build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Проблем со диви депонии
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Проблем со диви депонии

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 456
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Online
Posts: 653
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #101 Posted: 14-Sep-2021 at 21:04
За какво превоспитување зборуваш? За да ПРЕвоспиташ прво треба некакво воспитание. А истото овие луѓе го немаат, бидејќи нивните родители го немаа а и нивните деца го немаат. Проблем не се тие, проблем е системски расистичката држава и општество кои прават се за овие луѓе да останат каде што се. И сега ќе се јави некој научник да ми објасни дека Ромите имаат еден куп можности да си го подобрат животот ама самите не сакаат. А истиот тој научник не му текнува дека е писмен и способен за работа оти имал среќа да има семејство и родители, па и држава, кои се погрижиле да стане тоа што е. А се ќе си мисли дека се што има сам си го сработил оти е генијалец, а Ромите се единствено мрзливи и крадци. Оти нели тој научникот - е самороден генијалец.
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 1400
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #102 Posted: 14-Sep-2021 at 21:23
Како што богатсвото е наследно, така и сиромаштијата е наследна. Мораме да им помогнеме, или да ги "натераме" со сила, како сакаш кажи го, да го прекинат овој циклус кој што добро го опиша кадешто генерациски се наследува таквиот минд-сет и повторно и повторно општеството не успева да ги интегрира. Јас понудив модел како тој ланец да се прекине во една генерација, отсечно и одлучно. Со ставање на делови од население под присилен патронат, и тоа не мислам по етничка линија него баш по оваква егзистенцијална линија. И ќе повторам, ЗА НИВНО ДОБРО, И НАШЕ ДОБРО.

А тоа што најбогатиот ром во Македонија и до неодамна нивни национален лидер, си го остави синот со основно образование сосема доволно кажува во каков менаталитет се заглавени. А другиот син го направи газда на перална за автомобили, зашто нели циганите природно местото им е во перална за коли, ама кога си јак е тогаш си газдата на пералната. Епа такви потези повеќе зборуваат за нив самите отколку што можам јас да сум заблуден. Да не правиме муабет дека еден не се најде да стипендира негови сонародници, и место молење гинеколог да дојде во Шутка 20 години, до сега ќе изшколуваа генерации доктори и сами ќе ги произведеа.

Не сум јас тој што така седејќи од чиста мира ми паднале фашистички идеи на памет, самите ги предизвикуваат и ствараат слики кои доведуваат до тоа кај луѓе да се развијаат вакви ставови. И повторно ќе кажам, ниакде не реков да ги правиме сапун, туку ДА ИМ ПОМОГНЕМЕ и одлучно ВО ЕДНА ГЕНЕРАЦИЈА да се прекине овој постојат циклус од кој сега никој не им помага да најдат излез!

Edited by user8642 - 14-Sep-2021 at 21:24
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13764
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #103 Posted: 15-Sep-2021 at 00:33
Originally posted by user8642

Абре ова е за ставање во камп за преваспитавање у кинески стил! Губи право на глас и одлучување за себе, работи работа што државата ќе му ја додели, му ја зима цела плата и му ја распределува како да ја троши со задолжителна заштеда. На сила го школува, го описменува, го застанува на нозе финансиски и после неколку години го пушта на улица у самостоен живот повторно. Ахх бре, касарни така седат за џабе празни. Колку сака нека звучи фашистички или диктаторски, ама јас друго ефикасно и темелно решение не гледам за овакви слоеви од население. Мора да се стават под некаков патронат, и заради наше добро и заради нивно добро.


За сè има вторпат
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5268
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #104 Posted: 15-Sep-2021 at 11:56
1. Арно беше забранет откуп на старо железо и бакар едно време.

2. На Шилегов дронот од 100.000 евра за ловење загадувачи испадна дека е само за сликање на нов асфалт по улиците и постирање на Facebook.

3. Државата има толку погрешни приоритети, а воедно и нејзиното население, што единствениот начин да се се реши било каков проблем е некој друг во ЕУ да ни го реши. Чарето за овие луѓе е да влеземе во ЕУ (оти бугарски пасош нема да добијат) и да одат да живеат таму (како бугарските и романските Роми) за некој друг со повеќе мозок од нас да им даде шанса да се еманципираат.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13764
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #105 Posted: 15-Sep-2021 at 16:36
Работата е во тоа што не постои брзо решение за проблем што го имаме најмалку стотина години. Квалитетот на живот на Ромите е значително подобрен, но голем број Роми уште живеат во најмизерни услови и преживуваат со крадење железо и палење кабли за бакарот во нив. Тука треба сеопфатна долгорочна акција, но таква волја нема ни меѓу ромските политичари, така што овој проблем ќе го имаме уште најмалку стотина години.
За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 12087
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #106 Posted: 16-Sep-2021 at 17:05
Маџир Маало зад Народна Банка,со месеци е вака...(од твитер)

Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 12087
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #107 Posted: 16-Sep-2021 at 17:11
Ајвар сезона“ и црн чад на депонијата во Долно Лисиче: Кој пали оган секој ден и ги носи пожарникарите на ѓубриштето? (ФОТО+ВИДЕО)











Правите ајвар и ви се собрале остатоци од лупени пиперки, реновирате купатило, па дома ви пречат ве-це шолјата, кадата и други санитарии, ви здодеала старата јамболија и јорган, мебелот, ви пречат купиштата шишиња кои празни стојат во подрумот, пиевте лименки пиво со друштво, па ви се собраа празни лименки, го менувавте кровот, па ви се натрупаа стари азбестни плочи, колевте животно, па ви останала кожата и нема каде да ја фрлите...

Не грижете се, Општина Аеродром има „решение" за вашите проблематични отпадоци. На депонијата во Долно Лисиче слободно фрлајте си, ниту има кој да ве казни, ниту да ве опомене, ниту пак да ве спречи. Сѐ што ви е потребно е недостаток на свест за чиста животна средина и немање срам дека ја предизвикувате нечистотијата која потоа ќе ја живеете.

Црн густ чад денес нешто пред 12 часот се креваше високо на депонијата во Долно Лисиче, на мостот над Вардар кој ги спојува Долно Лисиче и Јурумлери. Имаше мал оган, но сепак беше пожар

Екипата на МКД.мк повторно отиде на местото за кое пишуваме повеќе пати, а надлежните буквално се глуви на нашите објави, прашања и укажувања. Смрдеа која ја чувствувате дури и со маска, ѓубре, стакло, лушпи од пиперки, кабаст отпад, стари јоргани, по некоја ве-це шолја, стар мебел, паднати дрва, на некои места црни остатоци од запалени гуми и мало чадење од тукушто изгаснат оган...

Очигледно дека долгогодишниот проблем со оваа депонија им досади на сите, и на оние кои живеат тука, и на оние кои поминуваат покрај ова место, и на нас кои постојано известуваме, но очигледно не им досади на надлежните во Општина Аеродром на кои постојано им се јавуваме, им праќаме фотографии, па ги објавуваме, но решение нема.

Нова галерија од фотографии направивме и денес, иако за истиот проблем пишувавме и на почетокот на август, но градоначалникот Златко Марин не нѝ одговори на нашите мејлови. Сега тој веќе не е во трка за градоначалник на општина Аеродром, па изгледа решение за проблемите ќе мора да чекаме од новиот градоначалник кој ќе го наследи на претстојните локални избори.
До тогаш, можеби граѓаните кои ја полнат оваа депонија, ќе се свестат дека не треба да се фрла отпадот на ова место, па ѓубрето нема да се зголеми и ќе остане исто како што го затекнавме денес.

Депониите ни штетат и на здравјето, односно преку нив го загадуваме воздухот и претставуваат извор на зараза. Во Долно Лисиче во близина на депонијата има убав парк, но ако малку погледнете погоре од паркот глетката е грозна, а ако се доближите тоа ќе ви го докаже и смрдеата. Ако овој проблем не го реши Општината, а потоа не се свестат и граѓаните, ништо од чистата животна средина.

А нашиот медиум ќе известува онолку пати колку што е потребно за да се реши овој проблем, па ако треба и постојано со докази, фотографии, видеа..

https://www.mkd.mk/makedonija/skopje/ajvar-sezona-i-crn-chad-na-deponijata-vo-dolno-lisiche-koj-pali-ogan-sekoj-den-i
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 456

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.105 seconds.

Copyright ©2007 - 2021  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.