build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Паркинзи и гаражи
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Право на пристап до гаража, без да плати за врата

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
martin.taleski View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 18-May-2016
Online Status: Offline
Posts: 2
  Quote martin.taleski Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Право на пристап до гаража, без да плати за врата
    Posted: 07-Aug-2020 at 18:05
Имам едно прашање на тема закон за домување / право на пристап до имот.

Имаме ситуација каде што формираме заедница на сопственици на гаражи за да се среди гаражен простор кој е запуштен, да се стави врата со даљинско, светло и слично. Здружението е формирано како гаражен совет (сопственици на посебни простории), слично на куќен совет според закон за заедничко домување. Имаме ангажирано фирма која ќе ги брка сите админстративни работи.

Како по обичај, има мал дел од сопствениците што не сакаат финансиски да учествуваат од различни причини, и се противат на ставање на врата. Се повикуваат на закон за сопственост, дека не смее новоформираното здружение да стави врата на главната пристапна рампа, и да им ограничи право на пристап до нивната гаражата. Имаат и мислење од адвокат кое е на нивна страна, и се закануваат дека ќе тужат ако им го ограничиме пристапот.

Од друга страна фирмата што го работи куќниот совет, вика дека со 51% гласови од сопствениците на гаражите смееме да ставиме врата, дури и да ја наплатиме и од останатите што не се согласуваат.

Дали има некој со слична ситуација да знае каков бил исходот? Не сакаме да се тужиме и да одиме со градежни инспекции, чисто сме во недоумица, бидејки различни правници ни даваат спротивни одговори.

Слична ситуација е да речеме во зграда да се става домофон и врата со клуч, а некој од станарите да не сака да плати за тоа? Дали му следува клуч и без да плати, чисто за да може да го оствари правото на пристап?

Edited by martin.taleski - 07-Aug-2020 at 21:24
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 913
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 07-Aug-2020 at 19:53
За куќен совет важи правилото 51% и може да се тужат тие што не плаќаат. За гаражен совет не знам како е регулативата. Кај нас исто се организираа и функционираат без проблеми.
Back to Top
martin.taleski View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 18-May-2016
Online Status: Offline
Posts: 2
  Quote martin.taleski Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 07-Aug-2020 at 21:21
Да може да тужат ако не плаќаат, ама прашањето е дали му следува клуч/даљинско од заедничка врата ако не плати? Проблемот е што инвестицијата кошта ~100 eвра од гаража, и не сакаат од здружението да дадат даљинска за заедничката врата на некој што не платил.

Би требало под истиот закон се и куќен и гаражен совет, така да важи истото што важи и за влезови.

Edited by martin.taleski - 07-Aug-2020 at 21:23
Back to Top
Lorelei View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 16-Sep-2020
Online Status: Offline
Posts: 3
  Quote Lorelei Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 13-Nov-2020 at 22:23
Прочитај си Закон за градежно земјиште и Закон за сопственост - мислам дека тоа е над прописите за куќен совет т.е. не може да им спречите пристап и доколку дојде работата до суд, ќе изгубите.
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 1771
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 14-Nov-2020 at 01:43
Ако им дадете клуч во тој случај неможе да стане збор дека им е ограничено правото на пристап. Така да за да бидете во согласност и со законот за домување и со правото на пристап, дајте им клучеви, можда даљинско и немора зашто само со клуч е запазено правото.

На сила пари неможе да се наплатат туку така одма, тоа мора да биде оптужен долг од фирмата која ќе стопанисува легално избрана со над 51% сопственици, па после тужење да иде на извршување и дури тогаш ќе се наплатат парите. Мајмуни знаат дека ова долго трае и затоа го злоупотребуваат. Крај крајева и не му се дава на секој туку така 100 евра и треба и за тоа да имате разбирање.

Да сумирам, мислам дека најпаметно е да пробате да се договорите со нив некој принцип пола-пола, што и да е, само да е вонинституционално и прво со добро. Макар и лошо сељачко решавање со закани, тепачки и расправии може да биде поефикасно од тужакање, колку ова и да звучи глупаво. Тоа е реалноста. Ама битно е дека ниту вие можете да им ограничите право на пристап до приватен имот, ниту па останатите можат да не ги плаќаат месечните оперативни трошоци односно сметки, ако имате легално мнозински избрана заедница.
Back to Top
 Post Reply Post Reply

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.375 seconds.

Copyright ©2007 - 2022  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.