build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Јавен превоз
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Регионално ЈСП Битола-Новаци-Могила

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Online
Posts: 4756
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Регионално ЈСП Битола-Новаци-Могила
    Posted: 25-Aug-2020 at 17:28
Иако веќе постои тема за јавниот превоз во Битола (кој се обавува од страна на приватници), според најавите на општината, ова ново претпријатие ќе биде меѓуопштинско и ќе биде финансирано од три општини. Наводно првичната намена ќе му биде превоз на ученици, нешто кое моментално е горлива тема (за тоа му се судеше на поранешниот градоначалник), но понатаму ќе биде за регионален јавен превоз. Еве неколку статии:

Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Online
Posts: 4756
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 25-Aug-2020 at 17:31
Originally posted by Битолски весник


17 АВГ 2020

Наскоро може да се очекува Општината Битола учениците да ги превезува со сопствен автобуски превоз.

Ваквата идеја ја промовира претседателот на Советот, Валентин Груевски, кој ја поддржува иницијативата за формирање меѓуопштинско јавно преторијатие за превоз.

-Очекувам дека наскоро ќе донесиме одлука за воспоставување на една меѓуопштинска соработка меѓу општините Битола, Новаци и Могила, со која што ќе се почни процедура за формирање на меѓуопштинско јавно претпријатие за превоз, во кое трите општини ќе ги здружат средствата за превоз, и ќе формираме претпријатие кое што ќе врши превоз на учениците, а потоа и за сите заинтересирани кои што би ги користеле услугите на ова јавно претпријатие. Ова ќе биде меѓуопштинско регионално претпријатие, рече претседателот на Совет Валентин Груевски.

На овој начин Општината Битола планира конечно да му стави точка на проблемите со „бесплатниот превоз“ на учениците кој и натаму и создава големи проблеми на локалната самоуправа, а кој Битола ја чинеше мошне скапо, а поради кој на долгодишни затворски казни се осудени екс градоначалникот на Битола, Владимир
Талески (8 години), екс секретарот Слободан Бончановски на 6,5 години затвор а на затворски казни од 1 до 3 години се осудени и десетина управители на автопревозни фирми кои ги извршуваа услугите со „бесплатниот
превоз“.


http://bitolskivesnik.mk/bitola-%D1%9Ce-formira-regionalno-avtoprevozno-preti%D1%98atie/

Edited by гитардемон - 25-Aug-2020 at 17:32
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Online
Posts: 4756
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 25-Aug-2020 at 17:34
Originally posted by ТЕРА ТВ



Не со кредит, туку со сопствени средства се набавуваат еколошки автобуси

На денешната седница на Совет беше повлечена Одлуката за задолжување на општина Битола за набавка на еко-автобусите. Одлуката како што рече претседателот на Совет Валентин Груевски ќе биде повлечена бидејќи општината од сопствени средства ќе изврши набавка на автобусите. Тошевски од ВМРО ДПМНЕ вели дека граѓаните биле излажани.

„Повторно паѓаат во вода лагите на Петровска изречени во текот на предизборието. Помпезно Петровска најавуваше дека ќе следи набавка на четири еко-автобуси. Планирано беше општина Битола, така барем најавија, така ги излажаа граѓаните дека беше планирано да се задолжи општина Битола со 1 милион евра за набавка на 4 еко-автобуси, со цел подобрување на општинските услуги. Тоа е точката 56 : Одлука за престанување на важноста на Одлуката за долгорочно домашно задолжување на општина Битола во рамки на проектот за подобрување на општинските услуги“, рече Иванчо Тошевски, советник од ВМРО ДПМНЕ.

„Наместо средства од кредит ќе користиме сопствени средства. Веќе е завршена набавката и во тек е испораката на два минибуси со околу 21 седиште, за уште два автобуси ќе биде за брзо распишана набавка и со ребалансот на буџетот ќе бидат обезбедени уште два минибуси.Целиот тој возен парк кој ќе го направи ќе влези во новото регионално јавно претпртијатие за превоз за кое донесовме одлука. Значи не го користиме кредитот, туку ќе користиме сопствени средства и затоа ја повлекуваме одлуката за задолжување на општина Битола, која што ја донесовме како совет.





https://tera.mk/ne-so-kredit-tuku-so-sopstveni-sredstva-se-nabavuvaat-ekoloshki-avtobusi/
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 501
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 25-Aug-2020 at 17:41
ЈСП Скопје е институција во рамки на Град Скопје која е чадор организација за само 10 општини, а ЈСП Скопје сообраќа низ 14 општини плус надвор од границите на Град Скопје. Така не е ова ништо ново.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Online
Posts: 4756
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 25-Aug-2020 at 17:41
Originally posted by Битолски весник


25 АВГ 2020

Општината Битола наместо со кредит со сопствени средства од буџетот ќе набави еко автобуси.

Поради ваквата одлука на денешната седница беше повлечена одлуката на Советот за кредитно задолжување на Општината во висина од 1 милион евра за купување на четири еко автобуси.

Наместо средства од кредит ќе користиме сопствени средства. Веќе е завршена набавката и во тек е испораката на два минибуси со околу 21 седиште, за уште два автобуси ќе биде за брзо распишана набавка и со ребалансот на буџетот ќе бидат обезбедени уште два минибуси.

Целиот тој возен парк кој ќе го направи ќе влези во новото регионално јавно претпртијатие за превоз за кое донесовме одлука. Значи не го користиме кредитот, туку ќе користиме сопствени средства и затоа ја повлекуваме одлуката за задолжување на општина Битола, која што ја донесовме како Совет, изјави претседателот на Советот, Валентин Груевски.

Ваквата одлука на Советот опозицијата г оцени како уште една манипулација на општинското раководство.


-Повторно паѓаат во вода лагите на градоначалничката Наташа Петровска изречени во текот на предизборието.


Петровска помпезно најавуваше дека ќе следи набавка на четири еко-автобуси. „Планирано беше општина Битола, така барем најавија, така ги излажаа граѓаните дека беше планирано да се задолжи општина Битола со 1 милион евра за набавка на 4 еко-автобуси, со цел подобрување на општинските услуги, но сега се предомислија бидејки денеска локалната власт побара да се донесе одука за престанување на важноста на Одлуката за долгорочно домашно задолжување на општина Битола во рамки на проектот за подобрување на општинските услуги“, рече Иванчо Тошевски, советник од ВМРО ДПМНЕ.


Инаку неодамна Советот на општината Битола донесе одлука за формирање на регионално јавно претпријатие за превоз на ученици и другите граѓани, во кое покрај Битола ќе партиципираат и општините Новаци Могила.


http://bitolskivesnik.mk/opshtinata-so-sopstveni-pari-%d1%9ce-kupuva-eko-avtobusi/
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Online
Posts: 4756
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 25-Aug-2020 at 17:42
Originally posted by user8642

ЈСП Скопје е институција во рамки на Град Скопје која е чадор организација за само 10 општини, а ЈСП Скопје сообраќа низ 14 општини плус надвор од границите на Град Скопје. Така не е ова ништо ново.


Дали знаеме дали тие општини придонесуваат во буџетот на ЈСП? Интересна тема.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 501
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 25-Aug-2020 at 17:46
Којзнае, ваљда не присонесуваат. Ова е една од глупостите што се провлекуваат со неприрордната териоторијална организација на град Скопје. Мислам дека и со други дејности и јавни претпријатија е истото, комуналец ?? средни школи??
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 987
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 30-Aug-2020 at 19:59
Јас мислам дека другите општини од Скопскиот регион воопшто не придонесуваат кон буџетот на ЈСП, иако ги користат неговите услуги. На страна самото подрачје на Град Скопје, ЈСП има линии до села во Скопскиот регион оддалечени и по 30-40 км од Транспортен центар.
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2218
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 30-Aug-2020 at 22:58
Кои би биле евентуалните линии?

Инаку најдобро би било да се формираат 34 ЈСП-иња, по едно за секој градски метро регион, со можност за спојување на помалите (БЕ+ПЕ, ДЕ+МК, ГЕ+БГ, НЕ+ДК, ПП+КР...) и соработка помеѓу оние со поголема поврзаност меѓусебе (ОХ+СУ, ТЕ+ГВ, КА+НЕ...). Централната власт би го финансирала проектирањето од почеток до крај и би купила 2-10 автобуси на гас, согласно потребите, другото да се остави на општините. 60-тина милиони евра за автобуси на гас (30*5*300k) во неколку буџетски години не се премногу.

Edited by Staro Skopje - 30-Aug-2020 at 23:01
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
 Post Reply Post Reply

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.125 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.