална депонија за обработка на ѓубрето.

Против овој проект се повеќе еколошки друштва кои сметаат дека Регионалната депонија негативно ќе влијае на органското земјоделство кое е мошне специфично за Овчеполието и значително ќе го деградира автохтониот растителен и животински свет, пред сè на уникатните жалфија и царскиот орел.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/patot-od-makedonska-kamenitsa-kon-bugarija-zatrupan-so-gubre-od-opshtinata-velat-problemot-ke-se-reshi-so-regionalnata-deponija/
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 23456 8>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.141 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.