build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Станбени
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Mavrovo 1 и 2 Residence

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <123>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 04-Nov-2020 at 07:53
Tрансформацијата на Маврово инспирирана од Банско

Во 2015 година скопскиот инвестициски консултант Влатко Богоевски, заедно со неговите партнери од Софија, ќе договори атрактивна зделка со компанијата „АД Пелагонија Гостивар“. Друштвото за посредување и консалтинг „Фортонмка“ станува ексклузивен посредник во продажбата на становите од првиот бетонски резиденцијален комплекс во Националниот парк Маврово наречен „Маврово Резиденс 1“.

Младиот претприемач и неговите познати партнери од Софија со кои што тој ја дели фирмата „Фортонмка“, не губат време да ја склучат зделката која ветува загарантиран успех. Станбениот комплекс е огромен, ќе понуди 104 стана на најатрактивната локација во Националниот парк Маврово, на 100 метри од скијачките терени.

„Улогата на ‘Фортонмка’ беше посредничка, тие инвестираа ние им ги продававме становите“, раскажува Богоевски. „Становите се продаваа брзо, за нас тоа беше успех“.

Куќа по куќа, оп зграда!

Четири години подоцна, во 2020 година агентот со недвижнини и самиот станува инвеститор во Маврово. На први јуни 2019 година тој ја формира градежната компанија „Фортонмка Инвест Доо Скопје“. Додека е ангажиран со продажба на „Маврово Резиденс 1“ односно зградата на Пелагонија Гостивар, Богоевски не губи време и брзо ги „намирисува“ потенцијалите на второто најпосетено одморалиште во државата. Така се раѓа идејата за „Маврово Резиденс 2“. Богоевски и партнерите се искусни и знаат дека најдобрата зделка во Маврово е онаа со географска математика: со поглед кон езерото и буковите шуми, а на десет минути пеш до брегот и најважното, на 100 метри од ски терените. Потоа проноаѓа десетина парцели кои ги поседуваат различни приватни лица: меѓу нив има ниви, шуми, земјоделско земјиште, но и градежно изградено земјиште.

Помеѓу октомври и декември 2019 година тој ќе ги откупи сите парцели кои се простираат на површина од 8,373 м2. За да се оствари неговата замисла, му недостигале уште 627 метри квадратни. Тие ги откупил од државата затоа што Законот му дава право да бара државна земја за дооформување на градежна парцела доколку барателот поседува најмалку 30 проценти од парцелата.

Следниот предизвик на Богоевски бил да се обезбедат сите потребни дозволи.

Во локалната самоуправа тие не наишле на пречки, туку на градоначалник со амбиција да ја развива локалната економија.

„Мислам дека со изградбата на овој објект, општината добива. Барем за сега, од она што ние како комуналии го имаме добиено, како општина, ние сме задоволни“, вели градоначалникот на Маврово и Ростуше“, Медат Куртовски.

Тој ќе сподели и дека станува збор за реномирана фирма, па немал во што да се сомнева. ИРЛ пребаруваше низ дата базите на податоци за да ја потврди сопственичката структура на компанијата.

Но, на нашата официјална средба Влатко Богоевски не ги криеше своите партнери, напротив со ИРЛ сподели нескриен деловен восхит кон Христо Илиев и Сергеј Којнов, познати и крупни бизнисмени од Бугарија, со кои, како што вели, „имал привилегија да соработува“.

Компанијата „Фортонмка Инвест“ е регистрирана во 2019 година, а сопственици се бугарската фирма „Нова Ко“ од Софија во сопственост на Сергеј Којнов од Бугарија и Богоевски во 2019 година.

Нивното партнерство почнува далеку пред „Фортонмка инвест“ и градбата во Маврово.

Богоевски е и сопственик на „Фортонмка“. Оваа фирма била регистрирана во 2008 година од белгиски државјани. По една година „Фортонмка“ која е регистрирана за консалтинг и посредување за недвижнини, ја купува Сергеј Којнов, бизнисмен од Бугарија. Во текот на годините се менуваат неколку сопственици на оваа фирма. Удели се резменуваат меѓу неколку бугарски фирми во сопственост на Којнов и неговиот партнер Христо Илиев.

Богоевски во 2012 станува управител на оваа фирма. Денеска, Богоевски го има мнозинскиот удел во оваа фирма, а Сергеј Којнов е сопственик на околу 10 отсто од компанијата.

За општината и инвеститорот се куќи, но во реалноста се гради зграда

На крајот на мај оваа година, „Фортонмка инвест“ до општината испраќа дванаесет Барања за одобрение на градба. Десет барања се однесуваат за изградба на објекти со намена станбен објект – индивидуално домување – станбена низа. Едно е за деловен објект и едно за катна гаража.

Веќе на 25 јуни, одобренијата стануваат правосилни. На инвеститорот му се одобруваат сите 10 барања за изградба на објекти со намена А1, еден објект со намена Е2 (катна гаража) и еден објект со намена Б1(деловен објект).

Според законите, намената А1 означува домување во станбени куќи. Во градежните дозволи дел од овие објекти имаат предвидено два подрума, сутерен, приземје, два ката и потпокрив со галерија, а дел имаат само еден подрум и потпокрив без галерија.

Но, на најелитната локација во Маврово, не се градат десет станбени куќи. Се гради зграда. Од она што може да се види на теренот, „станбените куќи“ се споени, а инвеститорот веќе има изградено два објекти со повеќе од пет ката.



Богоевски, вели дека согласно Правилникот за стандарди и нормативи за урбанистичко планирање, во Маврово се граделе станбени куќи во низа.

„Се е според законите”, ќе рече Богоевски (целиот одговор на Богоевски може да го прочитате на овој линк.

Од Министерството за транспорт и врски ги признаваат пропустите на претходните законски прописи во делот на урбанизам. На состанокот помеѓу Државниот секретар и неколку претставници од повеќе сектори во министерството со новинарите на ИРЛ, тие не криеја дека лошо скроените закони и правилници допринесуваат за неконтролираното градење.

„Постојат многу недоречености и затоа во 2017 година е почната реформа за за изготвување и носење на нов Закон за урбанистичко планирање и правилник за урбанистичко планирање“, велат од Министерството за транспорт и врски за ИРЛ.

Професорот Мирослав Грчев, вели дека ова е предвидено со Правилникот, но ако инвеститорот гради куќи во низа, ќе мора за секоја куќа да има посебен влез и скалишен простор, доколку нема, тогаш не се куќи во низа.

При сите средби помеѓу надлежните од општината градоначалникот на Маврово се жали дека таму нема доволно капацитети за да ги смести сите туристи кои во екот на сезоната бараат сместување.

„Сакаме да го направиме Маврово голем туристички центар и факт е дека немаме доволно сместувачки капацитети. Но во иднина би требало во законите и правилниците за урбанистичко планирање да се забрани ваквото укрупнување на парцели. Ние тука правиме баланс помеѓу заштитата на животната средина и тоа да го направиме Маврово вистинска туристичка атракција“, вели Куртовски.

На средбите со инвеститорот Богоевски, но и со градоналчалникот на Маврово, тие ни го посочуваа Банско како пример за креирање работни места и градење на зимски туризам.

„Погледнете го Банско, секаде е нормално да се градат вакви комплекси, инаку нема да се развива туризмот“, рече Богоевски на нашата прва средба.

Банско, исто како и Маврово зафаќа дел од територијата на Националнјот парк Пирин, а неговата масовна урбанизација во текот на минатите две децении беше таргет на жестоки критики од експертската јавност. Брзо се планираа и реализираа голем број нови хотели и многу станбени згради, како и инвестицијата во модерен ски центар од 130 милиони евра. Сонот за градењето на балканскиот Сент Мориц како своевремено најавуваа бугарските медиуми, стана урбан хаос кој резултираше со проширување на градежните активности во заштитената зона.

Како се случи Маврово Резиденс: Урбанизација по „вмровски“.

Урбанистичките планови за Маврово се менувале неколку пати од 1979 година наваму. Во промените се вклучувала и стручната јавност на државно ниво бидејќи 93 проценти од територијата на општина Маврово и Ростуше е во Националниот парк „Маврово“. Внимателно се планирало што, како и каде ќе се гради со цел да не се случи да се загрози уникатниот еко систем во паркот. Поради тоа, постои и прецизно утврдена заштитена зона каде што не може да се изгради ништо. Една одлука на поранешниот општински Совет и администрацијата на градоначалникот Мукрем Мехмети ќе го промени опфатот на градење, односно ќе ја намали заштитената зона. Новиот детален урбанистички план за Маврово е донесен на 26 февруари 2015 година.

Границите се градење се поместени и поголеми. Сето ова не би било можно доколку бил донесен новиот Закон за прогласување на Маврово за заштитено подрачје во категоријата Национален парк. Овој закон, пак, се темели на новата студија врз основа на којашто Маврово треба да се препрогласи за Национален парк. Ова се прави секогаш и со сите национални паркови кога има потреба. Во случајот со Маврово, студијата на којашто работеле десетици врвни експерти, се предвиделе многу построги заштитени зони. Ова ќе ги помати сметките на многумина на кои што администрацијата водена од Никола Груевски во Маврово ќе видат бизнис. Повеќе градежни дозволи и големиот план за малите хидроцентрали не се вклопуваат во визијата на науката.

„Едноставно, лоби-то на профитот беше големо. Се надевам ќе успееме да го заштитиме од она што следи“, овие заклучоци со ИРЛ ги споделија еколошките активисти од повеќе здруженија.

Проблемот со хидроцентралите не го криеше ниту директорот на Националниот парк Маврово. Спас гледаат во што поскорото носење на Законот за прогласување на Националниот парк Маврово.

Од министерството за животна средина велат дека Јавната установа Национален парк Маврово прави усогласување на предлог зонирањето во „Студијата за ревалоризација на Националниот парк Маврово“. Откако ова ќе заврши предлог зонирањето треба да биде доставено до Министерството за животна средина и просторно планирање за да се продолжи постапката за повторно прогласување на Маврово за Национален парк.

„Предлогот за воспоставените зони на заштита во Национален парк Маврово треба да произлезат од стручниот орган на Јавната установа Национален парк Маврово и секако усогласени со одредбите од Законот за заштита на природата.Се очекува да дојде мисија од Бернска Конвенција која ќе има состаноци со различни засегнати страни и ќе даде препораки за понатамошно постапување по отворениот фајл за НП Маврово“, одговорија од Министерството.

Националниот парк Маврово е дел од брендот паркови „Динариди“ – проект на организацијата Светски фонд за природата (WWF), чијашто цел е да се работи на признавањето на подрачјето Динарскиот лак, што се протега на север од Трст во Италија до Македонија на југ и кој е исто толку значаен како и Алпите или Карпатите. Динарскиот лак допрва треба да стане синоним за одржлив развој – со планински еко-туризам и зачувување на природните реткости.

https://irl.mk/transformatsiata-na-mavrovo-inspirirana-od-bansko/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 04-Nov-2020 at 07:56
Продадени сите станови во „хотелот“ на Пелагонија Гостивар во Маврово

Една дозвола за градба од 1991 година, една понова за доградба на хотел кој што не постоел и неколку замижани институции биле потребни за да се изгради првиот станбен комплекс до ски терените во Маврово. Сето тоа се направило на државна земја која што инвеститорот Пелагонија АД Гостивар ја купил по цени десетина пати пониски од пазарните.

Голем дел од хотелите градени во минатиот систем и ден денеска предизвикуваат воздишки кај оние со истенчен вкус. На пример, изградбата на хотелот „Палас“ во Охрид во 1956 година била толку голема работа, што градските власти ангажирале еден од најистакнатите словенечки архитекти на 20 век, Едо Михевц. Така се раѓа објектот кој потоа прераснува во центарот на сите социјални случувања во Охрид, за жал, денеска напуштен.

Иако единствено постоеле и граделе компаниите кои тогаш биле во државна сопственост, а подоцна и во сопственост на колективот, конкуренцијата помеѓу југословенските градежници на домашно и државно ниво била жестока.

„Ние и сега со поранешни колеги од други фирми, како Маврово или Бетон, знаеме да се препираме околу тоа чија фирма направила поубава градба. Особено ако истата има социјален карактер, како, ете хотел. Фирмите се тепаа кој да најми подобар архитект, кој да понуди помодерна и похумана градба. На визија не штедевме, ниту на стручњаци,“ раскажува Трајан Стојчев, 77 годишен пензиониран инжинер од поранешната државна фирма АД Пелагонија.

Поради пандемијата со Трајан Стојчев комуницираме преку телефон. Му ја испративме фотографијата од „Маврово Ресиденс 1“, првата станбена зграда во Националниот парк Маврово изградена од фирмата наследничка на Пелагонија Гостивар.

„Никогаш вакво нешто не би било можно да биде изградено како зграда, а камоли како репрезентативен објект во Национален парк. Ова е нечуено”, Профитот пред се. Па видете го само оној грозен потпорен ѕид. Овие нехармонични бои и целиот овој бетон”, ни одговори Стојчев.



Последниот државен директор

Александар Смилковски е син на Крсте Смилковски, последниот државен директор на АД Пелагонија, некогашен градежен гигант. Во доцните 90-ти, АД Пелагонија се приватизира следена со вообичаените контроверзи и обвинувања за криминални стечајни постапки. Родум Гостиварчанец, Крсте ќе ја преземе и приватизира Пелагонија АД Гостивар. Настаните кои за оваа приказна се важни, не почнуваат со приватизацијата туку со визијата на ексјугословенска Пелагонија за развиено и живо Маврово. Еден од последните нивни одобрени, но незапочнати проекти ќе биде изградбата на нов хотел во паркот со цел развивање на локалниот туризам, тренд кој почнува со изградба на низа капацитети низ Македонија во осумдесеттите, но непосредно пред распадот на Југославија.

Крсте Смилковски никогаш нема да ја заборави идејата на старата Пелагонија за нов модерен хотел во Маврово. Но, нивните визии драматично ќе се разликуваат. Така денеска, наместо да изгради жив, удобен хотел до ски терените достапен за сите гости и добронамерници, Александар Смилковски продаде 105 стана во зграда која наликува на станбените скопски невкусни блокови изградени во последната деценија. Со тоа дел од територијата на Националниот парк неповратно замина во приватни раце.

ИРЛ открива како таткото успеал да излобира невозможни решенија од страна на системот и со старата градежна дозвола од 1991 да направи нов поинаков објект. Умира непосредно пред крајот, а потоа бизнисот продолжува со неговиот син којшто денеска е управител и сопственик на Пелагонија АД Гостивар. Ќе ви покажеме низа нерегуларности и правни апсурди во процесот на трансформација на стариот проект во новиот кој доведе до изградбата на првиот станбен комплекс во Националниот парк Маврово.

Сите документи според кои што се работеше сторијата погледнете ги на овој линк најдолу.

Приказната за жолтата зграда, како што ја нарекуваат локалците, почнува во 1991 година. Тогашното собрание на општина Гостивар, на државното претпријатие ГП Пелагоднија Скопје ЕЕ VIII градилиште Гостивар му издала градежна дозвола да изгради туристички депанданси – хотел. Земјата на која требало да се гради, била државна, а на претпријатието му била дадена на користење за надомест бидејќи според тогшните закони, земја во национален парк не смеела да се оттуѓува. Според одобрението за градба, инвеститорот бил должен во рок од една година да почне со изградба на објектот. Доколку не го сторел тоа, одобрението за градба требало да стане ништовно. Мачната приватизација која започнала, ги спречила напорите на компанијата да инвестира и тие не ги фатиле роковите.

Со формирањето на Општината Маврово и Ростуше во 2004 година, надлежностите се пренесуваат и од Собранието на општина Гостивар се префрлаат во оваа општина.

Повеќе од 18 години по оригиналната дозвола за хотел, ннвеститорот, сега веќе приватна компанија Пелагонија АД Гостивар, во 2008 година прво го приватизира земјиштето кое им било дадено на користење.

По две години откако ја купуваат цела земја од државата, во 2010 година Пелагонија Гостивар бара од општината да и издаде одобрение за доградба на централна ламела за туристичките депанданси. Всушност, тие тврдат дека од хотелот кој требало да го гради старата Пелагонија во 1991 веќе има изградено два крака, а тие бараат единствено да доградат централен дел којшто би ги споил. Во барањето кое Пелагонија Гостивар го доставува до општината тие се повикуваат на одобрението кое го добиле во 1991 година.



Со прегледување на историјата од гугл мапс, може да се види дека на локацијата каде што сега се наоѓа зградата до 2009 година нема ништо. Од 2009 може да се забележи раскопување на теренот, како земјиштето да се подготвува за градење.

Доградба на непостоечки објект

Никој од локалните жители не може да се сети дека во околината имало изградено два крака од хотелот. Станува збор за атрактивна и впечатлива локација во Националниот парк, на сто метри од ски терените и веднаш над хотелот „Бистра“.

„Јас како дете сум одел во тие туристички центри, но тој објект не го паметам. Од разговорот со службите знам дека во 1991 годиназа скоро 80 проценти од објектот е дадена дозволата, а потоа во 2011 е дадена дозволата за тој централниот објект што треба да ги спои тие два објекта,“ вели Медат Куртовски, градоначалник на општина Маврово и Ростуше.

Го прашавме како се спојува нешто со нешто што не е изградено, но тој се повика на старото раководство.

Проектот за „хотелот“ неколку пати враќан на доработка

Процедурата за Пелагоднија АД Гостивар да добие одобрение за доградба траела неколку месеци. Проектот неколку пати бил враќан на доработка. Два месеца пред да биде издадено правосилно одобрение за градење општината ја прекинала цела постапка за издавање на одобрение за градење со образложение дека проектот има недостатоци кои треба да бидат отстранети.

Документите откриваат дека Пелагонија АД Гостивар во првичното барање за одобрение за градење испуштила да приложи решение за прочистување на отпадните води кои што според планот на инвеститорот, ќе се испуштаат во Мавровоското езеро.

Во еден документ општината му кажува на инвеститорот дека треба со боја да ги одвои објектите кои што се изградени од оние кои што не се, односно од оној за кој се бара дозвола. Од документите кои ги доби ИРЛ не може да се утврди како општината се уверила дека на тоа место веќе постои изграден хотел.

Сепак ИРЛ не ги доби сите документи од Општината, ниту пак објаснување зошто документите ни се дадоа селективно. Оттука не можевме да имаме увид каква била улогата на инспекциските служби на општината.

Добил дозвола за хотел, изградил станбена зграда

Преписката со институциите кои требале да го одобрат проектот траела со месеци. Највпечатливата замерка е што во еден допис што општината го испратила до Пелагонија Гостивар во јули 2011 година, се вели дека во проектот се споменувал станбен објект, а во основниот проект за кој се барало одобрение за доградба пишувало туристички депанданси – хотел. Ова е недостаток кој општината побарала инвестирот да го отстрани од проектот.

Најверојатно на хартија инвеститорот го сторил тоа, но ИРЛ не ги доби на увид сите документи поради несоработката со одредени институции. Иако станбениот објект го немало во проектот, на падините на Бистра си постои.

Наместо туристички депанданси кои биле предвидени до деталниот урбанистички план за оваа локација и со одобренијата кои општината ги издала, Пелагонија Гостивар изградила станбен објект.

Ова очигледно не било проблем за тогашната општинска администрација, затоа што сопственикот на АД Пелагонија Гостивар направил настан и јавно го означил денот кога почнал да ги продава становите.

На настанот, сопственикот Александар Смилковски рекол дека целата инвестиција чинела околу 3,2 милиони евра, а објектот ќе го направел Маврово одлична дестинација низ целата година за оние кои го сакаат планинскиот туризам.

„Целиот комплекс, со сите негови внатрешни и надворешни содржини, е направен според најсовремени стандарди и трендови за домување. Наместо да изградиме уште еден хотел, направивме комплекс на станови каде секој може да стане сопственик на стан во Маврово,“ изјавил Смилковски.

Ниту по оваа јавна изјава инспекторите на општината не направиле проверка на објектот, или пак и покрај проверките, оставено било инвеститорот да продава станови, наместо да изнајмува соби и апартмани.

Општина Маврово слепа пред незаконската трансформација

Професорот Мирослав Грчев, вели дека е недозволиво да се толерира некој што изградил станбен објект, на место каде што требало да има хотел.

„Ако некој според детален урбанистички план и според одобрение за градба треба да изгради хотел, а наместо тоа тој гради станбен комплекс. Тоа е спротивно на законот и на ваквите локации треба општинаската инспеција да врши надзор, а ако тие не го направат тоа, треба да интервенира и Државниот градежен инспекторат,“ вели Грчев.

Во првата зграда изградена до ски патеките во Маврово имало два типа на станови. Станови за купување и станови за изнајмување, кои можат да се изнајмат најмалку на една година. Според информациите од Фејсбук страницата на Пелагонија, станови се продаваат и во она што во проектот било предвидено да биде сутерен и требало да има фоаје, магацин, скален простор, лифт и трем. Комуналиите биле пресметани како за сутерен од 257 метри квадратни.

Евтина инвестиција

Инвестицијата за „Маврово Резиденс 1“ не чинела многу. Пелагонија АД Гостивар целиот објект го изградила врз државна земја приватизирана и откупена по цени и до десетина пати пониски од пазарните.

Земјиштето на кое е изграден овој објект било целосно државно. Во 2008 година, поради правото на користење кое го имал во наследство од некогашното државно претпријатие, тој можел да побара приватизација на ова земјиште.

Оттука тргнало се. Првичните парцели на кои било планирано да се направи изградбата биле 2102 метри квадратни. И врз база на оваа приватизација тој веќе има 30 отсто од парцелата. Му фалеле уште 4,850 м2 за да го изведе замислениот проект – хотел.

Со законот за откуп на градежно земјиште за дооформување на парцела, Пелагонија АД Гостивар, станала сопственик на парцела од речиси 7000 метри квадратни.

Според тарифниците кои ги има донесено Владата, приватизацијата на првите парцели чинела 340 денари по метар квадратен, додека пак откупот за дооформување на парцелите чинел 70 денари по метар квадратен. Тоа значи дека 30 проценти од земјиштетот врз кое што се наоѓа „хотелот“ е купило за 5,5 евра по квадрат, додека останатите 70 проценти општината им ги продала за 1 евро и 15 центи по квадрат. За неколку илјади евра, тие се стекнале со 7,000 метри квадратни градежно земјиште во паркот.

Тендерското миленичето на Град Скопје: Од успешен старт со Трајановски до плодна соработка со Шилегов

Подемот на новата Пелагонија Гостивар почнува пред околу 10 години, но бизнисот најдобро врви во последните шест. Во периодот од 2014 до 2020 година компанијата добила најмалку 22 милиони евра во државни тендери. Повеќе од половина од нив или 12 милиони евра ги добиле од Градот Скопје. Старата администрација со Трајановски им го доделува и првиот голем тендер за рабогта на територијата на Скопје. Добрата соработка продолжува и со администрацијата под водство на градоначалникот Петре Шилегов.

Пелагонија Гостивар работи и во општините Маврово и Гостивар. Во Маврово тукушто ја завршија нова општинска зграда. Најголем дел од работата на оваа фирма е со државни и јавни институции

Александар Смилковски: Нема јас да истражувам со вас

Пелагонија АД Гостивар не одговори на нашите писмени прашања. Сопственикот Александар Смилковски во телефонски разговор ни рече дека „немал намера да истражува со нас“ и затоа не би разговарал на оваа тема.

„Си имам јас друга работа, ние работиме законски,“ рече кусо и спушти.

Најголемите институционални опструкции во обезбедувањето на документите за овој проект, ИРЛ ги имаше токму за овој објект. Општината Маврово не ни одговори на барањата за клучните инспекциски документи, додека градоначалникот Медат Куртоски вети дека ќе провери за што станувало збор во врска со овој објект.



Ова истражување е дел од проектот “Бетонизација на Маврово”. Тимот од новинари, графички дизајнери и видеографери работеше повеќе од три месеци и собираше и обработи повеќе од 3,000 јавно достапни документи со цел да ја раскаже приказната за рапидната и непланска градежна урбанизација на Националниот парк Маврово. Сите стории и докуметенти погледнете ги овде. Наскоро ќе биде објавено и ТВ интервју со градоначлникот каде што тој зборува за урбанизацијата на Нацоналниот парк.

https://irl.mk/prodadeni-site-stanovi-vo-khotelot-na-pelagonia-gostivar-vo-mavrovo/
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2016
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 05-Nov-2020 at 10:29
Оваа медиумска хајка против зградата ми изгледа само на проста сељачка љубомора зашто друг ќе има стан во Маврово. Само напред, каква сака нека е природа, и кој сака нека го има левел на заштита, сепак скијачки и туристички центри мора да се развиваат!
Back to Top
JovanOdGjorche View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Oct-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 511
  Quote JovanOdGjorche Quote  Post ReplyReply #24 Posted: 05-Nov-2020 at 11:23
Точно дека мора да се развиваат, но не смее да се фаворизираат објекти како овој погоре кој има уништено и бетонизирано се пред себе и околу себе. Нека се формира комисија која ќе ги разгледува проектите на објектите кои ќе се градат и која ќе има целосен мориторинг на процесот на градба и секако легална моќ да казнува ако се отстапи мал милиметар од тоа што е предвидено и дадено дозвола. Марврово не е Аеродром па да го затрупаме со розеви кокошарници од Андора   
And something, somewhere was lost in 1938...
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15018
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #25 Posted: 05-Nov-2020 at 12:19


Апсолутно се согласувам со тебе. Прво, видете на што личи зградава и дали со својата габаритност е соодветна за таму. Маврово може да се развива со станбени и хотелски комплекси, ама не со дизајн од 1990-ти туку со нешто модерно и креативно и истовремено што нема да го наруши амбиентот.
За сè има вторпат
Back to Top
carver91 View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 09-Mar-2015
Online Status: Offline
Posts: 159
  Quote carver91 Quote  Post ReplyReply #26 Posted: 05-Nov-2020 at 20:44
да ли ће комплекс имати spa,wellness zone?
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #27 Posted: 18-Nov-2020 at 13:41
04.11.2020



https://www.facebook.com/LevicaPrilep/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #28 Posted: 29-Nov-2020 at 15:36


https://www.facebook.com/Cufi-Junior-GMBH
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #29 Posted: 30-Nov-2020 at 13:17
од твитер

Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #30 Posted: 21-Dec-2020 at 15:16
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #31 Posted: 27-Dec-2020 at 18:21


https://www.facebook.com/Mavrovo2-Residence
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #32 Posted: 18-Feb-2021 at 10:05
Со свој дом во Маврово2 Резиденс, секогаш блиску до благодетите на живописната планина







За сите заинтересирани идни жители на комплексот Маврово2 резиденс на располагање стои продажен тим на компанијата кој на телефонскиот број 070 360 103 ќе им ги понуди најдобрите можности на сите вљубеници во Маврово што сакаат национланиот парк во иднина да биде нивни втор дом.

Еден од нашите најубави планинско рекреативни центри Маврово, од секогаш важел за најпосакувана локација кога станува збор за одмор и рекреација во текот на целата година а осбено во текот на зимските месеци. Можностите што ги нуди овој национален парк со своите живописни планински падини, привлекуваат љубители на секаков тип на рекреативни активности во секоја сезона од годината.

Да се биде на падините на Бистра во текот на пролетните и летните месеци значи да се ужива во прошетките на планиските патеки како на пример Чавкарник и да се ужива во благодетите на раскошната локална природа. Но не само за прошетки и планинарење, падините богати со шума нудат извонредни услови за велозипедизам на планинско-ридски улови. Мавровското езеро дополнително го збогатува целокупниот амбиент и отвора нови можности за спорт и рекреирање како пловење со кајак и секаков друг вид водни активности.

Во текот на зимските месеци, снежните пејсажи и патеки на Бистра се неодоливи за скоро секој човек што бара прибежште од загадените урабни центри. Скијањето, уживањето на снегот и дишењето на чистиот планински воздух се моменти за секој човек кој посакува и бара оддишка од секојдневието и стресните работни активности.

Следејќи ги трендовите во околните држави, нештата започнуваат да се мнуваат и нашите простори во поглед на поинакви можности за нешто свое на планина. Од голем број луѓе пред скоро година дена одлично беше прифатена веста дека на падините на Бистра во близина на скијачките терени започнува да се гради нов станбен комплекс.

Станува збор за инвестиција на познатата компанија за посредување и консталтинг Cushman & Wakefield / FORTONMKA која овој потфат го реализира преку својата ќерка фирма Forton Invest. На 9000 м2 површина, комплексот ќе понуди 188 станбени единци со различни големини за сечиј вкус и потреба. Првата фаза од изградбата ќе заврши до крајот на оваа година додека фаза 2 ќе биде готова до крајот на 2022 година.

Маврово2 резиденс веќе станува вистинска атркација за сите што се заинтересирани да имаат свој дом во овој наш национален парк бидејќи добар дел од становите од првата фаза на градба веќе ги најдоа своите сопственивци. Имајќи свој сопствен стан во „Маврово2 Резиденс“ за многумина ќе значи да го имаат националниот парк како свој втор дом, и да можаат секој месец од годината да побегнат на планина.

http://www.kajak.mk/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #33 Posted: 12-Mar-2021 at 18:23
од инстаграм

Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #34 Posted: 20-Sep-2021 at 14:12


https://telma.com.mk/2021/09/20/темниот-сјај-на-маврово/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #35 Posted: 04-Oct-2021 at 08:24






https://www.facebook.com/pmgconstruction.mk
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #36 Posted: 15-Oct-2021 at 17:33
Покрај првиот снег во октомври што ни ги отежнува условите за работа во текот на градежната сеозна, даваме се од себе за да ги завршиме сите градежни работи според зацртаното. Со тоа планираме да ја комплетираме првата фаза од градбата до крајот на годината и да го испорачаме целиот проект на време







https://www.facebook.com/Mavrovo2-Residence-103008471397768/
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2598
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #37 Posted: 16-Oct-2021 at 10:39
има ДУП местово, ме интересира дали само овие зградишта ќе бидат или целиот рид наоколу ќе се пополни со вакви „домови за “заљубениците“ во природата“.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #38 Posted: 03-Dec-2021 at 18:08


https://www.facebook.com/103008471397768/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #39 Posted: 16-Dec-2021 at 07:58






https://www.facebook.com/Mavrovo2-Residence-103008471397768
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #40 Posted: 03-Feb-2022 at 13:36
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <123>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.109 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.