build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Хотели и одморалишта
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Автокампови

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Автокампови
    Posted: 15-Sep-2020 at 15:44
Автокамп „Крани“ / Палифровска







Oва истражување има за цел да ја зачне проблематиката на препознавање на квалитативните особености на пејзажот ( да ги потенцира, реафирмира и надгради) истите при процесот на проектирање.

Аналогно на тоа, овој магистерски труд ја наметнува хибридноста како можна просторна формација, која несомнено со својата пулсирачка типологија и транзитивност во различните намени, ќе придонесе за реактивација на постојното расчленето урбано ткиво во кампот Крани, преку програмирање на празнината . Во истовреме преку акцентирање на интеграцијата на корисникот и рушење на традиционалната институционалност на музејот како доминантна намена , принципот на нова музеологија добива можност одново да ја испише врската меѓу човекот и природата.

1.1      Предмет на истражувањето

Појдовен аспект во афирмацијата на био-културниот идентитет и предмет на ова истражување претставува Еко-туризмот. Како мерка за негова презервација, посебен фокус ќе се генерира околу Еко-музејот како пост-модерен феномен и на симболичката и етичката вредност на културното наследство. За таа цел, хибридната музеологија дава соодветен антрополошки пристап ,поттикнувајќи ја соработката помеѓу музејот како институција и заедницата, поголема интерактивност на корисникот во процесите кои вклучуваат адекватна едукација и зачувувањe и на наследството како такво. Истражувањето ќе се осврне кон сплотување на горенаведените функции (анализа на постоечките капацитети,ревитализација на сместувачките единици на кампот Крани и имплементација на музејски едукативен центар во рамките на комплексот со трајна поставка и повеќе времени како и креативни простории наменети за посетителите. Следствено на тоа, новиот концепт ќе понуди кохезивност меѓу намените, препознавање на нови и реактивирање на постоечките просторни квалитети,именувајќи го корисникот како главен двигател.

1.2      Целта на истражувањето

Истражувањето има за цел да овозможи реинтерпретација и хармонизација на веќепостоечките просторни капацитети со новиот модерен израз, акцентирајќи го посебниот однос кон единствениот природен и културен идентитет на контекстот преку директна интеракција на корисникот и архитектонското остварување – синоним на поимот за културна одржливост и етаблираните типолошки аспекти.

1.3      Резултат

Новата архитектонска интервенција, која го, позиционира го корисникот и неговата интеракција на прво место, со популаризација на стоата како начин на врамување на зафатот. Таквиот обликовен концепт се стреми кон задржување на одредени квалитативни елементи кои го прават духот на местото препознатлив и уникатен без притоа инвазивно да делува на животната средина, и во истовреме да воспостави нови визуелни врски и просторни поенти за да стане недделив дел од идентитетот на местот.

Поттикнување на ревитализација и / или враќање на живот на одредена урбана област
Имплементирање на хибриден организам на работ од две населби има за цел да ја ревитализира областа и да создаде нови центрипетални сили и движења. Вметнувањето на нов структурен ентитет ќе овозможи повторно раѓање на дадената локација и создавање на нови врски помеѓу областите што некогаш опстојувале и допринеле за културниот идентитет на местото.

Креирање на врски помеѓу делови од градот , со што хибридот станува градски генератор.
3. Форма како резултат на мутација помеѓу пејзажот и архитектурата
Создавање на средини за интензивна размена
Порозноста и пропустливоста се клучни елементи за еден хибрид, бидејќи овозможуваат лесно движење низ целата локација. Непрограмираните променади се вметнуваат помеѓу детерминирани функционални целини за да се создадат простори кои се исклучиво активирани од движењето на телата и се залагаат за размена меѓу широките народни маси. Овие меѓусебни простори создаваат нови типологии кои овозможуваат движење помеѓу програмите за анимирање на јавноста.

Транзитивност на интензитети помеѓу намените.
Новонастанатите програмски ентитети создаваат нови просторни конфигурации во кои дисциплините се спојуваат и вкрстуваат со суперпонирање за да се создадат нови архитектонски форми. Екстремните програмски симбиози имаат за цел да го интензивираат и забрзаат урбаното искуство. Транспрограмирањето на активностите и невообичаените односи меѓу нив го подобрува живиот аспект на оваа урбана област.

Сл. 04. Процеси на транзитивност
Блискоста и вкрстувањето на намените радикално го менува начинот на кој живеат луѓето. Да се ​​биде блиску до вода може да има огромно влијание врз нивниот секојдневен живот. Не само што може да им овозможи здрав начин на живот, туку и да привлечат нови луѓе и така да ја зајакнат социјалната интеракција, како и разновидноста. Следејќи ги програмските комбинации што произлегуваат, ние создаваме мешавини кои ќе овозможат постојана активност во рамките на просторот, овозможувајќи и на зградата да работи со полно работно време.

Интеграцијaта како социјален механизам
Просторите за рекреација (паркови,градини и игралишта) се точки на интензитет кои го поттикнуваат присуството на луѓе кои одржуваат постојана анимација. Вметнувањето на траки за трчање и велосипедски патеки низ опфатот создава нова брзина и движење што му овозможува на хибридот одреден степен на живост. Овие патеки може да се гледаат како активатори, бидејќи им даваат сила нa оние со помала фрекфенција на користење.

Урбаниот сунѓер ги спојува тлото и урбаното ткиво во огромна инфраструктура која се шири низ пејзажот. Избегнувајќи високи елементи, проектот лебди над локалитетот како издолжена перфорирана мрежа, а инфраструктурата останува генерално до кота на терен, каде интензитетот на дејствието е на највисок степен.

Стремеж кон сложени, разновидни, меѓусебно поврзани и динамични асоцијации.
Постапувајќи како социјален кондензатор и инкубатор,урбан сунѓер се насочува кон разновидност и сложеност за да се создаде дијалог помеѓу нејзините делови, како и со непосредната околина. Како микрокосмос, тој ја фаворизира дијалектиката и хетерогеноста над единството и хомогеноста. Со користење на комплексен систем на програмски комбинации, урбаниот сунѓер овозможува неочекувани синергии помеѓу приватните и јавните сфери за да се овозможи повторно поврзување на локацијата.

.3.3     Заклучок

По деталната анализа на неколкуте референтни примери може да се заклучи дека во дефинирањето на основните постулати врз кои ќе се темели овој магистерски труд значително влијание завземаат сурреализмот, дадаизмот и новиот модернизам како правци кои се појавуваат во педесетите години на минатиот век. Во тој временски јаз, присуството на своевидна парадоксалност и доза на субјективност за тоа во колкава мера ќе се почитува интернационалниот стил истовремено без да се доведе во прашање локалниот квалитативен контекст е се поголема. Но, воспоставувањето на баланс помеѓу различните просторни интервенции, преиспитување на утврдената институционалност, почитта кон наметнатиот израз, препознавањето на духовните елементи на местото, како и нивно неинвазивно реинтепретирање во новиот израз ќе претставуваат главните двигатели при проектирањето на оваа локација.





1.3.3.1     Цели при проектирање



Презервација на постоечките еко-системи и обновување на истите
Препознавање на постоечките квалитети на местото и имплементирање во новопроектираниот хибрид
Природна вентилација (со локална перфорирана фасада од тула)
Концепт на биомимикрија
Користење на еко-материјал при процесот на градба поради сеприсутната еутрофикација на езерото
Континуирана врска од инфраструктурата до езерото
Директна вклученост на посетителот во поставката
Хибрид од музеј,академија за екотуризам,центар за истражување и останати социо-општествени намени за кампот
Надминување на строго-утврдените шеми за институционалност на музејската зграда, движењето на посетителот
Изложбените простори- мултифункционални learning spaces, структуралност која тежнее кон идна експанзија
Децентрализиран систем на изложување (калустер) – за повеќе од една посета,
Симбиоза на различните групи корисници со што би се спречило социјална сегрегација
1.3.3.2     Фази на решавање на проблемот



Првата фаза во репроектирањето на просторот ја одбележаа утврдување на постоечките капацитети, нивниот потенцијал, квалитативни атмосфери и меѓусебните корелации.
Клучно за втората фаза е разбивање на габаритноста , поради создавање похабитабилни простори за работа, природна вентилација, искористување на веќе воспоставените хоризонтални комуникации како транзиции меѓу различните намени и редефинирање на програмата во насока на подобрување на туристичката понуда
Во третата фаза, новите транзитивни врски меѓу објектите се остваруваат преку мултипликација на постоечкиот конструктивен модул и делумно дефинирање на партерот , низ целиот опфат. Препознавање на концептот на пешачка улица и имплементација на фасадното обликување на угостителскиот комплекс огледално во реинтерпретативна форма како обид за дефиниција на пешачкото движење и внатрешен атриум- налик на античка агора и плоштадот Сан Марко во Венеција.
Имплементирање на систем од водени површини долж опфатот( по примерот на Бараган и Карло Скарпа), во две поголеми површини поради, рефорестација на локацијата, флуктуативно разделување на функциите, обезбедување на подобра ориентираност и еидентификација со природата. Прочистување на езерската површина, спречување на еутрофикација преку филтрација.
Неможноста постојната и новоформираната програмска содржина да се инкорпорира во постојните габаритни целини, инплицира напуштање на строго дефинираната структура, единствено зачувувајќи ја дискотеката како просторен ортогонален реликт поради бондручниот ситем и перфорацијата на тула, низ целиот објект. Дефинирање на новиот зафат преку продолжување на покриената колонада од лаци и столбови на некогашниот маркет.
Шестата фаза се одликува со целосно утврдување на водниот систем од четири басени и канали кои ја пресекуваат локацијата на пет зони: природонаучен музеј, јавна зона, академија за екотуризам, центар за истражување и зона на изложбени поставки (павиљонски систем). Новопроектираните објекти завземаат положба на клаустер,секој од нив е дефиниран со одредена програма според зоната каде се наоѓа, поврзани со социјални содржини, формирајќи хибрид.
Формирање на интерактивно приземје, преку неивазнивни постапки за негово делумно дефинирање на систем од ѕидни површини и групации на партерен инвентар, оставајќи простор за истражување на корисникот, преку континуитет на просторот внатре-надвор.
8.Децентрализација на јавниот паркинг простор на кампот до новопроектираниот хибрид, внесување на постојната вегетација во објектите, диктирајќи ја финалната позиција или диспозиција на просторните елементи. Продолжување на пешачката пасарела кон езерото од дрвена привремена структура обколувајќи го просторот околу растителните заедници , без да се нарушат етаблираните еко-системи. Се јавува потреба од проектирање на нови сместувачки капацитет.
Избраниот концепт како деветта фаза

Моделот претставува градационо имплементирање на претходните неколку формативни проби. Појдовниот момент на препознавање на просторните атрибути на просторот, и делување во веќе постоечките габарити, прерасна во нова обликовна композиција каде истите се аплицирани. Вака создадениот хибрид го надградува локалниот културен идентитет, простирајќи се на површината на постојните угостителски комплекси. Се состои од 16 објекти, поделени во 4 зони, поврзани со пасарела и нови привремени сместувачки капацитети наменети за вработените и посетителите на кампот. Целиот зафат со својата структуралност и пркоси на ортогоналната мрежа инфраструктурна мрежа градејќи тактилен однос со локалните еко-системи, при што се овозможува нивно одржување и збогатување така што се ограничува движењето на корисникот од една страна, но од друга страна ваквата поставеност на објектите кои тежнеат кон експанзија и органско надоврзување на просторите допринесува за поттикнување на неговиот истражувачки дух. Дополнителна суптилна дефиниција на намените и нивно диференцирање дава водата низ хибридот која е организирана во 4 басени и мрежа од канали со што директно влијае на животната средина со прочистување на езерото и допринесува за збогатување на живиот фонд.

1.3.3.3     Опис на архитектонско урбанистичкиот концепт



Новата архитектонска интервенција претставува бунт против институционалноста и традиционалната слика за музејска зграда како строго утврден простор , со однапред дефинирана патека на посетителот низ изложбените поставки, каде работната зона на управата е надвор од видно поле. Таа има за цел да ги сруши сите претходни правила, позиционирајќи го корисникот и неговата интеракција на прво место, со популаризација на стоата како начин на врамување на зафатот од една страна и недефинираниот систем од линиски интервенции во социјалниот контекст, каде со дисперзивниот систем на поставки го буди неговото чувство за истражување, слобода и обезбедува мека транзиција меѓу намените. Таквиот обликовен концепт се стреми кон задржување на одредени квалитативни елементи кои го прават духот на местото препознатлив и уникатен без притоа инвазивно да делува на животната средина, и во истовреме да воспостави нови визуелни врски и просторни поенти за да стане недделив дел од идентитетот на местото.

Со оглед на енормноста на планскиот опфат на кампот Крани од 24 ха. , неопходно е да се направи просторно ограничување на новата интервенција, и тоа на просторот кој го зафаќаат постоечкиот угостителски – комерцијален комплекс, како стратешка позиција кон зафатот, езерото и во врските со останатите рурални средини.

Тргнувајќи од потребата под еден покрив да се вдомат повеќе различни намени, произлезе и идејата за хибрид, составен од четири препознатливи зони:

Примарна – за масовна посетеност ( трговски-комерцијален комплекс, угостителски комплекс, детска градинка, амбуланта, павиљон со бар)

Изложбена – дисперзирана поставка од ендемски видови, тематски изложби и видиковец (за истражување на флората, фауната и геологијата на Преспанскиот регион)

Станбена – два типа на ново времено сместување

Општествена – музејска управа, амфитеатар, научна библиотека, ботанички лаборатории (академја за екотуризам и центар за истражување и наука за Преспанското Езеро)

Сите нив , ги обединува хомогена маса од социјални групации (работилници, ресторан, комуникации во вид на отворени ботанички градини) во in between зоната, кои се надоврзуваат со чистата форма на објектите, со што се иницира зачетокот на нов хабитален конгломерат. (пр. Музејот на САНАА во Каназава)

Ваквиот конгломерат е составен од повеќе формативни самостоечки структури (од еден појдовен модул мултиплициран во вертикала и хоризонтала), групирани според својата функција. Организирани се така да го примаат протокот на пешачко и велосипедско движење од четири дефинирани влезни точки и безброј многу неформални варијации на пристапување. Главните тактилни позиции со кампот ги остварува од via principalis преку покриената пешачка улица која заедно со објеките формира линиски центар, околу внатрешниот атриумски басен. Аналогно на тоа, групациите кои се наоѓаат на самиот фронт , имаат поголема висина од оние во внатрешноста на опфатот, со што доаѓа до градационо опаѓање односно суперпонирање на планови во изглед . Останатите позиции се однесуваат на економскиот влез (за вработени, од каде во континуитет се пристапува до сите објекти,допринесува за подобра ориентираност и брза евакуација) и влезот од привремената бондручна структура, позиционирана на западната страна кон Преспанското Езеро која е во своевидна корелација со неговите еко – системи. Отвореноста кон контекстот како и имплементирање на вегетацијата во објектите,овозможува одржување на внатрешната микроклима, природно вентилирање и изложеност на временските услови, директно во комплексот. Во однос на формативниот аспект новото урбано ткиво се одликува со чисти форми, составени од комуникациско јадро и слободно приземје во чии капацитети е интегрирана соодветната содржина според однапред утврден програмски наратив. Конструктивниот систем пак, е со ставен од бетонска конструкција со плиткото темелење поради близината на подземни води, и рамна непроодна кровна тераса како завршница.

Изложбена зона

Музејот како доминантна функционална група се дели на две основни конфигурации и тоа: управна зграда и изложбена зона. Управната зграда е симбиоза од два физички одвоени структури, но програмски и квалитативно поврзани и е позиционирана кон фронтот на via principalis. П риземјето на првиот објект ги вдомува музејската продавница за сувенири, фоајето и техничките простории, и во континуитет, работните простории на управата, нивниот социјален простор и отвореното депо, до кое се доаѓа преку економскиот влез на вториот објект. На горниот кат музејот се поврзува со мост кој заедно со отворените позиции во двата објекта ја сочинува трајната музејска поставка. Овие два објекти дополнително ги поврзуваат изложбите и работилниците во надворешноста, имплементирани во густа висока вегетација на евла и мрежа од водни канали, кои завршуваат со проширување, видливо од влезната партија.

Изложбената зона пак, ја сочинуваат дисперзирана поставка од ендемски видови на (флора,фауна и геологија), тематски изложби и видиковец кој се наоѓа на кровната тераса над библиотеката. Ги идентификува радијалната поставеност,односно централитетот околу заедничката агора околу која се нижат , во невидливи концентрични кругови. Таквите layout плански матрици , каде посебните намени се сместуваат во поединечни приземни структурни единици, а циркулацијата на корисници се движи од полупропуслива кон отворена, дава можност за акцентирање на о
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 11-Jul-2021 at 11:30
2 милиони денари за автокампот „Ливадиште“ – Бектеши: Инвестираме за сите сезони



2 милиони денари ќе заминат во автокампот „Ливадиште“ во Струга за уредување на камповите, одржување на зеленилото, реновирање не тоалетите и др. Министерот за економија, Крешник Бектеши при посета на кампот рече дека Владата направила планови за инвестирање во вакви локации со цел на туристите да им понудат современи услови.

-Во рамките на плановите што ги имаме во Владата, во рамките на студиите кои се при крај, предвидовме и други инвестиции во вакви локации со единствена цел да не се користат само во текот на летниот период, туку да можат да се користат и во зима, но и други сезони-рече Бектеши.

Директорот на Елем Турс, Адем Авзиу, рече дека во автокампот „Ливадиште“ се инвестирани 2 милиони денари за подобрување на условите за туристите.

„Инвестиравме околу 2 милиони денари за да го уредиме и подобриме условите за туристите кои ќе го посетуваат овој автокамп. Ги реновиравме камповите, го уредивме зеленилото на кампот, ги реновиравме јавните тоалети, донесовме нови услови во користењето на капацитетите на плажата во овој автокамп.“, вели Авзиу.

Бектеши рече дека сите странски оператори веќе направиле резервации во Охрид и Струга и изрази надеж дека ќе го достигнат бројот на странски туристи во Македонија како во 2019 година пред почетокот на пандемијата.

https://mk.tv21.tv/2-milioni-denari-za-avtokampot-livadishte-bekteshi-investirame-za-site-sezoni/
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 873
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 28-Feb-2022 at 05:50
Кога ботов веќе ја актуелизира темата, знае ли некој кој од камповите околу Охридско е во некоја задоволителна состојба да може да му се препорача на странец? Годинава бев во Скаут, Струга, и е супер (ама нема плажа ниту во близина).

Бил некој скоро во некои од другите? Градиште ми е омилено место, ама тоа од средно спомени. Последно шо ги памтам вецињата - би се срамел на некој да му го препорачам.
Back to Top
 Post Reply Post Reply

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.129 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.