build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Останати теми
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Нов просторен развој на Македонија

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2197
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Нов просторен развој на Македонија
    Posted: 12-Aug-2020 at 00:19
Иако локалната самоуправа и урбаниот и руралниот развој се многу важни теми за овој форум, и често сме начнале дискусија директно поврзана или која се однесува на нив, ретко имаме разговор за тоа дали и какви реформи ѝ требаат на локалната самоуправа во Македонија, дали имаме потреба од нови градови, и како да ги развиваме руралните области. Ја започнувам оваа тема со цел дискусија за:

I. Локалната самоуправа во Македонија
1. Нови нивоа на локална самоуправа
- повисоки од општините (региони или области) и
- пониски од општините (урбани заедници и атари/месни заедници; градови и села или други видови на ниска локална власт);
2. Промена на границите на општините
- промена на граници на постојни општини;
- спојување или поделба на постојни и
- создавање нови општини;
3. Реформи во функционирањето и надлежностите на општините
- финансирање на ЕЛС;
- организациска поставеност;
- надлежности.

II. Населените места во Македонија
1. Развој и ширење на постоечките градови
2. Создавање нови
- сосема нови градови;
- трансформација на сегашни села;
3. Нова политика за рурален развој
- функционирање на селата;
- категоризација и различен развој на секој вид село, како и напуштање на одредени села доколку тоа е пополезно.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2197
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 14-Aug-2020 at 21:05
I(1)

Околу новите нивоа на локална самоуправа, мислам дека од повисоки нема потреба. Формирањето на региони/области/(некој би читал кантони) би било дополнително цепкање на надлежностите, дополнителна бирократизација, а не би било од суштинско значење во подобрувањето на животот на луѓето. Ним би требало да им се дадат некои од покрупните работи одземени од централната власт и општините, на пример изградба на локални патишта или булевари, можеби средните училишта, управувањето со депониите итн, а тоа само би го зголемило бројот на институции кои ќе си префрлаат топка за надлежност, дополнително пумпање на јавната администрација, а имајќи ја предвид политичката ситуација, некои би правеле мучки тоа да е или да изгледа дека е своевидна кантонизација.

Подобро решение би било формирање совети на региони, во кои ќе членуваат сите градоначалници (со ротирачки претседател) и претседатели на совети, кои би служеле за поголема координација за прашањата од регионално значење, заедничко управување со одредени инвестиции, дејности и услуги (пр. регионални депонии) и заеднички настап пред централната власт и меѓународни институции и компании борејќи се за средства и инвестиции во нивниот регион.

Потребно би било создавање, поточно ојакнување, на власта пониска од општините - урбани заедници во градовите и месни заедници во селата. Нивна надлежност би била управување со поситни маалски работи и претставување на селото/населбата пред општината, регионалниот совет и Владата со цел маалските проблеми побрзо и подобро да се решат. Предлагам поделба на овие заеднции во три групи согласно урбаноста и населеноста, со различна организациска поставеност, број на администрација и конкретни надлежности. Претседателот на уз/мз би се бирал на непосредни избори заедно со локалните, а бидејќи се работи за помали места, големи се шансите тој/таа да биде човек надвор од политиката, па со тоа да се намали политизацијата на локалното, а луѓето што не се во политичките партии да добијат поголемо влијание врз управувањето (и можност за напредување кон повисоки нивоа). Сите членови на у.з./м.з. мора да се жители на односната заедница.

Во градовите би се формирала урбана област која ќе го опфаќа самиот град, а би била составена од поголем број урбани заедници. УЗ би биле предводени од претседател, а би имале 3 или 5 извршни члена (согласно жителите), и тоа и.ч. за комунално функционирање (во поголеми у.з. плус и.ч. за комунална чистота), и.ч. за односи со јавноста и други институции и и.ч. за комунален развој (во поголеми у.з. и.ч. за комунална економија и бизнис и и.ч. за комунална култура, спорт, образование, промоција и туризам), како и 7, 9 или 11 советника на претседателот, избрани на непосредни избори.

Во руралните области би се формирале големи и мали месни заедници. Големите би опфаќале села со 500 или повеќе жители (како и соседни села со помалку од 50 кои би им се припоиле), а би имале 5 извршни члена и 7 или 9 советника. Малите би опфаќале села со 50 или повеќе жители (оние кои имаат помалку би се групирале за да се постигне бројката) со 3 извршни члена и 5 или 7 советника.

Сите и м.з. и урбаната област би формирале совети на ниво на општина со ротирачки претседател, а дозволено би било и здружување на м.з. од различни општини.

Финансирањето би се вршело од централниот буџет, општинскиот буџет и месни дејности, и тоа:
2,500 евра годишна дотација од централниот буџет за урбаните заедници, а 3,500 за месните заедници;
1 евро ГД од ЦБ за секој жител;
15 евра ГД од ЦБ за секој км2 до 8км2 и 8 евра за секој км2 над тоа;
0.75-1.05% (согласно бројот на заедници) од буџетот на општината рамномерно би се делел на сите у.з. и м.з. на нејзина територија;
Целиот данок на личен доход на сите вработени во заедницата, кои би земале 60% од минималната плата (уредено со законски измени);
20% од сиот данок (ДЛД, ДДВ, данок на имот...) кој го плаќаат сите воншколски образовни и спортски организации (курсеви, клубови, теретани...) на територијата на заедницата;
50% од сиот данок кој го плаќаат загадувачките дејности на нивна територија, но не повеќе од 3,000 евра;
други идеи.

Еве и набрзина изработена карта. Кон некои градови припоив соседни села кои се физички споени со нив. Со зелено се означени урбаните области, со светло кафена големите, а кафена малите месни заедници:

Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 489
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 15-Aug-2020 at 00:53
Само двостепена организација! 8-те статистички региони да станат регионални единици со реални ингеренции и буџети. Ингеренции во регионални патишта, средно образование, регионални депонии, пречистителни станици, регионални просторни планови, апелациони судови да има 8 наместо сегашните 4, мал процент од патарини, поклапање со епархии на МПЦ, поклапање со муфтивства на ИВЗ, регионални клинички центри, поклапање со изборни единици и дефинирање варијабилен број пратеници зависно од регион, прекугранична регионална соработка и влечење пари од ЕУ, ингерензии врз ТИРЗ зони. Може и ингеренции во енергетика за лиценци за мали хидроцентрали, регионални гасни оператори. Јас би идел и до регионализација на здравствените фондови.

Во секој можен владин ресор може да се присоберат ингеренции од централно да се пренесат надоле на регионално ниво, како и од локално има што да се земе и пренесе нагоре кон регионално ниво. Албанизираниот Полог само правно ќе го верификуваме, од друга страна ќе се помакедончи Скопје, јебига сурово и отворено кажано тоа е политичкиот пазар. Би го гласал и потпишал обе ручке! Македонија нема и нема да има едно општество за сите и тоа не е страшно ако е така. Политичкиот систем мора да одговара на реалната ситуација. Ако живееме во различен "свет", тогаш мора по моделот на тој различен "свет" да се обликува и политичкиот модел, и да не се пробува ништо неприродно изнасилено во кое сите се чувствуваме заробени, заебани, и надгласани, и цело време да виси над глава дека некој на некого нешто му земал.

Е пазарот политички мора да биде централизација на Скопје и 14те скопски општини и мајоризација во Скопје врз Албанците од страна на Македонците, како и укинување на бандентеровите гласања на секое ниво, од парламент до месна заедница.

Нека чита кој како сака, кантони, илириди, на Македонија и требаат вакви региони, двостепена организација и треба насушно и тоа не треба да биде табу тема од која ќе се стравува. Само така може да се управува понормално. Па крај крајева и оваа ситуција во која Македонците се цело време оштетени заради на политичкиот пазар заради мир у куќа донекаде ќе се заузда. Мајоризацијата и не е толку лоша ако се направи правни услови да се спроведе паритетно, колку еден кон друг во Македонија, толку друг врз еден обратно во одреден регион, ако сум доволно јасен.

Иако главниот страв е федерализација на Македонија, такво нешто не е на линија на големите светски сили кои го владеат овој простор и ќе објаснам зашто. Албански ентитет е од интерес само на албанците и нивната трибалистичка локална политика. Но што правиме со остатокот од Македонија. Тоа би бил еден Македонски ентитет кој ќе биде втора Република Српска на Балканот закоравена под руско влијание, со вечно ЖМРО на власт. Тоа на никој нормален во светов не му треба, и затоа неможе Македонија да се федерализира. Зашто со таков Македонски ентитет на кој веројатно знамето од вергина ќе му беше ентитетско знаме, ниту Пендаровски ќе беше претседател, ниту проблемот со името ќе се решеше, ниту во НАТО ќе влезевме. Многу е едноставна математиката. Федерализација е анахрона идеја што албанските политичари во Македонија неможат да го видат пошто се националистички задоени што ги прави политички слепи. Од што се политички слепи и во Хаг ќе завршат во време кога више Хаг излезе "од мода". Бладаат за дводомен парламент што е решение од пред неколку века и неприменливо за Македонија. Ама затоа реално остварлива политичка идеја како регионалзација и двостепена админситративна управа што е реална потреба и на Македонците, не им паѓа на памет.

Edited by user8642 - 15-Aug-2020 at 01:04
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2197
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 15-Aug-2020 at 16:49
Не. Федерализација, кантонизација или де факто слични процеси не ни требаат, и нема да придонесат кон развој на државата и подобрување на квалитетот на живот на луѓето. За давање надлежности на 8-те региони, како и општо подигнување на нивната важност преку изборни единици, стопанисување со локални патишта и сл. може да се дискутира, ама тоа мора во целост да биде деетнизирано. Нормална, граѓанска и мултиетничка власт ќе направи план за поголемо искористување на позитивната дискриминација и бадинтеровото мнозинство, со нивно постепено намалување сѐ до укинување. А следнава влада со учеството на ДУИ и осудениот за изборни измами Тачи ќе биде анти-европска, фашистичко-толерантна и корупционо-производителска, згора на тоа со 62 пратеника и склона на пад и трансформација со трансфери, а можеби и нови избори, па нема изгледи за некој посериозен напредок.

Други алтернативи кои би ги понудил се формирање на 34 големи општини, еквивалентни на сегашните градски околии (кои и онака се формално признаени преку центри за јавно здравје, катастарски одделенија и слично, со исклучок на Македонска Каменица, Демир Капија, Пехчево и Богданци) на кои би им се префрлиле надлежности од централната власт и општините. Овие општини би биле поделени на силни месни заедници (додека градската месна заедница би била поделена на урбани), со повеќе надлежности преземени од општините, можеби и централната власт.

Или пак формирање на 15 суб-региони (поделба на секој од 8-те региони, освен скопскиот, на два) како примарна, и општини како секундарна локална власт. Сегашните општини би се поделиле на помали, додека месните заедници не би имале голема улога.

Варијанта 1:


Варијанта 2 (без поделени општини):



Edited by Staro Skopje - 15-Aug-2020 at 16:50
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 489
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 26-Aug-2020 at 20:38
Еве аргумент плус зашто на Македонија и треба двостепена територијална организација. Македонија е 6-та во свет според број на административни единици на прво ниво, (во случајов кај нас единствено ниво). И тоа едно време сме биле и 4-ти кога Кичевските општини не беа споени, тогаш Македонија имаше 84 општини, а Крим и Севастопол беа надвор од Русија која тогаш имала 83. Ова што Словенија е прав со 212 нека не ве збунува и тоа не добро. И Словенија нешто импровизира со статистички региони како Македонија.

Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 489
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 26-Aug-2020 at 20:42
Информацијата за Уганда е погрешна:


А Латвија веќе работи на реорганизаицја и годинава е донесе одлука за редукција до 42 единици:
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 494
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 26-Aug-2020 at 21:29
Originally posted by user8642

Еве аргумент плус зашто на Македонија и треба двостепена територијална организација. Македонија е 6-та во свет според број на административни единици на прво ниво, (во случајов кај нас единствено ниво). И тоа едно време сме биле и 4-ти кога Кичевските општини не беа споени, тогаш Македонија имаше 84 општини, а Крим и Севастопол беа надвор од Русија која тогаш имала 83. Ова што Словенија е прав со 212 нека не ве збунува и тоа не добро. И Словенија нешто импровизира со статистички региони како Македонија.


Мислиш, на пример, статистичките региони да имаат одредена локална власт како што имаат моментално општините?
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 489
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 26-Aug-2020 at 21:32
Види поназад имав елаборирано поопширно. Мислам на двостепена организација, може статистичките региони истите или видоизменети. Ќе си има ингеренции на два степена различни соодветно на нивоата.
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2197
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 26-Aug-2020 at 22:25
Кои надлежности би ги имале регионите?
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 489
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 26-Aug-2020 at 23:09
Originally posted by user8642

Ингеренции во регионални патишта, средно образование, регионални депонии, пречистителни станици, регионални просторни планови, апелациони судови да има 8 наместо сегашните 4, мал процент од патарини, поклапање со епархии на МПЦ, поклапање со муфтивства на ИВЗ, регионални клинички центри, поклапање со изборни единици и дефинирање варијабилен број пратеници зависно од регион, прекугранична регионална соработка и влечење пари од ЕУ, ингерензии врз ТИРЗ зони. Може и ингеренции во енергетика за лиценци за мали хидроцентрали, регионални гасни оператори. Јас би идел и до регионализација на здравствените фондови.
Би додал и лиценци за регионел автобуски превоз, мутиопштински јавни претпријатија кои би покривале ингенреции на помали општини кои неможат да се организираат за некои дејности, регионални водоснабдителни проекти.

Значи дел од општинските ингеренции ќе се пренесат нагоре кон регоналните единици, дел од централните министерски ингеренции би се пренеле надоле исто така кон регионалните единици.

Незнам зашто ти е чудно за вакво организирање, па една Грција има петтостепена организација, Косово Албанија и Бугарија во соседството имаат двостепена, не е тоа ништо ново ниту чудно, напротив исклучително практично.
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 489
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 26-Aug-2020 at 23:14
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4746
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 27-Aug-2020 at 10:50

Пак ќе кажам, осумте статистички региони се таман, но проблемот настанува кога сите тие региони треба да добијат ингеренции кои вклучуваат и наплаќање на даноци/општинска полиција и слично, е тек тогаш се поплочува патот кон федерализација, кое за многу Македонци е нешто апсолутно неприфатливо.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 489
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 27-Aug-2020 at 13:06
Држави со многу покомплексни внатрешни односи и надворешни проблеми имаат многу подобри модели на административна поделба и организација. Така да тоа што е прифатливо или не за Македонците воопшто не е битно, исто како што не е битно дали Албанците во Македонија би гледале во ова чекор кон албански етнички федерален ентитет или не. Па ни промената на името не беше прифатлива па се случи. Зборуваме што е реално возможно, во исто време и практично, за Македонија, нешто што може кроз политичките организации (партии и институции) да се прогура како модел за Македонија.
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2197
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 30-Aug-2020 at 17:23
Тоа што нешто е политички возможно, не значи дека е и потребно сега и овде. Навистина нема потреба сегашната ситуација уште повеќе да ја комплицираме, особено по неколкуте големи промени изминативе години кои сѐ уште не се целосно прифатени од народот.

Првостепена локална власт во форма на 8-те региони би била добра, но не сега. До неа треба да се дојде по еволутивен пат, кога етничко-политичко-корупционите проблеми ќе бидат прилично надминати, со што регионите би биле производител на кохезија и локален развој, а не по револутивен, недемократски и наметнат пат, со кој регионите ќе означуваат разделба, назадување, квази-федерализација и уште повеќе корупција и криминал за етничко-експлоататорските политичари.

И не би правел паралела со името, проблем наметнат од страна и зголемен од нашите жлобници, чиешто решавање беше нужно за развој на земјава (со тоа што начинот на решавање и составот на решението се до некаде дискутабилни) и апсолутно непотребната регионализација. Да не им даваме уште идеи на кримофашистите како да сеат раздор за личен профит!
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
 Post Reply Post Reply

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.156 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.