build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Проблем со диви депонии

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 34567 8>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19642
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #81 Posted: 14-Jun-2021 at 16:50
Градот Скопје од денеска ја расчистува големата дива депонија на влезот во село Рашче. Од ова сметиште ќе бидат подигнати над 2.000 кубни метри отпад.





https://www.facebook.com/photo?fbid=350901269737605&set=pcb.350902259737506
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19642
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #82 Posted: 15-Jun-2021 at 07:00
По втор пат се чисти депонијата во Рашче, дали функционира општинскиот инспекторат на Сарај?



Со изградбата на новата улица која води од Сарај до село Рашче, се создаде поголем проблем. Овој дел од улицата освен за поминување, се користи и како депонија. А ова е втор пат како општина Сарај заедно со Комунална хигиена го чистат. Доколку не се подобри состојбата од оваа страна, дали тоа ќе значи дека општинскиот инспекторат не си ја врши работата како што треба?

„Не би рекол така, нашите информации говорат дека тоа се прави во доцните часови или раните утрински часови, не се прави во работно време, реално треба да разбереме дека без покревање на свеста на граѓаните и институционалната соработка, невозможно е ние да бидеме дежурни и да имаме 24 часа луѓе овде“, рече Блерим Беџети, градоначалник на Сарај.

А дали имало казни за лицата кои фрлале отпад и шут на овој дел, Беџети вели дека имало.

„Имало казни оваа година?
Да, имало и сега со функционирањето на инспекциите на сите општини во рамки на Град Скопје, верувам дека и ефикасноста ќе биде поголема“, додаде Беџети.

И градоначалникот на Град Скопје рече дека ќе има казни за тие кои фрлаат отпад овде и дека ќе има интензивни контроли.

„На оваа депонија овде, Град Скопје и општина Сарај ќе ги зголемат инспекциските контроли за да може да се спречи ова“, истакна Петре Шилегов.

Вакво нешто започнало да се прави и во делот на Кондово каде во близина на реката Вардар се создаваат диви депонии. За овој дел, градоначалникот на Сарај рече дека се работи со цел и тој дел да се исчисти.

https://mk.tv21.tv/po-vtor-pat-se-chisti-deponijata-vo-rashche-dali-funktsionira-opshtinskiot-inspektorat-na-saraj/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19642
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #83 Posted: 15-Jun-2021 at 07:04
Ова со чистењето диви депонии нема крај,незнам кое би било решението на долг рок.Само надзор,камери и казни за тие што го одлагаат отпадот.Мора активно да се вклучат инспекции и само така да се стави крај на проблемот.
Моменталното решение е всушност трошење пари до недоглед со ангажирање механизација и луѓе за расчистување а не е само тука купишта отпад има и по Маџари,Чаир и ред други населби.Исто така е лоша политиката на КХС која за поддигање кабаст отпад од домовите наплатува по 50-тина евра па луѓето оставаат поред контејнери,во тревници,во реки...има и опција со сопствено возило да го донесеш отпадот на Вардариште и Дрисла но и тоа ретко кој го прави.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19642
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #84 Posted: 11-Jul-2021 at 10:52
ПОКРАЈ ГРАДСКИТЕ ПРАВОСЛАВНИ ГРОБИШТА ВО ТЕТОВО СЕКОЈДНЕВНО РАСНЕ ГОЛЕМА ДИВА ДЕПОНИЈА



Најавуваната зелена агенда никако да профункционира во Тетово. Несовесноста на граѓаните кои фрлаат смет на секаде е голема, но голема е и неефикасноста на Јавното претпријатие од Тетово навремено да го собира сметот од сите контејнери.

Една од најболните точки на градот е таа кај Градските православни гробишта. Тука, по којзнае кој пат е создадена дива депонија, сега долга десетици метри и преполна со најразновиден смет, од коски од животни, па сè до мебел од домаќинствата и градежен шут. Тетовските комуналци повремено ќе ја исчистат оваа депонија, но за кратко време таа брзо се полни.

„Ваквата слика од ова место се повторува па дури и предизборните месеци не се доволен мотив оваа депонија навреме да се сервисира. Крајно време е тој што ќе управува со Општината во следниот мандат конечно да најде место каде ќе се одложува кабастиот отпад од домаќинствата и посебно градежниот шут“, вели Валентин Тасевски, кој живее во близината на оваа депонија.
Ваквата слика покрај Православните гробишта е со години наназад. Жителите на Тетово од православна вероисповест често пати се бунат бидејќи е крајно недостоинствено да се погребуваат починатите покрај една ваква депонија од која се шири неподнослива миризба.

Тетовските комуналци и не се премногу загрижени за ваквата состојба. Од време на време ќе испратат по некој камион да го собере сметот, но тоа не се прави редовно. Најавуваат дека тука ќе ставеле подземни контејнери но не успеавме да дознаеме дали и кога ќе се реализира тоа.

Деновиве ЈП Тетово доби и нов директор, но и тој остана недостапен за информации кога ќе се среди состојбата со сметот и на оваа депонија, но и во целиот град.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/pokraj-gradskite-pravoslavni-grobishta-vo-tetovo-sekojdnevno-rasne-golema-diva-deponija/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19642
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #85 Posted: 18-Jul-2021 at 09:06
Порталб.мк: Никако да се исчисти дивата депонија кај село Одри, Општина Теарце се правда со недостиг на регионална депонија



Несовесните жители создаваат диви депонии покрај автопатот што ја поврзува Северна Македонија со Косово. Оваа состојба се должи на недостиг на стандардизирана депонија во Полошкиот регион каде би се собирал отпадот. Порталб.мк ја сликаше депонијата на влезот од селото Одри, општина Теарце, чии жотели бараат од Општина Теарце почесто да го чисти отпадот. Од општината велат дека депонијата ќе биде исчистена наскоро.
На влезот од селото Одри, кое припаѓа на Општина Теарце, долж патот Тетово-Јажинце, постојано се собира смет. Оваа депонија се создава поради тоа што отпадот не се чисти редовно од страна на одговорните, како и поради несоодветното казнување на несовесните жители кои фрлаат отпадоци, не почитувајќи го знакот „забрането фрлање отпад“.
Жителите на село Одри се загрижени. Според нив, дивата депонија е исчистена неколку пати, но проблемот не е решен.
„Овој проблем постои веќе неколку години, од време на време депонијата се чисти, но ситуацијата е сè уште иста“, вели жителот Ј.Џ.
„Сликите не лош впечаток за селото, особено за време на летниот период кога повеќето од иселениците се враќаат дома, ова не е изгледа на пат што ги поврзува Македонија и Косово“, вели А.Е.
Претседателот на месната заедница Одри, Наим Џелили, вели дека скоро целиот отпад го фрлаат жителите од соседните села Доброшт и Нераште, иако ова место му припаѓа на селото Одри. Според него, отпадоци се фрлаат дури и во приватните имоти.
„Општината има должност да го исчисти отпадот и вети дека ќе го стори тоа, но ништо не е преземено и нема никакви конкретни активности“, рече Наим Џелили.
Тој вели дека Месната заедница – Одри има поднесено жалба во Општината, но и во Месната заедница на Доброшт.
Контактиравме и со Месната заедница на Доброшт, но не добивме одговор.

Од општината велат дека ќе го исчистат местото и се правдаат со недостиг на регионална депонија. Од општина Теарце за Порталб.мк рекоа дека оваа депонија е исчистена пред неколку години, но дека жителите повторно ја наполниле“, вели Џелили.
„Знакот за забрана беше поставен по расчистувањето на просторот, со цел да се известат граѓаните дека депонијата е затворена, но не се почитува“, велат од општина Теарце.
Од Општината информираат дека се изречени казнени мерки за пет лица за фрлање отпад; еден жител ја платил глобата, а другите ја компензирале казната со општа работа.

Општина Теарце

Но, од Општината не одговорија:
1. За кој временски период се казнети овие лица?
2. Колкав е износот на платената казна и кога е таа платена?
3. Што точно значи „општа работа“?
Исто така одговорија дека „наскоро депонијата во Одри ќе се исчисти“, но не прецизираа кога. Сепак, според Општината, конечното решение со управувањето со отпадот ќе биде кога ќе се реши проблемот со регионалната депонија.

Полог нема регионални депонии со соодветни стандарди

Во полошкиот регион во моментот има само една депонија во Гостивар, депонијата „Русино“, која не исполнува никакви стандарди. Локалните жители неколку пати протестираа за овој проблем и го блокираа фрлањето ѓубре. Владата во 2018 година обезбеди 1,5 милиони швајцарски франци за модернизација на „Русино“. На крајот на 2020 година, 9 градоначалници и Владата одлучија „Русино“ да се затвори додека не се модернизира и додека општините не обезбедат пари за кофинансирање за основање на регионално јавно претпријатие „Русино-Полог“.
Првата фаза од модернизацијата е спроведување на физибилити студија, да се обезбеди проектната документација и да се спроведат „брзи мерки” за санирање на последиците по животната средина предизвикани од отпадоците.
Според Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП), првата фаза од проектот е завршена и во моментов се спроведуваат активности за спречување на понатамошно загадување и санирање на локацијата каде во минатото се фрлаше отпад.
Следната фаза е целосна стандардизација на депонијата, за што ќе се добие заем од ЕБОР. Владата побара заем до Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) кој, откако ќе биде одобрен, ќе биде избрана и компанија што ќе ги врши работите. „Се очекува изградбата да започне во втората половина од 2022 година. Владата е одговорна за динамиката на изградбата“, рекоа за Порталб.мк од МЖСПП.

Од ЕБОР се бара заем од 17 милиони евра

За новата стандардизирана депонија „Русино-Полог“ сè уште не е избрана локација, а и сите општини не уплатиле по 2.200 евра како основачка влог, иако имаат потпишано договори.
„Обврските ги имаат платено општините Гостивар, Тетово, Теарце и Јегуновце“, рекоа од МЖСПП.
Според Планот за управување со отпад на ниво на Полошкиот регион, по изградбата на новата депонија, отпадот мора да се собере, транспортира и отстрани од 9 општини во Полог.
„Откако депонијата ќе профункционира, сите домаќинства ќе се задолжат да се снабдат со контејнери и сите ќе треба самите да го носат отпадот на депонијата“, рекоа од општина Теарце.

https://meta.mk/portalb-mk-nikako-da-se-ischisti-divata-deponija-kaj-selo-odri-opshtina-tearcze-se-pravda-so-nedostig-na-regionalna-deponija/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19642
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #86 Posted: 28-Jul-2021 at 16:56
ФОТО: Жителите на Шутка бараат спас од смрдеата од кожи и остатоци од заклани животни









Од Општината не одговорија на нашите прашања дали локалната власт има намера да го реши проблемот на граѓаните и да го исчисти просторот или доколку е приватен имот да му наложи на сопственикот да го направи тоа, ниту одговорија на тоа дали навистина и општински камиони таму го истураат отпадот.

Жители на населбата Шуто Оризари една недела се обидуваат да издејствуваат од нивната Општина да исчисти дива депонија на улица Клисурска. Според кажувањата на мештаните, на тој запуштен простор на улицата, во чија непосредна близина има семејни куќи, освен што несовесни граѓани фрлаат ѓубре, дури, како што велат, и општински камиони истураат отпад.

Уште поголем проблем се случил по Курбан Бајрам, кога на оваа депонија завршиле кожи и други остатоци од закланите животни, поради што во околината се шири ужасна смрдеа, а жителите стравуваат и од зараза. Оттогаш е помината една недела, но и покрај пријавите на граѓаните до Општина Шуто Оризари, до денеска дивата депонија не е исчистена.

Значи не се живее од смрдеа! Не можеме ни прозорец да отвориме ни во двор да поседиме. Ужасно е. Имаше поставено голем контејнер за на празникот таму да се фрлаат кожите и другите работи од животните што се колеа, но народ како народ, некои тука си фрлаа. И не само тоа, камиони од Општината истураат тука ѓубре. Зараза некоја ќе фатиме и никој не се грижи, раскажува еден од жителите од куќите што се во близина на дивата депонија.

Од Општина Шуто Оризари не одговорија на нашите прашања дали локалната власт има намера да го реши проблемот на граѓаните и да го исчисти просторот или доколку е приватен имот да му наложи на сопственикот да го направи тоа, ниту одговорија на тоа дали навистина и општински камиони таму го истураат отпадот.

Нашиот соговорник раскажува дека во неделата вечерта, по многуте нивни пријави до Општината, на локацијата дошол градоначалникот Курто Дудуш на средба со загрижените граѓани. Тој им препорачал сами да се спротивстават на оние кои тука фрлаат отпад, но како што вели, им ветил и дека Општината ќе ја исчисти депонијата.

– Нас нѐ обвини дека сме требале да го чуваме просторот и ако треба и да се тепаме со тие што се обидуваат да фрлат тука ѓубре. Па, тоа не е наша работа. Нека исчисти Општината, нека стави огради, чувар ако треба. Ние тука живееме, имаме право и ние на нормален живот, вели соговорникот.

Во близина на овој простор Општина Шуто Оризари поставила камера за да се контролира кои се тие што на дивата депонија фрлаат ѓубре, но камерата не е во функција.

https://www.slobodenpecat.mk/foto-zhitelite-na-shutka-baraat-spas-od-smrdeata-od-kozhi-i-ostatoci-od-zaklani-zhivotni/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19642
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #87 Posted: 15-Aug-2021 at 08:25
(ФОТО) Среде летни горештини и пандемија, тетовци се задушуваат во смет











Куповите смет оставени на земја околу преполните контејнери, кои се карактеристична слика за Тетово, особено годинава и во летниот период со високи температури, претставуваат голема опасност за здравјето на граѓаните, алармираат стручните лица од областа на здравствената екологија. Дополнително, Тетово се бори и со пандемијата на ковид. Тој во моментов е втор град во земјава според активни случаи на ковид-19.

Комуналната општинска служба секојдневно го собира сметот од контејнерите, но постојат и голем број места каде што нема садови за одлагање отпад, па се создаваат мини-депонии.

Сето тоа се распаѓа и станува извор на бактерии и вируси. Не само месото, туку и лубеница, на пример. Сѐ што е органско се распаѓа и овозможува да се развиваат многу бактерии. Имаме спектар бактерии, од кои најчести се некои како ешерихија коли, ентеро бактерии, полиформни бактерии, салмонела, клостридиум, нема бактерија што не е присутна на таа температура“,

објаснува д-р Давидовски.
Така оставениот смет на земјата и високите температури се лошата комбинација, што доведува до развој на бактериите.

„Безбедна температура да нема развој на бактерии е до 5 степени и над 65 степени. Од 5 до 65 степени народски кажано „оро играат бактериите“. Кога има температура на воздухот 40 степени, на асфалт е 50 степени, па експоненцијално ако се развиваат и се делат за дваесет минути, сега за пет минути се размножуваат бактериите од кои можат да се заболат луѓето“,

објаснува докторот.

Веќе втор мандат тетовската градоначалничка Теута Арифи најавува дека се работи на долгорочното решение за справување со отпадот – формирање заедничко комунално претпријатие на полошките општини, кои ќе имаат и регионална депонија со крајна фаза за третман и рециклирање на отпадот.

https://360stepeni.mk/foto-srede-letni-goreshtini-i-pandemija-tetovtsi-se-zadushuvaat-vo-smet/
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 2271
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #88 Posted: 15-Aug-2021 at 11:55

Naslovot ne e sosem korekter. Ne samo Tetovci tuku cela Makedonija e zatrupana vo smet.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19642
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #89 Posted: 24-Aug-2021 at 17:01
Депонијата во Долно Лисиче се шири и смрди, Марин знае, но не одговара оти тешко му стасуваат мејлови (ФОТО+ВИДЕО)









Наместо да биде исчистена, депонијата во Долно Лисиче се полни. За ѓубрето што со години го „краси" ова место редакцијата на МКД.мк пишува веќе втора година, но и покрај ветувањата на градоначалникот на општина Аеродром, Златко Марин, дека проблемот со оваа депонија ќе се реши, сликата на терен е поинаква. Огромната депонија е полна со кабест отпад, пцовисани животни, кожи од домашни животни, стаклени шишиња, јоргани, скапано овошје и зеленчук... Меѓу останатиот отпад има и азбест, кој незаштитен и расфрлен стои на ова место, што е опасност за животната средина.

Според Правилникот за начинот на постапување со отпад од азбест и со отпад од производи што содржат азбест, отпадот од азбест треба да се собира и отстранува колку што е можно поскоро во соодветно запечатено пакување и обележано на начин што укажува дека содржи азбест.

Отпадот од азбест се пакува во непропустливи затворени вреќи, при што споевите на ткаенината, односно фолијата, мора да бидат целосно заварени или залепени, а оној отпад со лабаво врзан азбест се пакува во вреќи од ткаенина за да се спречи емисијата на азбестни влакна во животната средина.
Овде многу често се палат гуми, а се истураат и цистерни полни со измет.

Неподнослива реа и смрдеа се шири околу Вардар на мостот што ги поврзува Долно Лисиче и Јурумлери, а ѓубре има и на едната и на другата страна на реката.

Очигледно е дека кога ќе се спои несовесноста на граѓаните, но и негрижата на надлежните, резултатот неминовно е депонија и одвратна смрдеа каква што е оваа во Долно Лисиче. Неодамна близу ова место изби пожар и зафати дел од депонијата.

Последниот обид да исконтактираме и да добиеме официјален одговор од градоначалникот Марин ни беше на 5 август преку мејл испратен до општината. По ова нашата редакција телефонски се слушна до пиар-службата на општината, од каде што ни беше кажано дека прашањата се стасани и дека ќе ни биде доставен одговор, а прашањата беа препратени и на друга мејл адреса, која води директно до градоначалникот.

Градоначалникот е запознаен со проблемот, кажано му е. За Вашите прашања му е кажано и на Владимир, шефот на кабинетот на градоначалникот, кој ни појасни дека и граѓаните треба да си бидат одговорни и да не трупаат ѓубре на местото, бидејќи нема кој нив 24/7 да ги контролира. Ќе ви доставиме за кратко и писмен одговор од сето ова", ни одговори во телефонски разговор женски глас и ни се претстави дека се вика Дијана.

По ова нашата редакција трпеливо чекаше, а во меѓувреме се обидовме повторно да исконтактираме телефонски, но безуспешно. Откако не добивме одговор и ништо не ни стаса на службениот мејл, повторно се обративме до општината, а го побаравме и Владимир, шефот на кабинетот на градоначалникот, за кого ни беше кажано дека периодов не користи одмор, доаѓа на работа и знае за овој проблем.

Но од него не добивме одговор ниту на телефонските повици, ниту на пораката на вибер во која детално појаснивме за што ни треба одговор.

Повторно по ова се јавивме во општината и друг женски глас ни кажа дека такви прашања воопшто не се стасани и дека ќе треба да ги пратиме повторно. Кога мислевме дека сме ја завршиле работата и дека општината, која е должна да им одговори на медиумите, ќе излезе со став за овој сериозен и долготраен проблем, кој претставува опасност и извор на зараза, всушност нѐ вратија на почеток.

Но и покрај тоа што по трет пат ги праќавме прашањата за конечно да стасаат до градоначалникот Марин и да добиеме одговор, од таму повторно нѐ извисија.

Чекавме уште два-три дена и повторно се јавивме телефонски во општината и го добивме следниот одговор:

„Не знам што да ви кажам. Дадени се прашањата онаму каде треба, но зошто не одговараат не би знаела да ви кажам. Не знам дали некој ќе одговори. Запознаен е и градоначалникот, и шефот на кабинетот, и кажано им е, но не одговараат, а јас без нивна согласност не можам да ви праќам одговори. Ве разбирам дека имаме обврска да ви одговориме, како и дека чекавте за одговор на овие прашања, но не можам да помогнам и на вас останува што ќе објавите“, ни одговори женски глас во телефонскиот разговор претставувајќи се како замена во канцеларијата за односи со јавност поради одмор на колешката.

Според Законот за локална самоуправа, Општината е должна на граѓаните да им даде пристап до информации за услугите кои им ги обезбедува, а исто така е должна и да ја заштити животната средина и природата.

Кога и да поминете со автомобил на ова прометно место на кое реката Вардар ги поврзува двете општини, од една страна општина Аеродром, од другата општина Гази Баба, не можете да не ги забележите купиштата ѓубре. Ако возите со отворен прозорец ќе ја почувствувате и смрдеата која се шири околу ова место. Во близина на депонијата која со години се полни, се наоѓа и паркот во Долно Лисиче кој е полн со деца. Ова место во зимските денови е меѓу најзагадените во главниот град.

https://www.mkd.mk/makedonija/skopje/deponijata-vo-dolno-lisiche-se-shiri-i-smrdi-marin-znae-za-problemot-no-ne

Edited by stef4o - 24-Aug-2021 at 17:02
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #90 Posted: 24-Aug-2021 at 18:24
Наместо да ја чистат, да стават редари во три смени (45000 денари месечно). Поефективно ќе биде.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 1110
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #91 Posted: 24-Aug-2021 at 18:51
Комунална/еко полиција само. Не знам зашто уште не мрда од мртва точка таа работа. И тоа под државна капа, со добар буџет, вработени, опрема итн. Може и шумска полиција да се спои со нив. Овластувања целосни, од казнување за пикавец во Капиштец до апсење за палење гуми во Липково. Уште па и бонуси ако им даваат од напишани казни на вработените, има државава Швајцарија да стане за 6 месеци.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19642
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #92 Posted: 02-Sep-2021 at 14:25
СЕ РАСЧИСТУВААТ ЧЕТИРИ ДИВИ ДЕПОНИИ ВО ОПШТИНА БУТЕЛ

Екипи на ЈП Комунална хигиена денеска почнаа со расчистување на четири диви депонии во општина Бутел. Депониите, составени од мешан комунален, кабаст и градежен отпад, се лоцирани на улицата Бетовенова, како и улиците Александар Урдаревски и Лазо Трпевски, во непосредна близина на гробиштата.







https://www.facebook.com/CityofSkopje
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19642
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #93 Posted: 07-Sep-2021 at 07:05
Скоро низ цело Маџир Маало има вакви депонии(од твитер)

Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 926
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #94 Posted: 07-Sep-2021 at 15:10
Неверојатно нечист е градов. Не знам што се случува.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19642
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #95 Posted: 08-Sep-2021 at 13:41
Дива депонија на влезот/излезот на Скопје кај полициските бараки





На самиот излез/влез на Скопје, кај полициските бараки во Ѓорче Петров 2, никнува уште една градска дива депонија. Жителите на општина Ѓорче Петров реагираат дека нивната општина станала дива депонија и оти нема населено место во кое нема незаконски оформена локација каде се фрла се и сешто.

Покрај тоа што сме далеку познати по најголемата градска дива депонија во Ново Село, која се трупа и пали секој ден, дивата депонија во Волково и дивата депонија во село Орман, кои со брзината на депонирање на отпад на овие три депонии, кои се наоѓаат по течението на реката Лепенец, во блиско време би се поврзале меѓусебно по целото течение се до вливот на реката Лепенец во реката Вардар – реагираат тие на социјалните мрежи.

За ваквата состојба бараат одговорност од градските власти и решение на овој проблем додека сè уште не е доцна, а не да се премолчува како досега. Како доказ за ваквата состојба тие приложиле фотографии од кои се гледа дека на несоодветно место е истурен пред сè градежен шут.

https://www.vecer.press/дива-депонија-на-влезот-излезот-на-ск/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19642
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #96 Posted: 08-Sep-2021 at 16:32
ПОВТОРНО ДЕБАКЛ НА ГРАДЕЊЕТО НА РЕГИОНАЛНА ДЕПОНИЈА



Регионалната депонија кај Мечкуевци наменета за 18-те општини од истокот и североистокот од државата ќе го почека крајот на локалните избори. Најавата беше дека до крајот на годината ќе биде распишан тендерот за изведба на депонијата и фабриката за отпад.

Но, сеуште актуелните градоначалници не успеаја да се договорат за изборот на ве-де директор на заедничкото јавно претпријатие поради спор за тоа која општина треба да го делегира директорот: онаа на чија површина се наоѓа депонијата или онаа што произведува најмногу ѓубре.

„Постапката за избор на раководно лице со јавното претпријатие е почната, но поради локалните избори одлуката е замрзната. Веднаш штом ќе дозволи Законот, изборот ќе биде направен“ велат од Комисијата за избор.

Месецов треба да започне и чистењето на 70-ина диви и затворањето и култивирањето на помалите нестандардни депонии во овие 18 општини. Овој дел од проектот чини 10 милиони евра. Изведувачите се избрани пред неколку месеци. Само Пробиштип ќе го носи ѓубрето директно во Мечкуевци, за останатите ќе има претоварни станици.

Првичните проценки беа дека депонијата со работа ќе почне во 2023-та година, но тоа веројатно нема да се случи. Проектот за регионалната депонија за овој дел од државата е почнат уште пред 12 години. По целосното завршување ќе чини 46 милиони евра, грант од Европската унија преку програмата за регионален развој.

https://24.mk/details/povtorno-debakl-na-gradenjeto-na-regionalna-deponija
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19642
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #97 Posted: 11-Sep-2021 at 11:32
10.09.2021

Црн чад над Ново Лисиче, гори Вардариште

Црн чад се издига над Ново Лисиче од огнот што го зафатил Вардариште. Од Протипожарната единица за МКД.мк потврдија дека гори Вардариште и дека веќе е испратено едно противпожарно возило да интервенира.





https://www.mkd.mk/makedonija/skopje/crn-chad-nad-novo-lisiche-gori-vardarishte
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19642
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #98 Posted: 12-Sep-2021 at 10:58
Депонијата во Дексион двапати чистена и повторно полна



Граѓани од Општина Ѓорче Петров алармираат дека на самиот излез од Скопје кон Тетово е формирана дива депонија преполна со градежен шут. Според фотографиите што ги споделуваат, дивото ѓубриште е формирано на просторот покрај полициските бараки покрај Вардар во населбата Ѓорче Петров 2, односно Дексион.

Ѓорче Петров стана општина дива депонија, нема населено место во општина кое нема дива депонија – реагираат жители на оваа општина.

Тие бараат решение за овој проблем додека, како што велат, сѐ уште не е доцна, но и одговорност од градските и општинските власти затоа што дозволиле да дојде до оваа состојба.

Покрај тоа, познати сме по најголемата градска дива депонија во Ново Село, која се трупа и пали секој ден, дивата депонија во Волково и дивата депонија во село Орман, кои со брзината на депонирање отпад на овие три депонии што се наоѓаат по течението на реката Лепенец во блиско време би се поврзале меѓусебно по целото течение сѐ до вливот на реката Лепенец во реката Вардар! – информираат за својот проблем во фејсбук-групата „Ѓорче Петров“.

Од Општина Ѓорче Петров велат дека се информирани за проблемот и дека Одделението за инспекциски работи редовно врши контроли на територијата на целата општина, па и на депонијата на излезот од Скопје која, како што тврдат, досега двапати темелно е чистена. Контролите се постојани и се спроведуваат и после работното време и во деновите на викендот.

Општина Ѓорче Петров во континуитет во рамките на своите можности и капацитети ги расчистува депониите и отпадот на своја територија. Депонијата во Дексион кај полициските бараки во изминатите три години, во соработка со Град Скопје, односно со механизација на ЈП „Комунална хигиена“ е двапати темелно исчистена – објаснуваат од локалната власт.

Оттаму додаваат дека со оглед на тоа дека Општината не располага со механизација за самостојно расчистување на депониите, комуналната служба е во постојана координација со Град Скопје и имаат заеднички ингеренции околу расчистувањето на депониите.

На жителите голем проблем им е и депонијата во Ново Село, која и покрај тоа што се расчистуваше мината година, повторно е полна со ѓубре, што укажува дека несовесното однесување на дел од граѓаните и некои фирми продолжува и понатаму.

Од „02 иницијатива“ летово предупредија дека „дивата депонија кај Ново Село секојдневно си работи, топење кабли на отворено, преработка на отпад, циркуларна економија – некој се прави слеп, некој заработува на наше здравје, некој прави голем профит“, но дека ситуацијата не се решава.

Во јуни минатата година екипи на Град Скопје на терен со механизација повторно го расчистуваат просторот, иако старата децениска дива депонија покрај реката Лепенец веќе беше исчистена шест месеци претходно, но во меѓувреме повторно се наполни со отпад.

Надлежните тврдат дека инспекторите и комуналните редари редовно се на терен, но досега не најдоа начин да ја решат ситуацијата и да го спречат фрлањето отпад на просторот кај Ново Село.

https://www.slobodenpecat.mk/deponijata-vo-deksion-dvapati-chistena-i-povtorno-polna/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19642
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #99 Posted: 14-Sep-2021 at 16:42
Палеле кабли и кревети за да ги продадат бакарот и железото



Смрдеа и чад како последица на спалување секаков вид отпад во Вардариште е причина жителите што живеат во околните населби, во овој период од годината, особено навечер, седат дома со затворени прозорци за да се заштитат себеси и своите најблиски од вдишување загаден воздух.

Едно од најопасните места или т.н. „црна точка“ во Скопската Котлина кога станува збор за загадувањето на воздухот, депонијата Вардариште, и понатаму останува место каде што најчесто се палат огнови на отворено со што се загадува амбиенталниот воздух во Скопје. Купиштата ѓубре честопати се спалуваат од несовесни граѓани, а има и такви што за ситна заработувачка, речиси секојдневно на посочената локација палат кабли или стари автомобилски гуми за да го извадат металот од нив, кој подоцна го препродаваат и на тој начин имаат дополнителна заработувачка. Со тоа значително се загадува амбиенталниот воздух во Скопје, а непријатната смрдеа најмногу ја чувствуваат жителите што имаат домови во непосредна близина на Вардариште.

Состојбата на терен со години наназад е иста, иако од Инспекторатот на Град Скопје редовно вршат контроли во овој дел на градот за да затекнат на самото место несовесни граѓани што спалуваат отпад и соодветно да ги казнат.

Само викендов Инспекторите на Град Скопје на депонијата Вардариште затекнале несовесни граѓани што спалуваат кабаст отпад и кабли за струја за понатаму да ги продадат добиеното железо и бакар и дополнително да заработат, притоа не водејќи грижа за загадувањето на воздухот што го предизвикуваат од ваквото несовесно однесување.

Во првиот случај, дежурните комунални редари на Град Скопје на локацијата Вардариште затекнале лица што палеле кабли. Според информации добиени од Инспекторатот на Град Скопје, тие веднаш повикале полициски службеници и им биле земени податоци на затекнатите граѓани што палеле отпад. Според властите, против нив ќе биде поднесена соодветна прекршочна пријава.

Во вториот случај, пак, Градските инспектори на терен затекнале малолетно лице како спалува кабаст отпад на Вардариште.

– Комуналните редари на Град Скопје на локација Вардариште затекнаа малолетно лице што спалувало кабаст отпад. Повикани се службеници од МВР, кои веднаш постапија според своите надлежности. Продолжуваат засилените контроли на Инспекторатот на Град Скопје – информираат од Инспекторатот на Град Скопје.

Градските власти велат проблемот со поранешната депонија Вардариште е комплексен и тоа од повеќе аспекти.

– Од аспект на самата депонија, станува збор за проблем што е стар повеќе од 30 години, од нејзиното затворање. Депонијата е извор на загадување, каде што несовесни граѓани палат ѓубре и кабли, и нашиот Инспекторат, во соработка со другите институции, работи на надминување на оваа состојба. Во насока на пронаоѓање системско решение, кое би подразбирало целосна санација и рекултивизација на овој простор, Град Скопје изработи детална студија, а за нејзината реализација би биле потребни околу 26 милиони евра. Оттаму, Град Скопје во наредниот период преку Министерството за животна средина и просторно планирање ќе направи напори за обезбедување на овие средства преку европските фондови – велат од Град Скопје.

Според нив, кога станува збор за инспекцискиот надзор, од нивна страна во континуитет се работи на сузбивање на појавата на лица што горат кабли и отпад на ова подрачје.

– Како еден од најголемите проблеми со кои се соочуваме е немањето конкретни ингеренции поради што Град Скопје со години наназад инсистира и апелира да се променат законите и да се формира Комунална полиција, со што би се надминале проблемите. Во моментов доколку затекнат некое лице кое нелегално фрла отпад, нашите инспектори и редари немаат можност за легитимирање, спроведување и задржување – децидни се од Град Скопје.

https://www.slobodenpecat.mk/palele-kabli-i-kreveti-za-da-gi-prodadat-bakarot-i-zhelezoto/
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2017
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #100 Posted: 14-Sep-2021 at 20:53
Абре ова е за ставање во камп за преваспитавање у кинески стил! Губи право на глас и одлучување за себе, работи работа што државата ќе му ја додели, му ја зима цела плата и му ја распределува како да ја троши со задолжителна заштеда. На сила го школува, го описменува, го застанува на нозе финансиски и после неколку години го пушта на улица у самостоен живот повторно. Ахх бре, касарни така седат за џабе празни. Колку сака нека звучи фашистички или диктаторски, ама јас друго ефикасно и темелно решение не гледам за овакви слоеви од население. Мора да се стават под некаков патронат, и заради наше добро и заради нивно добро.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 34567 8>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.109 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.